Está en la página 1de 28

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА

БИЗНИС АДМИНИСТРАЦИЈА - СКОПЈЕ

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ АДМИНИСТРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ

ТЕМА:

ЦАРИНСКА УПРАВНА ПОСТАПКА ПРЕКУ ПРАКТИЧЕН ПРИМЕР – УВОЗ НА


САНИТАРНА ОПРЕМА ОД ИСПРЌАЧ „STOCKS BARCELONA ESPA“

Ментор: Изработилe:

Проф. д-р Ивица Јосифовиќ Васко Илиовски 173956


Оливер Стојановски 173891

Скопје, Декември 2016


Содржина
АПСТРАКТ ................................................................................................................ 2

ABSTRACT ................................................................................................................ 3

ВОВЕД ....................................................................................................................... 4

1. ПРИМЕР ЗА УВОЗ НА САНИТАРНА ОПРЕМА ОД ИСПРЌАЧ „STOCKS


BARCELONA ESPA“ ................................................................................................. 5

1. 1. Барање за наплата на царински давачки .................................................... 5

1. 2. Решение за наплата на царински давачки .................................................. 7

1. 3. Приговор на записник ................................................................................. 10

1. 4. Решение на приговор .................................................................................. 11

1. 5. Жалба на решение ...................................................................................... 13

1. 6. Решение на жалба ...................................................................................... 15

2. ТУЖБА ................................................................................................................. 18

2. 1. Пресуда ....................................................................................................... 19

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ................................................................................... 27


АПСТРАКТ

Царинска постапка е збир на правни правила со кои се определуваат


дејствијата и нивните форми, а кои ги преземаат определени субјекти и
царинските органи на примената на материјално-правните правила со кои е
регулиран царинскиот систем на една земја

Царинска управна постапка започнува со поведувањето на постапката.


Главни учесници во оваа постапка се: царинскиот орган, министерот за
финансии, странките и нивните застапници

Основни извори на царинска управна постапка: царински закони, законот


за царинска тарифа, подзаконски акти, правилник за ЕЦД и правилник за
исправите во царинската постака.

Клучни зборови: царина, спор, случај, решение

2
ABSTRACT

Customs procedure is a set of legal rules that dafine actions and their forms,
take certain subjects and the customs authorities of the application of the substantive
rules that regulated the customs system of a country
Customs Administrative Procedure begins with the proceedings. The main
participants in this procedure: the customs authority, the finance minister, the parties
and their representatives
The main sources of Customs Administrative Procedure: Customs laws, the
law on customs tariffs, regulations, rules documents in customs proceedings.

Keywords: customs, dispute, case, decision

3
ВОВЕД

Царинската управна постапка започнува со поведувањето на постапката.


Тоа е прва и задолжителна фаза во текот на целата постапка.
Постапката ја поведува надлежниот царински орган по барање на странката
или по службена должност.
Карактеристики
 Обемна и специфицна област
 Автономности на царински прописи
 Компатибилност на прописите од областа на царината
 Прецизно уредена формализирана постапка
 Когентност на прописи од областа на царината
Во царинската управна постапка задолжително е учеството на два
органи.
Едниот од нив е царинскиот орган, било да е тоа Царинската управа или
царинарницата, како матичен орган, што ја води првостепената царинска
управна постапка. Другиот орган е Министерот за финансии во Владата на
Република Македонија како орган за решавање во втор степен по предметите
од царинската управна постапка. Доколку не се постигне решение кај
второстепениот тогаш како трет и највисок степен се јавува Врховниот суд на
Република Македонија.
Во оваа семинарска работа ќе дадеме практичен пример за поведување
на царинска управна постапка од царински орган по службена должност
односно за увоз на санитарна опрема, од испраќач Stocks Barcelona Еѕра –
Шпанија.

4
1. ПРИМЕР ЗА УВОЗ НА САНИТАРНА ОПРЕМА ОД ИСПРЌАЧ „STOCKS
BARCELONA ESPA“

1. 1. Барање за наплата на царински давачки

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

ЦАРИНСКА УПРАВА

СЕКТОР ЗА КОНТРОЛА И ИСТРАГИ

Одделение за контрола на трговски друштва

Б.р. 30-038358/10-0007 ОД 17.06.2013

Скопје

До

ЦИ Тетово. (1080)

Служба за царинско управна постапка

БАРАЊЕ

За наплата на царински давачки по службена должност од увозник Агро


Партнер Каплан ДООЕЛ Г. од Тетово.

Увозникот Агро Партнер Каплан ДООЕЛ Г. од Тетово со ЕЦД ИМА4 .С


6724 од 18.11.2010 година увозно оцаринил санитарна опрема во вкупна
вредност од 123.034,10 ЕУР Во моментот на увозното царинење, за стоката
била пресметана царина по пониска стапка бидејќи бил применет
преференцијален третман на стоката и било извршено евидентирање во

5
сметководствената евиденција и наплата на давачки во износ од 1.622.238,00
денари.

При дополнително извршената контрола од страна на царинска


управа е евидентирано неправилност во однос на потеклото на стоката според
приложениот документ за докажување на потекло на стока ЕУР 1 во која е
наведено дека стоката има потекло од ШПАНИЈА, од причина што врз основа
на добиен одговор од Царинската управа на Кралството-Шпанија при проверка
на Уверението за движење ЕУР 1 А број 3339622 од 12.11.2010 година
доставен до Царинската управа на Република Македонија на ден 16.05.2013
година, производите за кои било издадено Уверението за движење од Pro
Stocks Barcelona Еѕраnа не го задоволуваат условот за стекнување со
преференцијално потекло во согласност со Протоколот 4 од Спогодбата за
стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската Унија.

Царинската управа на Шпанија во одговорот навела дека производите


увезени со предметното ЕЦД на кои се однесува предметното Уверение
издадено од Pro Stocks Barcelona Еѕра кое било приложено кон ЕЦД за увоз не
го задоволувале условот на стоки со потекло во согласност со Протокол 4 од
Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и
Европската заедница, бидејќи доказот за потекло ЕУР 1 А број 3339622 не ги
исполнува условите за автентичност и точност односно предметните увезени
стоки немале потекло од земја членка на Европската унија.

Според горенаведеното утврдено е дека при увозното царинење на


стоката не е користена вистинската царинска стапка според Закон за
царинската тарифа. Фактичката состојба на стоката не подлежи на користење
на преференцијали при утврдување на царинските давачки.

Во прилог на барањето доставени се оригинал сет од ЕЦД, фактура за


вредност на стока.

Изготвил: Бојан Трајанов

Контролирал шеф на Служба: Павле Крстевски

6
Согласен: Бојан Трајанов

9/2700-00 У. Бр. 444/22 Тетово, 16.05.2013 год.

Доставено до:

- Странка: Марија Коцева


- Предмет: потекло на санитарна опрема
- Царинарница Тетово (1080)
- Одделение за наплата и буџет
ДИРЕКТОР

1. 2. Решение за наплата на царински давачки

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ
ЦАРИНСКА УПРАВА

Царинската управа, решавајќи по службена должност за дополнителна


наплата на царина и други увозни давачки од увозникот Агро Партнер Каплан
ДООЕЛ Г. од Тетово, согласно член 27 став 1 од Законот за царина го донесе
следното

РЕШЕНИЕ

СЕ ЗАДОЛЖУВА увозникот Агро Партнер Каплан ДООЕЛ Г. од Гевгелија


со даночен број 112233441111, дополнително ДА ПЛАТИ царински и други
увозни давачки во износ од 1.362.958,00 денари на име дополнително
евидентирани давачки за стоката увозно оцаринета според увозната царинска
декларација бр.С 6724 од 18.11.2010 на ЦИ Т., од што на име:царински давачки
1.155.046,00 денари и ДДВ 207.912,00 денари.

Износот од 1.362.958,00 ден., увозникот е должен да го плати во рок од 8


дена од приемот на ова решение на Буџетот на РМ трезорска сметка бр. 100 –
0012345630-95, со повикување на уплатна сметка на Царинската управа бр.
7
854 (број на општината) 00960 и со повикување на годината и бројот на ова
решение, пред кои податоци ќе стои шифрата 507. Ако наплатата не биде
извршена од страна на увозникот истата ќе биде извршена по присилен пат од
сметката на увозникот бр. 00000001111111 што се води при Стопанска банка,
ДБ 1122334455667, со пресметување и наплата на камата за секој ден на
задоцнување.

Жалбата не го одлага извршувањето на решението согласно член 7 став


4 од ЦЗ.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Секторот за контрола и истраги, Одделение за контрола на трговски


друштва при ЦУРМ со акт бр.18-55/1 од 05.08.2015, поднесе барање на ден
06.09.2015 година до Службата за царинско – управни постапки за
Царинарница ТЕТОВО за наплата на царинска давачка по службена должност
од увозникот АГРО ПАРТНЕР Каплан ДООЕЛ увоз-извоз с.С. М. и Р. од Тетово,
во кое се наведува дека наведениот увозник со С 6724 од 18.11.2010 година на
ЦИ Тетово (1080) стока во вкупна вредност од 123.034,10 ЕУР. Во моментот на
увозното царинење, за стоката била пресметана царина по пониска стапка
бидејќи бил применет преференцијален третман на стоката и било извршено
евидентирање во сметководствената евиденција и наплата на давачки во
износ од 1.622.238,00 денари.

Според приложениот документ за докажување на потекло на стока ЕУР


1 во која е наведено дека стоката има потекло од ШПАНИЈА.

При дополнително извршената контрола е евидентирано


неправилност во однос на потеклото на стоката според приложениот документ
за докажување на потекло на стока ЕУР 1 во која е наведено дека стоката има
потекло од ШПАНИЈА, од причина што врз основа на добиен одговор од
Царинската управа на Кралството-Шпанија при проверка на Уверението за
движење ЕУР 1 А број 3339622 од 12.11.2010 година доставен до Царинската
управа на Република Македонија на ден 16.05.2013 година, производите за кои
било издадено Уверението за движење од Pro Stocks Barcelona Еѕраnа не го
задоволуваат условот за стекнување со преференцијално потекло.

8
Според горенаведеното утврдено е дека при увозното царинење на
стоката не е користена вистинската царинска стапка според Закон за
царинската тарифа.

Фактичката состојба на стоката не подлежи на користење на


преференцијали при утврдување на царинските давачки.

При царинењето на стоката во случајот, во предметното ЕЦД бил


користена несоодветна царинска стапка Поради тоа што при пресметување на
царинската давачка не се користени правилните стапки според ЦТ, потребна е
да се изврши дополнителна наплата на разликата на помалку наплатените
царински и увозни давачки во износ од од 1.362.958,00 денари за стоката
оцаринета на горенаведеното ЕЦД.

Царинската Управа – Служба за царинско – управни постапки за


Царинарница ТЕТОВО по добивањето на барањето за наплата на царински
давачки од увозникот АГРО ПАРТНЕР Каплан ДООЕЛ увоз-извоз с.С. М. и Р. од
Тетово истото го разгледа и утврди дека е основано, од причини што при
царинењето не се користени соодветните стапки од Царинска тарифа при што
е наплатена царинска давачка во помал износ, па го задолжува увозникот
АГРО ПАРТНЕР Каплан ДООЕЛ увоз-извоз с.С. М. и Р. од Тетово
дополнително да плати износ од 1.362.958,00 денари согласно со чл.27 став 1
според царинскиот закон каде стои дека кога царинскиот орган утврдил дека
настанал царински долг истиот го пресметува (дополнителна пресметка) и
донесува по службена должност одлука за плаќање на настанатата обврска.

Согласно со чл.7 став 4 од ЦЗ (Сл. весник на РМ бр. 39/2005) жалбата


не го одлага извршувањето на решението.

Таксата не е наплатена според ЗАТ.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО

Против ова решение може да се поднесе жалба до Министерот за


Финансии, во рок од 8 дена од доставувањето. Жалбата се поднесува преку
Царинска Управа на РМ таксирана со 250 ден. Адм.такса од тар.бр.2 од ТАТ.

Изготвил: Петар Петров

9
Контролирал шеф на Служба: Цветан Стоилов

Согласен: Павле Крстевски

29/2700-00 У. Бр. 444/22 Тетово, 06.09.2015 год.

Доставено до:

- Странка: Марија Коцева


- Предмет: потекло на автомобил
- Царинарница Тетово (1080)
- Одделение за наплата и буџет

ДИРЕКТОР

1. 3. Приговор на записник

ДО

ЦАРИНАРНИЦА ТЕТОВО

Предмет: ПРИГОВОР на записник 0001/01 од 06.09.2015 година

Од увозникот

Агро Партнер Каплан ДООЕЛ Г. од Гевгелија

Со ЕЦД бр. ИМА 4 С 6724 од 18.11.2010 година на ЦИ Т. (1080) од


страна на увозникот Агро Партнер Каплан ДООЕЛ Г. била оцаринета санитарна
опрема во вкупна вредност од 123.034,10 ЕУР. за која се пресметани царински
давачки во износ од 1.622.238,00 денари како што стои во оригиналната
фактура приложена гореспоменатото ЕЦД.

На ден 17.06.2013 година од страна на Царинската управа, по


службена должност, бил поднесен предлог број 30-038358/10-0007 за
дополнително напалата на царински долг, бидејќи било утврдено дека при
царинењето на горенаведената стока погрешно бил применет

10
преференцијален царински третман. така што при пресметка на царинските
давачки наместо 1.622.238,00 денари да стои 2.985.196,00 денари. Сомнежот
за невистинитоста на потеклото е невистинит и нереален што докажуваат и
следните документи кои ги презентираме кон овој приговор:

- Фактура од испраќач Pro Stocks Barcelona Еѕра на износ од 123.034,10


ЕУР
- ЕУР 1 Уверение за потекло на стока
- Има 4 С 6724

1. 4. Решение на приговор

ЦАРИНАРНИЦА ТЕТОВО

У. Бр. 444/22

08.09.2015 год.

Тетово

Царинарницата Тетово решавајќи по приговорот на Агро Партнер


Каплан ДООЕЛ од Тетово за утврдување на потеклото на стоката и
формирање на повисока царинска давачка, врз основа на чл. 10 од Царинскиот
Закон и чл. 202 од Законот за општа управна постапка го донесе следното

РЕШЕНИЕ

СЕ ОДБИВА приговорот на Агро Партнер Каплан ДООЕЛ од Тетово за


утврдување на пониска царинска стапка при увоз на санитарна опрема , со
потекло од Шпанија, пријавени за увозно царинење со увозна царинска
декларација бр. ИМА 4С-6724 од 18.11.2010 кај ЦИ Тетово и се пресметува
царинската давачка која треба да изнесува 2.985.196,00 денари.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

На ден 05.08.2015 година Агро Партнер Каплан ДООЕЛ од Тетово


поднесе увозна царинска декларација бр. ИМА 4С-6724 со која ја пријави за
увозно царинење стоката наведена во диспозитивот, со вредност од 123.034,10
ЕУР. При дополнително извршена контрола е евидентирано неправилност во

11
однос на потеклото на стоката според приложениот документ за докажување
на потекло на стока ЕУР 1 во која е наведено дека стоката има потекло од
ШПАНИЈА, од причина што врз основа на добиен одговор од Царинската
управа на Кралството-Шпанија при проверка на Уверението за движење ЕУР 1
А број 3339622 од 12.11.2010 година доставен до Царинската управа на
Република Македонија на ден 16.05.2013 година, производите за кои било
издадено Уверението за движење од Pro Stocks Barcelona Еѕраnа не го
задоволуваат условот за стекнување со преференцијално потекло така што при
пресметка на царинските давачки наместо 1.622.238,00 денари да стои
2.985.196,00 денари колку што изнесуваат давачките за истата стока без
преференцијално потекло.

Против ваквиот наод на ЦИ Тетово, Агро Партнер Каплан ДООЕЛ


поднесе приговор. По приговорот Царинарницата формира комисија која
состави свој записник за извршениот преглед на приложените документи за
царинење. Од записникот на комисијата У-бр. 02 – 1252 од 07.09.2015 е
утврдено дека ЦИ Тетово сосема правилно ја утврди царинската стапка во
согласност со потеклото на стоката според спорната УЦД. Така утврдената
царинска стапка е во согласност со чл. 25 став 1 на ЦЗ спрема кои царинската
стапка се одредува за непреференцијално потекло на стоката наведена во
фактурата према кој царинската давачка изнесува 183 563,85476 денари.

На основа на сето погоре изнесеното, Царинарницата е на мислење дека


ЦИ Тетово сосема правилно го утврдила потеклото на стоката, а согласно на
тоа и царинската стапка при пресметка на царинска давачка.

Против ова решение може да се поднесе жалба до Министерот за


финансии во Владата на Р. Македонија. Жалбата се предава преку
Царинарница Тетово во рок од 15 дена од денот на доставувањето на
решението, таксирана со 200 денари административна такса.

Таксата во износ од 200 денари е наплатена.

УПРАВНИК НА ЦАРИНАРНИЦАТА

12
1. 5. Жалба на решение

У. Бр. 444/22 од 11.09.2015 год.

ПРЕКУ

ЦАРИНАРНИЦА Тетово

Тетово

ДО

Министерот за финансии при

Владата на Република Македонија

Жалител: увозникот Агро Партнер Каплан ДООЕЛ – Тетово

Преку адвокат Александар Наумовски

ЖАЛБА

На решение У-бр. 444/22 од 08.09.2015 год.

Со обжаленото решение одбиен е приговорот на жалителот за


утврдување на пониска царинска стапка според преференцијалното потекло на
стоката при поднесената увозна царинска декларација бр. ИМА 4С-6724 со
која ја пријави стоката за увозно царинење, со вредност од 123.034,10 ЕУР со
користење на преференцијално потекло при пресметувањето на царинската
давачка чиј износ преку овие царински стапки изнесува 1.622.238,00 денари.

Неосновано првостепениот орган го одбива приговорот на жалителот


бидејќи стоката е царинета со царинска стапка за преференцијално потекло од
Шпанија.

ДОКАЗ: Уверение за потекло на стоката, увид во фактура и друга пропратна


документација

13
При дополнително извршената контрола е евидентирано
неправилност во однос на потеклото на стоката според приложениот документ
за докажување на потекло на стока ЕУР 1 во која е наведено дека стоката има
потекло од ШПАНИЈА

Согласно чл. 27 од ЗЦ состави записник со кое е утврдено потеклото


на стоката од непреференциална околина. Во согласност со одреденото
потекло и согласност чл.25 за непреференцијално потекло на стоката се
одредува новата царинска стапка при што вредноста на царинската давачка
треба да изнесува 2.985.196,00 денари.

На жалителот не му е познат фактот според кој е утврдено потеклото


на стоката. Согласно чл.27 став 1 од ЦЗ за докажување на потеклото на
стоката доставено е уверение за потекло на стоката. Согласно чл.27 став 2
приложена дополнителна документација за докажување на потеклото на
стоката.

Доказ: Ф-ра од шпански испраќач и изјава за потекло од истиот.

Молиме второстепениот орган да ја преиспита одлуката на


Царинарница Тетово и го прифати уверението за потекло на стоката,
потврдата за потекло на стоката и пријавата за увоз бр. ИМА 4С-6724 како
веродостојна.

Тетово, 11.09.2015 година За жалителот -


полномошник

Адвокат Александар Наумовски

14
1. 6. Решение на жалба

Министер за финансии при

Владата на Република Македонија

Бр. Решение У.бр.15-82/1 од 06.09.2013 година.Скопје

Министерот за финансии при Владата на РМ, решавајќи по жалбата на


АГРО ПАРТНЕР Каплан ДООЕЛ од Тетово, против решението на
Царинарницата Тетово, 08.09.2015 год., врз основа на чл.5 од Законот за
измени и дополнување на Законот за царини и чл. 240 од Законот за општата
управна постапка, кој со чл.5 од Уставниот Закон за спроведување на Уставот
на Република Македонија е превземен како републички пропис донесе

РЕШЕНИЕ

СЕ ОДБИВА жалбата на АГРО ПАРТНЕР Каплан ДООЕЛ од Тетово


против решението на Царинарницата Тетово, У-бр. У. Бр. 444/22 од 08.09.2015
год., како неосновано.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Со оспореното решение на Царинарницата, одбиен е, како


неоснован, приговорот на жалителот поднесен против наодот на
Царинарницата на утврденото потекло на стоката пријавена според царинска
увозната декларација ИМА 4С-6724 на 18.11.2010 год. на Царинска испостава
Тетово, а од причини наведени во образложението на оспореното решение.

Во благовремено поднесена жалба против оспореното решение,


жалителот ја оспорува правилноста на одлуката на Царинарницата, па од
причините изнесени во жалбените наводи предлага оспореното решение да се
поништи и на барањето да му биде удоволено.
Жалбата е неоснована. Од увидот на царинската декларација со бр.
ИМА 4С-6724 при поднесената увозна царинска декларација бр. ИМА 4С-6724
на Царинската испостава Тетово, е видно дека на име на жителот е пријавена

15
стока со вредност од 123.034,10 ЕУР за кое е одредена преференцијална
царинска стапка според шпанско потекло на стоката.

Работниците на Царинската испостава не се согласуваат во врска со


потеклото на стоката затоа што по дополнителна проверка на ЕУР – 1 добиено
е допис од Царинската управа на Кралството-Шпанија при што е утврдено дека
предметните увезени стоки немале потекло од земја членка на Европската
унија. Во согласност со утврденото вистинско потекло на стоката работниците
на Царинската испостава не се согласиле стоката да биде царинета по
преференцијална царинска стапка согласно чл.25 од ЦЗ.

Жалителот не се согласува на наодот на Царинарницата па вложува


приговор согласно чл.27 од ЦЗ за докажување на потеклото. По приемот на
приговорот Царинарницата оформила комисија согласно чл. 229 од Законот за
царините, која извршила повторен преглед на увозната документација и
стоките и записнички го утврдила потеклото на стоката па во согласност на тоа
и вредноста на царинската давачка според царинска стапка со што е добиена
вредност од 2.985.196,00 денари. Постапувајќи по приговорот Царинарницата
го донела оспореното решение со кое приговорот го одбила како неоснован.

Во постапката на одлучување на жалбата оваа Комисија најде дека


оспореното решение е на Закон основано и дека жалбата треба да се одбие
како неоснована.

Во смисла на одредбите на Законот за царините според чл. 27 став 1


и став 2 за докажување на потеклото на стоката увозникот задолжително
поднесува документ како доказ за потекло на стоката. Царинската управа без
оглед на поднесувањето на овој документ, изразува сомнеж па бара
дополнителнен доказ за да се осигура дека наведеното потекло навистина
соодвестува на правилата пропишани со важечките прописи во Република
Македонија. Врз основа на приложените документи согласно чл.25 утврдено е
се работи за стока со непреференцијално потекло. Согласно чл. 26 стока со
потекло од една земја се смета онаа стока која е целосно добиена или
произведена во таа земја. Според чл. 26 од ЗЦ потеклото на стоката е од земја
која не е членка на ЕУ.

16
Имено Царинарницата нашла дека пријавената стока не е со
преференцијално потекло. Врз основа на ова е издржано нејзиното барање за
дополнителна наплата на царинската давачка согласно повисока царинска
стапка.

Жалбените наводи се без влијание за поинакво решение на оваа


управна работа. Ова е од причина што Царинарницата во фазата на преглед и
контрола е овластена да ја оцени прифатливоста на потеклото на стоката и во
случај кога тоа не одговара со вистинската состојба потеклото да го утврди
согласно чл.27 од ЦЗ како што е во конкретниот случај.
Како со оспореното решение не е повреден Законот на штета на
жалителот, таа жалба вредеше да се одбие како неоснована согласно чл.240
од Законот за општа управна постапка.

Од изложеното решено е како во диспозитивот. Ова решение е


конечно во управна постапка и против него може непосредно да се поднесе
тужба до Врховниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот
на доставувањето на решението. Такса од тарифниот број 2 од Законот за
административни такси е наплатена.

Министер за финансии
во Владата на Република Македонија

17
2. ТУЖБА

ТУЖИТЕЛ: “АГРО ПАРТНЕР Каплан ДООЕЛ” - Тетово

Ул.”Востаниски” бр. 52 Тетово

ТУЖЕН: Министер за финансии на Владата на Република Македонија

ТУЖБА

Со решение Решение У.бр.15-82/1 од 06.09.2013 година.


второстепениот орган ја одби жалбата на тужителот “АГРО ПАРТНЕР Каплан
ДООЕЛ” – Тетово и го потврди решението на првостепениот орган. Истото го
побивме во целост поради непотполно и погрешно утврдена фактичка состојба,
во рокот утврден со Закон.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Фактичката состојба е непотполно и погрешно утврдена. Имено, со


решението У.бр.15-82/1 од 06.09.2013 година., второстепениот орган го
потврдува наодот на првостепениот орган, а со кое тужителот во целост не се
согласува.

Второстепениот орган констатира во своето решение дека не се


согласува во врска со потеклото на стоката утврдено во приложениот документ
повикувајќи се на тоа дека потеклото на стоката не одговара со она што е
прикажано во документот.

Тужбата по решението У.бр.15-82/1 од 06.09.2013 година. ја


поднесуваме и поради тоа во случајот првостепениот и второстепениот орган
се повикуваат непотребно и неосновано чл. 27 и чл.25 од ЗЦ а во контекст на
потеклото на стоката за чие докажување се поднесени соодветни документи.
Со оглед на ова е одредена безпотребноста на Царинската управа на РМ да се
впушта во повторно утврдување на потеклото на стоката која уредно е
утврдена во приложениот документ за потекло на стока ЕУР 1 и потврда за
потеклото на стоката при што нема потреба од повикување на чл. 27 од
Законот за царини како што прави Царинската управа. Царинската управа го
применува чл. 25 според кое се смета дека потеклото на стоката што се

18
увезува не е соодветна на она што е утврдено во приложените доказни
документи.

Првостепениот орган и второстепениот орган во таа насока не дава


никакво појаснување ниту толкување, при што се зголемуваат сомневањата
околу правилната работа и дискреционото одлучување на Царинската управа.
Воедно второстепениот орган ги повреди правилата на постапката кои
претходеле на донесувањето на решението кога на сега тужителот не му е
дадена можност да се вклучи во постапката.

2. 1. Пресуда

ПРЕСУДА

Се уважува тужбеното барање на тужителот, и се поништува


решението на У.бр.15-82/1 од 06.09.2013 година. 12.10.2015 година За
тужителот – полномошник Адвокат Александар Наумовски

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ВИШИОТ УПРАВЕН СУД, во совет составен од судиите: Виолета Илиевска -


претседател на советот и судиите Мирјана Василевска и Загорка Тноковска -
членови на советот, со записничар Верица Гавровска - Петровска - судски
советник, одлучувајќи по жалбата на тужителот Друштво за производство и
промет на големо и мало АГРО ПАРТНЕР Каплан ДООЕЛ увоз-извоз с.С., М. и
Р., преку полномошник Александар Наумовски Адвокат од Скопје, против
Пресудата на Управниот суд У-6.бр.593/2013 од 18.08.2015 година, за доплата
на царински долг, на седницата на советот одржана на ден 08.04.2016 година,
донесе:

ПРЕСУДА

Жалбата на тужителот АГРО ПАРТНЕР Каплан ДООЕЛ увоз-извоз с.С. М. и Р.


СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

19
Пресудата на Управниот суд У-6.бр.593/2013 од 18.08.2015 година СЕ
ПОТВРДУВА.

Образложение

Управниот суд со Пресуда У-6.бр.593/2013 од 18.08.2015 година, ја


одбил како неоснована, тужбата на тужителот АГРО ПАРТНЕР Каплан ДООЕЛ
увоз-извоз с.С. М. и Р. изјавена против Решението на Министерот за финансии
У.бр.15-82/1 од 06.09.2013 година .

Против пресудата на Управниот суд жалба преку својот полномошник


изјави тужителот, поради погрешно утврдена фактичка состојба и погрешна
примена на материјалното право, со предлог жалбата да се уважи, пресудата
да се преиначи на начин што тужбата на тужителот да се уважи, оспореното
решение на Министерот за финансии да се поништи и износот од 1.362.958,00
денари кои тужителот ги платил на име доплата на давачки да му се врати на
тужителот.

ВРХОВНИОТ СУД, по проучување на списите по предметот, ценејќи ги


наводите во жалбата, испитувајќи ја побиваната пресуда во смисла на член
354 став 1 од Законот за парничната постапка, најде:

Тужбата е неоснована.

Од списите на предметот произлегува дека со увозна царинска


декларација бр. бр.С 6724 од 18.11.2010 година на ЦИ Т. (1080) од страна на
увозникот Агро Партнер Каплан ДООЕЛ била оцаринета санитарна опрема во
вкупна вредност од 123.034,10 ЕУР. Во моментот на увозното царинење, за
стоката била пресметана царина по пониска стапка бидејќи бил применет
преференцијален третман на стоката и било извршено евидентирање во
сметководствената евиденција и наплата на давачки во износ од 1.622.238,00
денари.

На ден 17.06.2013 година од страна на Царинската управа, по службена


должност, бил поднесен предлог број 30-038358/10-0007 за дополнително
наплата на царински долг, бидејќи било утврдено дека при царинењето на

20
горенаведената стока погрешно бил применет преференцијален царински
третман. Ова од причина што врз основа на добиен одговор од Царинската
управа на Кралството-Шпанија при проверка на Уверението за движење ЕУР 1
А број 3339622 од 12.11.2010 година доставен до Царинската управа на
Република Македонија на ден 16.05.2013 година, производите за кои било
издадено Уверението за движење од Pro Stocks Barcelona Еѕраnа не го
задоволуваат условот за стекнување со преференцијално потекло во
согласност со Протоколот 4 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу
Република Македонија и Европската Унија.

Царинската управа на Шпанија во одговорот навела дека производите


увезени со предметното ЕЦД на кои се однесува предметното Уверение
издадено од Pro Stocks Barcelona Еѕра кое било приложено кон ЕЦД за увоз не
го задоволувале условот на стоки со потекло во согласност со Протокол 4 од
Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и
Европската заедница, бидејќи доказот за потекло ЕУР 1 А број 3339622 не ги
исполнува условите за автентичност и точност односно предметните увезени
стоки немале потекло од земја членка на Европската унија.

Царинската управа на Република Македонија имајќи го во предвид горе


наведеното, решавајќи во управна постапка, извршила пресметка на давачките
според прописите кои важеле за предметната стока на денот на прифаќање на
царинската декларација и го задолжила увозникот со дополнителен царински
долг во износ од 1.362.958,00 денари на име дополнително евидентирани
давачки за стоката увозно оцаринета опоред увозната царинска декларација
бр.С 6724 од 18.11.2010 на ЦИ Т., од што на име:царински давачки 1.155.046,00
денари и ДДВ 207.912,00 денари.

Незадоволен од вака донесеното решение царинскиот обврзник АГРО


ПАРТНЕР Каплан ДООЕЛ увоз-извоз с.С. М. и Р. изјавил жалба по која
Министерот за финансии донел Решение У.бр.15-82/1 од 06.09.2013 година со
кое жалбата ја одбил како неоснована.

АГРО ПАРТНЕР Каплан ДООЕЛ увоз-извоз с.С. М. и Р. поднел тужба до


Управниот суд оспорувајќи ја законитоста на второстепеното решение.

21
Управниот суд со Пресуда У-6.бр.593/2013 од 18.08.2015 година, тужбата на
тужителот АГРО ПАРТНЕР Каплан ДООЕЛ увоз-извоз с.С. М. и Р. изјавена
против Решението на Министерот за финансии У.бр.15-82/1 од 06.09.2013
година, ја одбил како неоснована. Судот смета дека оспореното решение не е
незаконито и со истото не е повреден законот на штета на тужителот.

Вишиот управен суд најде дека пресудата на Управниот суд е правилна


и законита.

Согласно член 90 став 1 од Царинскиот закон, („Службен весник на


Република Македонија“ 39/05, 4/08 и 48/10), Царинскиот орган може, по
службена должност или на барање на декларантот, да ја измени царинската
декларација по пуштањето на стоката во роковите од членовите 243 и 250 на
овој закон. Согласно став 2 од истиот член, по пуштањето на стоката, а со цел
да се увери во точноста на податоците од царинската декларација, царинскиот
орган може да изврши контрола на сметководствената и комерцијалната
документација и податоците кои се однесуваат на увозните или извозните
дејствија во врска со таа стока или на дополнителни комерцијални дејствија во
кои таа стока е вклучена. Таквите контроли можат да се извршат во
просториите на декларантот, во просториите на секое друго лице кое е
вклучено директно или индиректно во деловниот однос или во просториите на
друго лице кое ја поседува наведената документација и податоци за деловни
цели. Царинскиот орган, исто така, може да ја прегледа стоката кога таа е
достапна. Согласно став 3 од овој член, кога дополнителната проверка на
царинската декларација укажува дека прописите за примена на соодветната
царинска постапка биле применети врз основа на неточни или непотполни
информации, царинскиот орган ги презема потребните мерки за регулирање на
настанатата состојба во согласност со царинските и другите прописи, имајќи ги
предвид новите информации кои му стојат на располагање.

Согласно член 243 од Царинскиот закон, кога царинскиот орган утврдил


дека: настанал царински долг согласно со членовите 217 до 220 од овој закон
или износот на давачките на настанат царински долг не е пресметан согласно
со членот 234 од овој закон или е пресметан во износ помал од оној кој
претставува долг според закон, го пресметува износот на давачки
22
(дополнителна пресметка) и донесува, по службена должност или на барање
на должникот, одлука за плаќање на настанатата обврска. Согласно став 2 од
овој член, одлуката во согласност со ставот 1 на овој член се донесува кога
царинскиот орган обезбеди потребни податоци за пресметка на долгот, како и
податоците кои овозможуваат определување на царинскиот должник. Согласно
член став 3 од овој член, дополнителна пресметка на царински долг во
согласност со ставот 1 на овој член може да се врши најдоцна во рок од пет
години по настанување на царинскиот долг.

Согласно член 19 став 1 од истиот закон, кога настанал царински долг,


давачките кои претставуваат долг се утврдуваат врз основа на Царинската
тарифа на Република Македонија. Согласно став 3 точка г) од овој член,
Царинската тарифа на Република Македонија ги опфаќа: преферцијалните
тарифни мерки содржани во договорите кои Република Македонија ги склучила
со одредени земји или група на земји, а со кои се предвидува одобрување на
преференцијален тарифен третман. Согласно став 4 од овој член, наместо
царинската стапка и износот на давачките од ставот 3 точка в) на овој член, на
барање на декларантот се применуваат мерките од ставот 3 точки г), на д) и ѓ)
на овој член кога предметната стока ги исполнува пропишаните услови.

Согласно член 245 став 1 од истиот закон, кога износот на давачките не


е платен во пропишаниот рок, се наплаќа камата за секој ден задоцнување, по
стапка пропишана со одредбите од Законот за данок на додадена вредност.

Согласно член 60 став 1 од Уредбата за спроведување на Царинскиот


закон, („Службен весник на Република Македонија“ број 66/05, 73/06, 40/07 и
62/07), дополнителните проверки на уверението за движење ЕУР.1 и изјавата
во фактура се вршат по случаен избор или кога царинскиот орган при увоз во
Република Македонија или надлежниот орган при увоз во повластената земја
имаат основано сомненевање во поглед на веродостојноста на таквите
документи, статусот на потеклото на соодветните производи или
исполнувањето на другите услови од оваа глава. Согласно став 3 од овој член,
кога барањето за дополнителна проверка е изготвено во согласност со став (1)
на овој член, таквата твено во согласност со став (1) на овој член, таквата
проверка се извршува а резултатите од неа се доставуваат до Централната
23
управа на Царинската управа на Република Македонија или до надлежниот
орган на повластената земја во максимален рок од шест месеци. Овие
резултати треба јасно да укажуваат дали доказот за потекло се однесува на
производи кои се вистински извезени и дали соодветните производи може да
се сметаат дека потекнуваат од повластената земја или од Република
Македонија.

Според Протокол 4 член 16 став 1 алинеја б од Спогодба за


стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европските
заедници нивните членки, („Службен весник на Република Македонија“ број
29/01, 27/04, 31/04, 46/05, 68/06 и 122/07), производите со потекло од
заедницата при увоз во Република Македонија и производите со потекло од
Република Македонија при увозот во заедницата ќе имаат корист од оваа
спогодба во случаи определени во член 21 од Спогодбата, при поднесување на
изјава изготвена од страна на извозникот, чиј текст е даден во Анекс 4,
фактура, испратница или некој друг трговски документ во кој детално се
опишуваат производите за кои станува збор за да можат да бидат
идентификувани (изјава во фактура).

Согласно Протокол 4 член 32 став 1 од Спогодба за стабилизација и


асоцијација меѓу Република Македонија и Европските заедници нивните членки
дополнителни верификации на доказот за потекло се вршат без одреден
распоред во било кој момент кога царинските органи на државата увозник
имаат основано сомнение околу автентичноста на таквите документи за
статусот и потеклото на соодветните производи или за исполнување на другите
услови содржано во овој Протокол. Верификацијата согласно став 3 на
наведениот член од Договорот ја вршат царинските органи на договорната
страна извозник.

Вишиот управен суд имајќи ги предвид горе наведените законски


одредби најде дека тужениот орган и Управниот суд во законита постапка
правилно ја утврдиле фактичката состојба и правилно го примениле
материјалното право и го задолжиле тужителот да го плати износот од
1.362.958,00 денари на име доплата на давачки за стоката пријавена со
предметната увозна царинска декларација.
24
Овој суд при одлучувањето ги ценеше жалбените наводи на тужителот
дека во времето кога го извршил увозот на стоката во Република Македонија
поседувал сертификат ЕУР 1 и врз основа на кој сертификат била отпочната и
завршена царинската постапка за наплата на царинскиот долг, но истите ги
одби како неосновани. Ова од причини што од доказите во списите на
предметот се утврдува дека Царинската управа на РМ, службено побарала и
добила одговор од Царинската администрација на Кралството Шпанија според
кој одговор, јасно и неспорно произлегува дека производите увезени со
предметното ЕЦД на кои се однесува предметното Уверение издадено од Pro
Stocks Barcelona Еѕраnа кое било приложено кон ЕЦД за увоз не го
задоволувале условот на стоки со потекло во согласност со Протокол 4 од
Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и
Европската заедница бидејќи доказот за потекло ЕУР 1 А број 3339622 не ги
исполнува условите за автентичност и точност односно предметните увезени
стоки немале потекло од земја членка на Европската унија.

Од горе наведените причини доказот на кој тужителот во тужбата се


повикува, Судот го оцени дека е без влијание за поинакво одлучување бидејќи
царинскиот орган го имал во предвид при донесувањето на првостепеното
решение и истиот го испратил на проверка, при што се докажало дека според
овој доказ увезената стока неможе да биде со повластен третман. Судот го
ценеше и жалбениот навод во однос на тоа дека тужениот орган ги повредил
правилата на постапката кои претходеле на донесувањето на решението кога
на сега тужителот не му е дадена можност да се вклучи во постапката, но
видно од Записникот за утврдување на потекло на стоката број 1262 од
18.11.2010 година, потпишан односно примен од страна на увозникот преку
декларантот ВЕМ ШПЕТ-од Г. и против кој имало право на приговор во
законски рок, истиот бил известен и вклучен во постапката за утврдување на
потеклото на стоката, поради што истиот не го прифати.

Вишиот управен суд имајќи го во предвид горе наведеното одлучи како


во изреката на пресудата согласно член 357 од Законот за парничната
постапка, а во врска со член 7-а од Законот за управните спорови.

25
Пресудено во Виш управен суд на ден 08.04.2016 година под УЖ-
3.бр.49/2016.

Записничар - судски советник Претседател на совет - Судија


Верица Гавровска-Петровска с.р. Виолета Илиевска с.р.

26
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Атанасоски Д., (2013) Царинска тарифа и царинска управна постапка,


Универзитет Гоце Делчев – Штип,2013
2. Крстаноски, М. (2013) Царинска управна постапка со примери од
практиката, НИП Студентски збор 2013, Скопје
3. Царинска управа на РМ. http://www.customs.gov.mk/
4. Управен суд на РМ. http://www.usskopje.mk/

27

También podría gustarte