Está en la página 1de 336

ПРЕДГОВОР

Македонската историографија се уште не посветила доволно вни-


мание на односите меѓу македонското национално-ослободително движење
и италијанската држава.
Вистина, постои одреден број на прилози објавени во некои историски
списанија1,а има и одделни книги2 во кои се говори за политиката на Италија
спрема некои аспекти на македонското национално-слободително движење.
______________________________
' До сега во македонската историографија се објавени следните прилози во кои
директно се третира интересот на Италија за случувањата во Македонија и тоа: -
А. Ламновиќ,
Обид на италијанското политичко влијание на македонската студентска
организација во
Швајцарија во 1919 година, Скопје, "Историја", год. 9, бр. 1, 1973; Кочо
Сидовски, Ставот на
Италија спрема македонското национално-ослободително движење до 1903
година, Скопје,
"Историја", год. 17, бр. 2; Кочо Сидовски, Италијански извештај за одразот на
Балканските
војни врз македонското стопанство, Скопје, "Историја", год. 18, бр.1-2,1982;
Кочо Сидовски,
Одгласи на Илинденското востание во Италија во 1903 год., Скопје, "Историја",
год. 19, бр. 2,
1983; Кочо Сидовски, Кон прашањето за текот на Младотурската револуција во
Македонија
во нејзиниот почетен период според извештаите на италијанските дипломатски
претставници,
Скопје, "Историја", год.22, бр. 2 1986; Кочо Сидовски, Ставот на италијанската
јавност спрема
македонското национално-ослободително движење во време на завршувањето
на
Илинденското востание, Скопје, "Историја", год. 23, бр. 1-2, 1987; Кочо
Сидовски, Ставот на
Италија кон Втората Балканска војна, Скопје, "Гласник" на ИНИ, год. 32, бр. 2,
1988; Зоран
Тодоровски, Врските на ВМРО со Италија во периодот меѓу двете светски
војни, Скопје,
Гласник" на ИНИ, год. 40, бр. 2, 1996.
Во рамките на наведените статии, објавени во списанијата "Гласник" на
Институтот

за национална историја и "Историја" го посочуваме и текстот на гермаскиот


историчар Стефан
Требст, Фашистичка Италија и ВМРО (1922 - 1925), Зборник на МАНУ, "Сто
години од
основањето на ВМРО и 90 години од Илинденското востание", Скопје, 1994.
Од 10-11 мај 1996 година во Битола е одржан научен собир на тема
"Македонско-
италијанските односи". Материјалите се објавени во 1999 год. од страна на
Друштвото
за наука и уметност - Битола и Здружението за македонско-италијанско
пријателство - Битола.
Од З-б јуни 1996год., Универзитетот "Св. Кирил и Методиј"во Скопје
организира меѓународна
научна конференција "Италијанско-македонските односи во европски
контекст" чии
материјали се уште не се објавени.
2 Христо Г. Андонов, Бранко Ковач, Боро Мокров, Панче Михајлов и Јован
Поповски,
Странскиот печат за Илинденското востание, Скопје, 1959 г.; Христо Андонов-
Полјански,
Велика Британија и македонското прашње на Париската мировна конференција
во 1919 год.
Скопје, 1973 г.; Милчо Балевски, Балкански политички прилики и
дипломатските битки за
манастирот Свети Наум, Скопје, 1984 г.; д-р Михајло Мино.-.ки, Соединетите
Американски
држави и Македонија 1869-1919, Скопје, 1994 год. и др.

10 ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Меѓутоа, сето тоа е далеку од потребите за едно попродлабочено проучу-


вање на италијанскиот интерес спрема Македонија. Каков и колкав бил тој
во рамките на нејзиниот општ интерес кон Балканот, колку ја познавала
Италија суштината на македонското национално-ослободително движење
и колку тоа го привлекувало вниманието на италијанската јавност не е многу
познато или не е познато колку што е потребно за една поцелосна прет-
става.3
Без сомневање еден најопшт поглед на политиката на Италија од
почетокот надваесетиот век, ќе го покаже постоењето на една долготрајна
стратешка определба за систематско ширење на италијанските интереси и
влијание кон балканските простори. Интересот на Италија кон Балканот,
во прв ред кон неговиот западен дел, е евидентен. Овде во минатото доагало
до остри судири меѓу Италија и Австро-Унгарија. По распаѓањето на Австро-
Унгарија, во Првата светска војна судирот се пренесол врз новосоздадената
држава Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.
Што се однесува на интересите на Италија кон Македонија во рамките
на нејзината општа политика кон Балканот и до судирот со интересите на

Австро-Унгарија дипломатски тие најпластично се изразени вс изјавата на


италијанскиот министер за надворешни работи Титони дадена по повод
спроведувањето на Мирцштегските реформи. Тој на 9 април 1904 година,
по повод настојувањата на Австро-Унгарија да го добие Скопскиот вилает,
во кој нејзини претставници ќе се грижат за спроведување на реформите,
меѓу другото изјавил: "Италија никогаш не сакала да и се даде организи-
рањето на жандармеријата во Битолскиот влиает. Таа беше повеќе под-
готвена да прифати некои од источните делови на Македонија но под услов
на Австро-Унгарија да не и се додели за реформирање Скопскиот вилает.
Таа се залагала, да се исклучи секаква причина за недоверба и сомнение,
Скопскиот и Битолскиот вилает да им се доделат на Франција и Англија, а
Австрија и Италија да добијат други централни сектори. Меѓутоа, бидејќи
Австрија се спротивставила да го отстапи Скопскиот вилает, Италија се
__________________________________
3 По Втората светска војна, на италијански јазик објавени се неколку книги со
историографски карактер: Магсо Dоgо,la dynamite e la mezzaluna.La questione
macedone nella
publicistica italiana 1903-1908.De Bianco,Udine 1983. Во превод на македонски
јазик (Аленка
Лапе) трудот е објавен заедно со уште еден труд на истиот автор,Lingua e
nazionalita in
Macedonia-Vicende e pencieri di profeti disarmati 1902-1903, Ed,universitarie Jaca.
(Марко Дого,
Динамитот и полумесецот - Македонското прашање во италијанската
публицистика 1903-
1908. Јазикот и националноста на Македонија - Доживувања и размислувања на
невооружени
пророци 1902-1903, Македонска книга 1990 .)Silvano Gallon,Italiani in Macedonia
1941-1943,
Skорје, 1999
ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА____________________________________11

согласила со тоа под услов таа да го добие Битолскиот вилает". Целта


била, рекол Титони, да се "воспостави рамнотежа, да се попречуваат
австриските аспирации"4.
Практично од почетокот на дваесетиот век интересите на Италија се
постојано присутни во Македонија. Тоа е случај во времето на Балканските
и Првата светска војна. Таа учествувала во меѓународните форуми за раз-
граничувања на Балканот по Балканските војни. Особено внимателно ја сле-
дела ситуацијата во времето на Првата светска војна и последиците од неа
поради поразот на Австро-Унгарија и создавањето на новата југословенска
држава. Гледајќи во создавањето на Кралството на СХС нов опасен
конкурент на италијанските аспирации кон Јадранот и Балканот, Италија
изградила генерален став да ги поддржува движењата на одделните народи,
Хрвати, Црногорци, Албанци, Македонци, чии делови се нашле во рамките
на новата држава и кои биле против неа. Италија останала перманентен
противник на новата југословенска држава и постојано барала сојузници за
нејзиното уривање. При тоа не значи дека со оглед на сопствените државни
интереси не водела сметка да развива и добри односи со Кралството на
СХС што пак имало свој одраз врз односите со нејзините противници.
Во поглед на развивањето на врските со македонското национално-
ослободително движење обично се нагласуваат два момента. За линија на
разграничување меѓу нив се смета доаѓањето на власт во Италија на Му-
солини есента 1922 година. При тоа се смета дека во првиот момент ита-
лијанската политика кон македонскиот проблем ја карактеризирала извеснa
воздржаност додека во вториот момент и посебно по соборувањето на
владата на Александар Стамболиски во Бугарија (9 јуни 1923 год.) таа
добила поагресивен белег.
Ваквата оценка секако поаѓа од тоа што во центарот на односите
помеѓу претставниците на Италија и македонското национално-револуцио-
нерно движење вниманието било концентрирано на автономистичката ВМРО
и тоа главно во периодот по убиството на Тодор Александов.
Мегутоа, ваквата констатација сама по себе не е доволна да ја објасни
целината на италијанскиот однос кон стремежите на македонското нацио-
нално-ослободително движење за своја сопствена самоуправа. Едноставно,
односот на италијанското општество кон македонскиот проблем не може и
не смее да се сведува само на еден сегмент во тие односи.
Факт е на пример дека одредени структури на италијанската адми-
нистрација не се задлабочувале во суштината на македонското прашање.
_________________________________
4 Христо Силјанов, Освободителните борби на Македонија, том 11. Фототипно
издание, Софија, 1983, 51.

12________________________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Нивниот однос кон него имал прагматски карактер. Но исто така е факт
дека други структури на таа администрација, благодарејќи на нивните
непосредни контакти со македонската средина на теренот, доаѓале до
изворни сознанија за национално-политичките стремежи на таа средина,
односно за нејзините етнонационални чувства.
Во секој случај заслужува внимание активноста на италијанските
претставници во "Комитетот за нови држави и за заштита на малцинствата"
на Мировната конференција во Париз. Италијанските претставници во ОВОЈ
Комитет покажале забележителна иницијатива во барањата за поправично
РЕшавање на иднината на Македонија, однссно на македонскиот народ по
Големата војна.
Така, италијанската делегација на 33-та седница на Комитетот за нови
држави5 поднела предлог во кој тежиштето се ставило на "обезбедување
на потребните гаранции за заштита на населението во Македонија, особено
на словенското население кое не е српско".
Суштината на италијанскиот предлог се состоела во следното:
- Југославија се согласува територијата на Македонија да ја организира
во форма на автономна единица во југословенската држава до најголем
степен на самоуправа.
- Територијата на Македонија ќе има автономно собрание. Собранието
ќе има законодавна сила по прашањето најазикот, образованието и рели-
гијата, локалната администрација и кон сите прашања што ќе се утврдат со
законите на Југославија. Управителот ќе го именува југосовенската влада,
а ќе биде одговорен пред Собранието.
- Службениците на територијата на Македонија ќе бидат избирани, по
можност, од населението на оваа територија.
- Југославија и гарантира на територијата на Македонија еднаква прет-
ставеност во Законодавното собрание на југословенската држава, во кое
оваа територија ќе испрати пратеници избрани согласно со Уставот на југо-
словенската држава. Меѓутоа, спомнатите пратеници не ќе имаат право да
гласаат во Собранието по законодавни прашања ако се тие во компетенција
на Собранието на Македонија6.
Бидејќи овие предлози не биле прифатени на 41-та седница на Ко-
митетот, италијанската делегација дала нов предлог. Неговата суштина, и
___________________________________________________
5 Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална
држава.Том први, Скопје, 1981, 620.
6 Исто, 621.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА____________________________________13

покрај внесените рестрикции во поглед на обемот на автономијата, останала


иста.7 Новото во него било да се формира централен административен совет
со седиште во Битола и по еден административен совет за секоја област.
Тргнувајќи од непријателскиот став на Италија кон Југославија,
логично се наметнува прашањето дали само поради желбата да и се нанесе
штета на државата СХС италијанските претставници во телата на Миров-
ната конференција настапиле со предлози во интерес на Македонците или
за тоа имало и други, чисто хумани мотиви.
Потоа, прашање е од која средина на македонската групација итали-
јанските претставници добивале информации за барањето на Македонците
и дали и колку тие имале влијание при формулирањето на своите предлози.
Познато е дека уште пред и особено за време на одржувањето на
Мировната конференција во Париз, македонската интелигенција во Швај-
царија развивала интензивна активност за придобивањето на влијателни
личности во европската политика, кои ќе се заложат за барањата на Маке-
донците. Секако, таа активност не останала незабележана од италијанската
дипломатија. Иако скромни, постојат информации за средби на италијански
дипломати со значајни личности од тамошната македонска емиграција.
На пример, според информацијата на францускиот вршител на
работите во Берн - Клинша од 13 мај 1919 година, испратена до министерот
за надворешни работи на Франција Пишон, се зборува за контакти на ита-
лијанскиот конзул Гуизи, со претставници на Македонците во Швајцарија8.
Гуизи (Guisi) долго време бил конзул во Солун, добро го познавал македон-
скиот проблем и го говорел јазикот на средината. Него италијанската влада
го испратила во Лозана со задача да стапи во контакт со претставниците
на македонските друштва во Швајцарија, за да се запознае со нивните
активност и барања. Гуизи контактирал со "Централниот македонски
комитет"9, "кому му ја изразил својата симпатија". Во јануари 1919 год., Гуизи
се сретнал со претседателот на Генералниот совет Стојан Тилков.
Францускиот извор тврди дека на таа средба Гуизи на Тилков меѓу другото
му изјавил: "Можам, во името на мојата влада да ви ветам секаква морална
и материјална помош која би ви била потребна"10.
_____________________________________--
7 Исто, 624.
8 А. Лаиновиќ, Обид на италијанско политичко влијание..., 130.
9 Именувањето на комитетот не е прецизно. Тогаш во Швајцарија, како
организациона
форма на делување на македонската интелигенција постоел Генерален совет на
македонските
друштва кој бил формиран на 15 декември 1918 година на заседание во Лозана.
Види Љубен
Лапе, Македонија во XVIII, XIX и XX век. Објавени трудови, Скопје, 1992,
595-96.

'!) А. Лаиновиќ, цит. статија, 130.

14____________________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Францускиот извор тврди дека со таа понуда на италијанскиот конзул


претседателот Тилков го запознал Генералниот совет. Понудата предиз-
викала бурна расправа. Во врска со неа, претседателот на циришкото
друштво Благој Бојаџиев констатирал: "Овде е во прашање маневар на Ита-
лија. Таа е вознемирена поради наклоноста која Антантата им ја укажува
на Србија и Грција. Под изговор да и послужи на нашата независност, таа
всушност сака да се вмеша во нашата внатрешна ситуација и од нас да
направи против тежа на грчко-српското влијание. Таа дури би била во со-
стојба да не измами дека ни се заканува опасност од Бугарија само верно
да не држи покрај себе. Предлагам да се обрнеме кон претставниците на
Франција, бидејќи тие ќе не сфатат и ќе ни ја дадат потребната поддршка"1'.

Во продолжение на својата информација Клинша тврди дека меѓу


италијанскиот претставник на Мировната конференција Луиџи Раџи и
францускиот министер за надворешни работи во врска со македонскиот
проблем дошло до мал инцидент. Имено, во расправата за ситуацијата на
Балканот, Раџи побарал од Пишон да се разгледа македонскиот проблем.
Изненаден од предлогот Пишон реагирал дека "македонско прашање не
постои". На тоа следела реплика на Раџи: "Да, господине министер, тоа
постои и ако сакате за него ќе зборуваме кога ќе дојде време".

Францускиот извор уште додава дека "Гуизи многу љубезно зборувал


за вниманието кое Италија му го посветила на македонското прашање" за
разлика од Франција12.

Секако цитиранава информација од француски извори не дава мо-


жност до крај да се согледа активниот ангажман на италијанските прет-
ставници во Комитетот за нови држави на Мировната конференцијата во
Париз. Но, во исто време таа не остава сомнежи дека при формулирањето
на своите предлози италијанските делегати воделе сметка за стремежите
на Македонците осознаени од контактите со личности од средината на
македонската емиграција во Швајцарија.

Што се однесува до стекнувањето на претстава за етнонационалните


чувства на македонската средина од оние италијански претставници што
доаѓале во допир со неа и за конкретното пренесување на тие сознанија на
повисоките инстанци во државата, интересен е случајот со италијанскиот
генерал Енрико Телини,13 член на Комисијата за разграничување меѓу Алба-
нија, Југославија и Грција.

11 Исто.
12 Исто, 132.

13 Енрико Телини, италијански генерал, член на Меѓународната комисија за


разграничување меѓу Албанија и Југославија. Ззаедно со неговата придружба
бил убиен на
23 август 1923 година во близината на Јанина.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА______________________________________15

Поаѓајќи од прецизно утврдените правила дека "разграничувањето


ќе се врши врз етнографски и географски основи, за етнографска кон-
статација, ќе се утврди мајчиниот јазик на населението, т.е. со кој се збо-
рува во семејството"14, Енрико Телини при разграничувањето помеѓу Би-
толскиот и Корчанскиот санџак прецизно наведува: "И двата припаѓаат на
Битолскиот вилает. Првиот санџак, според јазикот е македонски, а вториот
албански". Потоа тој говори за"линија на разграничување меѓу македонските
кази, Ресенска и Охридска, на север со албанските кази Корчанска и
Подградечка (Старова) на југ".
Дека во случајот за Телини определбата "македонски кази" имала
етногеографско а не само географско значење, говори и информацијата за
етничкиот карактер населата "Љубаништа, македонско по јазик и Пишкопеја
- по јазик албанско"15. Уште попрецизна потврда во тој поглед претставува
неговата информација за "македонските села во Албанија".
Имено, на молба на бугарскиот воен аташе во Цариград, генерал Мар-
ков, кој се интересирал за "бугарските села во Албанија", високиот комесар
на Италија во Цариград го запознал со описот што генерал Телини го
направил за 18 "македонски села во Албанија".
Во описот прво се дадени имињата на селата, па потоа доаѓа следново
објаснување:
"При карактеризирањето на овие села нарочно го користев општиот
апелатив македонски а не бугарски бидејќи насекаде, кога жителите ги
прашав за нивната националност, тие сите еднакво одговарале со зборот
Македон и кога ќе додадев Бугар? тие одговараа Македон. Јазикот кој тие
го говорат во семејството и кој, освен незначителни ислучоци, е единст-
вениот кој тие го разбираат е тој што е познат под името македонско наречје
и кој, како што говорат компетентните, има извесна сродност со бугарскиот,
како што постои блискост со бугарското население. Но дали станува збор
за "вистински Бугари не е лесно да се каже"16.
Се поставува прашањето, колку со ваквите информации бил за-
познаен поширок круг на влијателни личности во Италија, и како и колку ги
прифаќале и ги употребувале во своите службени комуникации. Во случајов
____________________________________________________
14 Документи о питању границе са Албанијом код Манастира Св. Наума.
Министарство
спољних послова Краљевине Срба, Хрвата и Словенаца, Београд 1924, 17.
Цитирано според
наведената книга на Милчо Балевски, Балканските политички прилики.,.87.
15 Милчо Балевски, цит. кн., 129.
16 Телеграма од италијанското пратеништво во Драч до Министерството за
надворешни работи
во Рим од 2 август 1923 година во врска со македонските села во Албанија (док.
бр. 92).

16___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

заслужува да се наведе известувањето на високиот комесар на Италија во


Цариград од 18 септември 1923 година до министерот за надворешни работи
на Италија Мусолини за начинот на кој воениот аташе на Италија му ја предал
бараната информација на бугарскиот генерал: "Истакна, се вели меѓу другото
во писмото, дека селата за кои наведениот генерал се интересира и од
самите жители се нарекуваат 'македонски а не 'бугарски"17.
Секако, односот на Италија спрема стремежите на македонското
национално ослободително движење по Првата светска војна секојпат треба
да се гледа во рамките на нејзините стратешки интерси на Балканот без
оглед на режимот што бил на власт во Рим. Добар пример за тоа претставува
политиката на Италија кон Кралството на СХС, Бугарија и кон автономи-
стичката ВМРО пред и по доаѓањето на Мусолини на власт, т.е. пред и по
1922година.
Уште во времето на создавањето на Кралството СХС, италијанската
политика зазела негативен однос кон неа и на секој начин настојувала да ја
попречи неговата консолидација. Меѓутоа, во односот на Италија кон
Кралството СХС имало многу практицизам и опортунизам. Пред се Италија
во разгледуваниот период водела сметка поради Кралството на СХС да не
ги расипува односите со Франција и Англија. Од друга страна практичните
потреби налагале меѓу двете земји повремено да има и повеќе од добра
соработка. На пример, на 24 јануари 1924 година во Рим Никола Пашиќ и
Мусолони потпишале спогодба со која Кралството на СХС ја признало власта
на Италија врз Ријека и пакт за пријателство меѓу двете земји. Италија која
пред тоа се залагала за ревизија на границите со Кралството СХС сега го
прифатила европското статус кво воспоставен со Мировната конференција
во Париз.18
Иако Италија по соборувањето на Стамболиски во Бугаријаја помагала
меѓународната консолидација во владата на Александар Цанков и отпочнала
процес на интензивна соработка со новиот режим таа не покажала раз-
бирање за економските тешкотии на земјата. За разлика од Англија и Фран-
ција, Италија ригорозно се залагала Бугарија на време да ги исплаќа репара-
ционите долгови19.
Од друга страна и пред доаѓањето на Мусолини на власт а уште повеќе
потоа, Италија покажувала вонреден интерес за воспоставувањето на тесна,
____________________________________
17 Цариград, 18 септември 1923 година, високиот комесар до италијанското
Министерство за надворешни работи, Рим. бр. 10628/1461 ( док. бр. 103).
18 Илчо Димитров, Бљлгаро-италиански политически отношени^ 1922- 1943,
Софи^
1976,58.
'9 Исто,24.
ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА 17

продуктувна соработка со автономистичката ВМРО. Причината за тоа била


сосема едноставна. Во борбата против Кралството на СХС, Италија во ВМРО
гледала фактор кој најмногу може да и помага во поткопувањето на темелите
на оваа новосоздадена држава на Балканот која наместо Италија ја по-
полнила празнината што со своето распаѓање ја оставила зад себе Австро-
Унгарија. Поради тоа, по завршувањето на Мировната конференција, а
поточно од 1920 година, меѓу раководните структури на ВМРО и Италија
започнале интензивни контакти на кои се договарани заеднички активности
против Кралството на СХС. Во 1920 година Тодор Александров ја направил
првата посета на Италија. Тогаш биле поставени основите за соработка. И
подоцна Тодор Александров ја посетувал Италија. Неа особено често ја
посетувал Александар Протогеров, додека пак Петар Чаулев, третиот член
на ЦК на автономистичка ВМРО, својата активност ја водел од Италија и
Албанија. Италија со пари и оружје богато и систематски ја помагала авто-
номистичката организација. Таа и овозможила во Албанија да формира свои
бази од кои се вршеле четнички навлегувања во југозападниот дел на Ма-
кедонија. Влијаела на воспоставувањето на соработката помеѓу ВМРО и
Албанците за четничка активност против Кралството СХС. Во Италија покрај
Чаулев се наоѓал и постојаниот претставник на ВМРО - Антон Пиперов, личен
пријател на Мусолини. Соработката помеѓу Италија и ВМРО на Иван
Михајлов особено станала интензивна во периодот 1925 -1932 година20.
Но, и покрај ваквата развиена соработка помеѓу Италија и ВМРО во
определени моменти, тргнувајќи од своите интереси, од проценката за
можното влијание на ваквата соработка врз позициите на Италија во Европа,
постојат моменти кога последната прилично се дистанцирала од неа. Освен
тоа врз квалитетот на соработката помеѓу ВМРО и Италија влијаела и силата
и способност на ВМРО во дадениот момент да ги задоволува интересите на
Италија, и особено од степенот на соработката на Организацијата со бу-
гарската влада.
Италијанските дипломатски документи за историјата на Македонија
што за прв пат се објавуваат во превод на македонски јазик во многу ќе му
помогнат на македонскиот читател да се запознае со политиката на Италија
во периодот по Првата светска војна кон Балканот и во рамките на тоа кон
Македонија. На еден или друг начин речиси нема настан сврзан со Ма-
кедонија кој не нашол место во овие документи.
________________
20 Подетално за врските помеѓу Италија и ВМРО види цит. книга на Илчо
Димитров,
потоа спомнатите статии на Стефан Требст, Зоран Тодоровски и др.

18___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Мегу многуте и значајни збиднувања во кои италијанската дипломатија


имала истакнато место овде посебно би го навеле случајот со манастирот
Свети Наум. Прашањето било на кого да му се додели еден од наЈзначајните
споменици на културата на македонскиот народ.
Проблемот за статусот на манастирот Свети Наум бил поврзан со
прашањето на разграничувањето меѓу Албанија и Кралството СХС во об-
ласта на Охридското Езеро. Тој проблем останал нерешен од Конферен-
цијата на амбасадорите во Лондон 1913 година. Разграничувањето помеѓу
Кралството на СХС и Албанија, во тие рамки и на статусот на манастирот
Свети Наум, по војната, прв пат било поставено на 2 октомври 1921 година
на седница на Советот на ОН. Еден месец подоцна, на 9 ноември 1921 година,
тоа се нашло пред Конференцијата на амбасадорите. Од тогаш започнала
тешка дипломатска битка меѓу Албанија и Кралството на СХС, за тоа кому
ке му припадне манастирот. Спорот траел цели четири години, до 6 август
1925година.
Речиси, цело време, Големите сили, особено Англија, биле наклонети
манастирот Свети Наум да и се додели на Албанија. Во еден момент пра-
шањето било поставено на разгледување и пред Меѓународниот суд на
правдата во Хаг. НаЈпосле, на 6 август 1925 година Конференцијата на ам-
басадорите ја прифатила граничната линија утврдена од Комисијата за
разграничување. Во одлуката на Конференцијата на амбасадорите се вели:
"Областа Свети Наум - Да се коригира граничната линија, која и го остава
манастирот Свети Наум на Југославија, а селото Пишкопеја на Албанија."
Потоа, на 9 декември 1925 година генералниот секретар на Конференцијата
на амбасадорите официЈално ги запознал претставниците на Кралството
СХС и на АлбаниЈа со донесените решенија.
Во спорот за тоа кому да му се додели манастирот Свети Наум на
Охридското Езеро, на Албани.ѓа или на Кралството на СХС, дошле до израз
противречните интереси на Големите сили на Балканот. Крајното решение
на Конференцијата на амбасадорите било резултат на политичките промени
во овој дел на Европа и пред се во Албанија, како и на упорноста на југо-
словенската дипломатија. Таа, во моментот кога се чинело дека манастирот
дефинитивно и е даден на Албанија се заканила дека ќе ги напушти ОН.

***

Серијата "Италијански дипломатски документи за Македонија" спаѓа


во рамките на повеќедецениското објавување на странски документи за
историјата на македонскиот народ од страна на Државниот архив на Ре-
публика Македонија. До сега се објавени и значајни зборници од турски, бри-
тански, австриски, француски, грчки, српски и други извори.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА 19

Во серијата "Италијански дипломатски документи за Македонија" која


ја започнуваме со првата книга од т. 1, со овој прв зборник, ќе бидат об-
јавувани документи што потекнуваат од Историско - дипломатскиот архив
на Министерството за надворешни работи на Италија (Arhivio storico
diplomatico del Ministero degli Affari Esteri) во Рим.
Тематските истражувања на архивска граѓа за историјата на Маке-
донија во Историско-дипломатскиот архив на Министерството за надво-
решни работи на Италија (натаму: ИДА МНРИ) тогашниот Државен архив ги
започна во 50-тите години. Тргнувајќи од определбата, архивските истражу-
вања да се вршат фондовски, а истражувањата да ги извршуваат работници
од Архивот, врз основа на "Договорот за културно- просветно-научна
соработка помеѓу СФРЈ и Република Италија" и врз пснова на размена на
архивски работници во периодот 1984-1990 година , Аленка Лапе истра-
жуваше во ИДА на МНРИ во Рим.
По осамостојувањето на Република Македонија, на 3 октомври 1995
година меѓу Македонија и Италија е потпишана Извршна програма на Спо-
годбата за културна соработка. Врз основа на неа, во 1996 година обновена
е соработката на Архивот на Македонија со архивите на Италија и во 1996
година Аленка Лапе ги продолжи своите истражувања во ИДА на МНРИ.
Истражуван е фондот Политички работи - Албанија, Бугарија, Грција и Југо-
славија, периодот 1919-1950 година. Во Државниот архив на Република Ма-
кедонија се донесени околу десет илјади ксерокс -копии и околу илјада
микро снимки.
По увидот во богатството на информациите содржани во документите
донесени од ИДА МНРИ за историјата на македонскиот народ меѓу двете
светски војни, донесено е решение во рамките на издавачката програма на
Архивот, да се започне со објавувањето на серија "Италијански дипломатски
документи за Македонија".
Во првата книга од првиот том на серијата објавените документи со
прилози се однесуваат на периодот 1919-1924 година, а потекнуваат од
потфондовите "Бугарија" и "Албанија" 1918-1930нафондот "Политички ра-
боти" во ИДА на МНРИ.
Бидејќи документацијата во ИДА е формирана по предмети и не е
сигнирана, при објавувањето наведен е само подфондот (на пр. Албанија
1919-1930) и бројот на кутијата (busta) а наведена е сигнатурата на фото-
копијата односно микрофилмот во Државниот архив на Република Маке-
донија (ДАРМ). Документите се објавуваат во облик на предмети формирани
во изворот. Насловите на објавените документи се на приредувачите. Би-
дејќи поголемиот дел од италијанските дипломатски претставници не и е

20___________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

познат на македонската јавност, приредувачите за нив во белешките дава


поопширни биографски податоци.
Приредувачите ја користат оваа прилика во името на Државниот архив
на Република Македонија најтопло да му се заблагодарат на Министерството
за надворешни работи на Италија, кое ја овозможи реализацијата на овој
долгогодишен проект како и на несебичната помош на колегите од Исто-
риско-дипломатскиот архив во Рим, со надеж дека ќе продолжи плодната
соработка во рамките на договорите меѓу нашите две земји, а особено во
рамките на Договорот за соработка меѓу ДАРМ и Централниот уред за
архивски добра при Министерството за културни добра и активности на
Италија за периодот 2001-2003 година потпишан во ноември 2000 година во
Скопје.
Во исто време топла благодарност изразуваме на Амбасадата на
Република Македонија во Рим за укажаната помош и поддршка.
Приредувачите
СПИСОК НА ДОКУМЕНТИ

1.
БЕЛЕШКИ на полковникот Мартоли за македонското прашање,
9 јули 1918 година ----------------------------------77

2.
ТЕЛЕГРАМА од италијанскиот висок комесар од Софија до
министерот за надворешни работи во Рим од 18 декември 1918 година,
во врска со решавањето на територијалните
прашања мегу Кралството на СХС и Бугарија -----------80
3.
ТЕЛЕГРАМА од италијанскиот висок комесар од Софија до
министерот за надворешни работи во Рим од 20 декември
1918 година,во врска со бугарските граници -----------81

4.
ТЕЛЕГРАМА од италијанскиот висок комесар од Софија до
Военото министерство во Рим од 7 јануари 1919 година,
во врска со решавањето на македонското прашање -----82

5.
ПИСМО од италијанскиот висок комесар од Софија до министерот
за надворешни работи во Рим од 7 јануари 1919 година, за грчките
насилства врз населението во Македонија ------------------- 84
6.
ПИСМО од италијанскиот генерален конзул во Цирих до
Министерството за надворешни работи во Рим од 18 јануари
1919 година, со меморандумот на група Грци и Срби од Маке-
донија против бугарските интриги во Лозана ------------------ 85
7.
ИЗВЕШТАЈ од италијанскиот висок комесар во Софија до
министерот за надворешни работи во Рим од 4 февруари
1919 година, за српските насилства во Македонија, со прилози - - 87

34_________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

8.
ИЗВЕШТАЈ од италијанскиот висок комесар од Софија до
министерот за надворешни работи во Рим од 7 февруари
1919 година, за насилствата на грчките власти во Серско,
Драмско и Кавалско, со прилог ---------------------------- 94

9.
ИЗВЕШТАЈ од италијанскиот висок комесар во Софија до
министерот за надворешни работи во Рим од 16 февруари
1919 година, за положбата во Струмица, со прилог -----96

10.
ТЕЛЕГРАМА од италијанскиот висок комесар од Софија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 17 февруари
1919 година, во врска со македонското прашање --------------- 98
11.
ТЕЛЕГРАМА од италијанскиот висок комесар од Софија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 19 февруари
1919 година, во врска со прогонувањето на населението
во Источна Македонија ---------------------------------- 99
12.
ИЗВЕШТАЈ на италијанскиот висок комесар од Софија до
министерот за надворешни работи во Рим од 28 февруари
1919 година, во врска со друштвото "Македонија" одЛозана ------ 100
13.
ИЗВЕШТАЈ од командантот на станицата во Битола до командата
на гарнизонот од 1 март 1919 година, за жалбите на локалното
население заради насилствата на југословенските власти ------- 101
14.
ТЕЛЕГРАМА од генералот Момбели од Софија до Оперативниот
оддел на Врховната команда и Министерството за надворешни
работи во Рим од 7 март 1919 година, во врска со воената
ситуација во Македонија --------------------------------- 103
15.
ПИСМО од италијанскиот висок комесар во Софија до
министерот за надворешни работи во Рим од 29 март 1919 година,
во врска со меморандумот на Централниот комитет на ВМРО ----- 104

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА____________________________________35

16.
ДЕШИФРИРАНА ТЕЛЕГРАМА од Париз до Министерството за
надворешни работи во Рим од 6 април 1919 година,
во врска со архимандритот Пол Христов --------------------- 106
17.
ИЗВЕШТАЈ од италијанскиот висок комесар во Софија до
министеротза надворешни работи во Рим од 16 април 1919 година,
за положбата во Македонија, со прилог ---------------------- 106
18.
ПИСМО од италијанскиот висок комесар од Сосрија до
министерот за надворешни работи во Рим од 22 мај 1919 година,
за инцидентите на грчко-бугарската граница, со прилог ---------- 108
19.
ПИСМО од италијанскиот висок комесар од Софија до
министерот за надворешни работи во Рим од 26јули 1919 година,
во врска со писмото на апостолскиот намесник до Папата -------- 111
20.
ТЕЛЕГРАМА од Италијанската воена мисија кај непријателските
делегации во Версај до Министерството за надворешни работи
во Рим од 4 август 1919 година, во врска со границите ----------- 112
21.
ИЗВЕСТУВАЊЕ од Министерството за надворешни работи
од Рим за Меморандумот на бугарската колонија во Италија
упатена до премиерот Нити, во врска со Тракија и Македонија,
од 6 август 1919 година, со прилог -------------------------- 113
22.
ПИСМО од Министерството за надворешни работи во Рим до
генералниот директор на Фондот за вера од 20 август 1919 година,
во врска со писмото на апостолскиот намесник до Папата,
со прилог --------------------------------------------- 117
23.
ПИСМО од италијанскиот висок комесар од Софија до
министерот за надворешни работи во Рим од 29 ноември
1919 година, за состојбата во Бугарија ----------------------- 119

36________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

24.
МЕМОРАНДУМ на Управните совети на Лигата на Битолчани од
Солун и Лерин до генералот Депре и до Врховниот совет на
Мировната конференција во Париз од 30 ноември 1919 година,
во врска со утврдување на границите, со прилог --------------- 123
25.
ТЕЛЕГРАМА од италијанскиот претставник од Париз до Министер-
ството за надворешни работи во Рим од 7декември 1919 година,
за ставот на балканските земји во врска со Македонија --------- 1зо
26.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 7 декември
1919 година, во врска со состојбата во Бугарија ---------------- 131
27.
ИЗВЕШТАЈ од италијанскиот висок комесар во Софија до
министерот за надворешни работи во Рим од 6 март 1920 година,
во врска со македонското прашање, со прилог ---------------- 132
28.
ИНФОРМАЦИЈА на Министерството за надворешни работи
во Рим за министерот за надворешни работи од 25 мај
1920 година, за средбата со Иван Каранџулов, со прилози ------- 135

29.
ТЕЛЕГРАМА од италијанскиот конзул во Солун до
Министерството за надворешни работи во Рим од 9 јули 1920 година,
за состојбата во Битола, со прилози -----137

30.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво од Белград до
Министерството за надворешни работи во Рим од 17јули
1920 година, во врска со бугарско-југословенското зближување - - - 138
31.
ТЕЛЕГРАМА од италијанската делегација во Париз до
Министерстаото за надворешни работи во Рим о,л, 10 звгуст
1920 година. за наводната сорабока на италијанските агенти
со "Mакедонскиот револуционерен комитет"----------------------139

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА__________________________ 37

32.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 23 август
1920 година, за средбата со д-р Точков, со прилог -------------- 141
33.
ТЕЛЕГРАМА од италијанскиот конзул од Солун до
Министерството за надворешни работи во Рим од 25 септември
1920 година, за превозот на воен материјал ------------------- 142
34.
ИЗВЕШТАЈ од италијанското пратеништво во Берлин до
министерот за надворешни работи во Рим од 21 октомври
1920 година, за посетата на д-р Точков, со прилози ------------- 142
35.
ИЗВЕШТАЈ од Главниот штаб на Кралската војска до
Министерството за надвореши работи во Рим од 6 декември
1920 година, за врските на Извршниот комитет на
македонските братства во Бугарија со Албанија --------------- 145
36.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништвото во Белград до
Министерството за надворешни работи во Рим од 17 февруари
1921 година, за состојбата во Битолско ---------------------- 146
37.
ПИСМО од Министерството за надворешни работи во Рим до
италијанското пратеништво во Париз од 15 април 1921 година,
за положбата во Македонија, со прилог ---------------------- 147
38.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништвото во Белград до
министерот за надворешни работи во Рим од 21 април
1921 година, за бугарско-југословенските односи, со прилог ------ 150
39.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Драч до Министерството за
надворешни работи во Рим од 13 јуни 1921
-година во врска со бугарско-југословенските преговори

38___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

40.
ТЕЛЕГРАМА од италијанскиот претставник од Софија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 4 јули
1921 година, за убиството на Горче Петров ------------------- 153

154
41.
ПИСМО од италијанската делегација во Собранието на
Друштвото на народите до Министерството за надворешни
работи во Рим од 24 септември 1921 година,
во врска со заштитата на малцинствата --------------

42.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Драч до
Министерството за надворешни работи во Рим од 14 октомври
1921 година, за затворањето на албанската граница ------------ 155
43.
ПИСМО од италијанското пратеништво во Драч до министерот
за надворешни работи во Рим од 4 ноември 1921 година,
за средбата со генералот Протогеров и други револуционери ----- 155
44.
ТЕЛЕГРАМА од италијанскиот претставник во Драч до
Министерството за надворешни работи во Рим од 15 ноември
1921 година, за бугарско-албанските контакти, со прилог -------- 157
45.
ТЕЛЕГРАМА од италијанскиот претставник во Драч до
Министерството за надворешни работи во Рим од 20 ноември
1921 година, за договорот за албанската граница -------------- 159
46.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Букурешт до
Министерството за надворешни работи во Рим од 29 ноември
1921 година за бугарско-југословенските односи --------------- 160
47.
ТЕЛЕГРАМА од италијанскиот претставник од Софија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 11 декември
1921 година, за престојот на Протогеров во Италија ------------- 161

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА _______________39

48.
ТЕЛЕГРАМА на Министерството за надворешни работи од Рим
до италијанските претставништва во Париз, Лондон, Белград и Атина
од 12 декември 1921 година, за македонско-бугарските контакти - - 162
49.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Белград до
Министерството за надворешни работи во Рим од 14 декември
1921 година, во врска со навлегувањата на чети од Бугарија ------ 164
50.
ИЗВЕСТУВАЊЕ на Пратеништвото на Кралството на СХС во
Франција до Амбасадорската конференција во Париз од 17 јануари
1922 година, за положбата на границата со Албанија ------------ 164
51.
ТЕЛЕГРАМА од Министерството за надворешни работи од Рим
до италијанското пратеништвото во Софија од 22 јануари
1922 година, во врска со дејноста на полковникот Лоди ---------- 1б7
52.
БЕЛЕШКА на Техничко-географскиот комитет за Амбасадорската
конференција во Париз од 2 март 1922 година, во врска со
неутралната зона во Албанија ----------------------------- 168
53.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Париз до
Министерството за надворешни работи во Рим од 17 мај
1922 година, во врска со неутралната зона ------------------- 170

54.
ПРОМЕМОРИЈА од Пратеништвото на Кралството на СХС
во Рим до Министерството за надворешни работи во Рим од
24 мај 1922 година, во врска со наводното прогласување
на автономна Македонија ---------------------------172

55.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 9 јуни
1922 година, за бугарско-југословенските односи -------173

40___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

56.
ТЕЛЕГРАМА од Министерството за надворешни работи
во Рим до италијанските претставништва во Париз, Лондон,
Софија и Белград од 12јуни 1922 година, во врска со
македонското движење, со прилози ------------------------ 174
57.
ТЕЛЕГРАМА од италиЈанското пратеништво во Цариград до
Министерството за надворешни работи во Рим од 13 јуни
1922 година, во врска со "македонските комитети", со прилози - - - - 176
58.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Белград до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 13 јуни 1922 година,
за колективниот чекор на југословенската, романската и грчката
влада во Софија, со барање за воведување на ефикасни мерки
против навлегување на вооружени чети од Бугарија на нивна
територија -------------------------------------------- 178

59.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Белград до
министерот за надворешни работи во Рим од 13 јуни
1922 година, за положбата во Македонија -------------------- 179
60.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 17 јуни
1922 година, за повредите на границите ----------180

61.
ПИСМО од пратеништвото на Бугарија во Рим до италијанскот
министер за надворешни работи во Рим од 19 јуни 1922 година,
во врска со демаршите на Кралството на СХС и Романија -------- 181
62.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Цариград до
Министерството за надворешни работи во Рим од 21 Ј'уни 1922 год.,
во врска со македонското револуционерно движење ------------ 184
63.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 23 јуни 1922 год.,
за бугарскиот одговор на демарши -------------------------- 185

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________41

64.
ПИСМО од италијанското пратеништво во Вашингтон до
министерот за надворешни работи во Рим од 28 јуни 1922 година,
за состојбата во Кралството на СХС ------------------------ 185
65.
ПРОМЕМОРИЈА од француското пратеништво во Рим до
Министертството за надворешни работи во Рим од 4 Јули 1922 год.,
во врска со демаршот до бугарската влада ------------------- 186
66.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 7 јули
1922 година, за бугарската реакција на обвиненијата за
помагање на вооружени чети ------------------------------ 187
67.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Сосрија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 12јули 1922 год.,
за заминувањето на бугарската делегација за Лондон ----------- 188
68.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Белград до
Министерството за надворешни работи во Рим од 13 јули 1922 год.,
за дејноста на вооружени чети ----------------------------- 189
69.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 14јули 1922 год.,
во врска со дејноста на вооружени чети ---------------------- 190
70.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Лондон до
Министерството за надворешни работи во Рим од 15јули 1922 год.,
во врска со проблемот на вооружени чети -------------------- 191
71.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во /--тина до
Министерството за надворешни работи во Рим од 28 јули 1922 год.,
за преминувањата на вооружени чети на грчка територија ------- 191

42___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

72.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Атина до Министерството за
надворешни работи во Рим од 28 август 1922 год.,
за'востаничката организација' во Македонија ------------------ 192
73.
ПИСМО од Пратеништвото на Кралството на СХС во Париз
до претседателот на Амбасадорската конференција во Париз
од 28 август 1922 година, во врска со утврдувањето
на југословенско-албанската граница ------------------------ 193
74.
ИЗВЕШТАЈ за работа на италијанската делегација во Меѓу-
народната комисија за утврдување на границите на Албанија до
Министерството за надворешни работи во Рим
од 4 септември 1922 година ------------------------------- 194
75.
БЕЛЕШКА на Техничко-географскиот комитет за Амбасадорската
конференција во Париз од 22 септември 1922 година,
во врска со утврдувањето на албанската граница -------------- 198
76.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Драч до
Министерството за надворешни работи во Рим од 2 октомври
1922 год., за евентуалниот југословенски напад врз Албанија ----- 200
77.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Белград до
Министерството за надворешни работи во Рим од 2 октомври
1922 година, во врска со албанските граници ------------------ 201
78.
ПИСМО од италијанскиот генерален конзул во Солун до
министерот за надворешни работи во Рим од 5 октомври 1922 год.,
во врска со грчките насилства врз населението во Кукушко ------ 202
79.
ИЗВЕШТАЈ на Меѓународната комисија за одредување
на границите на Албанија од Дебар до Министерството за
надворешни работи во Рим од 8 октомври 1922 година ---------- 203

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА ____________________________43

80.

ИЗВЕШТАЈ за работа на италијанската делегација во Меѓу-

народната комисија за одредување на границите на Албанија

од Призрен до Министерството за надворешни работи

во Рим од 5 ноември1922 година --------------------------- 208

81.

ПИСМО од грчкото пратеништво во Рим до Министерството

за надворешни работи во Рим од 20 ноември 1922 година,

за движењето на чети во Македонија и Тракија, со прилог -------- 209

82.

ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до

Министерството за надворешни работи во Рим од 15 февруари

1923 година, во врска со изјавите на Стамболиски, со прилози - - - - 210

83.

ТЕЛЕГРАМА од Софија до Главниот штаб на италијанската војска

во Рим од 9 мај 1923 година, за внатрешната политика на Бугарија - 215

84.

ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до

Министерството за надворешни работи во Рим од 17 мај 1923 год.,

за борбата на Стамболиски против Македонците --------------- 216

85.
ДОВЕРЛИВО ПИСМО од италијанското пратеништво во Софија

до министерот за надворешни работи во Рим од 18 мај 1923 год.,

за политичката состојба во Бугарија ------------------------ 217

86.

ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Париз до

Министерството за надворешни работи во Рим од 7 јуни 1923 год.,

за неутралната зона на грчко-албанската граница -------------- 218

87.

ДОВЕРЛИВО ПИСМО од италијанското пратеш/ штво

во Софија до министерот за наворешни работи 1 во Рим

од 12 јуни 1923 година, за државнот удар во Бугарија ----------- 219

44_____________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

88.
ПИСМО од Пратеништвото на Кралството на СХС во Париз
до претседателот на Амбасадорската конференција во Париз
од 19 јуни 1923 година, во врска со утврдувањето на
југословенско-албанската граница -------------------------- 220
89.
ПИСМО од италијанското пратеништво во Софија до
министерот за надворешни работи во Рим од 25 јуни 1923 година,
за политичката состојба во Бугарија ------------------------ 223
90.
ПРОМЕМОРИЈА на Пратеништвото на Кралството на СХС
во Рим до Министерството за надворешни работи во Рим
од 25 јуни 1923 година, во врска со границата на Албанија -------- 225
91.
ИЗВЕШТАЈ на италијанското пратеништво од Париз до
Министерството за надворешни работи во Рим од 7 јули 1923 год.,
во врска со манастирот Св. Наум --------------------------- 226
92.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Драч до
Министерството за надворешни работи во Рим од 2 август 1923 год.,
во врска со македонските села во Албанија, со прилог ---------- 228
93.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Париз до
Министерството за надворешни работи во Рим од 7 август 1923 год.,
во врска со Св. Наум ------------------------------------ 230
94.
ПИСМО од д-р Рајко Даскалов од Париз до претседателот на
владата во Рим од 8 август 1923 година, во врска со насилствата
на бугарската влада ------------------------------------- 235
95.
ПИСМО од италијанското пратеништво во Софија до министерот
за надворешни работи во Рим од 11 август 1923 година, во врска
со прославата на годишнината на Илинденското востание ------- 236

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА 45
96.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Париз
до Министерството за надворешни работи во Рим од 20 август
1923 година, во врска со Св. Наум -------------------------- 239
97.
ТЕЛЕГРАМА од Министерството за надворешни работи од Рим
до италијанското пратеништво во Драч од август 1923 година,
во врска со Св. Наум, со прилог ---------------------------- 240
98.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво од Париз до
Министерството за надворешни работи во Рим од 31 август
1923 година, во врска со Св. Наум, со прилог ------------------ 244
99.
ВЕРБАЛНА НОТА од Пратеништвото на Кралството на СХС од Рим
до Министерството за надворешни работи во Рим од 6 септември
1923 година, во врска со југословенско-албанската граница ------ 247
100.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 14 септември 1923 год.,
за концентрацијата на југословенската војска, со прилози -------- 248
101.
ТЕЛЕГРАМА од италијанскиот претставник во Женева до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 16 септември 1923 год.,
за југословенско-бугарските односи, со прилози --------------- 255
102.
ТЕЛЕГРАМА од Министерството за надворешни работи од Рим
до Централниот ГШ во Рим од 18 септември 1923 година,
за положбата на југословенско-бугарската граница ------------- 257
103.
ПИСМО од италијанскиот висок комесар од Цариград до
Министерството за надворешни работи во Рим од 18 септември
1923 година, во врска со "бугарските" села во Албанија --------- 258

46___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ
104.
ТЕЛЕГРАМА од Министерството за надворешни работи од Рим
до италијанското пратеништво во Драч од септември 1923 год.,
за албанско-југословенската граница, со прилог --------------- 260
105.
ТЕЛЕГРАМА од Централниот ГШ до Министерството за надворешни
работи во Рим од 1 октомври 1923 година, во врска со Св. Наум - - - 264
106.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво од Париз до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 8 октомври 1923 год.,
во врска со албанско-југословенската граница, со прилог -------- 265
107.
ПРОПРАТНО ПИСМО на Министерството за колонии до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 14 октомври 1923 год.,
со две промемории -------------------------------------- 268
108.
ПИСМО од Министерството за колонии до Министерството
за надворешни работи во Рим од 22 октомври 1923 година,
во врска со италијанската помош за "бугарските"чети ----------- 275
109.
ПИСМО од Националното здружение "Далмација" од Рим до
министерот за надворешни работи во Рим од 5 ноември 1923 год.,
во врска со атентатот на југословенскиот воен аташе во Софија - - - 275
110.
ВЕРБАЛНА НОТА на Пратеништвото на Албанија во Рим до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 7 ноември 1923 година,
во врска со доделувањето на Св. Наум на Албанија ------------- 276
111.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Драч до
Министерството за надворешни работи во Рим од 9 ноември
1923 година, во врска со Св. Наум -------------------------- 278
112.
ПИСМО од Централниот ГШ до Министерството за надворешни
работи во Рим од 10 декември 1923 година за дејноста на
италијанскиот воен аташе во Софија, со прилог ---------------- 279

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_________________________________________47

113.
ДЕШИФРИРАНА ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво
во Софија до Министерството за надворешни работи во Рим
од 31 декември 1923 година, во врска со изјавите на бугарскиот
премиер ---------------------------------------------- 281
114.
ИСТОРИЈАТ на прашањето на Св. Наум изработен од албанската
делегација при Комисијата за утврдување на границите на Албанија,
1924 година ------------------------------------------- 281
115.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Париз до
Министерството за надворешни работи во Рим од 8 јануари
1924 година, во врска со Св. Наум -------------------------- 283
116.
БЕЛЕШКА на Министерството за надворешни работи во Рим
за министерот за надворешни работи од 9 јануари 1924 година,
за бугарско-југословенските односи ------------------------- 284
117.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 12 јануари
1924 година, во врска со македонското прашање, со прилог ------ 286
118.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Париз до
Министерството за надворешни работи во Рим од 16 јануари
1924 година, во врска со Св. Наум -------------------------- 289
119.
ПИСМО од Пратеништвото на Албанија во Рим до министерот
за надворешни работи на Италија од 25 јануари 1924 година,
во врска со доделувањето на Св. Наум ---------------------- 290
120.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 26 јануари
1924 година, во врска со македонското прашање --------------- 291

48___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

121.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Драч до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 28јануари 1924 год.,
во врска со италијанско-југословенските договори ------------- 292
122.
ТЕЛЕГРАМА од Министерството за надворешни работи во Рим
до италијанското пратеништво во Драч од 30 јануари 1924 година,
за југословенско-италијанските односи и Албанија ------------- 294
123.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 3 февруари 1924 год.,
во врска со македонското прашање, со прилог ---------------- 295
124.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 5 февруари 1924 год.,
за мерките против македонските чети, со прилози ------------- 297
125.
ПИСМО од италијанското пратеништво во Цариград до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 22 февруари 1924 год.,
за положбата во Бугарија, со промеморија -------------------- 303
126.
ПИСМО од италијанското пратеништво од Софија до
министерот за надворешни работи во Рим од 2 март 1924 година,
за југословенско-бугарските односи, со прилог ---------------- 307
127.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 2 март 1924 год.,
за југословенско-бугарските односи ------------------------- 310
128.
ПИСМО од Министерството за колонии до Министерството
за надворешни работи во Рим од 3 март 1924 година,
за пишувањето на цариградскиот весник "iqduam " -------------- 311

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_________________________49

129.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 4 март 1924 год.,
за изјавите на југословенскиот воен аташе ------------------- 311
130.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 4 март 1924 год.,
за југословенско-бугарските односи ------------------------- 313
131.
ТЕЛЕГРАМА од Министерството за надворешни работи во Рим
до италијанското пратеништво во Париз од 9 март 1924 година,
во врска со Св.Наум ------------------------------------ 314
132.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 10 март 1924 год.,
во врска со извршените апсења на Македонци ---------------- 314
133.
ТЕЛЕГРАМА од Министерството за надворешни работи во Рим
до италијанското пратеништво во Белград од 11 март 1924 година,
во врска со Св.Наум ------------------------------------ 315
134.
ПИСМО од италијанскиот претставник од Виена до
министерот за надворешни работи во Рим од 14 март 1924 година,
во врска со Македонија, со прилози ------------------------- 316
135.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Белград до
Министерството за надворешни работи во Рим од 18 март 1924 год.,
за југословенско-бугарските односи ------------------------- 322
136.
БЕЛЕШКА на Министерството за надворешни работи од Рим
за претседателот на Министерскиот совет од 11 март 1924 година,
за прашањето на Св. Наум -------------------------------- 323
ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ_____________________________50

137.
ПИСМО од италијанскиот претставник во Друштвото на народите од
Женева до министерот за надворешни работи во Рим од 19 март
1924 година, во врска со македонското прашање --------------- 324
138.
ВЕРБАЛНА НОТА на Пратеништвото на Кралството на СХС во Рим
до Министерството за надворешни работи во Рим од 5 април
1924 година, занападот на "бугарските комити" на Берово ------- 326
139.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од7 април 1924 година,
за југословенско-бугарските односи ------------------------- 326
140.
ИЗВЕСТУВАЊЕ на Пратеништвото на Кралството на СХС во Рим
до Министерството за надворешни работи во Рим од 9 април
1924 година, занавлегување на "бугарските комити", со прилог --- 327
141.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Драч до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 9 април 1924 година,
за бугарската пропаганда и прашањето на Св. Наум, со прилог - - - - 329
142.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Драч до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 9 април 1924 година,
во врска со навлегувањето на "бугарско-македонските чети"
на југословенската територија ----------------------------- 331
143.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Драч до
министерот за надворешни работи во Рим од 12 април 1924 год.,
во врска со божемната концентрација на албанските чети -------- 332
144.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Париз до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 14 април 1924 година,
во врска со Св. Наум, со прилози --------------------------- 333

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________ 51

145.
ВЕРБАЛНА НОТА на Пратеништвото на Албанија во Рим до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 14 април 1924 година,
во врска со Св.Наум ------------------------------------ 337
146.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Париз до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 19 април 1924 година,
во врска со Св. Наум, со прилог ---------------------------- 338
147.
ВЕРБАЛНА НОТА на Пратеништвото на Кралството на СХС
во Рим до Министерството за надворешшни работи во Рим
од 22 април 1924 година, за еден пограничен судир ------------- 342

148.
ПИСМО од Министерството за колонии до Министерството
за надворешни работи во Рим од 26 април 1924 година,
во врска со Протогеров ---------------------------343

149.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво од Париз до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 27 мај 1924 година,
во врска со прашањето на Св. Наум ------------------------- 343
150.
БЕЛЕШКА на Министерството за надворешни работи
од Рим од 7 јуни 1924 година, во врска со Св. Наум ------------- 344
151.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Драч до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 17 јуни 1924 година,
во врска со признавањето на албанската влада --------------- 347
152.
ПИСМО од Централниот ГШ до Кабинетот на м; :нистерот
за надворешни работи во Рим од 18 јуни 1924 година, во врска
со шверцот со оружје ------------------------------------ 348

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_________________________________52

153.
ПИСМО од Министерството за внатрешни работи од Рим до
Министерството за надворешни работи во Рим од 30 јуни 1924 год.,
во врска со патувањата на бугарски државјани меѓу Италија
и Албанија -------------------------------------------- 349
154.
ПИСМО од Министерството за внатрешни работи од Рим до
Министерството за надворешни работи во Рим од 1 јули 1924 год.,
во врска со патувањата на бугарски државјани меѓу Италија
и Албанија -------------------------------------------- 351
155.
ТЕЛЕГРАМА од Министерството за внатрешни работи од Рим до
Министерството за надворешни работи во Рим од 4 август 1924 год.,
со податоците за Антон Пиперов --------------------------- 352
156.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 8 август 1924 година,
во врска со македонското движење ------------------------- 353
157.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 19 август 1924 година,
за истрагата на Мешовитата комисија ----------------------- 355
158.
ПИСМО од Министерството за внатрешни работи од Рим до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 20 август 1924 година,
во врска со патувањата на бугарски државјани ---------------- 355
159.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 22 август 1924 година,
во врска со македонското движење ------------------------- 356
160.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 22 август 1924 година,
во врска со инцидентот во Трлис --------------------------- 357

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА___________________________________________53

161.
БЕЛЕШКА на Министерството за надворешни работи од Рим
од 28 август 1924 година, за дејноста на Косовскиот комитет ----- 359
162.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 29 август 1924 година,
за дејноста на Балканскиот комитет ------------------------ 360
163.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 29 август 1924 год.,
за бугарско-југословенските односи ------------------------- 361
164.
ПРОМЕМОРИЈА на Министерство за надворешни работи од Рим
од 8 септември 1924 година, во врска со границите на Албанија - - - 362
165.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 9 септември 1924 год.,
за македонското движење, со прилози ---------------------- 363
166.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 14 септември 1924 год.,
за убиството на Тодор Александров, со прилози --------------- 366
167.
ТЕЛЕГРАМА од италијански-го пратеништво во Софија до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 18 септември 1924 год.,
во врска со македонското движење ------------------------- 368
168.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 28 септември 1924 год.,
во врска со конгресот на Меѓународниот сојуз на цркви ---------- 370
169.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Белград до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 2 октомври 1924 год.,
за положбата во Бугарија --------------------------------- 371

54___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

170.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Софија до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 25 октомври 1924 год.,
за југословенско-бугарските односи ------------------.------ 371
171.
ТЕЛЕГРАМА од италијанското пратеништво во Белград до Мини-
стерството за надворешни работи во Рим од 26 ноември 1924 год.,
за југословенско-албанските односи ------------------------ 372
172.
ИЗВЕШТАЈ од италијанскиот претставник во Друштвото на
народите во Женева до министерот за надворешни работи во Рим
од 1 декември 1924 година, во врска со односите на Балканот - - - - 374
173.
ПИСМО од Генералниот секретаријат на италијанските "fasci"
во странство од Рим до Министерството за надворешни работи
во Рим од 2 декември 1924 година, во врска со македонското
прашање, со прилози ------------------------------------ 379
174.
ПРОМЕМОРИЈА од француското пратеништво во Рим до Мини-
стерство за надворешни работи во Рим од 20 декември 1924 год.,
во врска со утврдувањето на албанските граници -------------- 383
175.
ТЕЛЕГРАМА од пресректот на Милано до Министерството
за надворешни работи во Рим од 23 декември 1924 година,
во врска со убиството на Петар Чаулев, со прилози ------------- 384

ДОКУМЕНТИ

1.
Белешки на полковникот Мартоли за македонското прашање,
9јули 1918 година

БЕЛЕШКИ
ЗА БУГАРСКИ ПРАШАЊА ВО ОВОЈ МИГ

...Бугарските прашања кои се појавуваат како последици на војната


можат да се групираат во пет точки: корекција на границата со Србија;
пловидба на Дунав; уредување на Добруџа; стремежите во Тракија;
македонското прашање.
Кусиот преглед веднаш покажува дека последното прашање е нај-
тешко решливо. Германија може доста лесно да ги среди првото и по-
следното. Може да најде лек за третото и четвртото, иако со поголеми жртви
во приспособувањето и отстапувањата, со компензации на друго место во
Турција, но, постојат сериозни пречки за решавањето на македонското
прашање во бугарска смисла1, во врска со која наидува на спротивставување
на Турција, Грција и Австрија.
Турското спротивставување е предизвикано од османлиската недо-
верливост кон секое бугарско проширување; заради гореспоменатата
тенденција на задржување на европската позиција а тоа значи да не се
отстапи од побарувањатаза повторно отстапување во Тракија кои би можеле
дури и да се зголемат; заради стремежот, повторно да се вклучи во албан-
ските работи, стремежот кој советува подалеку од шиптарските граници да
се држи смелиот сосед каков што е Бугаринот.
Грчките спротивставувања (поддржувани од кралот Константин) се
базираат врз старите причини на бугарскиот антагонизам и имаат тенденција
да го бранат создавањето на самостојна Македонија која соперниците би ги
држела подалеку од Солун и Албанија
________________
1, Во смисла на приклучувањето на Македонија кон Бугарија

78___________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Австриските спротивставувања се совпаѓаат со турските и грчките и


потекнуваат од традиционалната политика на Виена на Балканот. Можеби
не е пребрзано да се смета дека Австрија под рака ги води сите овие сплетки.
Во таква ситуација, очигледно е дека би бмло бесполезно Антантата да
започне со приближување кон Бугарија пред да реши какви отстапувања
можат да се направат во врска со македонското прашање.
Антантата мора да го стори тоа бидејќи тоа е единствена област каде што
нејзините понуди можат да имаат реална основа.
По останатите четири прашања кои ја интересираат Бугарија, таа може
само да дава ветувања, дури ласкави и привлечни, но кои можат да имаат
вредност само со истовременото практично докажување на чувство на
непристрасност кое би се покажапо во одлуките кои се однесуваат на Ма-
кедонија, а Бугарите според темпераментот и според изминатите и сегашни
настани и разочарувања без сомнение не се спремни да им дадат голема
тежина на убавите зборови.
Затоа, каква и да биде акцијата на Антантата кај Бугарите, таа треба да:
- дефинира што сака да постигне;
- да ги утврди средствата кои сака да ги употреби.
Денес не би било реално таа да очекува да може да ја оддели Бугарија
од Централните империи. Од друга страна, можен е турско-бугарски судир
со помош на кој би се постигнало одделување од Централните империи2.

Средствата можат да бидат позитивни и негативни.

Позитивни.се: спогодбеното уредување на сите пет групи горенаведени


прашања. За македонското прашање, Антантата може да се повика на
српско-бугарските договори од 1912 г, пред војната против Турците, и да
застане на местото на рускиот цар како арбитар3. Со тоа, таа би дала нов
доказ за цврстата решеност за почитување на договорите и да преземе
___________________________________________
2 Се однесува на Силите на Централниот сојуз што го сочинувале Германија,
Австро-
Унгарија, Бугарија и Турција.
3 Со договорот за сојуз помеѓу Бугарија и Србија потпишан на 29 февруари
1912 год.
меѓу другото било предвидено доколку Македонија по војната против Турција
од било кои
причини не може да се организира како автономна област, да се подели на два
дела: неспорен
и спорен. За беспорна зона бил прогласен делот на Македонија, на север од
линијата Крива
Паланка - Охридско Езеро и тоа требало да и припадне на Бугарија. Делот
западно од оваа
територија се сметал за спорен. Предвидено било неговата судбина по војната
да ја реши
рускиот цар.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА____________________________________79

чекори за решавање од темелите кои Србите не можаат да ги одрекуваат.


Што се однесува до стремежите во Тракија (вклучително и Цариград), треба
да се предвиди и можноста за помош од страна на Командата на војската
од Солун.
Негативни се: поттикнувањето на турско-бугарскиот судир со влијание
врз Турците тие да предизвикаат судир, држејќи ги во тајност сплетките со
Бугарите и обновувајќи ги во соодветно време преговорите со нив. Се вели
"со влијание врз Турците", бидејќи е поверојатно тие а не Бугарите ќе бидат
непретпазливи.
Секоја друга акција против Бугарите нема да постигне никаква
практична цел.
Од друга страна, не би била мудра претераната стегнатост на пре-
говарачите кои би сакале секој миг да се колебаат за да ги исползуваат
времените променливи ситуации, а минатото не учи колку е опасно во такви
услови да се слушаат грчките или српските советници. Откога ќе се реши
она што сака да се направи, треба да се оди право кон целта. Во секој
случај, без сомнение, секој благонаклонет чекор кон Бугарија ќе остави траги
за иднината, па дури и да не даде позитивни резултати. Таквото согле-
дување ни наложува да не бидеме отсутни, па дури и да стекнеме заслуги
кај Бугарите и каЈ Силата на Антантата одредена за преговори, со давање
средства, елементи и лица кои можат да придонесат кон добар исход на
потфатот.
Рим, 9 Јули 1918г.
ПОЛКОВНИК Мартоли с,р.4

Историско-дипломатски архив на Министерството за надворешни работи на


Италија, Рим,
фонд Политички работи (натаму: ИДА МНРИ), папка 907 (Бугарија 1919-1930);
Државен
архив на Република Македонија, Скопје (натаму: ДАРМ), КС 17, п. 907, предмет
бр. 3;
превод од италијански јазик
_____________
4 Неидентификувана личност.

80____________________________________________________________ИТАЛИ
ЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

2.
Телеграма од италијанскиот висок комесар од Софија до
министерот за надворешни работи во Рим од 18 декември 1918
година, во врска со решавање на територијалните прашања
помеѓу Кралството на СХС и Бугарија

До Министерството за надворешни работи


Негова Екселенција Сонино5
Рим

75 - Генералот Туцаковиќ, шеф на српската мисија кој дојде денес да ми ја


возврати посетата, мегу останатото ми потврди дека не може да се зборува
за мир со Бугарија пред да бидат казнети одговорните за масакрите на
Србите чии бројки според неговото кажување се огромни.
Додаде дека територијалното прашање би било можно да се реши, но
никогаш врз основа на интернационализација или автономија на Македонија.
На крајот кажа дека смета оти уште неколку векови не ќе биде можеН
вистински и траен мир помеѓу Србите и Бугарите.
Ве молам за ова да го известите корпусот на Главниот штаб на Вр-
ховната команда.

Полковник Винкелс Софија, 18 декември 1918 год.

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик
______________
ѕ Сонино Сидни Костантино, барон (Пиза 1847 - Рим 1922), специјалист за
аграрни
прашања;пратеник, потсекретар за трезор, министер за финансии, премиер,
министер за
надворешни работи (1914-1919), сенатор, публицист; во дипломатско-
конзуларна служба во
Мадрид, Виена, Берлин; сенатор.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_______________________________________________________
______81

3.

Телеграма од италијанскиот висок комесар од Софија


до министерот за надворешни работи во Рим од 20 декември
1918 година, во врска со бугарските граници

До Министерството за надворешни работи - Рим


95-за Н.Е. Сонино

Според тоа што приватно ми кажа овдешниот претседател на Мини-


стерскиот совет Теодоров6, правичните идни граници на Бугарија, врз основа
на етнографскиот принцип, би требале да опфатат:
1 - Кон Србија: македонска зона неоспорена од 1912 год., повторно
оставајќи им ја на сојузниучките сили поделбата помеѓу Бугарија и Србија
на оспорената македонска зона;
2 - Кон Грција: територијата до линијата која поминува приближно
преку Преспанското Езеро, Острово, Воден, Кукуш, Круша Планина, Капо
Тахинос и Кавала, потребна како единствено добро пристаниште во
Егејското Море, со островот Тасос пред него;
3 - Кон Турција: линијата Енос Мидија;
4 - Кон Романија: целата Добруџа до утоките на Дунав, но со користење
на слободниот романски премин долж железницата Меџидие-Констанца.
Сите горе наведени линии за разграничување веќе порано беа предмет
на договори и спогодби меѓу соодветните држави, освен кон Романија каде
што навистина бугарските стремежи, иако поддржани од етнографските
принципи, се чинат помалку прифатливи од географски, трговски и воени
причини. Мислам дека северниот регион на линијата Црна Вода-Меџидие-
Констанца во секој случај би требало да и остане на Романија.
Ве молам горното да го соопштите на командата на корпусот на
Главниот штаб на Врховната команда и на Военото министерство.

Полковник Винкелс
Софија, 20 декември 1918 год.
ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35: Превод од
италијански јазик
_________________________
6 Теодор Теодоров, познат бугарски полиичар. Од крајот на м. ноември 1918 до
6
октомври 1919 година бил претседател на бугарската влада и министер за
надворвшни работи.

82________________________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

4.

Телеграма од италијанскиот висок комесар од Софија до


Военото министерство во Рим од7 јануари 1919 година, во
врска со решавањето на македонското прашање

ВОЕНО МИНИСТЕРСТВО
Оддел Главен штаб
Копија на телеграмата пристигната од Софија на 7 јануари 1919 год.

Текст - 248 - Претпазливите но исцрпни разговори со кои го испитував


мислењето на бројните личности од Владата, војската, печатот и населе-
нието, во врска со евентуелното решавање на проблемот на Македонија со
автономија, ги дадоа следните резултати:
Поголемиот дел не е наклонет за формирање на автономна маке-
донска држава. Сметаат дека таквото уредување не би било стабилно и
дека сепак би било потребно подолго покровителство од страна на Големите
сили. И тие - меѓу кои министерот Љапчев7 - Македонец - кои очевидно би
го прифатиле тоа решение, не успеваат да го сокријат предлогот за соеди-
нување на Македонија со Бугарија; тоа се покажа со големината на тери-
торијалните осакатувања кои Бугарија ги претрпе во 1913 г. и кои би овоз-
можиле новата држава да добие географски и етнографски граници кои
тие би ги предложиле; реката Бистрица, езерата Острово и Преспа, при-
ближно до албанската граница, планините Шар, вододелниците меѓу Морава
и Вардар, планините Рила и Родопите, изворот на Места, со исклучок на
јужниот дел од Халкидик.
Тие тврдат дека така може да се спаси бројното бугарско македонско
население кое инаку бргу би исчезнало под Србите и Грците. Новата држава
би требало да има свој излез на море во Солун. - Осакатувањата и отсуството
на добри излези на Егејското Море би ја принудиле Бугарија да врши
експанзија кон Цариград.
____________________________________
7 Андреј Љапчев, роден во Ресен, од 1908 до 1931 година бил министер во
повеќе
влади на Бугарија. Од јануари 1926 до м. мај 1931 година бил претседател на
бугарската
влада и министер за внатрешни работи.
ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_________________________________________83

Постои несогласување во врска со формата на идната влада на


евентуалната држава.
Горенаведеното решение без сомнение ќе го попречуваат Србите и
Грците, но нема да биде многу неповолно за нив ако биде конечно, бидејќи
не би ја фаворизирало Бугарија на нивна сметка. - Со таквото решение,
Солун би добил поголема политичка заднина и тоа би ги кочело претераните
цели за српско проширување кон Егејското Море и на Грците кон Цариград.
Лично заклучувам дека би требало Македонија да добие дефинитивно
уредување со приклучувањето кон Бугарија на која етнографски и припаѓа
, со границата во која ќе влезе и подрачјето оспорено во 1913 г., но да се
граничи со Албанија (в, го мојот извештај бр. 94), и за да се овозможи
безбеден железнички транзит преку Бугарија и Албанија, Софија-Битола-
Драч и Валона, откога ќе се изградат планираните делници Ќустендил-
Куманово-Велес-Битола и Битола-Драч и Валона.
Но, ако се реши да се создаде дефинитивна независна Македонија,
сметам дека би требало да се избегне продлабочувањето на бугарското
незадоволство со големо откинување од сегашната бугарска држава, без
надомест.
Евентуелната нова граница меѓу Бугарија и Македонија би требало
исто така да овозможи целосна. сигурност на постојната железничка линија
долж Вардар и да се изгради железница долж Струма од која сега постојат
само остатоци, бидејќи би требало да пресече неколку километри на горната
долина на Струмица, да ги следи планините Крус-Белес, до заливот Орфано.
- Само на тој начин Бугарија можеби би се смирила.
Што се однесува на доделувањето на Солун на македонската држава,
верувам дека Антантата би била овластена за тоа, со оглед на вистинското
однесување на цела Грција за време на долгиот критичен период на војна,
нејзината докажана неспособност соодветно да го користи пристаништето
е заради можноста за територијални компензации на друго место.

Полковник Винкелс

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 607, предмет бр. 4;
превод од
италијански јазик

84________________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

5.

Писмо од италијанскиот висок комесар од Софија до


министерот за надворешни работи во Рим од 7 јануари 1919
година, за грчките насилства врз населението во Македонија

Пратеништво на Италија
Високиот комесар
Бр. 87/30

До Н.Е. Барон Сидни Сонино


Министер за надворешни работи
Рим

Софија, 7јануари 1919 год.

Господине министер,

Во врска со мојата денешна телеграма бр. 41, чест ми е да Ви испратам


два извештаи на Комисијата за помош на бегалци, со нови детали во врска
со режимот на насилство и свирепост воспоставен од српските власти во
Македонија. Сведоштвата собрани главно меѓу македонските бегалци, во
општи црти, ги сметаат за веродостојни не само бугарските власти туку и
овдешните по непристрасни странски кругови.

Меѓу останатото, за одбележување е случајот Дебар каде што доста


Бугари8, уапсени пред околу два месеца, заради сомнение дека побарале
заштита од италијанските власти на блиската албанска граница, исчезнале
и можеби се убиени.

Како што се чини, српските власти по правило Македонците ги


спречуваат да избегат на бугарска територија. Од друга страна, резер-
вистите, порано вклучени во бугарската војска и демобилизирани, наводно
не се осмелуваат да се вратат во своите села во Македонија знаејќи дека
таму го ризикуваат животот.

Произлегува дека теророт владее не само во т.н. "неоспорено" по-


драчје на Македонија, т.е. признато без оспорување на Бугарија во договорот
од 1912 г., туку и во "оспорената зона", иако можеби во помала мера. Така,
околу Паланка, Штип, Велес, како и во околината на Куманово и Дебар; во
Скопје и Битола, присутните странски трупи, засега, наводно ексцесите ги
држат во помалку скандалозни рамки.

8 Во повеќе извештаи, покрај употребата на етнонимот "Македонци" односно


"маке-
донско население" се среќава етнонимот "Бугари" односно "бугарско
население", иако се
однесува на Македонци.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА______________________________________________85

Овие постапки, во мигот кога Големите сили настојуваат да воспо-


стават нов период на слобода, еднаквост и на хуманост меѓу народите, ако
останат неказнети, ќе бидат за српско-грчките победници поттик за
продолжување на системот на насилна и варварска денационализација,
наградена со победнички империјализам од стар балкански вид. Од друга
страна, победените, кои ја изгубија вербата во мирољубивото право на
националностите и во почитување на слободен консензус на народите, ќе
се потчинат на грубата сила само за да подготват одмазда со истите
средства кои што им обезбедија успех на нивните противници.

Примете ги, господине министер, изразите на моето високо почиту-


вање.

Алијоти9 с.р.

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

6.

Писмо од италијанскиот генерален конзул во Цирих до


Министерството за надворешни работи во Рим од 18 јануари
1919 година, со меморандумот на група Грци и Срби од
Македонија против бугарските интриги во Лозана

Италијански генерален конзулат

Бр.75/29

Ст.4149

Предмет: Бугарски интриги

Цирих, 18јануари 1919 год.

Господине министер,

Чест ми е во прилог на В.Е. да го препратам меморандумот кој како


протест против бугарските интриги во Лозана ми го предаде комисијата на
Македонците кои живеат во Цирих, со молба да се достави до Вашето
Министерство.

Вашиот одан Генерален конзул


(потпис нечиток)

9 Алијоти Карло, маркиз (Измир 1870 - Ла Специја 1923), во дипломатско-


конзуларна
служба во Цариград, Солун, Виена, Петроград, Вашингтон, Мексико, Буенос
Аирес, Каракас,
Париз, Драч (1914-1922), Софија.
86________________________________________________________ИТАЛИЈАН
СКИ ДИПЛОМАТСКИ

До Министерството за надворешни работи


Рим Цирих, 7 јануари 1919 год.

Господине конзул на Италија,

Долу потпишаните Грци и Срби по потекло од Македонија и кои во


моментот живееме во Цирих, веднаш откога разбраа за интригите на Бу-
гарите во Лозана, наводно од македонско потекло, побрзаа да се соберат
заеднички даја искажат својата индигнација и да Ви го предадат следниот
документ за кој Ве молат да го проследите до владата на Вашата прија-
телска и сојузничка земја.

1) Тие изјавуваат дека желбите формулирани во нивната телеграма


до Вашата влада се ништожни и невзлидни бидејќи се работи за луѓето кои

- без да имаат каква и да е врска со земјата чија судбина сакаат да ја изменат

- станаа агенти на бугарската пропаганда која се одвива согласно плановите


изработени во Софија.

2) Бугарскиот, т.« македонски совет10 воопшто не е во состојба. да


зборува од името на големото грчко мнозинство на населението на грчго чот
дел на Македонија V, на Србите во српскиот дел ча Македонија кои не псг-
наваат Бугари во нивните земји. Бугарскиот совет сака напросто вештачки
повторно да го оживее македочското прашање кое за нас дефиг-штивно е
решено, со цел, во преговорите на Мировниот конгрес да се внесат старите
завојувачки стремежи кон Македонија кои бугарската политикз ги следелг
со сите средства до нивното среќно откривање и поништување во 1913 г,

3) Дека овие махинации на Бугарите во врска со грчкиот или српскиот


дел на Македонија се достојно продолжување - во друга форма - на нивните
свирепи начини на бугаризација на таа несреќна земја и кои се состоеја од
масакри, злосторства, опожарувања, од чети кои поминуваа и уништуваа
се, од насилни заземања на македонски цркви и училишта и нивната "гранс-
формација на бугарски начин, сите ужасни прогонувања на Грците или
Србите од Македонија за време на турското владеење, принудно напуштени
по 1913 година, но повторени уште побесно за време на несреќната окупација
во годините 1916, 1917 и 1918.

4) Тие сакаат да го изразуваат своето длабоко задоволство од побе-


дата на сојузничката антанта која ја прекрсти монструозната окупација на
грчкиот или српскиот дел на Македонија од страна на Бугарите и го иска-
жуваат целосното задоволство од тоа што се обединети во земјите со нивна
'° Именувањето не е процизно. Станува збор за Генералниот совет на
македонските
друштва во Швајцарија (Conciel General des Societes Macedoniennes en Suise), кој
развил
интензивна активност на Мировната конференција во Париз.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА___________________________________________87

крв и нивна раса, Грција или Србија, така што нема да допуштат и децидно
ќе одбијат секакво ново вмешување на бугарската стрвност во нивната
засекогаш повторно воспоставена судбина.

Господине конзул на Италија, примете ги изразите на нашето нај-


длабоко почитување.

Потписници:

Петар Димца од Клисура, претседател на грчката Трговска комора во


Швајцарија

Ташко Наумов од Битола, поранешен претседател на Македонскиот


револуционерен комитет под турска власт
Харилас Кацујанис од Битола
Н. Ромпапас од Солун
М. Триандафилу од Солун
К. Турнибука од Солун
Николас Димца од Клисура
Александар Димца од Клисура
Менелаос Цицис од Воден
Г. Панагиотидес од Кожани
Н. Лигдас сд Балца
Маноли Спарвери од Кавала
Крста Ставриќ од Битола.

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п, 907, предмет бр.
12; превод од
италијански и француски јазик

7.

Извештај од италијанскиот висок комесар во Софија до


министерот за надворешни работи во Рим од 4 февруари 1919
година, за српските насилства во Македонија, со прилози

Италијанско пратеништво во Софија

Високиот комесар
Бр. 74/24 Софија, 4 февруари 1919 год.

Српски насилства во Македонија


Господине министер,

Во врска со мојот извештај бр. 69/19 од 29 јануари о.г., чест ми е во


прилог на В.Е. да ја испратам копијата на веста добиена од овдешното

88________________________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

Министерство за надворешни работи на 3 о.м. и во која се потврдуваат


пријавите добиени од бугарското добротворно здружение "Осогово" од
Крива Паланка за насилствата.

Во ова вест се пријавува и апсењето на угледните Бугари од Берово


(Пехчевско) од кои е побарана голема сума за нивното ослободување. Така
продолжи систематското прогонување започнато уште во изминатиот
декември, за време на моето поминување низ Македонија.

Овдешната влада ја извести командата на сојузничките трупи за


бројни разбојништва, грабежи и насилства извршени од страна на српската
жандармерија во Македонија, на штета на бугарско македонски војници кои
се враќаа дома.

Со висока почит, господине министер,

Алијоти с.р.

До Н.Е. барон Сидни Сонино

Министер за надворешни работи

Рим

Министерство за надворешни работи


Бр.649 Софија, 3 февруари 1919 год.

БЕЛЕШКА

Кралската влада тукушто е известена дека следните апсења и убиства


се извршени од српските власти во селата на Кривопаланечко, во Маке-
донија.

1 - Следните Бугари насилно се уапсени:

попот Серафин Георгиев од селото Псача


Петко Стеф(а)нов од с. Тлминце

Арсо Ковачев од с. Радибуш

Стојанов Иван Парде од с. Конопица

Манаси Николов од с. Псача

Стојан Јосифов од с. Конопница

Григор Цветанов од с. Конопница

Јордан Стојанов од с. Мождивјак

Славе Спасов од Добровница

Коле Савков и неговиот чичко од с. Мождивјак.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА
_____________________________________________89

Сите овие Бугари се уште се наоѓаат во затвор во градот Крива


Паланка и најнечовечки се малтретираат; мизерно ги хранат и секој ден ги
тепаат.

2 - Христо Хауи Антонов, по потекло од Кочани, исто така е уапсен и


малтретиран. Сега се наоѓа во затворот во родното место.

3 - Ангел Трајков Памуков од с. Псача умре во затвор како последица на


мачења.

4 - Богдан Петков од с. Ветерница е убиен во близина на с. Страцин од


страна на жандарите кои го прмдружуваа.

5 - Два сина на Трајан од с. Конопница: едниот е убиен а вториот тешко


ранет.

8 - Потпресректот на Петрич најавува дека според сведочењето на неколку


луѓе дојдени од Македонија, српските власти во с. Берово, Пехчевско, ги
уалсиле сите побогати Бугари и за да ги пуштат, од секого побарале повеќе
од2 илјади лева (сто турски лири). Пожелно е лицата кои се уште се наоѓаат
во затвор да бидат што поскоро ослободени за да ја избегнат сигурната
смрт која ги чека ако останат во затвор.

До г-динот барон Алиј"ти


Ополномоштен министер
Комесар на италијанската Влада
Софија
Италијанско пратеништво во Софија

Високиот комесар

Бр.62/19

Софија, 29јануари 1919 г.

Предмет: Српски насилства во Македонија

Господине министер,

Случаевите кои успеавме да ги поткрепиме со документи се малу-


бројни во споредба со тие кои веќе засејаа страв во албанските региони
вратени под српското ропство и со другите кои од половината на јануари
(периодот во кој најголемиот дел од сојузничките контингенти е повлечен
од Македонија) започнуваат да ги опустошуваат бугарско-македонските по-
драчја кои повторно паднаа под непријателска власт. Единствена цел на

90___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

таквата системска кампања е денационализација на бугарското население


односно создавање на нова етнографска карта.

Релативната сопирачка на ексцесите претставуваат разни одреди на


италијанско-фрацуските трупи, останати во главните центри на Македонија
по распоредувањето во минатиот октомври. Но, тие во најголем дел се по-
влечени или се подготвуваат за заминување. За да помогнам, во духот на
хуманоста, и несреќното македонско население да не го оставам под це-
лосната власт на крвожедната одмазда или на (де)национализаторско
лудило на империјалистичка Србија, се договорив со командата на нашиот
Експедиционен корпус, привремено и по можност до крајот на прелими-
нарните преговори, да останат нашите мали команди на станици или нѕколку
телеграфисти во Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Куманово, Крива Паланка.
Присуството на некоја странска власт која би можела да сведочи, само во
некои околности, за варварствата, без сомнение не претставува целосна
заштита но без сомнение ги принудува жандарите да бидат помалку без-
милосни.

Затоа ја молев командата да им препорача на своите мали оддели


останати во Македонија по можност да известуваат за неправедните на-
силства врз населението и по можност да им даваат претпазливи и прија-
телски совети на српските власти, за ублажување на прогонувањата на
Бугарите, во интерес на мирот и на самата Србија.

Бугарското добротворно братство "Осогово" од Крива Паланка, чии


водачи мораа да се засолнат во Софија, ми пренесоа потврдени поединости
меѓу кои некои неоправдани насилства за кои се виновни српските власти.
Во прилог го испраќам нивниот меморандум во кој се наведени доста
докажани факти.

На моето патување низ Македонија лично можев да се уверам во


вознемирената состојба кај населението на сметка на српските власти кои
досега не се осмелуваа да започнат со одмазда и тероризам, туку собираа
пријави, покренуваа истраги, подготвуваа списоци за принудни давачки, се
на сметка на тие кои не сакаа или не сакале да ја докажат својата целосна
преданост на српската националност.

Студен ветар на отпор дуваше на село, совладуван само од при-


суството на странските трупи, со надеж на спроведување на правда од
страна на Големите сили кои прогласија почитување на слободата и на
националностите. Но, сега повторно започнува периодот на прогонувања
иако тие не се толку видливи.

Пријавата чии гласник е споменатото братство ќе му биде предадена


и на генералот Кретјен, британскиот полковник Напјер и на Пратеништвото
на САД.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА__________________________________91

Чесноста не пријавувачите не може а рпопда се оспорува. Бугарската


влада повеќе пати изјави дека во слични примери, таа би сакала утврду-
вањето на фактите да го довери на меѓународна истрага. Таа размислува,
таков предлог да достави и до Мировниот конгрес.

Икформациите од сосема непристрасен извор, како што н.пр. се тие


кои ги собраа нашите офицери во Македонија, сепак даваат тежина на
поголемиот дел од бугарските протести против свирепостите од страна на
Србите и Грците.

Англиските и француските списанија и весници пак започнуваат да


објавуваат - благо речено претерани - вести за свирепостите извршени од
страна на Бугарите. Така, парискиот "Тетрѕ" неодамна пишуваше за
наводните бугарски свирепости против Грците, за грабежи, за насилство
врз грчките малолетнички. Сите овие вести ги пласира овдешната грчка
воена мисија, но за кои потоа се покажува дека се неточни или многу
претерани. Како што забележуваат овдешните француски офицери, општо
познато е дека финансиските интереси го поврзуваат "Тетрѕ" со Грција.

Примете ги изразите на моето високо почитување, господине министер

Алијоти с.р.

До Н.Е. барон Сидни Сонино


Министерство за надворешни работи
Рим

(Копија)
Паланечко добротворно братство

"0С0Г0В0"

Бр.7

27 јануари 1919 год.

До Н.Е. г-динот барон Алијоти,


комесар на Италија
Софија

Екселенцијо,

'Добротворното братство "ОСОГОВО" од Кривополанечко располага


со позитивни информации кои во најтемни бои ја сликаат состојбата.во
Македонија. Во гратчето Крива Паланка и неговата околина се спроведува

92__________________________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

општ систематски терор. Останато без својата елита останата во Бугарија


бидејќи совршено ги познава српските власти и не сакајќи да падне под
нејзини...., населението од оваа област на Македонија какода е обезглавено,
Но, српските власти сепак успеаја да стават рака на неколки луге кои ги
тероризираат со цел сеење на страв и за да го принудат населението да се
денационализира. Такви вонредни брутални мерки најчестс се применуваат
за најрешителните личности останати во земјата. Тоа што Турците го правеле
скриено од европската дипломатија, Србите го прават пред очите на Голе-
мите сили сојузнички и под Високата команда на сојузничката Источна
армија. Ослободено од познатото турско варварство, населението на нашата
родна земја лежи на уште посвиреп режим од страна на строгите Срби.

Во таа смисла располагаме со следните факти:

1 - Пецо Стефанов, родум од с. Тлминце беше уапсен, одведен во Крива


Паланка во почетокот на месецов, фрлен во затвор и секоја вечер тепан со
стап.

2 - Ангел Трајков и Манасие Николов, двајцата од ........

Иван Стојанов Парде, Стојан Јосифов и Григор Цветанов, тројцата од с.


Конопница;

Јордан Стојанов и Коле Славков, двајцата од с. Мождивјак;


Славе Ангелков Спасов од с. Добровница; Гсрги Симонов од с. Костур;

Симеон Спасев Бијач од с. Петралица, поранешен претседател на


Тричлената комисија на наведеното село и Јордан Митев од с. Борово. Сите
овие угледни мажи од горенаведените места беа уапсени, затворени и
тепани. Ангел Трајков Памука од добиените удари умре во затвор;

(во прилог фотографија на групата уапсени селани).

3 - Богдан Пецов од с. Ветерница11 беше фатен и врзан; на кумановскиот


пат во близина на с. Страцин беше убиен од страна на војниците што го
воделе;

4 - Стеван Трајков од с. Конопница го убија српските војници; неговиот брат


Јаким Трајков, поранешен секретар-собирач наданоци одс. Ранковци беше
тешко ранет и исчезнал без трага;

5 - Исто така беа уапсени свештениците: Серафим поп Георгиоев од с. Псача


и Арсо Ковачев од с. Радибуш. За елементарната заштита на правото на
живот, на добра и на честа на населението на земјата на нашите предци, за

_______________________________________________________

Ветуница (Кривопаланечко) или Ветерско (Велешко.) ?

ДОКУМЕНТИ ЗА MAКЕДОНИЈА_____________ ________ 93

воена чест на Високата сојузничка команда и на честа на нациите кои ги


прогласиле возвишените начела на хуманост и правда, Добротворното
братство од Кривоипаланечкиот регион упорно моли да се преземат мерки
зада прекрати овој режим на систематски терор кој се заканува да го уништи
сето население на Македонија. Братството моли засега да бидат обезбедени
барем животот, сопственоста и честа на населението во нашите краишта.
Македонија е невина за крвта која толку обилно се пролева во Европа.

Сега, кога во Европа зојната е завршена, во Македонија повторно


започнува да се пролева невика крв само затоа што земјата е без каква да
е одбрана. И, бидејќи судбината на Македонија секогаш била една од
главните грижи на сојузничката дипломатија нашето Братстзо воопшто не
се сомнева дека Високиот аеропаг на Правдата ќе побара отчет за невината
крв пролеана во овие краишта.

Од името на Добротворното братство "ОСОГОВО" од Кривопаланечко,


Претседател: (потпииган) С. Апостолов
Секретар: (потпишан) В. Димитров

Дека копијата е верна:

СЕКРЕТАР: В. Димитров с.р.


Прилог (ЕО оригиналот): фотографија на група уапсени лица
Седнати од десно на лево:

1.. Симеон Спасов Бијач од с. Петралица

2. Пецо Стефанов од с. Тлминце

3. Јордан Митев од с. Борово

4. Иван Стојанов од с. Коиопница

Стојат од десно на лево:

1. Манасие Николов од с. Псача

2. Ангел Трајков Памука од с. Псача

3. (непознат)

4. Славе Ангелов од с. Добровница

5. Кире Цветков од с. Конопница

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 907, предмет бр.
10; превод од
италијански и француски јазик

94_____________________________ ______ИТАЈ1ИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

8.

Извештај од италијанскиот висок комесар од Софија


до министерот за надворешни работи во Рим од 7 февруари
1919 година, за насилствата на грчките власти во Серско,
Драмеко и Кавалско, со прилог

Италијанско пратеништво во Софија


Високиот комесар
Бр. 83/27

Софија, 7 февруари 1919 год.

Предмет: Насилства и злоупотреби на грчките власти во Серско, Драмско и


Кавалско

Господине министер,

Во врска со мојот извештај бр. 48/16 од 25 јануари о. г. , чест ми е да го


запознам Кралското министерство со преводот на телеграмата добиена
вчера од неколку бугарски бегалци пристигнати во Неврокоп од Крушево
(грчки дел од Македонија), кои ги опишуваат насилствата на кои е изложено
тамошното население од страна на грчките власти. Пријавата ги содржи
сите елементи на веродостојност.

Страхувањата на скептиците се остваруваат; прогонувањето на бугар-


ската националност - победена и грубо протерана од територијата напуштена
од бугарските трупи - повторно се разгоре со интензитетот кој не ветува
многу за идниот балкански мир. Се чини дека беа залудни строгите опомени
наделегатите на Мировниот конгрес против незаситната алчност на мегало-
маните кои водат сметка за човечките идеали и начела само кога успезаат
даја фалсификуваат нивната содржина и примената на штета на ривалете.

Меѓусојузничката команда одн. генералот Франше Депре не се


трогнува. На соопштенијата на генералот Кретјен за кои ја известив В,Е.,
тие одговараат незаинтересирано: "Прашањето не ме интересира"наводно
одговорил тој, како што ме извести американскиот вршител на работите
кој тоа го разбрал од самиот француски генерал.

Очевидна зголемена политичка благонаклоност на Франција кон


Грција, и покрај неодамнешното алинато и жалбите на Аитантата на сметка
на владата на кралот Константин, соучесник на мнозинството, се чини, ги
оглушува француските воени власти секогаш кога најелеуентарните начела
на правдата и на милосрдие ќе се најдат спроти некои големи политички
планови за рамнотежа или за преовладувачка тенденција.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА__________ __________________ ___95

Само Кралската влада треба да оцени - водејќи сметка за тешката


актуелна положба - кога треба да се остават работите да течат без
посредување. Од една страна, пасивното однесување Италија ќе ја поштеди
од големи недоразбирања а кај препотентните ќе создаде непријателства.
Од друга страна, претераната незаинтересираност може да го наруши
престижот и пријателствата кои, во миг на потреба, претставуваат цемент
на активната политика и одбрана на највиталните интереси на нацијата.

Господине министер, примете ги изразите на моето високо почи-


тување.

Алијоти с.р.

До Н.Е.Барон Сидни Сонино


Министер за надворешни работи

Рим

Неврокоп, 28јануари 1919 г., пристигнато на 5 февруари

До пратеништвата на Америка и Италија, до генералот Кретјен


и весниците Прапорец, Мир, Народност

Околу 15-ти овој месец, 80 лица од големото бугарско село Крушево,


Демирхисарско, се уапсени од грчките воени и цивилни власти и одведени
во внатрешноста на Стара Грција без никој да знае каде. - Младиот Никола
Манаров Баница успеа да избега и сега се наоѓа во селото Ветрово (Мел.)12.
Според неговото кажување, на денот кога овие 80 лица се уапсени, целото
село беше во жалост, од секоја куќа се слушаа плач и поплаки. Несреќните
мајки, сопруги и деца се прашуваа за причината. Одговорот беше само еден:

Затоа што се Бугари. Истото избегано момче кажа неколку детали за грчката
територија; н.пр. војниците во локалната касарна се хранат исклучително
со ....производи. Во источниот кварт не оставија ниту една кокошка, собраа
300 кокошки...; не плаќаат ниту за млеко, путер, свинско месо, ракија и др.
Населението побара веднаш да се спроведе истрага и помош бидејќи во
речиси сите села во Демирхисарско и Серско се апасат луѓе и се одведуваат
во непознати места. Овие две околии постојано се малтретираат. Ако денес
се прогонуваат бегалците од 1913 г., утре ќе бидат прогонети поранешните

12 Во прашање е селото Петрово.

96_______________________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

револуционери а потоа војниците од бугарската војска а на крајот богатите


кои се добро "олеснети" и потоа интернирани на островите. Од групата од
80 лица, многумина се свирепо па дури и до смрт претепани, како н.пр.
трговецот Ѓорѓи Тошев и неговиот син, стариот 80-годишниот Стоил Бор-
винков и други. Бугарската црква во селото е обоена со грчките национални
бои и отстранети се натписите на бугарски јазик; во училиштето се доведени
тројца грчки наставници и три наставнички и со глоби и со сила на децата
им се наметнува да го учат непознатиот јазик.

Тоа е цивилизираниот и човечкиот грчки народ од Серско.


Христов Иванов, бегалец од истото село

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 9С-7, предмет бр.
11; превод од
италијански јазик

9.

Извештај од италијанскиот висок комесар во Софија


до министерот за надворешни работи во Рим од 16 февруарм

1919 година, за положбата во Струмица, со прилог

Високиот Комесар
Бр. 110/41

Софија, 16 февруари 1919 год.


Предмет: Грчки трупи во Струмица на бугарска територија

Со преќутна согласност или во најмала рака окуражени од пасивното


однесување на Меѓусојузничката команда доверена на францускте
офицери и воените власти, грчките трупи се обидуваат подмолно да продрат
на бугарската територија. Неколку села веќе непосредно беа окупирани од
грчките контингенти кои не подлежат на француската команда. Во Струмица,
грчките одреди во мали групи ја презедоа власта во значајниот центар и во
околината, предизвикувајќи тревога кај месното население и кај владата
во Софија.

Претседателот на Советот резигнирано се жали, но не без негодување


заради таквите злоупотреби, не сосем споиви со чесноста и духот на
примирјето, и се жали кај командата на сојузничките трупи. Генералот
Кретјен приговорот го пренесува до генералот Франше Депре а грчките трупи
непречено го продолжуваат своето мирно продирање во Бугарија кое трeба

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА____________________________________97

Парискиот конгрес13 да го стави пред свршен чин или пред менување на


линијата на етнографската граница.
Бугарскиот народ трепери,

Примете ги, господине министер, изразите на моето високо почи-


тување.

Алијоти с.р.
До Н.Е.барон Сидни Сонино
Министерство за надворешни работи
Рим

(Копија)

Министерство за надворешни работи и вери

Бр.121

Софија, 12февруари 1919 г.

Господине генерал,

Тукушто сум известен дека по отповикувањето на г. француски


командант во Струмица, сојузничките трупи се застапени во градот само со
неколку офицери и 200 грчки војници на кои на 8-ми о.м. им се придружија
уште 20 грчки коњаници. Веднаш по нивното пристигнување во Струмица,
тие се растурија по околните села. Во почетокот, бројот на грчките војници
во регионот беше многу мал и го достигна гореспоменатиот број дури со
натамошни доаѓања во мали групи. Покрај тоа, конвоите и коњите кои и
припаѓат на грчката војска речиси секој ден се испраќат во Струмица и во
околијата каде што споменатите војници вршат набавки на слама и стока
но се занимаваат и со контрабанда.

За жал, тие исти војници провокативно се однесуваат спрема бугар-


ските угледни луѓе и го плашат населението со тенденциозната вест дека
воената команда на Струмица отсега ќе ја преземе грчки потполковник, а
Струмица со околијата ќе стане грчка територија.

Г. генерал, повеќе пати досега имав можност да го докажам отровниот


ефект на присуството и на депласираното однесување на грчките трупи
кон нашето население. Мислам дека ќе се слож^ • а, г. генерале дека станува
збор за многу деликатен момент па затоа навистина Ве молам - за смирување

13 Се однесува на Мировната конференција во Париз.

98___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

на населението од регионот, оправдано вознемирено - надлежните да пре-


земат итни мерки, грчките трупи кои сега се наоѓаат во Струмица и око-
лината, да си одат оттаму; во очекување на Вашето скапоцено и поволно
соопштение во врска со предметот, Ви ја повторувам мојата благодарност и
изрази на моето високо почитување.

(печат) ....Теодоровс.р.

До г-динот генерал Кретјен,

Командант на сојузничките трупи во Бугарија

во градот

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 907, предмет бр.
15; превод од
италијански и француски јазик

10.

Телеграма од италијанскиот висок комесар од Софија до


Министерството за надворешни работи во Рим од 17 февруари
1919 година, во врска со македонското прашање

Телеграма бр. 285

Софија, 17 февруари 1919 год.

Бр.56

Телеграма на В.Е. бр. 106.

Мисионерот Вудроу, познат по своите пробугарски чувства, добро го познава


македонското население но според овдешното Пратеништво на Соединетите
држави не е доволно сериозен ниту компетентен во политичките работи.
Тој наводно кокетира со планот за обединување на Бугарија со Југославија,
како средство за решавање на македонското прашање. Во Солун се наоѓаат
мисионерите д-р Кларк и доктор Хауз кои се сметаат за најспособни. Ниту
еден од нив досега не бил повикан од американската влада. Кон крајот на
јануари, овдешната француска команда од бугарската влада побара оле-
снување на дејствување во Бугарија на една меѓународна комисија задол-
жена за истражување на ексцесите припишани на Бугарите. Не се познати
ниту составот ниту прецизниот мандат на таа комисија. Претседателот на
Министерскиот совет одговорил дека со задоволство ќе даде секое олесну-
вање но додавајќи дека се надева дека комисијата во исто време ќе го

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА__________________________________99

прошири истражувањето и на ексцесите припишани на Србите, Грците и


Романците. До сега работата не продолжила. Овдешните американски
кругови се залагаат за праведна меѓународна истрага потсетувајќи на
меѓународната Карнегиева комисија...1913 година.

Алијоти

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

11.

Телеграма од италијанскиот висок комесар од Софија до


Министерството за надворешни работи во Рим од 19 февруари
1919 година, во врска со прогонување на населението во
Источна Македонија

Кралско пратеништво - Софија


Телеграма бр. 747

Софија, 19 февруари 1919 год.

59 - Јавното мислење во Бугарија мошне е потресено од безмилосните


насилства и прогонувања на шетета на бугарското население во Источна
Македонија. Преку 600 семејства се протерани од Драма и Серес, на бугарска
територија, без извори, гладни и во тажна беда. Грчката влада врши
интернација на населението меѓу 15 и 75 години на островите и во внат-
решноста, со намера за подготвување на терен за можен плебисцит.
Повеќе делегации на ... до странските мисии и до сојузничката команда
доставиле петиции за да им се дозволи враќање во нивките земји и враќање
на напуштените добра за кои се верува дека се ограбени. Француската
команда ми тврди дека грчките власти не сакаат да ги слушнат причините
и дека секоја препорака предизвикува негодување. Од друга страна, се
страхува, како што неодамна се случи, бегалците да бидат уапсени и убмени
со ништожни изговори.

Алијоти, висок комесар

100 ____________________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

12.

Извештај на италијанскиот висок комесар од Софија до


министерот за надворешни работи во Рим од 28 февруари 1919
година, во врска со друштвото "Македонија" од Лозана

Високиот комесар
Бр. 152/62 Софија, 28 февруари 1919 год.

Предмет: Друштво "Македонија" од Лозана

Господине министер,

Писмото упатено до г. Гуизи од групата млади Македонци од Лозана


кое В.Е. ми го препрати со депеша на 4 јануари о.г. под бр. 144/1. составена
од ... непознати меѓу водечките локални политичари во Софија. Познато е
дека Китинчев14 му припаѓа на познатото бугарско семејство од Скопје
каде што неговиот татко е градоначалник. Не треба да му се даде особено
значење на друштвото "Македонија" чии претставници се тие.

Каде и да се сретнат, дури и сосем мали групи студенти, поранешни


политиканти, офицери или обични занаетчии родум од Македонија, веднаш
доаѓа до манифестации, се создаваат друштва, се планираат политички
акции со цел ослободување на нивната татковина во форма на независност
или на присоединување кон Бугарија. За постигнување на таа цел, Маке-
донците би примениле кое да е средство и би прифатиле заштита на која и
да е Голема сила за да се протера омразената грчко-српска власт.

Дозволено е да се мисли дека меѓу Големите сили по ..... традиција и


добри спомени оставени во Македонија би се преферирала Бугарија, во
случај некогаш земјите под туѓа власт да треба да дојдат под старателство
и привремена странска управа.

Скромниот и умерен, со помирлив карактер, спремен за одбрана на


сопствената чест, италијанскиот војник и граѓанин остави длабоки впеча-
тоци не само кај македонското население туку и кај слободното но сепак
недоверчиво население во бугарството кралство. Се наведуваат секојдневни
примери на такви докази. Италија мирољубиво живее со тие кои не ја
навредуваат и Бугаринот го цени овој висок степен на прилагодливост.

За да докажам до кој степен, барем засега, е цврсто тоа чувство,


доволно е да го наведам задоволството кое во секој дел од Бугарија го
предизвикува присуството на нашите трупи. Кога пред неколку дена ја
________________________________________
14 Се однесува на Спиро Китинчев.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА____________________________________________ 101

пренесов веста дека еден наш одред ќе замине да го заземе гратчето


Струмица каде што присуството на грчките војници ги плашеше Бугарите и
навестуваше тешки инциденти, претседателот на Советот ми рече: сега сум
мирен и знам дека се ќе биде добро; тешкото прашање е решено. Тој беше
задоволен пред се од добриот впечаток кој тоа ќе го предизвика кај сето
бугарско население,

Од тој аспект може да се добие доста точна општа претстава за


значењето кое можат да го имаат друштвата како гореспоменатото и идеите
кои тие ги пропагираат и кои се однесуваат на Италија. Македонското дви-
жење е заедничка акција на овдешната влада со водечките македонски
комитети, предмет на моите специјални извештаи до В.Е.15

Примете ги, господине министер, изразите на моето високо почиту-


вање.

Алијоти с.р.
До Н.Е. барон Сидни Сонино
Министерство за надворешни работи
Рим

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 907, предмет бр.
18; превод од
италијански јазик

13.

Извештај од командантот на станицата во Битола до


командата на гарнизонот во Битола од 1 март 1919 година,
за жалбите на локалното население заради насилствата
на југословенските власти

(Копија)

Команда на станицата во Битола

Бр. 74 Д. Битола, 1 -3-1919 год.

Предмет: Локални политички услови


До Командата на италијанскиот гарнизон - Битола

Долупотпишаниот смета за своја должност да ја запознае командата


за следното:

Кај нас често доаѓаат македонските граѓани од бугарска националност


и се жалат на свирепостите на српските власти врз нив.

'5 Приредувачите не располагаат со тие извештаи.

102__________________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

Не постои никаква гаранција. Тие се апсат како пропаганисти и се


држат во затвор.

Така е уапсен д-р РОБЕВ16, дојден од Софија каде што го уверуваа


дека може да се врати во Битола каде што се наоѓа неговото семејство,
дотолку повеќе што пред околу еден месец од грип му умре ќерката.

И грчките поданици немаат никаква гаранција; сите ги апсат и ги


враќаат на границата.

Така на грчката граница е испратен г-дин Петар МАРКО, од романска


националност, поранешен наставник во месниот романски лицеј и офицер
во романската војска.

Г-дин Петар МАРКО многу време има поминато во Италија и во Рим


каде што учествувал на романскиот ден на кој јавно зборувал: таму стапил
во контакт со нашите власти, вклучително Н.Е. потсекретар за надворешни
работи. Тој беше овде обвинетдека е во договор со Италијаните. Г-дин Петар
МАРКО тука има семејство и куќа во Битола, а е сопственик на земјиште на
котата 1248.

Како доказ за непријателство спрема Италијаните смета дека треба


да се обелоденат следните факти:

Сите италијански камиони се запираат при влегувањето и излегува-


њето од Битола и на границата српските жандари ги претресуваат.

Еднаш во еден камион е пронајдена г-ца РОБЕВ, ќерка на горе-


споменатиот доктор. Таа беше принудена да слезе и на прашањето зошто
се вози со италијански камиони одговори дека смета дека не прави ништо
лошо бидејќи Италијаните се сојузници на Србите, на што српскиот жандар
одговори дека Италијаните се нивки непријатели а не сојузници.

Префектот на Драч кој имал на располагање италијански камион за


враќање во резиденциЈата морал да застане и да чека повторно да се отвори
преминот на Писодери.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________103
нивното заминување Србите ќе бидат уште полоши бидејќи ќе останат без
каква и да е контрола. СИ-Ре едногласно жалат за турската власт која на
разните националности им'оставаше слобода на образованието и на воспи-
танието. Сите посакуваат Македонија да остане автономна, со гаранција на
Големите сили.

Во цела Македонија, окупирана од Србите, е воспоставен суров


полициски режим.

Се јавува за следните настани:

Десетгодишно момче кое српскиот жандар го водел во затвор успеало


да му избега на жандарот кој го фатил и така го удрил по грбот со врвот на
бајонетот, му ја пресекол кичмата и го убил; на мајката која се жалеше пред
српскиот комесаријат и беше наредено да си оди ако не сака да ја снајде
истото.

Во истиот комесаријат во кој се дистрибуираат бонови за килограм


брашно неделно од американскиот Црвен крст, дојде една доста убава
девојка. Жандарите и кажаа дека би можела да заработи многу повеќе со
друга професија и не и дадоа ништо.

Командант на станицата
потпишан Казавола

п.ц.ц.

Командант на главниот штаб


(Полковник Тозели с.р.) (печат)

ИДА МНРИ, папка 684 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 684, предмет бр. 5;
превод од
италијански јазик

14.

Телеграма од генералот Момбели од Софија до Оперативниот


оддел на Врховната команда и Министерството за надворешни
работи во Рим од 7 март 1919 година, во врска со воената
ситуација во Македонија

Софија, 7 март 1919 год.


До Врховната команда
45 Стр. дов. инф. Сино

Локалните весници, демократски Прапорец и полуофицијалниот"Echo


de Bulgarie" експлицитно ги обвинуваат грчките трупи дислоцирани во м.
септември на сојузничкиот фронт Македонија - Струма, дека тогаш со
Се разбира дека два или три пати доЈде во италијанската команда за
известување и со долупотпишаниот еднаш или два пати се прошетал низ
градот. Беше повикан во францускиот суд и таму му е соопштено дека срп-
ските власти го обвинуваатдека во Битола врши пропагандаза Италијаните
и таму му е заповедано да замине и тоа го стори преку Охрид.

Сите кои ќе им се доближат на Италијаните се сомнителни и српските


жандари постојано вршат пропаганда против Италијаните.

Сето население - српски се само семејствата на функционерите и


војниците - страхува Французите и Италијаните да не заминат и дека по

" Во прашање е Теодосиј Робев.

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

104________________________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

германската команда склучиле договори за преминување на страната на


нашите непријатели. Таквиот план кој би имал непресметливи последици
за фронтот на цела Македонија наводно го спречила само нашата офанзива.

Пред тоа мошне тешко обвинување, баронот Алијоти и полковникот


Винкелс побараа објаснување од бугарската влада и Главниот штаб. Тој
побарал дентада им се достави строго доверлив меморандум со податоците
кои го поддржуваат обвинението.

Ќе се погрижам Врховната команда да биде постојано известувана.

Генерал Момбели

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

15.

Писмо од италијанскиот висок комесар во Софија


до министерот за надворешни работи во Рим од 29 дларт
1919 година, во врска со меморандумот на Централниот
комитет на ВМРО

Пратеништво на Италија
Високиот комесар
Бр. 243/94

До Н.Е. Барон Сидни Сонино


Министерство за надворешни работи
Рим

Софија, 29 март 1919 год.

МЕМОРАНДУМ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРУШТВА

Господине министер,

Меѓу македонските здруженија кои постојат во Бугарија, Извршниот


комитет на здруженијата на македонската емиграција во Бугарија има
посебни функции и влијание. Заради високите функции во администрацијата
на Кралството на тие што го составуваат и заради големиот број на
иселените меѓу кои се одвива неговата активност, може да се смета како
елемент кој не треба да се занемарува и кај Владата.

105______________________________________________ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА

Претседателот и главните членови на комитетот на 29 март о.г. ми


упатија писмо чија копија приложувам, со кое ми испраќаат пет примероци
од еден меморандум17 упатен до Претседателот на Мировната конфе-
ренција, наменети, со посебна посвета, на Н.Е. Претседател на Министер-
скиот совет, на Н.Е. министер за надворешни работи, Н.Е. пратеникот
Саландра, Н.Е. пратеникот Барѕилаи и на Н.Е. претеникот маркиз Салваго
Раџи.

Содржината на меморандумот главно одговара - може да се смета со


сигурност - на општите водечки концепти на владата во врска со бугарскиот
проблем, и покрај тоа што таа би се чувала директно и официјално да ги
соопшти своите постулати и желби преку сопствените делегати на Миров-
ната конференција.

Споменатиот Извршен комитет, како и претставниците на внатреш-


ната организација (в. изв. бр. 229/92 од 25 март о.г.) ја искажуваат молбата
да им биде дозволено да ги изложат своите желби пред Мировната кон-
ференција и ме молат таа нивна желба да ја поддржам кај В.Е.

Свесен за тешкотиите кои би можеле да ја спречат Конференцијата


да ги прими и ислуша бројните делегации на бугарските македонски и
балкански друштва и комитети на кои би следеле други многубројни
кандидати на истата партија или на спротивната страна, ќе се ограничам да
ја истакнам опортуноста да не се занемарува истрајниот глас, силните
чувства чиј толкувач, не без автиоритет, е споменатиот комитет.

Заедно со споменатиот меморандум, предадени ми се два списока


кои ги прилопжувам, за настаните сврзани со прогонувањата чија жртва е
бугарското население во Македонија, од страна на српските и грчките
власти. За истите настани известува и бугарската Влада.

Примете ги, господине министер, изразите на моето високо почи-


тување.

Алијоти с.р.

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

17 Се однесува на Меморандумот од 1 март 19 Ч год., испратен до Мировната


конференција во Париз. Меморандумот е потпишан од А јександар Протогеров
и Тодор
Александров. Во него на посреден начин се бара приклучувањето на неподелена
Македонија
кон Бугарија. Оригиналот на Меморандумот е повеќе пати објавуван во
Бугарија. Види:

Македони^, Сборник от документи и материали, БАН, Софот, 1978, с. 626-632.

106_______________________________________________________________ИТ
АЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

16.

Дешифрирана телеграма од Париз до Министерството


за надворешни работи во Рим од 6 април 1919 година,
во врска со архимандритот Пол Христов

1608. Архимандритот Пол Христов, француски државјанин, поранешен


припадник на католичката црква, преминал во православната и се при-
кажува како генерален викар на Бугарите-унијати, побара да го примам.
Изјавува дека е задолжен од претставниците на старата македонска ре-
волуционерна организација да навести автономија на Македонија во Париз.
Ја молам В.Е. да прибере информации во врска со него и итно да ме из-
вести.

Сонино

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

17.

Извештај од италијанскиот висок комесар во Софија


до министерот за надворешни работи во Рим од 16 април
1919 година, за положбата во Македонија, со прилог

Високиот комесар
Бр. 324/101 Софија, 16 април 1919 год.

Предмет: Положбата во Македонија

Господине министер,

Во врска со претходната преписка за положбата во Македонија имам


чест, заради запознавање на Кр.министерство, во прилогда Вија испратам
промеморијата од 15 о.м. добиена од овдешното Министерство за над-
ворешни работи, за настанатата состојбата во Македонија, со посебен осврт
на регрутацијата прогласена од српските власти и која според овдешната
влада би требало да биде одложена додека Мировната конференција не
реши за судбината на таа област.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________107

Вестите добиени од друг сигурен извор, се чини, целосно ја потвр-


дуваат фактичката состојба на која се жали овдешната влада. Спорадичните
востанички движења во Македонија18 во голем дел се предизвикани токму
од принудното регрутирање на Бугаро-Македонците кои бегаат и со самото
бекство неминовно стануваат револуционерни елементи и создаваат
комитски чети.

Примете ги, господине министер, изразите на моето високо почи-


тување

Алијоти с.р.

До Н.Е. барон Сидни Сонино


Министерство за надворешни работи
Рим

Министерство за надворешни работи и вери


Бр.2565

Софија, 8 април 1919 год.

ПРОМЕМОРИЈА

Бугарските власти известуваат дека некои бугарски бегалци на крајот


на м.март пристигнаа во Струмица и донесоа вести за положбата во
Македонија. Според нивното кажување, затворите во Велес и Прилеп се
преполнети бидејќи српските власти дури и без причина ги затвораат сите
просветени Бугари. Во Радовиш, населението не знае ништо за судбината
на 30-тина неодамна уапсените Бугари и многу е вознемирено. Градона-
чалникот Димитар Чаракчиев и 60-годишната г-ѓа Марче Дорева се уапсени,
исто така Василка Михајлова, наместо нејзиниот маж Михаил Петров кој е
во бегство.

Од друга страна, регрутирањето кое сега се врши наидува на тешкотии


и српските власти се принудени да се служат со изговори. Тие пуштија
гласини дека Англичаните во Солун испратиле маски за да бидат поделени
на населението и сите на кои им се потребни треба да се пријават. Бидејќи
голем број Бугари, пред се во Скопје и Куманово, дозволија да бидат фатени

"' Информацијата не е прецизна. Не е јасно за какви спорадични востанија


станува
збор и во кој дел од Македонија. Тешко е бунтот на регрутите да се прогласи за
востание.

108______________________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

во стапица, српските власти од нив ги задржаа младите. Во Скопје, нивниот


број изнесува повеќе од 2.000. Но, кога младите од Кавадарци, Тиквешко,
кои се одзваа на српскиот повик, разбраа што им се случи на нивните другари
во Скопје, се вратија назад.

Се чини дека се изработуваат воените списоци на сите регрути.


И во Штип се повикани младите од 20 до 30 години но бидејќи не ја
знаат причината за повикувањето, тие одбија да се појават и се принудени
да се кријат.

Вестите од Париз овозможуваат да се донесе заклучок дека суд-


бината на Македонија ќе ја реши Мировната конференција и би било
праведно, регрутирањето да се одложи до решавањето на истата.

(печат)

До г-динот барон Алијоти, ополномоштен министер


Високиот комесар на Владата на Италија

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 907, предмет бр.
21; превод од
италијански и француски јазик

18.

Писмо од италијанскиот висок комесар од Софија до


министерот за надворешни работи во Рим од 22 мај 1919
година, за инцидентите на грчко-бугарската граница, со прилог

Високиот комесар
Бр.466/127

Софија, 22 мај 1919 год.


Господине министер,

За информирање на Вашето Министерство, во прилог ја испраќам


копијата на повикот кој овдешната влада го упати до Командата на со-
јузничките трупи, во врска со упаѓањето на грчките трупи во бугарското
село Ново Лехово.

Како што се чини, неправедната провокација на грчките трупи кои ја


користат актуелната бугарска немоќ и пресретливост, дури и немала
сериозен изговор. Таа претставува дел од раздразнувачкиот систем на
угнетување и навреди кои според мислењето на бугарските власти имаат
макијавелистичка цеп, предизвикување на насилна реакција од страна на

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА___________________________________________109

Бугарите и со тоа изнаоѓање на оправдана причина за заземање на бугар-


ската територија.

Бугарската влада скромно протестира но е решена да не примени


одмазда, барем не до поволна прилика.

Треба да се напомене дека само личната непристрасност на генералот


Кретјен и пред се присуството на нашите трупи спречуваат потешки судири
на бугарско-српско-грчката граница.

Впрочем, будноста на бугарските власти и коректноста на нашите


одреди ги спречуваат и би спречиле секаква дури безначајна злоупотреба
на вооружените офицери и на бугарските комити на штета на Србо-Грците.
Тие гарантираат дека до новиот поредок, грчките власти ќе немаат причина
за чести пријави или жалби, кои пред се имаат за цел вознемирување на
европскотојавно мислење и нарушување на довербата.

Господине министер, примете ги изразите на моето високо почиту-


вање.

Алијоти, с.р.

До Н.Е.барон Сидни Сонино


Министерство за надворешни работи

Рим

(Копија)

Министерство за надворешни работи и вери

Бр. 410 Софија, 21 мај 1919 год.

Господине генерал,

Кралското Воено министерство тукушто ми ги достави копиите на


писмата под бр.2632 и 263° кои генералот Луков, шефот на Главниот штаб
на бугарската војска Ви ги испрати на 17 и 19 о.м. за да Ве извести за тежок
инцидент кој се случи на 14-ти истиот месец на грчко-бугарската граница,
предизвикан без потреба и оправдана причина од страна на грчките воени
власти, инцидентот кој - со последица човечка жртва, бесполезно загината
- го повреди начелото на неповредливоста на странска територија како и
престижот на месните власти.

Селото НОВО ЛЕХОВО, место на инцидентот, се наоѓа во Петричко,


составено од колиби кои ги подигнале бугарските емигранти од истоименото
грчко село Лехово и кои се наоѓаат на 10 до 100 чекори во внатрешноста на
бугарската територија. На споменатата дата, околу 2 часот попладне, еден
грчки одред кој му припаѓа на првиот пешадиски регимент од Сер, составен
од 4 офицери и 100 војници, откога упадна во бугарското село и ја онеспособи

110__________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

бугарската стража, продолжи со општо претресување на селото, заплени


неколку парчиња оружје и други предмети, отепа еден од жителите, Тодор
Карудов, на 45 години, рани двајца други од кои еден потешко, уапси и одведе
на грчка теритоприја, во месноста СИНГЕЛЕВО19 уште 18 жители од истото
село, како и уште еден Бугарин од селото ПИРИН кој во тој миг се наоѓал во
Ново Лехово заради трговија.

Според наводите во гореспоменатото писмо (бр. 2632) на г.генерал


Луков, како и според дополнителните информации на Кралското Воено
министерство, две разлмчни причини, спротивни меѓу себе, се наведени од
грчката страна, поточно од грчкиот пограничен офицер од Лехово, за да го
оправда нападот. Пред се, се наведува дека жителите на Ново Лехово
наводно беа вооружени и ранија еден грчки војник а потоа, откога забеле-
жале сомнителен селанец кој на рамо носел стап или пушка и кој од селото
Врања се движел во правецот на селото Ново Лехово, грчките погранични
власти согласно највисоките наредби мораа да се уверат дали селанецот
можеби е комита кој се крие во селото.

Затоа, бугарските воени власти најкатегорички тврдат дека и едниот


и другиот навод се измислени и дека постапката на грчките власти е
промислен удар, извршен под прв ситен изговор и без најмала провокација
од другата страна. Докажано и потврдено е дека извршените апсења и
грабнувања се вршени според списокот кој се наоѓал кај грчкиот одред и
дека оттогаш не може да се оспори незаконската природа на постапката.

Јас пак мислам, г. генерале, дека дури и да се веројатни, наведените


причини не го оправдуваат однесувањето на грчките власти. Тие не се
овластени на таков начин да го нарушуваат достоинството на бугарската
власат; и ако не сакаа да се разберат непосредно со истите ниту да бараат
нивна помош за проверка на наводните сомнежи, тие сепак, наместо да
преземат таков напад, да го искористат случајот и сомнежите за да ја
известат почитуваната Команда на сојузничките трупи во Бугарија како
единствена надлежна да се запознае и да бара од бугарската влада
проверки и соодветни мерки .

Затоа јас, господине генерале, веднаш посредувам кај Вассо искрена


молба за запирање на таквите грчки провокации. Ќе Ви бидам исто така
многу благодарен ако го употребите Вашето непристрасно и скапоцено
влијание или право, споменатите 18 Бугари, жители на селото НОВО
ЛЕХОВО, како и Бугаринот од с. Пирин кој се наоѓал во Ново Лехово во
моментот на нападот, уапсени и одведени на грчката територија, што побргу
да бидат ослободени и вратени дома, па затоа дозволете ми да ги наведам
нивните имиња и возраст: а) Стојан Георгиев, 55 години; б)Тануш Енчев, 35;
________________________________________________________

19 Во прашање е село Сенгелево.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА________________________________________ 111

в) ВељуТодоров Пишнев, 25; г) Сотир Стојанов Андонов, 22; д) Јано Пасков,


30; ѓ) Стоју Рочков, 40; е) Илија Цветков, 60; ж) Сотир Пасков, 40; з) Стојан
Енчев, 60; ѕ) Стојан Стојанов Енчев, 30; и)Тодор Енчев, 55; ј) Цветко Николов,
50; к) Иван Вангелов, 20; л) Стојан Бојков, 35; љ) Иван Константинов, 30; м)
Константин Димитров, 15; н) Георги Марков, 16; њ) Кољу Болев Технев, 17;

о) името и презимето на човекот од с. Пирин не е познато.

Генерале, однапред Ви се заблагодарувам за услугите во врска со


горенаведеното и Ве молам да ги примите изразите на моето длабоко по-
читување.

(потпис и печат) Т. Теодоров


До господинот генерал Кретјен,
командант на сојузничките трупи во Бугарија
во градот

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 907, предмет бр.
22; превод од
италијански и француски јазик

19.

Писмо од италијанскиот висок комесар од Софија до ми-


нистерот за надворешни работи во Рим од 26 јули 1919 година,
во врска со писмото на апостолскиот намесник до Папата

Високиот комесар

Бр. 698/161
До Н.Е. Т. Титони20

Министер за надворешни работи Софија, 26 јули 1919 год.

ПИСМО НА БИСКУПОТ АПОСТОЛСКИ НАМЕСНИК


НА БУГАРИ-МАКЕДОНЦИ ДО СВЕТИОТ ОТЕЦ

Господине министер,

Во грчка и српска Македонија пред балканските војни започна инте-


ресно движење за приклучување на православните Бугари кон католичката
црква. Бројот на унијатите таму ја достигна бројката од околу 10.000 кога
Грците и Србите, љубоморни на секое движење кое би можело да се

20 Титони Томазо (Рим 1855- Манциана 1931), правник, политичар и


дипломата; префект
на Перуџа и Неапол, сенатор, министер за надворешни работи (1903-1905, 1906-
1909, 1919),
амбасадор во Лондон, Париз, претседател на Сенатот, шеф на италијанската
делегација на
Париската мировна конференција.

112______________________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

спротивстави на нивното политичко угнетување и денационализаторската


пропаганда, ја задушија неодамнешната организација. Сега, унијатските
Бугари-Македонци со своето свештенство главно се избегани во Бугарија.

Приложеното писмо до Светиот Отец ми беше предадено од бискупот


и апостолски викар на Бугарите-Македонци- Шамово,со молба да стигне до
Ватикан преку ова Министерство, со вообичаени посредни средства, ако
В.Е. нема ништо против. Документот претставува еден од бројните напори
на политичката пропаганда на бугарско-македонскиот национализам за
стекнување на духовното влијание на католичката црква.

Според унијатскиот бискуп, во овдешните православни кругови во овој


миг се забележува значителна тенденција за зближување со Ватикан,
поттикната и од мислата дека договор со католичката црква би придонел
кон одделување на етничките карактеристики на Бугарија од тие на Грција
и Србија.

Примете ги, господине министер, изразите на моето високо почиту-


вање.

Алијоти с.р.

ИДА, МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик
20.

Телеграма од Италијанската воена мисија ка| непријателските


делегации во Версај до Министерството за надворешни работи
во Рим од 4 август 1919 година, во врска со границите

(Копија)
Италијанска воена мисија при непријателските делегации

Бр. 47 Р.П. ДОВЕРЛИВО Версај, 4 август 1919 год.

До

Министерот за надворешни работи (Кабинет)


Врховната команда - Информативен оддел
Воениот дел - Италијанска мировна делегација

Предмет: Разговори со бугарските делегати

Нашиот офицер за врски при Бугарската делегација вчера имаше долг


разговор со министерот Стамболиски21, шеф на Земјоделската партија. Што
__________________________________________________________________

2' Александар Стамболиски, познат бугарски општественик, од август 1919 год.


претседател на бугарската влада. Убиен е во превратот извршен на 9јуни 1923
год. во Бугарија.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА____________________________________________ 113

се однесува до надворешната политика, ставовите на министерот се следни:

"Покрај поддршката на Америка, Бугарија смета на поддршката на Италија


по прашањето на границите; Италија треба целосно да го поддржи нашиот
став и да не прави отстапки на Грците во замена за некоја незначителна
предност во Мала Азија. Треба да се има во вид дека со исчезнувањето на
приматот на Русија и Австрија на Балканот, некоја друга земја треба да го
заземе тоа место и Италија, заради својата близина и интересите кои ја
врзуваат за Балканот, е погодна за таа срункција.

Ако Италија успее да издејствува Бугарија да добие излез на Егејското


Море и териториите кои и припаѓаат во Тракија, ако ја поврати јужна Добруџа
задржувајќи ги пријателските одиоси со Романија, Италија во иднина може
да смета на поддршка на овие две балкански земји. И независна Македонија
ќе биде исто така отворена за италијанското влијание, особено ако може
во иднина да се поврзе со железница со пристаништето Валона. Поддршката
на Бугарија и Романија ќе биде дотолку пополезна за Италија бидејќи
Франција секогаш ќе настојува да ги поддржи Грција и Србија чии намери се
добро познати.
Потполковник Казати - шеф на Мисијата

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 907, предмет бр.
5а; превод од
италијански јазик

21.

Известување од Министеретвото за надворешни работи од Рим


за меморандумот на бугарската колонија во Италија упатено
до премиерот Нити во врска со Тракија и Македонија
од 6 август 1919 година, со прилог

Министерство за надворешни работи

РИM

Бугарскатата колонија во Италија утре ќе му поднесе на Н.Е. Нити


меморандум во врска со Тракија и Македонија. Работи и на тоа да заин-
тересира некои пратеници во полза на Бугарија (можеби Федерѕани и Рај-
мондо). Во Рим пристигна првата група од повеќе од 90 бугарски студенти
заради студирање на италијанските иуниверзитети а треба да пристигнат
уште многу други. Го приложувам писмото на г-динот Чилев.

114___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Муфид-бег до Н.Е. Нити испратил меморандум во врска со Албанија, молејќи


го да се заинтересира за судбината на таа земја. Идентичен меморандум ќе
испрати до претседателството на Сенатот и на Парламентот.

За прашањето го заинтересира и Големиот Исток кој вети дека ќе


испрати телеграма до браќата од Франција, Англија и Соединетите држави.

Вечерва или утре би требало во "Роро1о Ротапо" да излезе статија


во полза на Албанија.

(потпис нечиток)

МЕМОРАНДУМ

НА БУГАРСКАТА КОЛОНИЈА ВО ИТАЛИЈА


упатен., до Н.Е. Нити, претседател на Министерскиот совет

Вестите пристигнати деновиве од Париз, во врска со Тракија, мошне


ја загрижија бугарската колонија која ужива благодорно италијанско
гостопримство, бидејќи се чинеше дека Италија нема да се спротивстави на
преотстапувањето на Тракија на Грција, со што Бугарија би останала без
каков да е излез на Егејското Море и би и бил одземен регионот кој исто-
риски и етнички и припаѓа.

Денес пак дознаваме дека на иницијатива на италијанската делегација


е решено Мировната конференција да ја одложи расправата по тоа прашање,
од највитално значење за нашата земја.

За овој благороден акт на италијанската делегација чувствуваме дека


треба на В.Е. да и ја изразиме сета наша благодарност, уверени дека ги
толкуваме чувствата на сите наши сонародници.

И во друга прилика, дипломатските претставници на италијанската


Нацијаја заслужија благодарноста на бугарскиот народ, т.е. кога на крајот
на втората балканска војна посредуваа кај романската војска, чиј логор се
наоѓаше на четири километри од главниот град, постигнувајќи градот да не
биде окупиран од непријателот. Тоа бугарскиот народ не го заборавил. Овој
благороден акт кон нашата несреќна земја кај нас создаде такви чувства
на наклоност кон Италија кои што никогаш доволно непреколнувана војна
воопшто не ги наруши. Напротив, окупација на нашата територија од страна
на херојските италијански трупи, заради прочуените својства на војниците,
заради благородноста на нивните чувства, кај нашиот народ создаде чувство
на братска благодарност, кон избраната нација која ја пружи љубезната
рака на нашите несреќни населенија, премногу погодени од болките на
ужасната војна.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА__________________________________ _115

В.Е. ќе има повторен доказ на тоа што си дозволуваме да го тврдиме,


одсведоштво на вредните Италијани кои деновиве се враќаат од Бугарија,
од кои ќе разбере за трогателни манифестации кои сиот народ ги приреди
на тие кои се осмелуваме да ги нарекуваме наши заштитници.

Сиот бугарски народ, полн со овие чувства, Италија веќе не ја смета


како непријателска нација туку како доброчинителка врз која ги базираше
надежите за заштита на сопствениот интегритет и за своите легитимни
стремежи.

Ние на В.Е. ја упатуваме преколнувачката молба, оваа благородна


Италија која нашиот народ научи да ја запознава како врвна учителка на
добрина, љубезност и правда, да ке биде соучесник во најнеправедливата
злоупотреба, дозволувајќи Тракмја да и. биде доделена на Грција, оставајќи
ја нашата земја без врвчата благодат, да има сопствен излез на Егејското
Море.

Ние, издигнуваме уште еден последен повик за македонското пра-


шање, во кое самите италијански интереси се совпаѓат со бугарските стре-
межи.

Ако заради повисоки околности, Македонија, за која Бугарија ги из-


држа двете балкански војни, со новиот светски поредок не би била доделена
на нашата земја, барем да се коиституира како независна држава, врз основа
на плебисцит; само така ќе биде избегната бариерата која Југословените и
Грците би ја подигнале, попречувајќи ги комуникациите кои преку Албанија
би требало да се воспостават помеѓу Јадранското Море и Бугарија.

Ако таквите комуникации би биле вештачки попречувани, штетата за


Италија би била без сомнение голема бидејќи не само што принудно би била
исклучена, како пред светската војна, од бугарскиот пазар, туку би била
пресечена и најбрзата врска кон Романија и јужна Русија.

Ако Валоиа би била поврзана со мрежата на бугарските железници и


со пријателски договор псшеѓу Италија и Бугарија, би можела да стане Солун
на јадранското Море.

Грција и Југославија се свесни за тоа и лесно може да се предвиди


дека тие на секој начин ќе го спречат создавањето на нови патишта за
поврзување или барем ќе се обидат да ги попоечат и свртат во Солун
токовите на сообраќајот кои инаку би се движеле кон Валоча.

Сето тоа има врска со рзшавањето на витал чиот индустриски проблем


на италијанскиот Југ КОЈ во балканскиот пазар ќе го најде својот главен
излез и со тоа главен услов за своето зголемување.

116__________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Горново претпоставува спонтана заемност на чувства кои толку


прекрасно се развиле помеѓу бугарскиот и италијанскиот народ, за
предвидлива, просветена дипломатска акција водена од италијанската
влада и восхитувачки довршена од страна на нејзините благородни синови
кои ги окупираа нашите земји, оставајќи спомени на неизбришлива добрина,
создавајќи во нас синовска преданост на Италија.

Но, ние се осмелуваме, уште и секогаш, да сметаме на мудроста и


благородноста на италијанските чувства и се осмелуваме да се надеваме
дека италијанската влада не ќе сака да не погоди во срце, препуштајќи ја
нашата бедна земја на претераните копнежи за власт на Грците и на Југо-
словените.

Нашата земја не сака да побегне од одговорноста на непоправливата


грешка во која била повлечена од политиката за осудување на тие кои
решаваа за судбините на нацијата и признаваме исто така дека била
поттикната на војна од чувството на горчина заради неправдата нанесена
во втората балканска војна; но, ние сакаме да истакнеме дека несреќата
не ја обескуражи туку тешко ја изучи и врските на благодарност кои сега ја
врзуваат со Италија веќе не ќе можат да бидат разлабавени.

Во овие врски, Италија ќе најде сигурен стожер врз кој ќе може даја
потпре својата сопствена политика на трговска експанзија во Бугарија и на
Балканскиот Полуостров; ќе може да смета на верната соработка на нашата
политика.

Затоа, Бугарија, во овој судбински историски миг на своето постоење, смета


на сигурна поддршка на големата благородна нација, за:

1 - да не и биде одземена Тракија и излезите кои сега ги поседува на


Егејското Море;

2 - македонското прашање да биде решено согласно бугарските стре-


межи, врз основа на плебисцит, или барем од Македонија да се создаде
независна држава, така што меѓу Албанија и Бугарија да не постои грчко-
југословенска брана.

Рим, 6 август 1919. год.

За бугарската колонија:

Ант/он/ Пиперов с. р.

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

(продолжува)
____________________________
______________________________
ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_______________________________________117

22.

Писмо од Министерството за надворешни работи во Рим


до генералниот директор на Фондот за вера од 20 август
1919 година, во врска со писмото на апостолскиот
намесник до Папата, со прилог

Кралско министерство за надворешни работи

Генерална дирекција за политички работи

бр 25443 Рим, 20 август 1919 год.

Предмет: Писмо на бискупот-апостолски намесник


во Бугарија до Светиот Отец

До баронот МОНТИ
Генерален директор на Фондот за вера

Господине барон,
Високиот комесар во Софија до ова Министерство го достави при-
ложеното писмо упатено до Светиот Отец кое му е предадено од страна на
бискупот и апостолски намесник во Бугарија-Македонија Шаново, со молба
да се испрати во Ватикан.

Препраќајќи го писмото, високиот комесар истакнува дека овој


документ "претставува еден од бројните напори на политичка пропаганда
на бугарскиот македонски национализам за да се стекне морално влијание
на Католичката црква" и додава дека тенденцијата која во овој миг се за-
бележува во тамошните православни кругови за зближување со Ватикан
"ја поткрепува и мислата дека договор со Католичката црква би придонесол
кон одделување на етничките карактеристика на Бугарија од тие на Грција
и Србија".

На В. Г. го препраќам наведеното писмо за да може да се погрижи да


стигне таму каде што е упатено.

Господине барон, примете го моето големо почитување

Сфорца 22 с.р.

22 Сфорца Карло (Монтињозо 1872 - Рим 1952), дипломат и политичар,


амбасадор во
Пекинг (1911 -1915) и во Србија (1915-1918); потсекретар за надворешни работи
и министер за
надворешни работи (1920-1921), преговарач на Рапалскиот мир со Југославија,
амбасадор во
Париз, претседател наДржавниотсовет (1945-1946), министер за надворешни
работи (1947-
1951), сенатор.

118____________________________________________________________ИТАЛ
ИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Софија, 26 јули 1919 год.

Високиот комесар
Бр.698/161

Предмет: Писмо на бискупот - апостолски намесник


на Бугари-Македонци до Светиот Отец

Господине министер,

Пред балканските војни, во грчкиот и српскиот дел на Македонија


започна интересно движење за приклучување на бугарските православци
кон католичката црква. Бројот на унијатите ја достигна бројката од околу
10.000, но грко-србите, љубоморни на секакво даижење насочено кон
спротивставување на нивното политичко угнетување и на нивната денацио-
нализаторска пропаганда, ја задушија новата организација. Сега најголемиот
дел од бугаро-македонските унијати со своето свештенство е избеган во
Бугарија.

Приложеното писмо упатено до Светиот Отец ми го предаде бискупот


и апостолски намесник на Бугаро-Македонците Шаново, со молба да го
предадам во Ватикан. Документот претставува едно одбројните настојувања
на политичката пропаганда на бугарско-македонскиот национализам за
стекнување на моралното влијание на католичката црква.

Според унијатскиот бискуп, во овој момент во тамошните православни


кругови се забележува тенденција на приблмжување кон Ватикан, потхра-
нувана и со мислата дека договорот со католичката црква би придонесол
кон одделување на етничките карактеристики на Бугарија од тие на Грција
и Србија.

Со почит

Алијоти с.р.

До Н.Е.Т.Титони

Министер за надворешни работи

Рим

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 907, предмет бр. 6;
превод од
италијански јазмк

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА______________________________________________________1
19

23.

Пмсмо од италијанскиот виссж комесар од Софија до


министерот за надворешни работи во Рим од 29 ноември
Т9Т9 година, за состојбата ѕо бугарија

висок комесар на Италија во Бугарија


Стр.дов. бр. 2549

До Н.Е. сенатор Виторио Шалоја23,

министер за надворешни работи


Рим

изазапознавање: Н.Е. генерал А. Дијаз,

шеф ка Главниот штаб на војската - Рим

Софија, 29 ноември 1919 год.

Далеку од тоа да изгубат надеж заради последиците на последната


војна, мнозинството Бугари покажува голема доверба во иднината и
борбениот дух на офицерите се уште е на високо ниво.

Тендеицијата на земјата, да се постигне договор со Србија, согласно


замислата на Стамболиски (в. мои претходни соопштенија), е се поприсутна.
Додека министрите и бугарските дипломатски органи тврдат дека не-
возможно е да се замисли зближување со довчерашните огорчени неприја-
тели, пред се по неодамнешните територијални осакатувања; додека вла-
диниот печат со жестоки зборови пишува против лошиот третман за кој
раскажуваат бугарските затвореници по врaќање од српското или грчко
заробеништво; "Дневник", со слаб углед, но мошне раширен, изјавува, одго-
варајќи на директорот на српскиот "Белградски Вестник", дека не само што
кај масата на бугарски селани веќе не постои какво да е чувство на омраза
против српскиот народ туку самата интелектуална класа - вклучително
функционерите - веќе не ја мрази Србија и додава дека треба да се заборави
неодамнешното минато и да се казнат виновниците во двете земји.

Една највисока личност од овдешната војска, се уште на служба, на


мое неописиво изненадување, ми тврдеше дека третманот на Бугарите од
Македонија и од други приклучени територии од страна на Србија е под-
нослив во споредба со истиот на Грција; и, дека иако Србите постојано се

23 Шалоја Виторијо (Торино 1850 - Рим 1933), правник и политичар, професор


по римско
право, министер за правда, за воена пропаганда, за надворешни работи (1919-
1920), делегат
на Мировната конференција во Париз и во Друштвото на народите.

120 ________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

обидуваат да ги србизираат Бугарите кои се наогаат во нивните граници,


тоа го прават на хуман начин и со убедување!

Оваа и други слични изјави, кога се уште е жив одгласот на свирепи


заемни обвинувања на двата народи, намалуваат секое убедување за
искреноста на бројните тврдења во врска со бугарските национални
проблеми.

Министерот за финансии Данев24, водач на прогресивната партија и


претседавач на Министерскиот совет, личност за која се смета за мошне
интелигентна и со политичко чувство, иако не многу енергична, зборувајќи
ми вчера за трите писма испратени приватно деновиве од Париз од страна
на претседателот на Министерскиот совет Стамболиски до српскиот,
романскиот и грчкиот претставник на Конференцијата, со покана за
територијални трансакции поволни за Бугарија и за мирот на истата со
соседите, тврдеше дека ориентацијата на идната надворешна политика на
Бугарија ќе зависи од содржината на одговорите на овие три писма и, во
врска со европските Големм сили, од тенденцијата кон поголема или помала
ширина на примената која секоја од силите ќе му ја даде на Мировниот
договор преку својот претставник во Контролните комисии.

Сметав дека можам да потврдам дека, обратно, и однесувањето кое


секоја одделна сила ќе го има кон Бугарија во рамките на Комисијата не ќе
може а да не зависи од политичката ориентација на самата Бугарија од
сега натаму.

Факт е дека Бугарија денес се наоѓа во момент на транзиција на своето


постоење и на својата политичка свест и која ќе има капитапно значење за
неа и за целата Европа. Различни се токовите кои се манифестираат во
земјата, но сега се чини дека едниот ќе преовладее над другите а тоа е оној
на чие чело се наоѓа претседателот на Министерскиот совет Стамболиски,
а го следи мнозинството од Кабинетот, масата на земјоделското население
којаја претставува речиси целата земја и, сега зајакната, без сомнение, со
војската која решително се стави на страна на револуциснерот од септември
1918 год. Спротивставувањето на кое наидува претседателот на Мини-
стерскиот совет - од поинакви причини - вс македонските кругови и во ко-
мунистичката партија. нема толкава тежина за да го скршне.

Станува збор за од порано предвидената и најавената тенденција


(моите извештаи од минатата зима и пролет), кога овде започна да се тврди
дека едиа Бугарија, премногу разрушена и смалена од мирот веќе не би

" Стојан Данев, бугарски политичар, позеќепати министер и поетседател на


Владата
на Бугарија.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________121

можела да живее сама туку би требало да се фрли во прегратка на нај-


блискиот од своите соседи.

И токму тоа сега созрева: БУГАРИЈА ДЕНЕС ИМА ТЕНДЕНЦИЈА ДА


СЕ ОБЕДИНИ СО ЈУГОСЛАВИЈА. Само ако Србите на Бугарија и ги вратат
новите придобивки: Цариброд, Босилеград и Струмица и ако на Македонија
и дадат облик, дури скромен и илузорен, на автономија, и никој, ако нашата
балканска политика не стане поактивна, повеќе не ќе може да го спречи
тоа што оддруга страна најверојатно го бара Србија и го поддржува еден од
нашите големи сојузници.
Денгубење е предвидување на можните последици на таквото обе-
динување, без оглед на тоа во кој облик тоа би се извршило.

Во него, Бугарите гледаат средство за одмазда, пред се против нив-


ната најголема непријателка, Грција, и евентуално потоа против Романија;

а покрај тоа, велат, да ја спасат Македонија.

Гледаат и значаен чекор во правец на обединување на сите словенски


народи, вклучително и Русите; идејата која овде од време е многу раширена
и сега повторно се појавува како последица на активноста на неколку Руси
кои поминуваат носејќи проекти и ветувања.

Не е веројатно дека Југословените имаат иста непромислена илузија


туку може да се мисли дека, кога тие би располагале, покрај со сопствените
сили (и со значајното вооружување добиено од Французите) и со мошне
добрата бугарска војска, мошне ефикасна како човечка сила за неколку
години, покрај воените клаузули на Мировниот договор, би било мошне тешко
да се задржат сите заедно, повлечени од, ммпулсивноста која сите им ја
признаваат на нашите источни соседи, да се нафрлат против тој што денес
претставува нивен најголем непријател; Италија.

Симпатијата за која Бугарите тврдат дека ја имаат за нас би исчезнала


како магла пред надежта, колку да е грешна, за обновување на нивната
војничка слава и за зголемување на моќта на нивната земја, дури на сметка
на нивната целосна независност.

Доволен пример е денешната неверојатна трансформација на мисле-


њето во врска со Србите, за да се добие претстава за длабочината на
чувствителноста на овој балкански народ.

Заради изложената евентуалност треба да се смета дека виталниот


интерес на Италија бара да биде спречен каков и да е облик на обеди-
нувањето на Бугарија со Југославија или да биде направен така да не биде
штетен за нас.

Верувам дека тоа би можело да се спречи наведувајќи ја Бугарија да


се разбере со Романија врз основа на повторно рамноправно територијално
отстапање на јужна Добруџа.

122___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Замислата за таквиот договор, кој би се направил под покровителство


на Италија, и кој би имал за цел не само зачувување на мирот на Балканот
туку и значително олеснување на здодевниот притисок кој на нашето
источнокрилоговршатСрбијаи Грција, не е нова (моите извештаи од 1914-
1915 год. и од декември 1918 год.) и сметам дека таа пред повеќе месеци
веќе влегла во уверувањата на нашата влада.
Замислата е на водачот на прогресивната партија и на други поли-
тичари, но кои тврдат дека иницијативата за нејзиното спроведување не
треба да потекнува од Бугарија, победена земја, туку од една од Силите-
победнички.

Министерот Данев тоа експлицитно ми го изјави во две прилики.

Без сомнение, не само за Италија, таквиот договор би бил поволен и


за Романија која не може да живее мирно, обиколена како што е денес, од
противниците.

Се чини дека некои почетни преговори во таа смисла во не толку


далечното време не биле сосем без резултат. Очигледно, имало и такви
кои биле заинтересирани да работат за неуспехот на таквите чекори. Од
мисијата доверена на романскиот генерал Илиеску, кој во Италија и овде
помина во изминатиот јуни и која била насочена токму во смисла на
гореизложените замисли - како сите овдешни италијански претставници -
нема никаков видлив резултат.

И покрај тоа што споменатиот генерал не ужива голем углед во својата


земја - како што сум известен - добрите замисли чиј носител бил, не требало
да пропаднат.

Деновиве му советував на генералот да се заложи романската влада


овде да испрати една Воена мисија чиј шеф би можел да биде потпол-
ковникот Ценескуи, поранешен мој колега - воен аташе во Софија во 1915
год. и личност за која сметам дека е способна за добра соработка во
"работата на тројцата" која трите Нации би требало евентуално да ја
преземат.

Но, ништо не беше направено. Сега, во Софија е само еден романски


поручник, врзан со двоен конец за француската команда од која непосредно
зависи.

За југословенско-бугарското обединување да биде безопасно за


Италија, кога веќе не може да се спречи, ќе биде тешка работа. За таа цел
би било потребно да се обезбедат цврсти "пријателства од интерес" со некои
од елементите кои претставуваат нехомоген иден државен словенско-
балкански организам, неговиот гравитационен центар да се премести што
подалеку од нашите граниици и да се потпомогне или предизвика канали-
зирање на силите и на епспанзивните територијални лакомости на самиот

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА__________________________________________123

организам кон подрачјата кои за нас претставуваат помалку витални ин-


тереси; или, за намалување на притисокот врз Јадранското Море, тој да
притиска кон Егејот.

За да се попречуваат ефикасно двата патишта, потребно би било


истото средство, радикално, кое требало да се употреби против австро-
унгарското царство, чиј наследник во многу работи денес е Југославија.

Кој и да е патот кој Италија ќе го одбере да го следи за постигнување


на најдоброто решение на овој проблем, суштински за нас и за целата Европа,
без сомнение треба да се дејствува без одлагање.

Настаните можат да се забрзаат.

Би и бил благодарен на В.Е. ако сака да ме почести да ми ги испрати


соопштенијата за кои смета дека можат да ми послужат како начин на
изразување и евентуално претпазливо дејствување, во согласност со
претходен договор со нашите претставништва во Букурешт.

В.д. Висок комесар на Кр. италијанска влада


во Бугарија

Шеф на Италијанската воена мисија


Полк. Џилберт де Винкелс с.р. (печат)

ИДА МНРИ, папка 907 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

24.

Меморандум на Упразните совети на Лмгата на Битолчани


од Солун и Лерин до генералот Депре и до Врховниот совет на
Мировната конференција во Париз од 30 ноември 1919 година,
во врска со утврдувањето на границите, со прилог

До Н.Е. генерал Франше Депре,


главен командант на Сојузничките војски во Цариград

Солун, 30 ноември 1919 год.

Екселенцијо,

Долупотпишаните членови на Управните совети на Лигата на битол-


чани во Солун и Лерин, претставници на грчкото население од битолско чиј
голем дел во овој миг се наоѓа раштркан на грчката територија, имаме чест
да Ви.го изнесеме следното:

124__________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Со помош на среќа во текот на Балканската војна во 1912 год., Србите


успеаја да завладеат со Битолско иако општо е докажано дека нашата земја
со векови била грчка. Тоа го докажуваат спомениците пронајдени во неа, а
тоа го признаваат сите историчари и географи, па дури и самите турски
освојувачи.
Супериорноста на грчкиот елемент кај нас пред српската окупација
беше видлива во сите области. Трговијата и индустријата, уметностите и
науката беа пред се во рацете на Грците. Лекарите, адвокатите и сите други
интелектуалци му припаѓаа на грчкиот елемент. Грчките установи, здру-
женија на интелектуалци, филантропски, музички и гимнастички здруженија
и масонските ложи постојеа не само во градот Битола туку и во поголемиот
дел од грчките заедници во околните места. Како одблесок на таквиот
интелектуален и духовен напредок на грчкиот елемент и на грчката циви-
лизација општо може да се смета постоењето во градот Битола на грчкиот
весник "Фос", единствен весник со реклами кој излегувал до српската
окупација.

Но, тоа што пред се го докажува грчкиот карактер на нашата земја е


надмоќта и големиот број на грчки училишта, прекрасни наставни институции
кои во 1912 год. ги посетуваа повеќе од 6.000 ученици (од кои 2.500 во 18
училишта во градот Битола) додека бројот на српските ученици во сета
Битолска околија одвај изнесуваше неколку стотици платеници. Во врска
со тоа сакаме да нагласиме дека грчките училишта во нашиот регион се
издржуваа со средствата на месните грчки заедници додека српските,
бугарските и романските училишта и ученици постојеа само благодарение
на средствата на соодветните пропаганди. Го истакнуваме фактот за да
докажеме дека населението на нашата земја немаше никаква врска со
Србите, елементот кој се сметаше за сосема туѓ за нашата земја. Како
култура, со традициите и обичаите немаме ништо заеднички со нашите нови
господари и повторуваме дека само воената среќа ги доведе дури до нас.

Уште еден факт кој сведочи за грчките чувства на населението во


нашата татковина, акропол на елинизмот во западна Македонија, тоа е
големо и ефикасно учество кое грчкиот елемент го даде во силната и крвава
борба против Турците и бугарските комити. Покрај тоа, за време на светската
војна населението во нашиот округ служело под знамињата на Антантата,
распределено во грчката и српската војска и придонело многу за нашата
заедничка победа.

За жал, и покрај тоа што им се должни на грчкиот елемент за вон-


редната поддршка на нивната пропаганда во минатото, Србите, крајно
шовинистичка раса, наместо да ги почитуваат нашите национални права

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________125

применуваа мошне непријателска тактика кон чувствата и желбите на


населението на нашата земја. Наместо уште со доаѓањето да го остават
грчкото образование слободно, тие ги узурпираа сите наши училишта и црк-
вите кои ги претворија во српски институции, и оттука потекнува жалната
состојба. Нашите професори, наставници и свештеници масовно ја напуштија
земјата, голем број семејства се иселија додека преостанатите младинци
останаа без грчко национално образование. Србите го засилуваат својот
шовинизам дотаму што наставата на грчки јазик ја забрануваат дури во
приватни куќи и на нашиот митрополит не му дозволуваат повторно да си
го заземе своето место кај стадото, неутешно заради загубата на својот
духовен водач. Со еден збор, нивното дејствување е такво што прават се
што е можно за србизација на сите со сила и со секакво самоволно средство.

Господине генерале, од горното можете да сфатите дека немаме


никава причина да бидеме задоволни од српскиот режим. Посакуваме да
се вратиме дома но воопшто немаме намера да ја загубиме нашата нацио-
налност и нашата цивилизација. Затоа, од името на принципот на слободата
на народите, прогласен од страна на Мировната конференција, се осмелу-
ваме да Ве замолиме, г-дине генерале, овој меморандум да го препратите
до Врховниот совет на Конференцијата со изјавата дека нашата голема и
единствена желба е нашата родна земја да се соедини со Татковината кон
која е приврзана од сите аспекти, како историја и традиција, националност,
географска состојба, трговија и комуникации. Тоа е најправилно решение,
дотолку повеќе што битолскиот округ би можел да живее и да напредува
само политички поврзан и со градот Солун со кој веќе го поврзува желез-
ницата. Впрочем, од исти причини, таквото решение би било прифатливо за
сето население во земјата, без оглед на расата и верата, па дури би ги
засилило веќе постојните пријателски врски помеѓу Грција и Србија и со тоа
мирот на Балканот би го направило постабилен.

Со надеж дека ќе ја исполните нашата желба Ве молиме, г-не генерале


да ги примите изразите на големото почитување од Вашите предани слуги:

Претседател Претседател
на Лигата од Солун, на Лигата од Лерин,

Членови на Советот на Членови на Советот на


Лигата од Солун Лигата од Лерин

Членови-заменици

126_______________________________________________________ИТАЛИЈАН
СКИ ДИПЛОМАТСКИ

Париз, јули 1920 год.

До Врховниот совет на Мировната конференција

Екселенции,

Во врска со Меморандумот на Лигите на битолчани населени во Грција


од 30 неомври 1919 год., како делегати и ополномоштеници самаке да Ве
замолиме да ја исполните желбата искажана во полза на обединувањето
со татковината Грција на битолскиот округ кој се протега од Мариово до
Корча.

Во меморандумот го изложивме и ќе повториме дека битолскиот округ


стана жртва на голема неправда кога потпадна под власта на Србите со
кои не го сврзува ништо. Во такви услови, а исто така од историски, етно-
лошки и географски како и од цивилизациски аспект и од аспект на тр-
говијата и стопанството, нашата татковина е поврзана само со Грција и со
никој друг, веруваме дека со праведноста која Ве одликува и во духот на
правдата која ги поттикнува одлуките на Мировната конференција за
ослободување на потчинетите народи нема да пропуштите даја задоволите
нашата искрена желба, нашата татковина дефинитивно да се обедини со
Грција, единствена држава која би можела да и ги врати добрините на добро
сфатената слобода.

За да ја заокружиме нашата мисла, сметаме дека треба да го додадеме


и следното кон тоа што веќе го изнесовме во нашиот претходен меморандум.

Подрачјето на Битола преку кое поминува Виа Егнација е единствена


врска, единствен мост преку кој можат да се поврзуваат грчка Македонша
од една страна и Епир и Албанија од друга, заради природната конфигурација
на теренот; затоа уште од антиката, теснината на планината Пелистер
(Перситери, Варнус или Осум брда) западно од Битола, беше наречена
Ѓавато или ОЈауаѕѕ1ѕ - тоа значи погодна за преминување, премин - а така
се нарекува и ден-денес. Нема ништо понеправедно и понепрактично од
одделувањето на грчка Македонија од Епир и од Албанија - последица на
неправедното населување на Србите до Битола и Подградец, месноста која
исто така не е воопШто српска туку претставува неделив дел од Корча. Тоа
докажува дека решението што го предлагаме не е само најправедно туку и
најприродно и всушИбст ги отстранува сите тешкотии кои произлгуваат од
неправедниот пробив на Србите во тие краишта.

За да можат да закрепнат, да работат и да живеат во мир, населението


од околијата кое доживеа невидено зло за време на светската војна -
бомбардирања, опожаруваеа, протерувања и други катастрофи и неописиви
уништувања - треба да биде под грчки суверенитет. Во таков случај,

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_______________________ 127

жителите ќе се развиваат трговски, стопански и во сите погледи; тие ќе


просперираат и така ќе се зацврстат односите на искрено и постојано
пријателство помеѓу Србија и Грција. Впрочем, грчкиот народ во печатот и
во секоја прилика ги искажувал своите стремежи за националната рестав-
рација на Битолската околија, на тоа значајно огниште на македонскиот
елинизам кој секогаш блескал за време на националните борби.

Желбата за обединување со Грцијајаделат не само сите христијански


жители од целата Битолска околија до Крушево и Охрид туку и Муслиманите
и Евреите.

За цело време, повеќе десетлетија, Евреите од Битола во општинските


училишта држеа настава покрај на турски и француски и на грчки јазик кој
го сметаа за неопходен; уште повеќе, стотици млади Евреи од двата пола
посетуваа грчки школски установи во Битола. Тоа, а предсе ако се земе во
предвид дека Евреите предвидуваат развој на материјалните интереси, јасно
го покажува грчкиот карактер на Битолската околија. По нејзината оку-
пацијата од страна на Србите, поголем број Евреи, заради неможноста за
работа и за живот под српска власт, избегале во Лерин и во Солун, на грчка
територија.

Сите муслимани од Битолската околија отворено изјавуваат дека


повеќе сакгат да живеат под грчка власт и тоа не без причина. Бледа слика
на сето тоа што Муслиманите го доживеаја од Србите се приложените фото-
графии снимени во април 1913 година на кои се гледаат шест муслимански
села во околината на Битола кои српското варварство ги претвори во куп
рушевини. А што се однесува на дивјаштвото и свирепостите кои мусли-
маните ги доживеале за време на српската окупација во Битолската околија,
тие се ужасни. Доволно е да се наведе ужасното убиство на 70 Муслимани
во селото Шоп25, во Песочани, Охридско, итн.

Во такви услови, единствено праведно решение би било да му се


дозволи на населението од Битолската околија да ја искаже својата волја
со плебисцит, откога претходно земјата би ја зазела војската на некоја
неутрална или непристрасна сила. Без сомнение, волјата на населението
ќе биде соживот во исгата полигичка единка, Грција; заедништвото на тр-
говски и стопански потреби и заемна доверба ќе докажат дека решението
на прашањето кое го предлагаме ние е праведно и разумно бидејќи никакви
врски не ги врзуваат ниту пак ќе ги зближат жителите на земјата со нивните
актуелни освојувачи - Србите.
_____________________________________

" Село со такво име во границите на етничка Македонија не е регистрирано.

128_________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Кога тие во ноември 1912 год. ја зазедоа Битола, јасно и категорички


објавија дека окупацијата е привремена бидејќи битолскиот регион и припаѓа
на Грција. И познато е дека тие тогаш го освоија регмонот без да им се
пружи посериозен отпор; турските генерали Џавит паша и другите ги
повлекле своите трупи од српскиот фронт на грчкиот и така беше олеснето
напредувањето на Србите кон Битола. Потоа турската војска ги остави
Србите слободно воено да се прошетаат преку Албанија до Драч, додека
Џавит паша со своите трупи замина за Јанина каде што се сретна со другите
турски трупи кои на тој фронт се спротивставуваа на грчката војска.

Во пролетта 1913 год., додека бугарските трупи перфидно ги напаѓаа


грчките трупи на планината Пелагион во источна Македонија и на други
места и го загрозуваа дури и Солун, Грција, под притисок на своите вечни
непријатели Бугари, беше принудена да попушти пред сите претерани
барања на Србите, оставајќм им го на Словените без заштита и целосно
сиот елинизам во грчка северна Македонија. Тоа беше потврдено 1913 година
во Букурешт со грчко-српската гранична линија која оди од Мариово
(Кајмакчалан) до пристапот кон Охридското Езеро и која нема никаква
етнолошка, стратешка или географска основа.
Без сомнение, овие факти им се познати на сојузничките влади кои
благодарение на нивните конзули во Битола знаат дека Србите немаа
никакво право на Битолската околија

Впрочем, отсуството на секаква поврзаност помеѓу духот на нашата


земја и Србизмот го докажува следниот факт: додека нашите сограѓани
доброволно се ангажираа за време на светската војна под знамињата на
Грција, Франција, Англија и САД, речиси никој не служел доброволно под
српските знамиња.

А што се однесува на српската тиранија, сметаме дека на нас, сите


останати Грци, доволно е да се потсетиме на смртоносниот удар од нацио-
нален аспект кој ни е нанесен со затворањето и узурпацијата на нашите
училишта и цркви и сите да се уверат дека не можеме да живееме под
ропство на Србите, омразено и неподносливо од сите аспекти.

Можеби е умесно да Ве потсетам дека на 6/19 ноември 1913 год.,


српската полиција од Битола бесрамно и без причина ги симна англиското и
француското знаме од зградата на Отоманската царска банка и од други
места. Од друга страна, бруталноста на српските власти кон поголемиот
дел од странските државјани им е позната на сите во Битола.

Овдешните Срби, и покрај тоа што тие не само што не се мнозинство


тукудури ни најмало малцинство од населението, не им признаваат никакви
права на тие кои претставуваат мнозинство; тие имаат намера да ги
славјанизираат сите, со самоволност и насилство. Откога го отстранија

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________129

грчкото свештенство, тие никаде не дозволуваат - н.пр. ниту во Крушево


ниту во Охрид, седиште на првата и прочуена грчка архиепископија на
Јустинијан - ниту благословување дома ниту помени на грчките гробишта.
Пред неполни два-три месеци, еден странски српски свештеник во Крушево
забрани во старата грчка Св. Никола на новороденчето да му се даде име
"Антигона" бидејќи е грчко; побара да му се даде српско име а тоа го натера
несреќниот татко да се откаже од крштевањето на ќеркичката одошто да
и дозволи да носи српско име. Но Србите се такви шовинисти што не само
на христијанските имиња туку и на муслиманските им додаваат српска
завршница: -иќ, н.пр.: Ибраим Ахметовиќ.

Залудно до денес повеќе пати Грците од Битола и од Крушево се


обратија до владата во Белград со барање училиштата, црквите и грчките
здруженија да им се вратат. Но, српските влади имаат намера да го задушат
елинизмот на сите нивни нови територии.

Во текот на двете десетлетија кои непосредно и претходеа на бал-


канската војна, Грција ја поддржуваа српската пропаганда против Бугарите
во Скопскиот вилает и дури во кичевската каза од Битолскиот вилает.
Србите никогаш не покажуваа претензии кон териториите јужно од Кичево
каде што немало ниту еден Србин или србофил, освен извесен број на
платеници. Било кој'а статистика да се земе - на некој Фанцуски, англиски,
германски или италијански автор - никаде воопшто не се спомнува српско
население во некогашниот битолски вилает.

Затоа, со доверба во принципите на правда и еднаквост кои го водат


Врховниот совет на Мировната консреренција, воопшто не се сомневаме дека
нашата кауза ќе биде предмет на праведно и точно разгледување и дека
нашите желби во полза на нашето обединување со татковината Грција набргу
ќе бидат исполнети; го молиме Врховниот совет да ни ја укаже честа и да
не слушне лично да го изложиме нашиот случај на наредната Конференција
која ќе го разгледува Источното прашање.

Со почит:

Делегатите на Лигите на битолчаните населени во Солун, Лерин и Атина

Членови-заменици.

Париска адреса:C.-D. Bebis et sons,34 Rue Lafitte

Солунска адреса:Лига на битолчани (Аптека Паписта).

ИДА МНРИ, папка 691 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 691, предмет бр. 2;
превод од
француски јазик

130_________________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

25.

Телеграма од италијанскиот претставник од Париз до


Министерството за надворешни работи во Рим од 7 декември
1919 година, за ставот на балканските земји
во врска со Македонија

До Министерството за надворешни работи


Телеграмабр. 1703

Париз, 7-12-1919 год.

Врска: Моја вчерашна телеграма бр. 1687

Кастолди денес се сретна со Стамболиски кој изјави дека гласините


за српско-бугарското зближување се без основа. Неговите неодамнешни
интервјуа или изјави имаат за цел само да го скршат мразот и даја подобрат
атмосферата на Балканот, за да им се угоди на Франција, Англија и Америка.
Бугарската влада размислува за политиката на присебност, но го задржува
правецот на побарувања на неослободените региони. Српската и грчката
упорност на Конференцијата во врска со територијалните прашања имаа за
цел и обезбедување на можноста за подоцнежни повторни преотстапувања,
како основа за договори. Сепак, Бугарија не може да смета на враќањето
на Цариброд од страна на Србија, како замена за бугарското откажување
од Македонија. Несогласувањата помеѓу разните националности во новата
југословенска држава на Бугарија и налагаат да остане во исчекување.
Српско-бугарските приближувања создаваат недоверба кај Хрватите.

За бугарската влада, денес примарно прашање е излезот на Егејското


Море и бугарско-романското зближување по средувањето на работите во
Добруџа. Кај двете прашања се смета пред се на италијанскиот интерес.
Што се однесува до излезот на Егејското Море, прашањето треба да се
смета како се уште отворено додека не се донесат одлуки во врска со
доделување на подрачјата во Тракија. Ако источна Тракија не и припадне
на Грција, Бугарија може да се надева да го добие назад Дедеагач. За
олеснување на преговорите со Романија, бугарската влада е спремна јасно
да се откаже од територии во Добруџа кои би останале во границите на
Романија, и стопански концесии.

Стамболиски своето размислување го резимира изјавувајќи дека


негова цел е евентуелното создавање на балкански систем кој би се
потпирал на Романија, Бугарија, самостојна Македонија и Албанија под
италијански протекторат.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_______________________ 131

Има намера да ги поддржува италијанско-бугарските односи во сите области:

трговија, индустрија, банкарство, за да се олеснат одличните односи и цврсти


политички основи меѓу двете земји. Полковникот Кастолди ја спомна и
акцијата за време на Конференцијата, за барање во балканските поашања
решенија кои ќе бидат помалку опасни за Бугарија и го увери Стамболиски
дека старата италијанска симпатија и добронамерност спрема Бугарите ќе
се покажат и во иднина. Стамболиски кажа дека е запознат што ита-
лијанската делегација го сторила за неговата земја, но жали што нере-
шавањето на италијанските проблеми понекогаш го ограничувало нејзиното
слободно дејствување. Тој се заблагодари и ја искажа довербата и надежта
за иднината. На разговорот присуствуваше и проф. Ганев.

Џ. де Мартино26 с.р.

ИДА МНРИ, папка 908 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 908, предмет бр.1;
превод од
италијански јазик

26.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија до


Министерството за надворешни работи во Рим од 7 декември
1919 година, во врска со состојбата во Бугарија

Кралско пратеништво во Софија


Бр.3923

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 7 декември 1919 год.

116 - Денес, во недела, во Софија и целата Бугарија се одвиваат општински


избори согласно новиот закон; сите избирачи се должни да гласаат. Голема
турканица на избирачките места но спокојство.

Продолжува иследување на политичките обвинети и ...по војната (моја


телеграма 2529 од 25 ноември). Ако неодамнешниот закон сериозно се
примени, на неколку високо поставени глави, помеѓу кои е и поранешниот
министер Тончев, им се заканува голема опасност. Неодамна уапсениот

26 Де Мартино Џакомо, плем. (Берн 1868 - Рим 1957), во дипломатско-


конзуларна
служба во Берлин (1920-22), Цариград, Каиро, Берн, Париз, Лондон (1920-22);
сенатор.

132__________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

македонски генерал Протогеров27 избега од затвор. Во многу градови многу


се жалат на недостиг на храна. Бегалците известуваат дека Србите ги
мобилизираат сите млади Македонци од 18 до 35 години и ги испраќат кон
Босна и Далмација.

Ве молам за ова да ја известите Врховната команда - Оддел за над-


ворешни работи.

Девинкелс

ИДА МНРИ, папка 907 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 35 ; превод од


италијански јазик

27.

Извештај од италијанскиот висок комесар во Софија


до министерот за надворешни работи во Рим од 6 март 1920
година, во врска со македонското прашање, со прилог

Високиот комесар
Бр. 257/40 Софија, 6 март 1920 год.

До Н. Е. сенаторот Шалоја

Предмет: Македонското прашање


Господине министер,

Извршниот одбор на македонските друштва заедно со пропратното


писмо донесено лично од г. Павлов, поранешен бугарски агент во Драч и
активен член на одборот, ми ги предаде и приложените апели до прет-
седателите на Сенатот и Долниот дом.

Според споменатата организација, документот има за цел одржување


на актуелноста на македонското прашање во моментот кога парламентите
на главните сојузнички и придружни сили ќе го разгледуваат и ќе диску-
тираат за ратификацијата на Нејскиот мир.

Му ветив на г. Павлов дека апелот ќе го проследам на соодветно


место, но искористив прилика да го потсетам на потребата, македонските

27 Генералот Александар Протогеров, Тодор Александров и одреден број


бугарски
политичари, владата на Александар Стамболиски ги обвини за национална
катастрофа на
Бугарија во Првата светска војна. Биле уапсени но набргу потоа со помош на
Воената лига
побегнале од затвор.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА__________________________________________________133

организации да не се служат со крајни средства на непромислен и насилен


начин, со што се загрозува благосостојбата на тамошното бугарско насе-
ление и во голема мера се нарушува расположението на Големите сили.

Се чини дека пријателски совет е умесен во мигот кога повторно


доаѓаат вестите за претстојни востанија во Македонија и за нови сомнежи
дека Италија тајно го поттикнува движењето на отпорот против Србите.

Холандскиот информатор баронот Кројф кој одржуваше врски со


нашето информативно биро во Трст и изврши испитување за духовната
состојба на балканското насепение во врска со тоа ме извести дека вла-
деачките кругови од Белград се доста загрижени заради нашата активност
во Бугарија и Црна Гора. Луѓето потврдија дека југословенската држава не
би можела да се одбрани од движењето раководено од Италија, во договор
со Македоно-Бугарите, Албанците и Црногорците и дека нејзиното постоење
би дошло во прашање; пред бугарската опасност тие дури сметаат дека на
Југославија би и одговарало да се договори во врска со јадранското прашање
за да се спречи ужасен крах.

Се чини дека таквите информации главно одговараат на вистинската


состојба. Лесно се гледа како во таквата можност за одмазда, бугарската
влада и јавното мислење гледаат една од главните причини за следење на
политика на договарање со Италија.

Толку силно оружје во наши раце не треба да се занемари и досега не


е занемарувано, и покрај италијанско-грчкиот договор кој засеа толку
сомнежи во Бугарија, Албанија и Турција, на сметка на италијанската по-
литика.

Сите се свесни за потребата од максималната претпазливост во


дејствувањето. Подмолното, себичното и нелојалното однесување на австро-
унгарската монархија на Балканот не може и не смее во либералната и
обмислена политика на Италија да најде безумни имитатори кои бараат
лесен и краткотраен престиж и успех.

Тој концепт ме водеше повеќе пати кога ги примав членовите на


македонскиот комитет. И овој пат на г. Павлов му ги повторив советите за
умереност и разум, но искажувајќи ја мојата верба во праведна иднина и во
средувањето на македонското прашање согласно праведните стремежи на
тамошното население. Го уверив дека Кр. влада и италијанското Прате-
ништво остануваат на исто мислење во врска со овој тежок проблем.

Бидејќи од сите страни, дури во круговите на овдешната влада се


појавуваат повеќе или помалку непосредни критики во врска со споменатиот
италијанско-грчки договор и бидејќи некои нам спротивни сили секогаш се
обидуваат да сеат никулци на недоверба кои имаат за цел поткопување на
чашето влијание на Балканот, ги предупредив повластените овдешни

134___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

политички водачи да не донесуваат избрзани, импулсивни оценки кои се


штетни за интересите на Бугарија. На еден доста влијателен функционер
во овдешното Министерство за надворешни работи кој - верувајќи дека ми
дава за нас полезни информации - во врска со гореспоменатиот договор ми
рече: "добро, разбираме, но не треба да се почнува одново!", му одговорив
засегнато:"На крајот на краиштата, Италија а не Бугарија, ако веќе правела
отстапки пред Грција на сопствена сметка, тоа го правела во интерес на
мирот, за барем привременото расчистување на непријатна ситуација; со
ваши сомнежи и ваши критики ќе ризикувате да ја вознемирите и обес-
храбрите италијанската политика која секогаш се обидувала повторно да
ги стекнете симпатиите на сојузниците, да ја консолидирате вашата
национална кохезија, да ви се отворат видици на сила и просперитет кои
ние ви го посакуваме."

Ми се чини дека таквите совети се неопходни и на крајот тие добро се


прифаќаат, дури и како знаци на разумен, претпазлив правец, далеку од
себичните интриги карактеристични за бившата Хабзбуршка монархија која
фатално заврши и за самата Бугарија.

Така, ако не грешам и ако Вашата Екселеницја се согласува, ќе мо-


жеме - без да се компромитираме - да ги демантираме нападите на нашите
противници и на оценката на самите грчки елементи - кои се надеваат дека
на префинет начин ќе ја уништат нашата работа -, недостојни наследници
на Одисеј: "Италија - велеше г. Зафиропулос, секретар на г. Венизелос
разговарајќи со баронот Кројф за италијанско-грчкиот договор и за нашата
дејност во Албанија - стана гробар на сопственото влијание на Балканот".

Ако продолжиме со нашето помирувачко но решително однесување,


и не толку дамнешните настани ќе покажат дека таквите грчки прогнози се
во најмала рака смели.

Во исто време, нашето влијание во Софија е далеку од тоа да се сруши.

Примете ги, господине министер, изразите на моето високо почи-


тување.

Алијоти с.р.

Кралско министерство за надворешни работи

Генерална дирекција за полититички работи

Одд. 3 - сект.2 Рим, 8 април 1920 год.

Предмет: Македонско прашање

Извршниот одбор на македонските друштва во Софија се обрати до


кр. министер со молба да ви се предаде апелот наменет според спомена-

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА
_______________________________________________135

тата организација за одржување на актуелноста на македонското прашање


сега кога парламентите на главните сојузнички и придружни сили ќе го
разгледуваат и разговараат за измените на Нејскиот договор. Во прилог ви
го препраќам споменатиот документ и ве молам, г. претседателе, да ги
примите изразите на......

Сфорца с.р.

До Претседателот на Долниот дом


Претседателот на Сенатот

ИДА МНРИ, папка 908 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 908, предмет бр.
11; превод од
италијански јазик

28.

Информација на Министерството за надворешни работи


во Рим за министерот за надворешни работи од 25 мај 1920
година, за средбата со Иван Каранџулов, со прилози
Миистерство за надворешни работи

Иван Каранџулов28
(За македонската кауза)

Рим, 25мај 1920год.

Господине министер,

Го примив господинот Каранџулов, бугарски судија, претседател на


македонските друштва, кој ми беше претставен со приложеното писмо на
колегатаДурини.

Тој преку мене и се заблагодари на италијанската влада за симпатијата


која секогаш ја покажувала за македонската кауза и искажа благодарност
за постојано благонаклониот став на италијанското јавно мислење.

Во Рим имал разговори со г. Налди, директор на "Тетро", кој го


претставил на генералот Гарибалди, со г. Милели од "1с1еа Магјопа1е" и со
други личности. Изјавува и дека е задоволен од овие разговори.

28 Иван Каранџулов, претседател на Извршниот комитет на македонските


братства
во Бугарија.

136__________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Колку што разбрав, се разговарало за создавање на комитети за


пропагирање на македонската кауза и не биле спомнати други облици помош
од страна на Италија.

Г. Каранџулов ќе замине за Франција и Англија за ..... на каузата на


Македонците.

Јас од моја страна му дадов општи изјави во смисла на благонаклона


ориентација на италијанското јавно мислење кон Бугарија и речиси сигурно
видувања во полза на македонската автономија. Бев резервиран во врска
со ставот на Владата и затоа што тој не ме праша во врска со тоа.

Кора29 с.р.

Софија, 4 март 1920 год.

Драги пријателе,

Г. Иван Каранџулов од сегашното Јавно обвинителство при овдешниот


Врховен суд и "претседател на Извршниот комитет на македонските дру-
штва во Бугарија" ми изрази желба да добие неколку писма за прет-
ставување во Рим, каде што има намера набргу да замине, а потоа да про-
должи за Англија а по можност и за Франција.

Види се со него и поразговарај малку со него и ако мислиш дека е


умесно, претстави го на другите власти на Министерството.

Срдечно Те поздравувам и Ти ја стегам раката

Дурини30 с.р.

ИДА МКРИ, папка 908 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

29 Кора Џулијано Еџидијо (Кастиљоле Дасти 1884 - Фиренца 1968), во


дипломатска
служба во Вашингтон, АдисАбеба, Белград (1913), Лондон, Токио, Белград
(1920-21), Техеран,
Минхен, Драч.

30 Дурини ди Монца Ерколе Лукипо, гроф (Горла Миноре - Милано, 1876 -


Милано
1968), во дипломатска служба во Петроград, Брисел, Цариград, Берлин, Адис
Абеба, Лисабон,
Лондон, Софија (1920), Минхен, Будимпешта; сенатор.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_____________ 137

29.

Телеграма од италијанскиот конзул во Солун


до Министерството за надворешни работи во Рим од 9 јули
1920 година, за состојбата во Битола, со прилози

Дешифрирана телеграма бр.3825


Кралски конзулат - Солун

До Министерството за надворешни работи

Оддел 3

Рим Солун, 9 јули 1920 год.

41 - Мојата тел. бр. 38 - Од истиот извор разбрав дека еден воз на арти-
леријата пристигнат од Скопје заминал за Битола.

Од Скопје во Битола пристигнале големи количества на муниција и


брашно.
Неколку десетина дена во Битола пристигнуваат бројни српски офи-
цери.

За истото ги известив и Кралските пратеништва во Атина и Белград.

Долфини31

Дешифрирана телеграма бр. 3866

Кралско пратеништво во Атина

До Министерството за нгчдворешни работи

Оддел 3

Рим Атина, 14јули 1920 год.

301.-Дов.
Телеграма бр.700 на В.Е.

Долфини со две телеграми ме извести ча концентрирање на воен


материјал и на српските о4)ицери со дестинација Албанија, не во Солун туку
во Битола.

Испратив телеграма во Солун за објаснување.

Монтања32

31 Долфини Џовани Батиста (Вескована 1882 - Рим 1962), офицер, во


дипломатска
служба во Каиро, Александрија, Драч, Солун, Сан Паоло.

32 Монтања џулио Чезаре (Рим 1874 - Неапол 1953), во дипломатска служба во


Мадрид,
Минхен, Лондон, Вашингтон, Мексикс, Техеран, Кристијанија, Атина,
Цариград (1923), Риоде.
Жанеиро; советник за политичко-дипломатски работи на италијанската
делегација на
Париската мировна конференција во 1919 год. и др.

138___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Дешифрирана телеграма бр. 4164

Кралски конзулат во Солун

До Министерството за надворешни работи

Оддел 3
Рим Солун, 23 јули 1920 год.
48. Телеграма бр. 699 на В.Е.

Се чини дека концентрациите на војската и на храната во Битолско


се поврзани со состојбата во Албанија. Од еден железничар кој вчера
пристигна од Битола разбрав дека на 17 о.м. таму поминале - пристигнати
од Скопје преку Велес - околу 4 илјади војници со артилеријата и продолжиле
кон границата. Се уште не е позната нивна крајна дестинација. Дел од хра-
ната собрана во Битола за војската е упатен кон границата.

За горното ги известив и пратеништвата во Белград и Лтина.

Долфини

ИДА МНРИ, папка 691 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 691, предмет бр. 1;
превод од
италијански јазик

30.

Телеграма од италијанското пратеништво од Белград до


Министерството за надворешни работи во Рим од 17 јули 1920
година, во врска со бугарско-југословенското зближување

Кралско пратеништво во Белград


Дешифрирана телеграма бр. 3979

17 јули 1920 год.

285 - Кралскиот преведувач во Скопје ме известува дека 4 бугарски делегати


треба набргу да заминат за Србија заради преговорите во врска со српско-
бугарското зближување и евентуелното поставување на темели за бугарско-
југословенската федерација. Најголеми тешкотии се очекуваат во дефини-
рањето на македонското прашање. Бугарско-македонската револуционерна
организација секогаш е мошне активна, но во последно време не се забе-
лежани судири.

Галанти33

ИДА МНРИ, папка 908 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 908, предмет бр. 6;
превод од
италијански јазик

33 Галанти Винченцо (Милано 1878-1953), во дипломатска служба во Солун,


Призрен,
Бразил, Скопје (1910-1911), Софија, Белград (1918-1921), Техеран, Москва,
Одеса, Тифлис;

член на Меѓународната комисија за утврдување на границите на Албанија.


ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________139

31.

Телеграма од италијанската делегација во Париз


до Министерството за надворешни работи во Рим од 10 август
1920 година, за наводната соработка на италијанските агенти
со "Македонскиот револуционерен комитет"

Дешифрирана телеграма бр. 4677

Италијанска делегација во Париз

До Министерството за надворешни работи

Оддел 3

Рим

Париз, 10 август 1920 год.

1020. Дописникот од Белград на "Journal de debat"го најавува договорот


помеѓу Басри-бег и претставниците на Македонскиот револуционерен
комитет. Сојузот насочен против Југославија наводно е инспириран од
италијанските агенти кои се надеваат дека со нападите на албанската
граница ќе постигнат двојна цел: да ги одвратат југословенските трупи
концентрирани во Хрватска и да добијат мотив за да посредуваат кај Силите
и да наметнат плебисцит во Призренско, Дебарско и Охридско.
Веста во врска со мојата телеграма 74 и одговорот на В.Е. се демантираат
со телеграмите од Рим во кои се тврди дека поттикнувањето на побуна од
страна на италијанските агенти против Југославија воопшто не постои.

Бонин34

ИДА МНРИ, папка 691 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 691, предмет бр. 6;
превод од
италијански јазик

34 Бонин Лонгаре Лелијо, гроф, италијански амбасадор во Париз (1917-1922)


+++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++
STRANA 140 da se skenira kako dokument i da se prate kako atacment na e-mail
++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________141

32.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија


до Министерството за надворешни работи во Рим од 23 август
1920 година, за средбата со д-р Точков, со прилог

Кралско пратеништво во Софија

Бр.420

До Министерството за надворешни работи - Кабинет

Софија, 23 август 1920 год.

265 - Строго доверливо само за Вас, дешифрирајте сами.

Доктор Точков35, член на Македонскиот централен револуционерен


комитет сосем приватно ми довери дека самиот Комитет на последниот
состанок решил да го обнови интензивното движење во Македонија. Но,
комитетот наводно предложил пред тоа да испрати еден свој член во Италија
(веројатно самиот Точков) за евентуално да се сретне со албанскиот агент
и да го конкретизира акционото единство. Предвидувајќи неможност за
добивање пасош од бугарската влада, тој бара да му биде олеснето, со
посредство на доверливо лице, илегално качување на италијански брод кој
тргнува од лристаниште на Црното Море и слободен влез во Италија. Се
разбира дека се држев доста резервирано во врска со неговото барање. Би
бил благодарен на В.Е. ако сака телеграфски да ме извести дали можам да
го прифатам барањето а да не се компромитирам и со потребна претпаз-
ливост.

Дурини

Министерство за надворешни работи - Рим


Шифрирана телеграма бр. 205
Оддел К.м.

До Италијанското пратеништво - Софија

Рим, 29 август 1920 год.

Врска: Ваша телеграма бр. 265

В.Г. може да го прифати барањето но со максимална претпазливост,


на таков начин ш то запознатоста на Пратеништвото ќе изгледа исклучена.

Сфорца с.р.

ИДА МНРИ, папка 908 (Бугарија 1919-1930); ДАРМ. КС 35; превод од


италијански јазик

3; Д-р Димитар Гочков, близок соработник на Александар Протогеров.


142___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

33.

Телеграма од италијанскиот конзул од Солун до


Министерството за надворешни работи во Рим од 25
септември 1920 година, за превозот на воен материјал

Дешифриранателеграма бр.5830

Кралски конзулат во Солун

До Министерството за надворешни работи

ОдделЗ

Рим

Солун, 25 септември 1920 год.

...... Известен сум дека 400 вагони муниција кои стојат во Бакалево36 Фран-

цузите им ги продале на Србите кои ги транспортираа во Битола. Разбрав


исто така дека со возот "decauvile" по железничката пруга изградена од
Германците за време на војната секоја ноќ се превезуваат трупи во Солун
кои потоа продолжуваат за Охрид каде што се концентрираат.
За горното го известив и Кралското пратеништво.

Долфини

ИДА МНРИ, папка 691 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 691, предмет бр. 8;
превод од
италијански јазик

34.

Извештај од италијанското пратеништво во Берлин


до министерот за надворешни работи во Рим од 21 октомври
1920 година, за посетата на д- р Точков, со прилози

Амбасада на Италија

Берлин

Бр. 2122/972 Берлин, 21 октомври 1920 год.

Предмет: Точков

Господине министер,
Г. Точков, предмет на телеграмата бр. 3884/62 од 24 септември о.г.
(Кабинет) на В.Е. дојде да ме посети и ми кажа дека неговата организација
смета дека актуелниот момент не е поволен за револуционерни движења

36 Непрецизно одредена локација.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_______________________________ 143

па затоа дејноста на истата е насочена во смисла на "самоодлучување". Г.


Точков не се согласува со актуелната бугарска влада склона кон склучување
договор со белградската. Г. Точков смета дека не треба да се штедат напори
зада се спречи Југославија да владее со Балканот. Ми кажа дека разговарал
со шефот на Кабинетот на В.Е. од кој е многу задоволен. Се сложува дека
времето не е поволно за актуелизирање на прашањето на Македонија, но
сепак навистина сака да остане во контакт со Кралската влада. Ми го со-
општи тоа што веќе го кажал во Министерството, дека засега неговата
организација би можела да се ограничи на засилување на односите со
Албанија, што според него е многу лесно. Тој смета дека Македонците ќе
можат да бидат многу полезни за Италија при организирање на Албанија.

Г. Точков заклучи дека тој ќе се погрижи да ме снабдува со вестите


кои можаат да бидат интересни за В.Е. и побара да му биде дозволено да
испраќа и прима преписка за и од Софија преку Амбасадата и Кралското
пратеништво во Софија. Му одговорив дека за тоа треба да побарам упатства
одВ.Е.

Во текот на разсоворов останав резервиран, согласно упатствата на


В.Е.

Ќе Ви бидам благодарен ако ме известите каков одговор треба да


дадам на барањето на г. Точков и ја користам приликата на В.Е. да го изразам
моето длабоко почитување.

Џ. Де Мартино с.р.

До Н.Е. гроф Сфорца


Министер за надворешни работи
Рим

Министерство за надворешни работи


Телеграма бр. 205
Оддел Г.М.

До Италијанското пратеништво - Софија


Врска: Ваша телеграма бр. 265

Рим, 29 август 1920 год.


В.Е. може да го прифати барањето со максимална претпазливост,
така што ќе изгледа дека Пратеништвото не знае ништо.

(потпис нечиток)

144____ ____ __ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Гранд Хотел

Рим

22 септември 1920 год.

Господине комендатор,

Понизно Ве молам да ми дозволите да се видиме на неколку минути.

Ве молам, господине, да го примите моето високо почитување

Д-р Д,Точков
од Софија

Министерство за надворешни работи


Оддел Г.М.

Телеграма бр. 3884/62


ТАЈНО

До Италијанската амбасада во Берлин

Италијански пратеништва во Виена, Берн и Софија

Рим, 24 септември 1920 год.

Д-р Д. Точков, еден од водачите на македонскиот револуционерен


комитет пристигна во Рим со привремена патна исправа издадена под лажно
име од страна на Кралското пратеништво во Софија. Тој ќе продолжи за
Берн, Виена и Берлин (каде што ќе остане подолго) со албакски пасош на
негово име издаден од ова Министерство.

На негови предлози неодредено му е одговорено дека Италија секогаш


со симпатии гледала на македонската кауза, согласно нашите чувства и
традиции.

Сепак, во овој миг не беше опортуна изработка на поконкретна про-


грама за акција.

Ако Точков се појави пред Б.Е/В.Г., примете го љубезно но однесувајте


се кон него со претпазлива воздржливост.

(потпишан) Сфорца

За Софија: Точков го задолжил проф. Милев37 да воспостави контакт со


В.Е.

ИДА МНРИ, папка 908 (Бугарија 1319-30); ДАРМ, КС 17, п. 908, предмет бр. 9;
превод од
италијански јазик

7 Професор Никола Милев, истакнат член на Македонскиот национален


комитет.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА______________________________________145

35.

Извештај од Главниот штаб на Кралската војска до Мини-


стерството за надворешни работи во Рим од 6 декември 1920
година, за врските на Извршниот комитет на македонските
братства во Бугарија со Албанија

Стр.дов.

Инф. бр. 468

Главен штаб на Кралската војска

Оперативен оддел - Оддел 1

Рим, 6 декември 1920 год.

До Военото министерство - Оддел Главен штаб


Министерството за надворешни работи - Кабинет
Главниот штаб на Кралската војска - Оддел; Секретаријат и И. и Е,

Предмет: Македонски иредентизам и неговите контакти со


Албанците

Од непосредни веродостојни извори на 29 ноември сме известени:

"Внатрешната македонска револуционерна организација" во Македо-


нија, особено во српскиот дел, врши тајна пропагандна и организациона
дејност.

Програмата на "Внатрешнатаорганизација" е полна автономија на цела


Македонија.
Незначителното малцинство се оддели од "Организацијата" и во
полза на Југославија се залага за федералистичката идеја и за создавање
на автономна Српска Македонија под југословенско влијание; меѓу пропа-
гаторите на таквата идеја се споменува името на Македонците Никола Ризов
и на д-р Бурев.

Барем засега веќе не се зборува за приклучување на Македонија кон


Бугарија; затоа "Организацијата" можеше да ги привлече македонските
елементи без оглед на народност и вера.

Во изборната борба за Конституанта во Југославија, Бугарите, Турците


и Албанците од српска Македонија вршеа активна пропаганда за да ги
наведат Македонците на коалиција за победа на "иредентистичката" про-
грамата, со што би се формирала група за систематски немири во рамките
на Уставотворното собрание.

Каде што не можеа да се формираат листите со елементите на "орга-


низацијата" (иредентисти, автономисти),таасепогрижидајаподдржи кому-
нистичката партија.

Произлегува дека македонските здруженија остануваат на замислата


да. воспостават политички односи со албанската влада. Наводно преку

146__________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Италија ќе замине во Албанија на преговори мисијата составена од генералот


Климент Бојаџиев, проф. Никола Милев и д-р Димитар Точков. Мисијата
првин би престојувала во Риека.

Во меѓувреме, Македонецот Тодоров38, поранешен бугарски амба-


садор, наводно на 4 ноември маскиран поминал преку Скопје, на пат за
Косово и Тирана.

Без сомнение, Македонците имаат намера во Албанија - поточно во


Елбасан - да воспостават "западно седиште на Внатрешната македонска
револуционерна организација". Наводно за тоа е назначен македонецот
Д'арвингов39, поранешен полковник во Главниот штаб на бугарската војска;

тој наводно заминал од Бугарија и преку Македонија се упатил во Албанија


- се вели - на чело на македонска чета, за да ја "докаже на официјална
Европа слободата на дејствување што ја уживаат македонските иредентисти
во Македонија и покрај строгите мерки на југословенската влада".

"Внатрешната организација" и "Здружението на македонските еми-


гранти во Бугарија" бараат поддршка од Италија; за таа цел во Рим ќе пре-
стојува мисијата на Бојаџиев.

ИДА МНРИ, папка 691 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 691, предмет бр. 9;
превод од
италијански јазик

36.

Телеграма од италијанското пратеништвото во Белград до


Министерството за надворешни работи во Рим од 17 февруари
1921 година, за состојбата во Битолско

Пратеништво на Н.В. крал на Италија


Телеграма бр. 620/136

Белград, 17февруари 1921 год.

До Министерството за надворешни работи - Рим

Предмет: Бугарско-македонско востание

Положба во Битола
Врска: Телеграмата на В.Е. бр.149

Досега собраните информации наведуваат на тоа дека веста за


востанието на Бугарите во Битола е неточна и претерана.
_____________

38 Неидентификувана личност.

39 Во прашање е Петар Д'рвингов.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА______________________________________147

Еден од моите колеги кој има подобри можности за добивање на вести


од тој регион не добил ниту една во таа смисла. Да имало таков сериозен
настан, без сомнение веќе би имало некои реперкусии што овде не е случај.
Пратениците на тој регион се г. Кумануди, актуелниот министер за финансии,
г. Ќирковиќ и покојниот Коста Стојановиќ, поранешен министер за финансии,
односно ниту еден со име наведено во информацијата.

Постои генерал Мичиќ (кој не требада се меша со покојниот истоимен


војвода) во војската на СХС но засега немам информации дека тој е во
гарнизонот во Битола.

Во секој случај, според собраните вести, се чини дека положбата во


Монастир не е добра - состојба на насилство а не на правдата, на сеење на
нетрпение и на омраза а не на мирен соживот а уште помалку на збратиму-
вање меѓу расата која командува и тие со кои се командува. Владата на
СХС се обидува да ја сокрие и сака таму да дејствува со што помала
контрола, па дури на сите влади, и на тие од балканските земји, не им издава
дозвола да отворат конзулати во Монастир бидејќи не сакаат странските
власти да гледаат и слушаат и да известат за вистинската положба.

Г.Манцони40 с.р.

ИДА МНРИ, папка 909 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 909, предмет бр.10;
превод од
италијански јазик

37.

Писмо од Министерството за надворешни работи во Рим до


италијанското пратеништво во Париз од 15 април 1921 година,
за положбата во Македонија, со прилог

Министерство за надворешни работи

Генерална дирекција за политички работи

Оддел Европа и Исток - Биро 3

Бр. 24782/999 Рим, 15 април 1921 год.

До Италијанската амбасада - Париз


Препраќање на предметот: Положбата во Македонија

Нота на Извршниот комитет на Македонските друштва од 29 март во


врска со актуалната ситуација во Македонија.
Со молба за враќање.

Генерален директор за политички работи

№ Манцони Гаетано, гроф (Луго 1871 - Кандерштег 1937), на служба во Солун,


Александрија, Каиро, Цариград, Берн, Париз, Рио де Жанеиро, Атина, Лондон,
Белград (1920-
1922); сенатор.

148________________________ _____ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Извршен одбор на Македонските друштва

Бр.121

Софија, 29 март 1921 г.

До претседателот на Министерскиот совет - Рим

Екселенцијо,
Додека ние, Македонците, иселени или избегани во Бугарија, во мемо-
рандумите и барањата упатени до владите и парламентите на големите
цивилизирани нации и до Друштвото на народите ги изнесувавме нашите
маки и тие на нашата несреќна татковина Македонија и се заземаме за
создавање на автономна македонска држава под покровителство на Дру-
штвото на народите или на некоја голема сила која тоа ќе ја определи, по-
ложбата таму стана се понеиздржива и сега до нас стигнува одглас на нови
маки и нови ужаси.

Навистина, додека порано прогонувањата се вршеа на сокриен начин,


од страна на непројавени агенти на српските или грчките власти регрутирани
меѓу најниските и најзлосторничките елементи на населението, сега самите
власти се вклучуваат во акциите натајните чети. Српските и грчките власти,
давајќи му го во последно време на македонското население правото на
кориостење на уставните слободи кои не ги уживаше за време на претход-
ната власт во 1913-1915 година, го повикуваат на остварување на изби-
рачкото право на законодавните избори, тие сепак од нивното враќање во
оние краишта никогаш не престанале против Македонците да ги користат
сите можни постапки на насилство и терор со цел да се скрши нивниот
морал и даја загубат својата националност! Ниту минимумот на културни и
религиозни права предвидени за заштита на малцинствата и потврдени во
мировните договори никогаш не е применет ниту пак некогаш ќе биде ако
тоа и седовери само на волјата на владиге во Белград и Агина. Србите и
Грците, кои ги признаа тие права со тешко срце, прават се, со најсвирепи
средства и со денационализација да го уништат самиот елемент кој би
требало да има полза од тоа.

Екселенцијо,

Самата српска држава во последно време со "Обзнаната" на мини-


стерот за внатрешни работи г-дин Драшковиќ од 28 јануари 1921 год.,
објавена во Службениот весник и во гласилата на српскиот печат и дистри-
буирана во илјадници примероци во Јужна Србија (во документот се из-
бегнува да се користи името Макадонија) призна дека нема мир и сигурност
на тоа подрачје и дека таму се случуваат работи што се за жалење. Откога
го формулира повикот на адреса на избеганите и на бунтовниците, тие да

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА____________________ 149

се предадат до 9 март на цивилните или воените власти, ветувајќи им во тој


случај делумно помилување и поблаго однесување, во "Обзнаната" на г-
дин Драшковиќ без заобиколување се вели дека ќе се стави крај на таквата
состојба со испраќање на трупи, на жандармеријата и на летечки одреди
кои ќе ги убиваат или апсат бунтовниците, ќе ги протеруваат и принудуваат
на иселување сите нивни роднини па дури и цели села, додека нивните
неупотребувани огништа и имоти ќе ги прекријат трева и трње.

Оваа мерка - која наликува единствено на специјалната наредба на


српските власти за време на првата доминација во Македонија, дистри-
буирана и коментирана од авторите на извештајот на Анкетната комисија
на Фондацијата Карнеги - е не само спротивна на човечките чувства и не е
од таква природа што може да воспостави мир и законски поредок во нашата
несреќна поробена татковина туку претставува нов доказ на тајната на
вистинска намера на Србите за намалување на националниот отпор на насе-
лението кое им е туѓо и на кое му се одрекува секаква правда. Бидејќи, ако
нивната цел беше заплашување на неколку вжештени глави кои во очај
земале оружје во раце и се повлекле во планините, ние од тоа не би правеле
случај. Но, веќе првите последици на истата ни покажуваат дека всушност
станува збор за тоа, пред светот да се презентира комотен преттекст за
тероризирање на македонското население и да не добие желба да ја бара
примената на јазичните, верските и други права признати од страна на
Мировната конференција.

И навистина, веднаш по објавувањето на владиниот циркулар за


примена на кој г-дин Драшковиќ лично отишол да им даде упатства на
властите во Македоинија, прогонувањето на македонското население
продолжи, животот во земјата стана понеподнослив, приливот на луѓе во
планините доби позначајни димензии и регистриран е нов егзодус на
поединци и на цели семејства кои бараат засолниште во Бугарија. Списокот
на злосторства извршени од агентите на српската држава врз македонското
население е предолг да се наведува но спремни сме тоа да го сториме ако
Вашата Екселинција би сакала да го има за да извши истрага со посредство
на непристрасни лица.

Екселенцијо,

Известувајќи ве за злосторствата и теророт кој се спроведува во


нашата татковина од страна на странските стопани кои ја држат под до-
минација, сметаме дека ја исполнуваме задачата не само кон нашите
сонародници на чија трагична судбина и нема рамна во Европа, туку и кон
цивилизираното човештво за кое мирот на Балканот е скапоцен и кои се
бунтуваат против актите какви што ги вршат угнетувачите на нашата тат-
ковина. Нас ни е јасно дека нечовечките и злосторничките дела и мерки на

150 ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Србите и Грците во Македонија се далеку од тоа да внесат режим на мир и


ред во земјата туку набргу ќе предизвикаат најтешки немири кои можат да
го запалат огнот на Балканот.

Затоа, во интерес на правдата и на мирот и на цивилизацијата ја


молиме Вашата Екселенција за миг да го посвети своето внимание на
состојбата во Македонија и да ги има на ум мерките што ги налага состојбата.

Господине претседателе на Советот, примете ги уверувањата на на-


шето високо почитување.
Претседател: И. Каранџулов с.р.
Секретар: Н. Томалевски с.р.

(печат: Извршен комитет на македонските друштва - Софија)

ИДА МНРИ, папка 909 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 909, предмет бр. 9;
превод од
италијански и француски јазик

38.

Телеграма од италијанското пратеништвото во Белград


до министерот за надворешни работи во Рим од 21 април 1921
година, за бугарско-југословенските односи, со прилог

Пратеништвото на Н.В. крал на Италија

Белград
Телеграмабр. 1452/308

21 април1921 год.

Предмет: Југославија и Бугарија

Како продолжение на мојата телеграма бр. 200 ја приложувам


службено врачената копија од страна на овдешното бугарско Пратеништво,
упатено до овдешниот министер за надворешни работи, за да се покажат
како невтемелени обвинувањета упатени до Бугарија дека организира чети
за внесување на немири во Македонија, Тракија и Добруџа е дека сака да го
избегне спроведувањето на Нејскиот договор, како и за спречување на
евентуелни санкции од страна на Државата на СХС.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_________________________________ 151

Вршителот на работите на Бугарија во врска со тоа побара разговор


со мене и со задоволство го прифатив предлогот. Тој инсистираше на
тврдењето дека гласините за организирање на чети се без основа; инси-
стираше на цврстата решеност на софиската влада за спроведување на
клаузулите на Мировниот договор и го искажа стравувањето дека владата
во Белград сака да ја исползува ова неоснована жалба за да премине на
санкции кои би добиле облик на територијална окупација. Според него веќе
се вршат подготовки во таа насока со пропагандната активност во Цариброд,
задасезаземерегионотнаТриУши. Сакаше да знае дали овдешната влада
ми ги пренесе жалбите против Бугарија заради неизвршувањето на Нејскиот
договор.

Одговорив дека во врска со тоа не добив никакво соопштение.


Забележав дека суштински бугарски интерес е чесното спроведување на
Мировниот договор и дека владата во Софија во тој случај можела да побара
Меѓусојузничката комисја за репарации да утврди дали клаузулите на
Договорот се спроведени.

Г. Манцони

До Н.Е. Министер за надворешни работи - Рим

Телеграма бр. 27853/312


Министерство за надворешни работи
Генерална дирекција за политички, трговски и
приватни работи за Европа и Исток - Биро 3

До Италијанското пратеништво во Белград

Рим, 29 април 1921 год.

Предмет: Бугарски жалби против Југославија


Врска: Извештајот бр. 1452/308 од 21 о.м. и мојата телеграма бр. 832

Го прифаќам Вашето однесување и за Ваша информација Ве изве-


стувам дека овдешниот бугарски амбасадор ми остави промеморија во врска
со српските намери за заземање на бугарските територии а особено на
базенот на камениотјаглен во Перник, како и регионот наТри Уши, земајќи
го како изговор создавањето на бугарски чети чие постоење владата во
Софија категорички го одречува.

152 ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Според споменатата промеморија, српските власти на подрачјето на


Цариброд наводно со сила собираат потписи на месното население со изјави
дека земјата не би можела да постои без заднината и дека затоа Кралството
на СХС би требало да ја добие и територијата околу теснината Три Уши.

Бугарските воено-управни власти наводно ги надгледуваат сите


сомнителни лица а што се однесува на старите македонски револуционери
избегани од затвори - н. пр. веќе споменатиот Тодор Александров -, тие
наводно сега се наоѓаат на српската територија. Вестите од бугарската влада
во врска со тоа целосно се совпаѓаат со истите на владата во Белград.

Бугарската влада која настојува чесно да ги спроведе сите клаузули


од Мировниот договор, изјавува дека е спремна да ги прифати сите истраги
кои се сметаат за корисни за утврдување на вистината.

(потпис нечиток)

ИДА МНРИ, папка 909 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 909, предмет бр. 8;
превод од
италијански јазик

39.
Телеграма од италијанското пратеништво во Драч
до Министерството за надворешни работи во Рим од 13 јуни
1921 година, во врска со бугарско-југословенските преговори

Кралско пратеништво на Италија во Драч


Телеграма бр. 1269

До Министерството за надворешни работи - Рим

Драч, ЧЗјуни 1921 год.

ПРЕГОВОРИ ПОМЕЃУ БУГАРИЈА И СРБИЈА

Иако се работи за одмината работа, сметам дека не е бесполезно на


В.Е. да и обрнам внимание на статијата во романскиот весник "Индрептареа"
(Букурешт, 14 мај), во врска со мојата телеграма бр. 635 од 21 април о.г.

"Во извештајот од Софија се вели дека во тамошните дипломатски


кругови постојано се расправа за обидите на Стамбулиски за приближување
на Бугарија кон Југославија. Едно лице кое е во тек со чекорите направени
со посредство на еден дипломат, наводно известил дека бугарската влада
изјавила дека е спремна дефинитивно да се откаже од Македонија ако
Југославија се обврзе даја поддржи исправката на бугарските граници кон
Солун и Босфор. Се чини дека овој предлог наишол иа најголемо спротив-

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________153

ставување од страна на радикалите на Пашиќ и на Регентот. Напротив,


никогаш како во овој период југословенската влада толку не инсистирала
кај Врховниот совет на буквалната примена на Нејскиот договор, најавувајќи
дека во случај на одбивање ќе ги заземе рудниците во Перник и други
бугарски места. Тоа и беше соопштено на бугарската влада."

(потпис нечиток)
ИДА МНРИ, лапка 701 (Албанија 1919-1930); ДАРМ, КС 35; превод од
италијански јазик

40.

Телеграма од италијанскиот претставник од Софија


до Министерството за надворешни работи во Рим од 4 јули
1921 година, за убиството на Горче Петров

Телеграма бр. 1159/220

Софија, 4јули 1921 год.

До Министерството за надворешни работи - Рим


На28јунио.г. најавноместовоСофијаеубиенГорчеПетров41, Маке-
донец, претседател на Комисијата за бегалци во Министерството за внат-
решни работи.

Убиецот се уште не е фатен од страна на бугарската полиција.

Се вели дека причините за убиството се политички а извршител е


некој Македонец-застапник на македонските екстремисти кои не се
задоволни со задолженијата кои ги извршувал Петров.

Исто така кружат гласини дека Македонците подготвуваат сличен


напад врз Стамболиски.

Алдрованди42 с.р.

ИДА МНРИ, папка 909 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 909, предмет бр. 7;
превод од
италијански јазик

41 Убиен на 28 јуни 1921 год. во Софија по наредба на Тодор Александров.

92 Алдрованди Марескоти Луиџи, гроф Вијаио (Болоња 1876 - Рим 1945), во


дипломатска
служба во Цариград, Сан Паоло, Кампинас, Њу Јорк, Њу Орлеанс,
Каракас.Филаделфија,
Вашингтон, Париз, Виена, Берлин, Хаг, Софија (1920-1923), Каиро, Буенос
Аирес; секретар на
Меѓународната кочференција во Париз за финансиски и економски прашања во
врска со
новиот поредок на балканските земји (1913) итн.

154___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

41.

Писмо од италијанската делегација во Собранието на


Друштвото на народите до Министерството за надворешни
работи во Рим од 24 септември 1921 година, во врска со
заштитата на малцинствата

Италијанска делегација во Собранието на Друштвото на народите


До Министерството за надворешни работи - Рим

Рим, 24 септември 1921 год.


НАЈИТНО

Дури сега е поделен извештајот на британскиот претставник во Со-


ветот, задолжен за известување за прашањето на заштитата на малцин-
ствата во Албанија. Како што г-дин Балфур веќе изјави, тој се спротивставува
на тоа Албанија за тоа да склучи посебен договор како што тоа е случај со
други земји (Чехословачка, Полска, Романија, Државата СХС, Грција,
Ерменија) туку смета дека е доволна свечена изјава потпишана од ал-
банските претставници и упатена до Друштвото на народите.

Во својот извештај (во прилог)43, г-дин Балфур ја предлага содржината


на изјавата која главно ги следи одредбите содржани во гореспоменатите
договори за малцинства, но содржи и некои посебни одредби за Албанија,
како што ќе може Министерството да забележи споредувајќи го со некој од
претходно наведените договори. Г-дин Балфур предлага исто така Албанија
да се приклучи кон грчко-бугарската конвенција за олеснување на заемното
иселување, потпишана на 27 ноември 1919 год.

Извештајот на г-дин Балфур бргу ќе го разгледува Советот и затоа ќе


и бидам благодарен на В.Е. ако итно ја разгледа планираната изјава и што
побргу да ми даде упатства дали да ја прифатиме или не и за евентуелните
измени на британскиот предлог според кој Албанија треба да потпише изјава
наместо договор, како и за разни одредби и клавзули кои би требале да
бидат содржани во изјавата.

Империјали44

ИДА МНРИ, папка 706 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 706, предмет бр.
10; превод од
италијански јазик

43 Заштита на малцинствата во Албанија - Изјава на претставникот на Албанија


од 2
октомври 1921 год.

и Империјали ди Франкавила Гулјемо, маркиз (Салерно 1858 - Рим 1944), во


дипломатско-конзуларна служба во Берлин, Париз, Вашингтон, Мадрид,
Брисел, Софија,
Белград, Цариград, Лондон; сенатор.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_____________________________________________155

42.

Телеграма од италијанското пратеништво во Драч до


Министерството за надворешни работи во Рим од 14 октомври
1921 година, за затворањето на албанската граница

Кралско пратеништво на Италија во Драч


Телеграма бр. 2998

До Министерството за надворешни работи - Рим

Драч, 14октомври 1921 год.


АЛБАНИЈА - Затворање на границата кон Србија во регионот Корча
Конзуларниот агент во Санти Кваранта45 известува дека албанската
граница со Србија во регионот Корча е затворена по наредба на југословен-
ските власти во Битола и дека тамошните трговци не можат да се снабдуваат
ниту во Солун, заради претходно донесената иста мерка од страна на
грчките власти од Лерин, па затоа се обраќаат до С. Кваранта и Валона и
бараат италијанска стока.

(потпис нечиток)

ИДА МНРИ, папка 701 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 701, предмет бр. 8;
превод од
италијански јазик

43.
Писмо од италијанското пратеништво во Драч до министерот

за надворешни работи во Рим од 4 ноември 1921 година,


за средбата со генералот Протогеров и Други револуционери

Кралско пратеништво на Италија

Драч

Бр. 3268 РИС/МО

До Неговата Екселенција Сенатор на Кралството

Маркиз Томази дела Торета46

Министер за надворешни работи

Рим Драч, 4 ноември 1921 год.

Предмет: Бугарија и Албанија

Имав чест да ја известам В. Е. со телеграмата бр. 3181 дека во Алба-


нија пристигнале некои бугарски револуционерни агенти. Тие се: Павел Хрис-

45 Саранда.

46 Томази дела Торета Пјетро, принц Лампедуза (Палермо 1873 -Рим 1962), во
дипломатско-конзуларна служба од 1898, работи во Виена, Петроград, Минхен,
Лондон,
Москва; член на делегацијата на Париската мировна конференција, министер за
надвортешни
работи на Италија (1921-1922), сенатор, претседател на Сенатот.

156__________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ
тов, Крсто Љондев, Христо Цветков. Првите двајца лично ми се познати. На
средбата одржана во Каваја, од албанската страна отидоа: Бајрам Цури,
Ирфан Окри, Ќазим Кокоши.

Тројцата Бугари ја истакнуваа потребата Албанците да се поврзат со


бугарските револуционерни организации или барем да им помагаат на истите.
Но, тие им обрнаа внимание на соговорниците на различната физиономија
на комитетот на чие чело се наоѓа генералот Протогеров, и кој според нив
има за цел апсорбирање на Македонија од страна на Бугарија, и на организа-
цијата на која тие и припаѓаат, која ја поддржува македонската автономија,
со еднаков третман на различни националности кои ги населуваат тие
региони. Рекоа дека планираат создавање на некој центар за поддршка во
Албанија, кон регионот на езерата, за да можат полесно да вршат подго-
товки на југозападната македонска територија.За таа цел со себе имаа
петстотини илјади франци. Молеа за нивното доаѓање со конвенционална
фраза да се извести д-р Филип Атанасов, Гранд Хотел, Виена.

Со последниот брод пристигна во Драч генералот Протогеров, пре-


дупреден за доаѓањето на тројцата гореневадени и за нивната пропаганда
против него. Тој вели дека Павел Христов, агент на Стамболиски, уште е
висок службенмик на Министерството за внатрешни работи во Софија. Вели
дека Стамболиски се обидува даја стави раката во бугарските активистички
организации за да ги потчини во поволен момент и со тенденција да ја спречи
нивната дејност и да се послужи со нив за целите на својата политика на
договарање со Југославија. Организацијата нема да попушти пред ништо за
да се спречат таквите цели и убиството на министерот генерал Димитриев47
е доказ за тоа.

Тој има намера да ја осуети сплетката на Павел Христов и да се до-


говори со Албанците, Ќе се сретне со Бајрам Цури, Оџа Кадри, Ирфан Окри,
во очекување Хасан Приштина да се врати во Виена. Беговиот план е во
Елбасан да се основа центар со три истакнати пунктови пред Струга,
Поградец и на територијата на Корча.

Горново го разбрав од него лично кога дојде кај мене и ми кажа дека
таму го видел грофот Брамбила.

Потоа, ми кажуваше за неправедниот и несигурниот балкански поре-


док. Го осветли италијанскиот интерес за постоење на што поголема Алба-
нија и исто така еднаков интерес за формирање на една автономна Македо-
нија без која Албанија секогаш ќе биде во опасност. Го критикуваше слепилото

47 Во прашање е Александар Димитров (1873-1921), од 1919 г. министер за


внатрешни
работи и народно здравје на Бугарија а од 1921 г. министер на војската, убиен
од страна на
автономистичката ВМРО.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА 157


на Албанците кои со своите грешки ја попречуваат италијанската политика,
единствената од која можат да се надеваат на спас. Кажа дека гаи најубави
чувства кон нашата земја и дека ќе направи се што е до него за да им ги
отвори очите на водачите за потребата да и веруваат на Италија.

Ќе се погрижам да бидам информиран за се што може да произлезе


од контактите меѓу Бугарите и Албанците. Меѓутоа, треба да се истакне
дека спротивставеноста помеѓу лицата кои дојдоа овде не влијае поволно
на потфатот.

Доаѓањето на Хасан-бег Приштина кој секогаш одржувал врски со


бугарските комитети ќе може да послужи за разјаснување на односните
тенденции и целите на Павел Христов, кога веќе за позицијата и мисијата
на генералот Протогеров не може да има двоумења.

Почитуван господине министер, примете го моето најголемо почиту-


вање.

(потпис нечиток)

ИДА МНРИ, папка 706 (Албанија 1919-1930); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

44.

Телеграма од италијанскиот претставник во Драч до


Министерството за надворешни работи во Рим од 15 ноември
1921 година, за бугарско-албанските контакти, со прилог

Дешифрирана телеграма бр.7060


Кралски претставник во Драч

До Министерството за надворешни работи - Рим

Драч, 15 ноември 1921 год.

1397 - Стр. дов. Сомнежите во врска со мисијата на тројцата бугари, предмет


на мојот извештај бр. 3268, се потврдени особено затоа шо заради немање
на знак за препознавање само на Павел Христов му беше дозволено да
замине заТирана каде што на албанските водачи им го изложи балканскиот
комунистички републикански план; албанските водачи разговараа меѓусебе,
сложувајќи се дека републиканските проекти го поддржуваат обедину-
вањето на Словените и затоа се спротивни на албанските интереси. Кому-
нистичката идеја не е прифатлива во Албанија, му одговорија на Павел Хри-
стов, бидејќи моментов не им дозволува на албанските партии да склучуваат
договори и да преземаат обврски. Но сепак го замолија и неговите двајца
158______________________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДОКУМЕНТИ

другари да не го продолжуваат престојот во Албанија. Со ген. Протогеров


се во тек преговори за општ договор. Бугарските предлози се самостојна
Македонија. Албанците бараат приклучување на Косово и поместување на
границата на Шар Планина (Качаничка клисура) со што Бугарите се сложу-
ваат. Албанците сметаат дека ќе ја добијат и Струга но Бугарите засега се
спротивставуваат. Откога ќе се постигне договор за територијалните стре-
межи ќе се изработи проект за организација и подготвување во случај ако
треба да се дејствува.

Албанците имаат намера да бараат гаранции од Италија и нејзина


арбитража во случај на несогласување. Се очекува доаѓањето на д-р
Атанасов кој во моментов е отсутен. Бугарите се согласуваат со албанските
стремежи за Косово, со очигледна цел да ги придобијат и да создадат
бариера помеѓу Србија и Македонија додека од неа се исклучува значи-
телниот албански елемент и се олеснува бугарската апсорпција.

Кастолди48

Телеграма бр. 99/21


До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 24јануари 1922 год,

Се заблагодарувам на В.Е. за телеграмата бр. 191 во врска со


патувањето на Протогеров во Италија во придружба на полковникот Лоди.
Бидејќи досега од овдешната влада не добив никаков друг податок освен
тие пренесени со мојата телеграма бр. 240, сметам за полезно да одложам
секакво соопштение во врска со тоа додека не биде потребно.

Во врска со евентуалното враќање на полковникот Лоди во Бугарија


ќе ги почитувам упатствата на В.Е. во телеграмата на која одговарам.
Алдрованди с.р.

ИДА МНРИ, папка 706 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 706, предмет бр. 3;
превод од
италијански јазик

48 Кастолди Фортунато (Виџевано 1876 - ?) учествува во Меѓународната мисија


за
реформи во Турција (1904), член на италијанската делегација на Париската
мировна
конференција, висок комесар во Албанија (1920), работи во Драч (1921),
Сантијаго, Лима.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________159
45.

Телеграма од италијанскиот претставник во Драч до


Министерството за надворешни работи во Рим од 20 ноември
1921 година, за договорот за албанската граница

Дешифрирана телеграма бр. 7218


Кралски претставник во Драч

До Министерството за надворешни работи - Рим

Драч, 20 ноември 1921 год.

3466 - Тел. бр. 6397. Договорот меѓу комитетот на бугарските иредентисти и


Албанците е постигнат и потпишан од ген. Протогеров и Хасан бег При-
штина49. На подрачјето на Охридското Езеро, границата ќе биде Дрим
....половина на Албанците а половина на Бугарите. Останува границата која

тече по вододелницата помеѓу Дрим и Вардар и стигнува до Шар Планина.


Во МакедонијаостануваатТетово, Блезал50, Гостивар и Кичево. Албанците
се обврзуваат да ја потпомагаат дејноста на бугарските комити со тоа што
ќе дозволат во Албанија да се формира центар за македонска акција, со
паралелни подготовки во регионите до српската граница. Според мои
информации, министерот за внатрешни работи се согласува. Преговори за
таков договор сега ќе започнат со унгарските иредентистички комитети и
на крајот (ѕ1с) со хрватските. Се чини дека Црна Гора ќе биде занемарена
во полза на Албанците и Хрватите. Откога ќе биде постигнат договор ........

ќе се одржи пленарна седница за евентуални заеднички договори. Албан-


ците досега не упатиле предлози во врска со гаранции и арбитража.

Кастолди

ИДА МНРИ, папка 706 (Албанија 1919-30): ДАРМ, КС 21, п. 706, предмет бр. 6;
превод од
италијански јазик

49 Иван Михајлов, Спомени II. Освободителна борба 1919-1924 г., стр. 158-159;
Михајло
Миновски, Договорот на ВМРО - автономистичка и Албанскиот косовски
комитет за политичка
соработка и за разграничување помеѓу проектираните независни држави:
Обединета
Македонија и Голема Албанија. Сп. "Историја", год. 33, бр. 192, Скопје, 1997.
_____________
50 Неидентификуван локалитет.
160_________________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

46.

Телеграма од италијанското пратеништво во Букурешт до


Министерството за надворешни работи во Рим од 29 ноември
1921 година, за бугарско-југословенските односи

Кралско пратеништво на Италија - Букурешт


Телеграма бр. 3106/819

До Министерството за надворешни работи - Рим

Букурешт, 29 ноември 1921 год.


Предмет: БУГАРСКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ОДНОСИ

Одговарам на телеграмата бр. 77321 Ц. Оддел 4 - Поз. П. 48 од 9 о.м.


на Вашата Екселенција.

Овде никој не верува во можноста за искрено бугарско-југословенско


зближување. Министерот на Кралската куќа, Мишу, кој многу години беше
министер во Софија и е еден од најголемите и најпроникливи познавачи на
балканските земји, и денес ми повторуваше дека тој решително го исклучува
уште најмалку еден век!

Се чини дека Бугарите го сакаат заради една од тие малку прости


измами со кои е полна нивната политика. Кога Стамболиски или другите
зборуваат дури за можноста на персонални унии, тоа го прават со исти дух
како тие кои во Унгарија зборуваат за персонална унија со Романија.
Унгарците се надеваат дека на тој начин повторно ќе ја преземат контролата
на Трансилванија и на крајот на извесен начин Романија да ја приклучат кон
Унгарија; Бугарите се надеваат дека ќе ја преземат контролата врз целата
Македонија и на крајот тие да сстанат водечки народ на јужните Словени.
Во Србија добро се разбира оваа бугарска тенденција и постои длабока
недоверба. Новото Југословенско Кралство веќе има премногу тешкотии
со напори за реорганизација и амалгамирање на своите народи со толку
разпични цивилизации. Влегувањето на Бугарите во оваа се уште аморфна
маса, судбоносно би водело кон отцепување или кон целосно потиснување
на Хрватите и Словенците, но дали потоа Србите би можеле да им даваат
отпор на Бугарите и Македонците? Мислам дека никој во Србија не може да

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА____________________ ____________161

Впрочем, се чини дека и во Бугарија за идејата се зазема само мало


малцинство. Од доверливи вести пристигнати овде се чини дека министерот
Димитров беше убиен токму затоа што бил приврзаник на таа замисла; дека
Стамболиски знае кои се убијците но не може да поведе постапка заради
заканата дека и тој ќе биде убиен и дека тој дури и морал да направи извесни
отстапки на Комитетите на македонски движења за да може да има извесен
внатрешен мир.

(потпис нечиток)

ИДА МНРИ, папка 909 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

47.

Телеграма од италијанскиот претставник од Софија до


Министерството за надворешни работи во Рилл од 11 декември
1921 година, за престојот на Протогеров во Италија

Дешифрирана телеграма бр.7835


Кралско пратеништво во Сосрија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 11 декември 1921 год.


Бр. 249 Стр. дов.

Во разговорот во врска со аферата Вакаро, министерот за земјоделие


Обов ме праша: "Што правеа Бугарите кои Италијаните ги пренесуваа во
Албанија". Потоа кажа дека Протогеров, водач на Македонскиот акционен
комитет заминал од СофиЈа со итапијански воен автомобил и додаде дека;

"тоа произлезе од истрагата покрената во врска со убиството на воениот


министер Димитров",

Пратеништвото е известено дека Протогеров "пристигна во Италија


од Софија во придружба на полковникот Лоди (тел. бр. 1930 на В.Е. до
министерот Дурацо) и во Цариград се тврди дека убиството на Димитров
има врска со патувањето на Протогеров (тел. 19309 од 18 ное.). Полковникот
Фјоре кој денес го прашав ми рече дека полковникот Лоди навистина заминал
од Софија со уште еден господин со автомобилот на Италијанската воеч;

коктролна мисиЈа. В.Е. ќе ја сфати сериозноста на оваа вест. Ве молам телс


графски да ме известите како треба да се однесувам во врска со Протогеро,^

162___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Што се однесува на нашето однесување во врска со македонските сплетки


и дејности во Албанија ќе ги почитувам наредбите содржани во горе-
споменатата телеграма на В.Е. упатена до Кастолди.

Алдрованди

ИДА МНРИ, папка 706 (Албанија 1919-1930); ДАРМ КС 21, п. 706, предмет бр.
5; превод од
италијански јазик

48.

Телеграма на Министерството за надворешни работи


од Рим до италијанските претставништва во Париз, Лондон,
Белград и Атина од 12 декември 1921 година, за македонско-
бугарските контакти

Министерство за надворешни работи - Рим


Телеграма бр. 85250

До италијанските амбасади во Париз и


Лондон и Кралските пратеништва во Белград и Атина

Рим, 12декември 1921 год.


Предмет: Бугарската влада и македонската дејност

За даја информирам В.Е. ја пренесувам следната телеграма на грофот


Алдрованди во врска со притисоците кои Македонскиот комитет наводно
ги врши врз Стамболиски, во полза на македонската акција:

"Известен сум дека Стамболиски има чести контакти со Македонскиот


комитет кој му се закани со смрт ако тој продолжи со непријателскиот став
кон Македонците и кој е под покровителство на Франција и Југославија и
кој ...../предизвика сменување на/ воениот министер Димитров. Стамболиски
наводно ветил неутралност на бугарската влада во врска со македонската
акција предвидена за наредната пролет."

(потпис нечиток)

ИДА МНРИ, папка 909 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 909, предмет бр. 4;
превод од
италијански јазик
++++++++++++++++++++++++++
Страна 163 оди на порака
+++++++++++++++++++++++++++

164____________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

49.

Телеграма од италијанското пратеништво во Белград


до Министерството за надвопрешни работи во Рим
од 14 декември 1921 година, во врска со навлегувањата
на чети од Бугарија

Дов. телеграма бр. 5041/990


Кралско пратеништво во Белград
До Министерството за надворешни работи - Рим

Белград, 14декември 1921 год.

Предмет: Македонија и бугарски чети

Чест ми е да ги пренесам следните вести во врска со дејноста на


бугарските чети во Јужна Србија добиено на 2 о.м. од добро известеното
лице.

"Бугарско-македонските чети кои доаѓаат од Бугарија се секој ден се


помногубројни; може да се каже дека сега тие се појавија во сите подрачја
на Македонија. Споменатите револуционери активно се занимаваат со реор-
ганизацијата на месниот бугарско-македонски елемент, снабдувајќи го со
оружје, муниција и експлозив, ликвидирајќи ги Македонците кои вршат
српска пропаганда, како што е случај во Струмичко и на други места, а на
крај да можат да се спогодат со Албанците од тие краишта за сериозна и
заедничка акција против српската влада. Сојузот би започнал на пролет
1922 г. а цел би била автономија на Македонија".

Г. Манцони с.р.

ИДА МНРИ, папка 909 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 909, предмет бр. 3;
превод од
италијански јазик

50.

Известување на Пратеништвото на Кралството на СХС


во Франција до Амбасадорската конференција во Париз од 17
јануари 1922 година, за положбата на границата со Албанија

Пратеништво на Кралството на Србите,

Хрватите и Словенците во Франција

Бр. 56 Париз, 17 јануари 1922 год.

До Амбасадорската конференција
Ке д'0рсеј

Кралското пратеништво има чест, по наредба на својата влада да ја


извести Амбасадорската конференција за неколку настани кои ја пока-

си прави илузии дека може навистина да создаде држава која би се


протегала од Кварнер до Црното Море.
ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА__________________________________________165

жуваат анархијата која владее во неутралната зона создадена помеѓу Србија


и Албанија и повредите на зоната од страна на редовните албански трупи.

Во Дебар се наоѓаат 700 Срби избегани од селата во Дебарска околија.


Куќите на тие бегалци се уништени и ограбени.

На24минатиотмесец, вос. Девољане51, Албанците ги запалија куќите


на Ќира Мартиновиќ и Димитрие Ачиковиќ; останатите куќи беа ограбени;

селаните, сите Срби, се спасија со бекство. Во селото постојеа 13 христи-


јански куќи и во овој миг таму од христијаните останаа само две стари жени
идвајца мажи.

Во с. Малиново (на картата Хребел) постоеја 30 христијански и 30


муслимански куќи. Сите христијани освен 3 старци и неколку жени се за-
солниле во Дебар. Албанците ја одведоа стоката на Спира ...овиќ, Јован
Гефновиќ и Гена Патковиќ и ги ограбија сите останати куќи. Нашиот градски
советник Реџеп САНСТИР е истепан и помошникот на градоначалникот беше
принуден да избега во Дебар.

Во с. Матјелар постојат 30 муслимански и 23 христијански куќи. Сите


христијански куќи и црквата беа ограбени и од христијаните останаа само
две жени.

С. Оби-у.ка има 18 христијански и 32 муслимански куќи. Во селото од


христијаните останаа само 4 мажи и 7 жени; сите други мораа да избегат во
Дебар за да си го спасат животот. Нивните куќи, училиштето и црквата се
ограбени. Албанците сега ги земаат и штиците, гредите и сета дрвена граѓа
од зградите. Албанците исто така ги исекоа сите дрвја во околината како и
сите овошни дрвја во селото. Христијаните останати во селото го плаќаат
албанскиот чувар за да ги заштитува.

С. Крумиште има 45 христијански и две муслимански куќи. Албанците


го ограбија и сите христијани освен еден старец и 5 жени избегале во Дебар.
Куќите на Илија Јовановиќ и на Арсен Ташиќ беа срушени и Албанците сега
земаат врати, прозорци, штици и греди од куќите; училиштето исто така
беше ограбено и однесена сета дрвенарија. Коњите на Давид Поповиќ и на
Фалдех Михаиќ беа земени и одведени. На 9 декември навечер, Албанците
влегоа во куќите на вдовицата Софија Стојановиќ и на Лазар Божиновиќ и
ја одведоа сета стока; на 11 декември ги претепаа жената на Давид Поповиќ
и вдовицата Сирма која почина еден час подоцна во Дебар. Во истото село
се исечени и сите овошни дрвја.

51 Селото е уште познато и под името Деволија.

166___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ
Во с. Баниште постоеја 31 христијанска и 3 муслимански куќи од кои
останаа само 5 христијански. 5 најдобри куќи во селото се срушени, оста-
натите ограбени и сега, како во другите села, Албанците земаат врати, про-
зорци и сета дрвенарија; однесена е и сета храна.

Во с. Пасинка (округ Голо Брдо), на 12 декември Албанците влегоа во


куќата на вдовицата Вита, земаа се што имаше и ја ранија по ногата.

На 29 декември, албанскиот офицер Ахмет Гуриќ испрати чета од 20


мажи да го ограбат селото Трново. Селаните се спротивставија и ја одбија
четата, но Ахмет Гуриќ испрати уште 40 мажи како зајакнување кои успеаја
да го заземат селото. Помошник градоначалник Заќир Сулејмановиќ беше
задржан како заложник и неговата судбина е непозната. Бегалците од се-
лото бараат помош бидејќи останаа без храна.

Србите кои можеа даја напуштат Албанија и да се засолнат на нашата


територија се околу 700 во Дебар, околу 900 во Призрен; голем број бегалци
се наоѓа во Гаковица и околината. Сите бегалци се наоѓаат во вонредно
голема бедотија бидејќи не понеле ништо со себе. Тие се гладни, болни, им
студи, бидејќи помош во храна и пари за толку голем број бегалци тешко се
организира.

Наведените настани покажуваат како Албанците се однесуваат кон


нашите сонародници и пријатели, жртви на албанска омраза и свирепост.

Наредните информации се добиени за повреди на неутралната зона:

Албанските трупи го преминаа Бањски поток и ја окупираа Бања;

Албанците застанаа на 100 м од с. Ама (во близина на Дебар). Покрај тоа,


тие го одминаа с. Спас и го зазедоа селото Соло-Куќа52.

Во секторот Бојана, Албанците во неутралната зона ги заземаат


позициите Куриќани; пред Подгорица се на позициите долж Суви Поток;

нивните претходници продираат во Флака; Кастатска Црква, мостот наЈас,


Дедаи и Вумпанај.

Албанскиот полковник Бајрам Цури ги испраќа своите мажи во неу-


тралната зона во правец на Гусиње и Призрен за даја пропагира веста дека
при разграничувањето, целата неутрална зона ќе и биде дадена наАлбанија.

ИДА МНРИ, папка 708 (Албанија 1919-30$; ДАРМ, КС 21, п. 708, предмет бр.
3; превод од
француски јазик

52 Селото со такво име не е познато во Дебарско.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_____________________________ 167


51.

Телеграма од Министерството за надворешни работи од Рим


до италијанското пратеништвото во Софија од 22 јануари 1922
година, во врска со дејноста на полковникот Лоди

Министерство за надворешни работи - Оддел 4Е


Тегеграмабр. 191

До Кралското пратеништво во Софија

Предмет: Генерал Протогеров (полковникот Лоди)

Рим, 22 јануари 1922 год.

Стр.дов. Тел. на В.Е.бр.2491

Дури вчера можев да го испрашам полковникот Лоди. Тој тврди дека


бил во Бугарија приватно, како истражувач на балканските прашања. Се
понудил да го спасува генералот Протогеров од човекољубиви побуди
знаејќи дека владата на Стамболиски му поставува заседи. Полковникот
Фјоре не знаел кој му е придружникот.

Го опоменав полк. Лоди заради неговото дело. Тој, кој до вчера бил
во политичка служба на државата не може да мисли дека со една приватна
акција од политичко значење кое е целосно надвор од владините директиви
може да биде одобрена од '"ладата.

Ако сметате за потребно, можете да и објасните на тамошната влада


дека разбравме за горново дури по телеграмата на В.Е. и дека полковникот
Лоди е опоменат.

Пратеништвото евентуелно веднаш ќе преземе соодветни мерки за


отстранување на полковникот Лоди од територијата на земјата.

Торета с.р.

ИДА МНРИ, папка 706 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 706, предмет бр. 7;
превод од
италијански јазик

168_________________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

52.

Белешка на Техничко-географскиот комитет за


Амбасадорската конференција во Париз од 2 март 1922 година,
во врска со неутралната зона во Албанија

ТЕХНИЧКО-ГЕОГРАФСКИ КОМИТЕТ
Бр. 127 Париз, 2 март 1922 год.

БЕЛЕШКА
за Амбасадорската конференција
во врска со неутралната зона во Албанија

Извршувајќи ја одлуката на Амбасадорската конференција, на 1


февруари 1922 год. Техничко-географскиот комитет ја проучи трасата на
неутралната зона која треба да се воспостави најужната граница на Албанија
меѓу Охридското Езеро и ефективната точка од која започна работата на
Комисијата за разграничување од 1913 регистрирана со протоколот од
ФИРЕНЦА.

Неутралната зона ќе може да се дефинира на следниот начин: според


картата 1:200.000 на австрискиот Главен штаб издадена во 1911, репроду-
цирана од Географскиот институт на италијанската војска.
I. Долж српско-албанската граница јужно од Охридското Езеро границата
на неутралната зона ќе биде:

а) од српската страна линијата која поаѓа од Охридското Езеро веднаш


северно од утоката на Серава, преминува ЉУБАНИШТА и го следи патот
од него кон ПИСКРУПИЈЕ а потоа во ХАЛАРУП,

б) од албанската страна на линијата која поаѓа од Охридското Езеро на


височината СТРАТОВА следејќи го патот од ПОДГРАДЕЦ до КОРЧА од
СТРАТОВА натаму до височината ПЕТРУСА, потоа потокот кој извира во
ГРАБОВИЦА и преминува преку ПЕТРУСА и се влева во езерото Малик.
II. Долж грчко-албанската граница до точката каде што започнаа работите
на Комисијата во 1913 год. Планина Грамос. Кота 173,2.

Неутралната зона се граничи:

а) од грчката страна со линијата која поаѓа од Езерото Преспа во ЦРНОВЧКА


и го следи патот од тоа село во РАКИЧКА а потоа во СУЕЦ, во правец на с.
ЗАГРАДЕЦ, ВАМБЕЛИ, КОЛИБИ, ДРАНЦ (Дроничево), РАДОГОЗД потоа по
текот на Белица.

б) од албанската страна од Малик Се до нејзиниот извор по текот на рекгта


Деволи.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКВДОНИЈА_________________ ________________169

Од друга страна, истата одлука на Конференцијата на амбасадорите


предвидува Комисијата за утврдување на границите на Албанија да биде
задолжена на самото место да ја утврди грчко-албанската граница до
точката од која започнаа работите на Комисијата од 1913 год.
Техничко-географскиот одбор е на мислење дека треба да се извести
грчката влада за одлуката обрнувајќи и внимание на потребата од завр-
шување на работате вршени во 1913 год. и утврдување на границата на
самото место, во регионот на поранешната Каза Отоман во Корча. Комитетот
исто така смета дека разграничувањето може да се врши според упатствата
кои го уредуваат функционирањето на Комисијата за утврдување на српско-
албанската граница, сепак со резерва дека тој што е задолжен од српската
влада за таа граница да биде задолжен од грчката влада за грчко-
албанската граница.

Трошоците за утврдување на овој дел на границата би ги поделиле


грчката и албанската влада.

Како резиме, Техничко-географски комитет и предлага на Конфе-


ренцијата на амбасадорите да ги донесе следните одлуки:

!. Да ја извести грчката влада дека Амбасадорската конференција


сметаше дека беше потребно утврдување на границата на делот од грчко-
албанската граница североисточно од планината Грамос и кој не е утврден
во 1913 год.; дека Комисијата за утврдување на границите насевероти на
североисток на Албанија ќе биде здолжена за таа работа која ќе се врши
согласно упатствата кои го уредуваат функционирањето на таа Комисија,
усвоени од Конференцијата на 17јануари 1922 год,, сепак со резерва дека
за грчко-албанската граница грчката влада ќе ги преземе на себе сите
обврски кои споре упатствата и припаѓат на српската влада.

Трошоците направени при утврдувањето на овој дел од границата ќе бидат


поделени рамномерно меѓу грчката к албанската влада и грчката влада ќе
биде поканета да именува претставник кој ќе треба да и стои на располагање
на Комисијата.

!!. Да им се соопшти на албанската, српската и грчката влада горе-


наведената дефиниција на неутралната зона која се протега од Охридското
Езеро до планината Грамос и да се повикаат од таа зона да ги повлечат
сите вооружени лица кои би можеле да се наоѓат та.му, за да и се овозможи
на Комисијата за утврдување на границите слободно да ја продолжи својата
работа во тој регион.

III. Горното да и се соопшти на Комисијата за утврдување на границите


на Албанија и дека добиените упатства ќе се применуваат на операциите

170 _________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

кои таа ќе треба да ги изврши и на српско-албанската како и на грчко-


албанската граница, водејќи сметка за резервата формулирана во пара-
графот 1.

IV. Со Одлукава да се запознае Друштвото на народите.


ДЕЛЕГАТИ: Британски Француски Италијански Јапонски
полк. Сигрејв полк. Бело ком. Маѕолини ком. Сакаи

ИДА МНРИ, папка 708 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 708, предмет бр. 4;
превод од
француски јазик

53.

Телеграма од италијанската амбасада во Париз


до Министерството за надворешни работи во Рим од 17 мај
1922 година, во врска со неутралната зона

Телеграма бр. 2282/1171


Кралска амбасада на Италија во Париз

До Министерството за надворешни работи - Рим

Предмет: Албанска граница

Париз, 17 мај 1922 год.

На денешната седница, Амбасадорската конференција ги разгледа


писмото на Пратеништвото на Грција од 10 април, писмото на албанската
делегација од 28 април, телеграмата на албанската комисија од 1 мај, пи-
смото на југословенското Пратеништво бр. 334/32 од 25 април, писмото на
југословенското Пратеништво од 2 мај и нотата наТехничко-географскиот
одбор бр. 142, сите во прилог.

Со наведените писма, владите и комисиите за разграничување пред


Амбасадорската конференција ги поставија следните прашања:

1. Полиција во неутралната зона. Југословенската влада известува


за формирање на албански побунети чети кои се засолниле во неутралната
зона и комисијата за разграничување известува за мачења од страна на
грчките чети во Корчанско.

2. Скица на неутралната зона. Грчката влада бара границата да се


прошири така што ќе влезе Корча и околината додека албанската
ја искажува желбата да биде вклучена и месноста Сува Гора.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА__________________________________________171

По разгледувањето на барањата, Географскиот комитет на Амбаса-


дорската конференција и го предложи следното:

1) Да ја покани грчката влада да именува свој претставник во коми-


сијата за да може тој да одговара за извршување на мерките преземени од
комисијата за одржување на редот.

2) Да се вратат на комисијата барањата на југословенската и албан-


ската влада во врска со поместувањето на границата на неутралната зона
и со мерките за одржување на редот во зоните кои ги вознемируваат четите.

Упатствата дадени на комисијата навистина предвидуваат евентуални


поместувања на границите на неутралната зона.

Произлегува дека комисијата веќе реши еден дел од неутралната зона


даја запоседнат мешовититејугословенско-албанските трупи.

Амбасадорската конференција ги прифати првиот и вториот предлог


на Техничко-географскиот комитет.

Што се однесува до вториот предлог, сметам дека не треба да се


удоволи на барањето за проширување на неутралната зона на Корча бидејќи
станува збор за грчки обид повторно да го стави на дневен ред прашањето
на тој град. Но, се чини дека комисијата за разграничување треба да го
прекрати географскиот апсурд кој би произлегол од преполовувањето на
полуостровот Сува Гора кој треба да биде или целиот грчки или целиот
албански, како што поосновано се гледа од претходното разгледување на
документите. Тоа го кажав и на седницата и сметам дека во таа смисла
треба да му се дадат упатства на генералот Телини.

Што се однесува на неутралната зона, на Конференцијата кажав дека


ние на Албанија не можеме да и ги наметнеме европските критериуми.
Присуството на југословенските и на албанските трупи е причина за нереди
а не обратно. Затоа треба неутралната зона да остане без трупи или
полициски сили на двете заинтересирани земји.

Го прифатив француското ублажување одн. да се дозволи понекое


делумно повторно запоседнување на некоја точка кога комисијата тоа ќе го
смета за неопходно и двете влади се согласуваат.

Во врска со вооружена придружба на комисијата кога таа ќе ги посети


планинските подрачја сметав дека станува збор за прашањето што ќе го
реши самата комисија на лице место и евентуално таму на трошок на Ал-
банија и на Југославија ќе ги земе потребните луѓе. Но, станува прашање за
нешто што се решава на самото место со тоа што не се работи само за

172___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

гаранција на безбедноста туку на комисијата да и се даде соодветен број на


луѓе за каравани со снабдување, кампување итн. и за одбраната од ситни
локални крадци.

За тоа е постигната согласност и ми се чини дека во таа смисла ген.


Телини ќе треба да добие потребни упатства за таа точка.
Сфорца с.р.

ИДА МНРИ, папка 708 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 708, предмет бр. 5:
превод од
италијански јазик

54.

Промеморија од Пратеништвото на Кралството на СХС во Рим


до Министерството за надворешни работи во Рим од 24 мај
1922 година, во врска со наводното прогласување
на автономна Македонија

Пратеништво на Кралството на СХС


Бр.437

ПРОМЕМОРИЈА

Според сигурни информации со кои располага Кралската српско-


хрватско-словенечка влада, владата на Бугарија во спрега со Македонскиот
комитет подготвува бунт на нејзина територија, а поточно во регионот
Петрич-Мехомија-Неврокоп, каде што ќе биде прогласена "Автономна
Македонија".

Целта на оваа бугарска дејност е да му се докаже на европското јавно


мислење дека навистина постои македонско движење за автономија.

Рим, 24мај 1922год.

ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 910, предмет бр.
23; превод од
француски јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_______________________________ 173

55.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија до


Министерството за надворешни работи во Рим од 9 јуни 1922
година, за бугарско-југословенските односи

Дешифрирана телеграма
Кралско пратеништво во Софија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 9 јуни 1922 год.


Бр.3939
82 - Во овдешниот печат се појавуваат наговестувања за влошување на
односите со Југославија заради комитите во Македонија. Се пишува дека
Србите ја концентрираат војската за да го окупираат бугарскиот триаголник
во правец на Ќустендил. Утрово генералниот секретар за надворешни работи
го посетил с'-:'скиот амбасадор за да му предложи меѓународна истражна
или српско-бугарска мешовита комисија. Истиот чекор треба да се направи
во Белград од страна на бугарскиот ополномоштен амбасадор. Овдешниот
српски амбасадор пред мене ја демантира веста за концентрација на
српските трупи и ми кажа дека бугарскиот генерален секретар за надво-
решни работи изјавил дека ќе пренесе предлог за истрага во Белград но
нема да го поддржи бидејќи е убеден дека не е потребна истрага туку мерки
од страна на бугарската влада на која не и е непознато и движењето на
комитите кои по враќањето од нивните потфати наоѓаат засолниште а ако
се ранети дури во овдешните болници.

Алдрованди

ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 22, предмет бр. 22;
превод од
италијански јазик

174___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

56.

Телеграма од Министерството за надворешни работи во Рим


до италијанските претставништва во Париз, Лондон, Софија
и Белград од 12 јуни 1922 година, во врска со македонското
движење, со прилози

Министерство за надворешни работи - Рим


Телеграма бр.33708 М.н.р,

До италијанските амбасади во Париз,


Лондон и пратеништвата во Софија и Белград

Рим, 12јуни 1922 год.

Предмет: Бугарија и Југославија

За информирање на В.Е. во прилог Ви испраќам две вербални ноти


пристигнати од овдешното Пратеништво на СХС, едната во врска со
македонското движење кое го поттикнува Бугарија и другата во врска со
дејноста на бугарските чети на југословенска територија.

Додавам дека на 8 о.м. овдешното министерство го посети бугарскиот


амбасадор г. Радев и зборуваше за југословенските приговори; кажа дека
четите на чија дејност се жали југословенската влада воопшто не се
организирани туку станува збор за поединци кои дејствуваат од лична
одмазда. Бугарската влада не би толерирала организирање на чети на
својата територија ниту па има интерес тоа да го прави. Сепак не може да
го спречи и попречува создавањето на мали случајни чети кои ползувајќи
го недоволниот надзор на границите преминуваат на македонската тери-
торија и си даваат одишка со приватни одмазди.

Бугарската влада е изненадена од заканата на југословенската влада


дека ќе окупира некои погранични подрачја и верува дека Силите ќе најдат
начин да го спречат тоа.

За Министерот: Лаго53 с.р.

53 Лаго Маријо (Савона 1878 - Капри 1950), во дипломатска служба во Ница,


Измир,
Тангер, Прага и Родос, најодговорни функции во МНР во Рим (ген. директор на
Политички и
управни работи за Европа и Исток, 1920 год. и т.н.); сенатор.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_________________ 175

Пратеништво на Кралството на СХС


Пр. 437

ПРОМЕМОРИЈА

Според сигурни информации со кои располага Кралската влада на


СХС, бугарската влада заедно со Македонскиот комитет подготвува во-
стание на својата територија, попрецизно на подрачјето Петрич-Мехомија-
Неврокоп, каде што ќе биде прогласена "Автономна Македонија".

Целта на оваа бугарска акција е на европското јавно мислење да му


се покаже дека навистина постои македонско движење за автономија.

Рим, 24мај 1922 год.

Пратеништво на Кралството на СХС


Пр.468

ПРОМЕМОРИЈА

Веќе подолго време а особено во последно време, на територијата на


Кралството Бугарија се организираат разни разбојнички чети кои навле-
гуваат на територијата на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците
каде што тие вршат злостирнички дела. Често овие чети на злосторници
успеваат да извршат злосторства врз мирното население на Кралството
додека понекогаш - притиснати од прогонување - тие се спречени во тоа.
Сепак, и во еден и во друг случај овие чети на злосторници редовно се
враќаат во Бугарија без каква и да е пречка од страна на официјалните
органи на Кралството Бугарија.54

Затоа министерот за надворешни работи на Кралството на СХС г.


Нинчиќ на 31 мај го повика претставникот на Бугарија во Белград и му изложи
дека Кралската влада нема да го трпи продолжувањето на таквата состојба,
спротивна на сите начела на одржување на коректни односи меѓу две
соседни земји, која претставува сериозна закана за мирот и затоа Крал-
ството на СХС одбива да сноси одговорност за сериозните последици кои
можат да произлезат од неа.

Рим, 1 јуни 1922 год.

ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 910, предмет бр.
26; превод од
француски и италијански јазик

54 Иако станува збор за Царството Бугарија и царот на Бугарија, во речиси сите


достапни
документи е употребен терминот "Кралство"односно "крал".

176_______________________________________ ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

57.

Телеграма од италијанската амбасада во Цариград до


Министерството за надворешни работи во Рим од 13 јуни 1922
година, во врска со "македонските комитети", со прилози

Телеграма бр. 6406/474


Италијанска кралска амбасада во Цариград

До Министерството за надворешни работи - Рим


Генерална дирекција за Европа и Исток

Цариград, 13јуни 1922 год.


Прилози: 1

Предмет: Македонско движење

Во продолжение на мојата претходна телеграма бр. 5976/428 од 2 о.


м. за ист предмет, во прилог на В.Е. заради информирање да ги оцени вестате
- кои не можам да ги оценам ниту пак тоа е во моја надлежност, заради
друга јурисдикција - од промеморијата бр.1 /249 од 5 јуни со која полковникот
Каприни ги пренесува своите сознанија во врска со организацијата на
бугарско македонските Комитети кои наводно работат на подготвузање на
востаничкото движење во Македонија, како што веќе напомнав во мојата
телеграма.

Гарони55 с.р.

Прилог бр.1 6088 - 23 - 5/6/22


Цариград, 5 јуни 1922 год.
Кралска амбасада на Италија
Овластено биро на полициска контрола
Бр. 1/249

ЛИЧНА ДОВЕРЛИВА ПРОМЕМОРИЈА

До Н.Е. Кралски амбасадор на Италмја


Цариград

Чест ми е на В.Е. да и ги пренесам следните информации во врска со


организацијата на бугарско-македонските Комитети бидејќи востаничкото
движење што се организира во Македонија и кое не му е туѓо ниту на владата
од Анкара може да има последици не само во Источна Тракија туку - како
што веќе претходно е речено, врз грчката дејност во Анадолија.

55 Гарони Камило, маркиз, амбасадор во Турција (1912-1924).

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА ________________________________ 177

Централниот востанички комитет на чело со бугарскиот професор


САРВАНОВ56 наводно има седиште во Бугарија, поточно во Рила.

Потоа наводно постојат 18 поткомитети распространети во српскиот,


грчкиот и бугарскиотдел на Србија и главните имаат седиште во следните
центри: Софија, Пловдов, Варна, Џумаја, Разлог, Драма, Струмица, Солун,
Ениџе-Вардар. Велес и Дојран. Споменатите седишта во соодветен миг ќе
бидат поврзани меѓу себе со уреди за оптичка сигнализација и полски
телеграфски уреди и наводно имаат залихи на оружје и муниција.

Засега секој поткомитет наводноадобилизирал две чети со христијан-


ски и муслимански комити, составени од по 9 до 12 луѓе и сите под команда
наеден бугарски офицер.

Секој комитет наводно командува и со комитите познати само на са-


миот Комитети со задача да дејствуваат поединечно со напади со динамит
врз железницата, уништување на телеграфски линии, патишта итн.

Во Софија наводно работи една печатница за пропаганден материјал


а во Париз, Женева и Њујорк наводно постојат Комитети за пропагандата
во странство.

Се вели дека организацијата на чети во Источна Тракија има поинакви


критериууи и со нив командуваат турските офицери.

Централниот комитет кој за своите состаноци постојано ги менува


локации наводно последен лат се состана во Бугармја, во Стара Загора и
меѓу останатите донесени одлуки кои не ми се познати наводно е повикан
СТАМБОЛИСКИ да престане со прогонување на мекедонското движење,
под закана со смртна казна, а искажано е неодобрување и за неговата
дејност во комунистачкото двмжење.

(печат и потпис) Балдуино Каприни, полковник - италијански делегат во


контролата на полицијата

Телеграма
Кралска амбасада на Италија - Цариград

До Министерството за надворешни работи


Генерална дирекција за Европа и Исток - Рим

Бр. 6524/494 16 јуни 1922 год.


Предмет: Македонско движење

Во продолжение на мојата претходна теле.-рама бр. 6406/474 од 13 о.


м. во врска со предметот ја известувам В.Е. дека еден турски весник од

5 Информацијата за чрезкмето на проф. Сарвачов не е точна.

178________________________ ____ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

престолнината објави дека според проверени вести од Битола е забележана


една бугарско-албанска чета од околу 1.000 луѓе во близината на Ресен и
дека српскиот регимент од месниот гарнизон е испратен да ја фати и да ја
растури. Друга доста бројна чета - составена главно од Албанци - наводно
неодамна е забележана на грчката територија во околината на Лерин.

Иако не можам дефинитивно да ја потврдам веројатноста и времето


на дејствието, факт е дека последните денови вестите - повеќе пати
пренесени од страна на полковникот Каприни во врска со постоењето на
широката бугарско/македонска организација, поврзана со анадолските
националистички елементи, кои ја проучуваат опортуноста на создавање
сериозни немири ако не дури и вистинско востание против Грција во
Македонија и Тракија - лично ми ги потврдија луѓето кои вообичаено се во
тек со положбата во овие региони.

Гарони

ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 910, предмет бр.
14; превод од
италијански јазик

58.

Телеграма од италијанското пратеништво во Белград


до Министерството за надворешни работи во Рим од 13 јуни
1922 година, за колективниот чекор на југословенската,
романската и грчката влада во Софија, со барање за
воведување на ефикасни мерки против навлегувања
на вооружени чети од Бугарија на нивна територија

Дешифрирана телеграма
Кралско пратеништво во Белград

До Министерството за надворешни работи - Рим

Белград, 13 јуни 1922 год.

392 - Последниве недели дојде до бројни навлегувања на бугарско-маке-


донските вооружени чети од Бугарија војугословенска Македонија и се чини
и во грчка Македонија, за кои Бугарија изјави дека не може ефикасно да ја
надгледува својата граница заради скромни воени средства дозволени со
Договорот и предложи да се изврши истрага од страна на меѓународна
комисија и дека Југославија - која има голем број на војници - подобро треба
да ја надгледува границата од своја страна. Таквиот одговор не ја задоволи

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА___________________________________________179

југословенската страна. Пред заминувањето на романскиот и грчкиот


министер кои дошле заради кралската свадба, на заедничката средба трите
влади се договорија за колективен чекор во Софија, со барање на примена
на ефикасни мерки против повторување на навлегувањата. За реализација
на колективниот чекор беше задолжена романската влада. Чекорот ќе се
оствари деновиве. Нинчиќ ми кажа дека решението што го предлага Софија,
за истражна комисија, е оценето како бескорисно и неприфатливо.

Манцони

ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 910, предмет бр.
24; превод од
италијански јазик

59.
Телеграма од италијанското пратеништво во Белград

до министерот за надворешни работи во Рим од 13 јуни 1922


година, за положбата во Македонија

Кралско пратеништво во Белград


Телеграма бр. 2913/575

До Н.Е.Карло Шанцер57

Министерство за надворешни работи- Рим


ОдделЗ

Белград, 13 јуни 1922 год.

Предмет: Положба во Македонија и европски усложнувања

Текст: Во врска со актуалните навлегувања на бугарско-македонските


чети на македонскатајугословенска територијаја известувам В.Е. дека агент
на една странска земја кој имав можност неодамна да го сретнам ми довери
дека воЖенева воспоставил контактсо еден болшевички агент, политички,
сокривајќи ја својата фуккција и дека од него разбрал дека се подготвува
за претстојно "запалување" на Источна Европа, Македонија, Хрватска и
Црна Гора во октомври.

Агентот чие име не можам да го кажам е човек кој одамна го познавам и


знам дека е мошне активен. Не е првпат да ми даде интересни информации.

Г. Манцони

ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 910, предмет бр.
21; превод од
италијански јазик

57 Шанцер Карло (Виена 1865 - Рим 1953), министер на пошти, за трезор,


финансии,
надворешни работи (1922 г.); делегат во Друштвото на народите, шеф на
италијанската
делегација на Вашќингтонската конференција; државен советник.

180____________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

60.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија


до Министерството за надворешни работи во Рим од 17 јуни
1922 година, за повреди на границите

Дешифрирана телеграма
Кралско пратеништво во Софија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, од 17 јуни 1922 год.


91 - Мојата телеграма бр. 82

Во разговорот со Стамболиски тој ми кажа дека југословенската влада


го прифати бугарскиот предлог за српско-бугарската истрага во врска со
преминувањето на границата од страна на комитите. Но се чини дека из-
јавата на Стамболиски е лицемерна бидејќи овдешната роман^ка Легација
ми го соопшти текстот на нотата испратена на 14 о.м. од романскиот
министер за надворешни работи до ополномоштениот бугарски амбасадор
во Букурешт и од името најугословенската и грчката влада, жалејќи се на
навлегувањето на бугарски комити на нивните територии. Романската нота
е испратена по договорите во минатата недела во Белград меѓу премиерот
и министрите за надворешни работи на трите засегнати земји. Романската
влада изјавува дека останатите две влади ја поттикнаа да направи "зака-
нувачки" чекор за да се престане со таквата состојба, Романската влада
пак предложи одложување на таквиот чекор како последица на ветувањата
дадени на Братијану во Женева и "заканувачкиот" чекор да се замени со
"посредувањето со кое би се обрнало внимание на бугарската влада на
карактерот и последиците на таквата ситуација". Посредувањето е завр-
шено. Нотата завршува со тоа што бугарската влада треба да се реши
најсериозно да го разгледа прашањето, "за да можат трите земји да одржат
добрососедски односи со Бугарија".

Алдрованди

ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 910, предмет бр.
20; превод од
италијански јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________181

61.

Писмо од пратеништвото на Бугарија во Рим до италијанскот


министер за надворешни работи во Рим од 19 јуни 1922 годи-
на, во врска со демаршмте на Кралството на СХС и Романија

Пратеништво на Бугарија
Бр.41

Рим, 19јуни 1922год.

Господине министер,

Во разговорите деновиве Л.Л.; Е.Е., државниот потсекретар г. Тости


ди Валминута и г. Маријо Лаго, имав чест да ги известам за демаршот кој
владата на Кралството на СХС сметаше за потребно да го направи неодамна
кај мојата влада, против наводните преминувања на границата на бугарските
чети на српска територија и инсистирав да истакнам дека обвинувањата
против Бугарија овој пат се не само целосно неосновани туку се и од таква
природа што создаваат голема збунетост во мојата земја, која како по-
следица на спроведувањето на воените клавзули на Договорот во Неј е без
секакво срб,-,ство за одбрана. Истовремено додадов дека бугарската влада,
за да докаже дека апсолутно нема врска со сите работи кои и се припушуваат
по ТОЈ повод и за да го истакне својот коректен став кон своите соседи,
предложи меѓународна или српско-бугарска истрага за да се утврди точноста
на работите и одговорноста која произлегува од истата.

Предлогот на бугарската влада веќе е прифатен од страна на бел-


градската дотолку повеќе што истата влада тоа уште од почеток го имала
во предвид. За жал, по последната средба меѓу грчкиот, ромаснкиот и срп-
скиот министер во тој град, предвидената истрага се чини дека не само што
е напуштена туку издвоениот демарш на белградската влада добил ко-
лективен карактер.

Затоа романската влада сметаше за своја должност да преземе ист


демарш, во ист тон, пред бугарскиот амбасадор во Букурешт, во кој бугар-
ската влада се смета за одговорна за влегување на чети на територијата на
соседните земји и од неа се бара преземање на радикални мерки за
прекратување на таквата состојба.

Кралската влада на Бугарија е мошне изненадена од овие демарши


бидејќи не може да ги сфати причините кои можеа да ги предизвикаат и да
ги оправдаат. Очевидно никој не може да ги оспорува правото и должноста
на секоја земја да ја брани неповредливоста на својата територија и да ја
зема на одговорност земјата која се обидува тоа на кој да е начин да го

182_______________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

наруши. Сепак, не станува збор за таков случај. Бугарската влада, искрен


приврзаник на мирот, по потпишувањето на Мировниот договор од Неј
водеше сосем мирољубива политика и политика на добрососедски односи
со сите земји а пред се со своите соседи. Применувајќи ја таквата миро-
љубива политика, Бугарија даде бројни докази меѓу кои и ажурното
спроведување на повеќе клаузули од споменатиот Договор, понекогаш дури
претходувајќи ги барањата и желбите на засегнатите влади. Сведена на
речиси целосна немоќ од стопански и воен аспект како последица на До-
говорот, Бугарија сфати дека нејзиниот спас и иден просперитет можат да
се стекнат само во мир и работа. Таа единствено бара да ја остават на мир
за да продолжи по патот од кој нема намера да се оддалечи.

Исполнувајќи ги сите обврски кои произлегуваат од Мировниот


договор, Бугарија го бара истото - почитување на Договорот од страна на
другите. Таквите начела ја водат нејзината политика и го одредуваат
однесувањето на нејзината влада во однос на сите земји и во нејзин интерес
е да истрае на тоа. Во такви услови е незамисливо мирољубива и немоќна
Бугарија да дозволи во сопствените граници дејствија кои се во спротивност
со нејзината политика и кои би можеле нејзиното постоење да го направат
уште понесигурно. Владата и бугарскиот народ се свесни за таквата состојба
и за опасностите па затоа никој не би ги толерирал непријателските акти
кон соседите и дејствија кои по својата природа би можеле да ја нарушат
политиката на разумниот и на добро разбраните интереси на земјата.

За да може В. Е. да добие појасна претстава за прашањето кое не


загрижува си дозволувам да го додадам и следното: за да ги избегне сите
можности и евентуалните навлегувања на кои да е луѓе на територијата на
соседните земји, и покрај воените сили скастрени со мировниот договор,
бугарската влада не само што за цело време презема потребни мерки туку
во последно време го зголеми бројот на граничарите кон Србија, наместувајќи
на секој пограничен пункт по 6-7 луѓе а во близина на разни пунктови групи
од 10-15 луѓе кои ќе вршат поригорозна контрола на пограничната линија.
Покрај тоа, во некои погранични центри е зголемен бројот на војници. Така
во Св. Врач и Мехомија веќе се испратени 6-та и 7-та жандармериска чета.
Донесени се ригорозни мерки и посебни закони во врска со елементите кои
ќе се обидат да го нарушат мирот и редот во внатрешноста на земјата и на
границата. Аналогни мерки се преземени на грчко-бугарската и романско-
бугарската граница.

Бугарските власти досега немале прилика да утврдат преминување


на границата од страна на луѓе кои можат да внесат немири. Сепак не-
рамниот и планинскиоттерен на некои делови на тоа подрачје не овозможува
целосна контрола. Средствата со кои располага бугарската влада не се

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА________________________________________________183

доволни целосно да се спречи преминувањето на границата. Задачата за


надгледување на мирот на границата впрочем не се однесува само на
Бугарија туку се разбира дека ги засега и надлежните власти на соседните
земји кои располагат со поголеми средства. Затоа, ако наводните чети успеја
да го избегнат надзорот на бугарските власти и да преминат на територијата
на соседната земја, властите на истата треба да ја надгледуваат својата
граница, да го утврдат преминувањето на четите и да го спречат. Сепак,
ништо не се случи и ако во Србија постојат чети кои предизвикуваат немири,
причините за тоа треба да се бараат надвор од Бугарија, токму во внат-
решната положба на земјите во кои дејствуваат. Што се однесува до четите
кои дејствуваат во некои подрачја на Романија, утврдено е дека станува
збор за чети на обични разбојници иако некои се обидуваат да им припишат
поинакво значење. Што се однесува до грчко-бугарската граница треба да
се истакне дека грчките чети навлегуваат во Бугарија и вршат разбојништва
и предизвикуваат немири со намера да ги поттикнуваат помаците (муслимани
од бугарско потекло) против бугарските власти.

Затоа бугарската влада не е одговорна и не може да се обвинува за


таквата состојба. Таа од своја страна прави се за да одржат добрососедски
односи со соседните земји и не пропушта ниту една мерка за зачувување на
мирот на границата.

184_____________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

62.
Телеграма од италијанската амбасада во Цариград до
Министерството за надворешни работи во Рим од 21 јуни 1922
година, во врска со македонското револуционерно движење

Кралска амбасада на Италија во Цариград

До Кралското министерство за надворешни работи


Генерална дирекција за Европа и Исток - Рим
Бр. 6661/511

Цариград, 21 јуни 1922 год.

Предмет: Бугарско-македонско движење


Продолжение на мојата телеграма бр. 6524/494 од 16 о.м.

За Ваша информација Ви ги препраќам новите вести собрани во


бугарско-македонските кругови во Цариград во врска со горенаведениот
предмет.

1) Некои резервни офицери на бугарската војска се обратиле до Македоч-

скиот револуционерен комитет барајќи да бидат регрутирани како добро-

волци во споменатиот Комитет.

Се вели дека споменатите офицери кои сакале да застанат на чело на четите

наменети за борба против Грците и Србите се регрутирани.

Откога српската влада разбра за тоа протестирала заради регрутирањето

кај бугарската влада.

2) Се вели дека во последно време бугарските чети ја засилија својата


дејност во Македонија и српското и грчкото население многу пати заради
дејноста на споменатите чети кои не ги оставаат во спокојство и кои и покрај
енергичните мерки преземени насрпската, грчката, бугарската и албанската
граница и натаму неказнето се движат на македонската територија.

3) Водачот на Македонското револуционерно движење генерал ПРОТО-


ГЕРОВ, во придружба со ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ наводно сега се наоѓа во
Тирана и ќе се договара со албанските водачи за координација на нивната
дејност со бугарско-македонската.

4) Бирото за албански пасоши во Цариград според упатствата добиени од


Тирана наводно е во врска со овдешните бугарски агенти за издавање на
албански пасоши на сите Бугари кои споменатите агенти ќе ги препорачаат,
за нивното префрлување во Албанија. Се вели дека тоа ќе го олесни влегу-
вањето во Македонија (преку Албанија) на бугаро-македонците кои сега
живеат во Цариград.
Гарони

ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 910, предмет бр.
15; превод од
италијански јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_______________________________185

63.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија до


Министерството за надворешни работи во Рим од 23 јуни 1922
година, за бугарскиот одговор на демарши

Кралско пратеништво во Софија


Дешифрирана телеграма

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 23 јуни 1922 год.


95 - Мојата телеграма бр. 91

Стамболиски ми кажадека Радев58 е задолжен на В.Е. да и го соопшти


бугарскиот одговор на романската нота во врска со дејноста на воружени
чети на грчката, српската и романската територија. Во споменатата нота
бугарската влада инсистира на барањето за меѓународна истрага и предлага
мешовита комисија за спречување на повреда на границите кои според нив
можатда бидат подобро надгледувани од соседните гранични земји одошто
од страна на обезоружена Бугарија. Стамболиски ми кажа дека таквиот
чекор на соседните земји го смета за офанзива преземена како реакција на
чекорот на Бугарија во Женева во врска со прашањето на малцинствата.
Ми ја прочита информацијата според која српската влада наводно му на-
редила на капетанот Горѓевиќ да ги напаѓа бугарските села на југосло-
венската теритоприја, како одмазда за нападот од страна на бугарските
комити во Македонија.

Алдрованди

ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ. КС 17, п. 910, предмет бр.
19; превод од
италијански јазик

64.

Писмо од италијанското пратеништво во Вашингтон


до министерот за надворешни работи во Рим од 28 јуни 1922
година, за состојбата во Кралството на СХС
Кралска амбасада на Италија во Вашингтон
Бр. 2500/554

Вашингтон, 28јуни 1922 год.


Предмет: Движења во Јупзславија

Чест ми е даја известам В.Е. дека овдешниот гѕечатденес ги објавува


телеграмите од Белград во кои се обвинуваат Италија и Бугарија за охрабру-

58 Станува збор за Симеон Радев.

186___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

вање, финансирање и опремување на револуционерните движења на коми-


тите во јужните подрачја на Југославија, со намера да се попречи кон-
солидација на новото Кралство.

Во случај на успех, се додава во телеграмата, нивната намера би била


македонските подрачја да се откинат од Југославија и да се поделат меѓу
Турција и Бугарија.

Со оглед на таквата состојба, Романија како застапник на Малата


антанта59 наводно испратила нота до Бугарија барајќи да се престане со
таквите охрабрувања на чети и енергично да се преземат мерки за спре-
чување на нивното преминување во Србија.

Бугарија наводно исто така побарала помош од Мустафа Кемал60 и


наводно во Софија се обучуваа комити за поттикнување на движењето.

Некој очевидец на упаѓањето на таквите чети додава дека комитите


носеа стари италијански униформи и дејствуваа под италијанско влијание.

Господине министер, примете ги изразите на моето длабоко почи-


тување.

(потпис нечиток)
До Н.Е. сенатор Карло Шанцер,
министер за надворешни работи
Рим

ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 910, предмет бр. 3;
превод од
италијански јазик

65.

Промеморија од француското пратеништво во Рим до


Министертството за надворешни работи во Рим од 4 јули 1922
година, во врска со демаршот до бугарската влада
Амбасада на Република Франција при Н.В. крал на Италија
ПРОМЕМОРИЈА

Бугарскиот амбасадор во Париз го извести Министерството за над-


ворешни работи декајугословенската, грчката и романската владасо колек-

58 Врз основа на системот на двострани договори потпишани помеѓу


Кралството на
СХС по Првата светска војна за одбрамбен сојуз, со Чехословачка на 14 август
1920 година
и со Романија на 7 јуни 1921 година се поставени основите на Малата Антанта.
Целта на овој
сојуз кој дефинитивно бил оформен по 1930 година е колективна заштита на
границите на
членките од евентуалните напади од земјите победени во војната, пред се од
Бугарија и од
Унгарија.

60 Очигледно се однесува на политичарот и реформаторот на Турција, Мустафа


Кемал
паша - Ататурк.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_________________________________187

тивно соопштение и обрнаа внимание на бугарската влада за преминување


на границата од страна на бугарските чети во Македонија и во тој демарш
бугарскиот амбасадор во Париз ја соопшти желбата на бугарската влада за
барање меѓународна истрага во врска со делата за кои им се префрла и да
се добие согласност на француската влада за оваа постапка.

Француската амбасада ќе му биде благодарна на Кралското мини-


стерство за надворешни работи ако ја извести дали сличен демарш напра-
вило и Пратеништвото на Бугарија во Рим и по можност да ја извести за
приемот на кој наишла истата.

Рим, 4јули 1922 год.

До Кралското министерство за
надворешни работи - Рим

ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 910, предмет бр. 9;
превод од
француски јазик

66.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија до


Министерството за надворешни работи во Рим од 7 јули 1922
година, за бугарската реакција на обвиненијата за помагање
на вооружени чети

Дешифрирана телеграма
Кралско пратеништво во Софија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 7 јули 1922 год.


99 - Телеграма на В.Е. 1562

Сметам дека преминувањето на границите во Македонија од страна


на бугарските вооружени чети не одговараат на ниту еден политички план
на бугарската влада која го поднесува заради недоволниот број на полиција,
како последица на обезоружување наметнато со мировниотдоговор и заради
познатите насилства на комитите кои дејствуваа против наредбите на
бугарската влада и дури го убија воениот министер и повеќе локални
функционери. Сметам дека е во наш интерес на секој начин да придонесеме
актуелната криза да се смири со преговори во Друштвото на народите и по

188___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

секоја цена да се избегне евентуелната окупација на бугарската територија


од страна на соседните земји. Потврдувам дека треба да се дејствува пред
се во Белград но да не се исклучат Атина и Букурешт. Овдешниот
југословенски амбасадор деновиве е повикан во Белград за, како што ми
кажа, да вети дека неговата влада ја прифаќа поканата на Друштвото на
народите од Женева каде што наводно ќе оди Ристиќ, поранешен српски
амбасадор во Рим и според мое мислење доста умерен човек. Во меѓувреме,
бугарската влада има вести за собирање на воена сила на трите граници со
соседите. Од сигурен извор разбрав дека и романската влада собра 45
полкови на својата граница додека овдешниот романски амбасадор - кој не
добива признание за своите бројни ...... - доста жестоко зборува против

владата на Стамболиски.

Алдрованди

ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 910, предмет бр.
12; превод од
италијански јазик

67.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија до


Министерството за надворешни работи во Рим од 12 јулм 1922
година, за заминувањето на бугарската делегација за Лондон

Дешифрирана телеграма

Италијанско пратеништво во Софија


До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 12јули 1922 год.

Бр.4600
103. Моја телеграма бр. 99

За Лондон замина делегацијата која ќе ја претставува Бугарија на


Конгресот на Друштвото на народите на кој ќе се разгледа и прашањето на
комитите. Меѓу останатите, во делегацијата се наоѓаат Тодоров61, бугарски
амбасадор во Белград, доверлив човек на Стамболиски; Никола Милев,
активен македонец и добро познат на ова министерство, актуелен уредник

51 Во прашање е Коста Тодоров, познат бугарски политичар и дипломат, близок


соработник на Александар Стамболиски.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА__________________________________________189

на опозиционен весник, а ќеучествува и Симеон Радев, последен амбасадор


во Хаг, многу остроумен но несигурен, кој во последно време падна во
немилост на Стамболиски и сега се враќа на бугарската дипломатска сцена.

Српскиот амбасадор во Софија повторно е повикан во Белград и за


него се знае дека ќе биде во југословенската делегација во Лондон. Навидум
е умѕрен но горделив патриот и многу разгневен против Стамболиски и
неговиот начин на владеење.

Алдрованди

ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 910, предмет бр.
10; превод од
италијански јазик

68.

Телеграма од италијанското пратеништво во Белград


до Министерството за надворзшни работи во Рим од 13 јули
1922 година, за дејноста на вооружените чети

Дешифрирана телеграма
Италијанско пратеништво во Белград

До Министерството за надворешни работи - Рим

Белград, 13јули 1922 год.

451 - Телеграма на В.Е.


Бугарски вооружени чети. Одбугарски извори дознавам декајугосло-
венските трупи испратени на границата со Бугарија опфаќаат два регименти
а тенденција е да се притиснат четите меѓу колоните создадени од спо-
менатите трупи и од граничарите за тие да се заробат, но дека четите ќе се
распрснат уште пред да бидат фатени. Истиот извор наведува дека во
неодамнешните процеси против четниците во Скопје од преку 100 осудени
само двајца се Бугари. Српскиот извор се ограничува само на тоа дека се
испратени засилувања и признава дека во последно време упадите се
намалени. Овдешниот министер за надворешни работи ми кажа дека
југословенската влада има намера пред се да го погоди и спречи органи-
зирањето на чети одошто самите чети и дека организирањето се врши во
сама Софија и во други бугарски градови, со целосно знаење на бугарските
власти и на јавноста, така што самите Југословени лесно доаѓаат до брзи
информации за создавањето и програмата на новоформираните вооружени
чети. Кажа дека мерките на границата, дури и кога се преземени во договор

190_______________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

со бугарските власти, се полезни за задушување, но тоа не е доволно; треба


да се погоди изворот и вистинските одговори.

Манцони

ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 910, предмет бр. 8;
превод од
италијански јазик

69.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија


до Министерството за надворешни работи во Рим од 14 јули
1922 година, во врска со дејноста на вооружени чети

Кралско пратеништво во Софија


До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 14јули 1922 год.


104. Телеграма на В.Е. бр. 7416

Навистина Романија досега не одговори на предлогот на Бугарија за


меѓународна истрага во врска со преминувања на границата од страна на
комитите. Тоа значи дека информациите содржани во мојата телеграма бр.96
добиени од генералниот секретар на бугарското Министерство за
надворешни работи дека Бугарија се обратила до Друштвото на народите
по романскиот негативен одговор не одговараат на вистината. Му се пожалив
на овдешниот министер за надворешни работи заради неточните инфор-
мации добиени од генералниот секретар за надворешни работи Добрев би-
дејќи не е првпат тој да докажува дека е целосно неподобен за високата
функција што ја извршува. Во секој случај, како што веќе известив, се чини
дека прашањето на бугарските чети ќе мора да чека на разгледување од
страна на Друштвото на народите. Сепак ве известувам дека..... Сарари кој
пристигна во Софија ме извести дека забележал значајни движења на
српските трупи кон бугарската граница и дека слушнал како српското
офицерство отворено зборува за претстојната воена прошетка во Бугарија.
Потврдувам дека треба да се надгледува Белград.

Алдрованди

ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 910, предмет бр. 6;
превод од
италијански јазик
+++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++
+++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++=
Tret del
++++++++++++++++++++++==

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________191

70.

Телеграма од италијанската амбасада во Лондон


до Министерството за надворешни работи во Рим од 15 јули
1922 година, во врска со проблемот на вооружени чети

Дешифрирана телеграма
Пратеништво во Лондон

До Министерството за надворешни работи - Рим

Лондон, 15 јули 1922 год.

638 - Од Кроув го побарав ставот на Форин Офис во врска со содр-


жината на телеграмата испратена по пошта од В.Е, бр. 37581 од 28 јуни и на
телеграмата на В.Е. бр. 7068 од 1 о. м. во врска со преминување на границите
од страна на бугарските чети.

Кроув сега ме известува дека на бугарскиот амбасадор му е одгово-


рено во смисла дека британската влада преферира да не го искаже своето
мислење со оглед на тоа што предметот треба што побргу да дојде пред
Друштвото на народите - Кроув додава дека не смета за потребно да се
направат чекори кај српската и грчката влада бидејќи претстои седница на
Советот на Друштвото на народите.

Де Мартино
ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 910, предмет бр. 7;
превод од
италијански јазик

71.

Телеграма од италијанското пратеништво во Атина


до Министерството за надворешни работи во Рим од 28 јули
1922 година, за преминувањата на вооружени чети
на грчка територија

Телеграма бр. 2784/615

Италијанско кралско пратеништво во Атина

До Министерството за надворешни работи - Рим

Атина, 28 јули 1922 год.


Предмет: Бугарија и Грција

Во врска со телеграмата бр. 35493/183, Е. иЛ., Одд.4/Под20јунио.г.


Во текот на денешниот разговор со овдешниот министер за надво-

решни работи го наведов разговорот на прашањето на преминување на

границата во Македонија од страна на бугарските чети.

192__________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Г. Балтаци ми потврди дека прашањето беше предмет на преговори


меѓу грчкиот, српскиот и романскиот министер и дека владата во Букурешт
е задолжена од другите две да ги направи познатите чекори во Софија.

Мојот соговорник додаде дека преминувањата на границите од страна


на комитите на грчката територија се многу чести62, така што владата беше
принудена значително да го зголеми бројот на граничарите. Ме извести исто
така дека е на исто мислење со југословенскиот министер, дека г. Стамбо-
лиски е искрен во своето тврдење дека бугарската влада нема ништо со
дејноста на четите. Тој смета дека тие се пред се експонент на моќните
македонски револуционерни организации отпорни дури и на влијанието на
владата во Софија.

Г. Балтаци исто така ми кажа дека гореспоменатите чети се вонредно


дрски и навлегуваат длабоко на грчката територија вршејќи злосторства и
грабежи.

Џ.Ч. Монтања
ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 910, предмет бр.
13; превод од
италијански јазик

72.

Телеграма од италијанското пратеништво во Атина до


Министерството за надворешни работи во Рим од 28 август
1922 година, за востаничката организација во Македонија

Кралско пратеништво на Италија во Атина


Телеграма на бр. 3649/766

До Кралското министерство за надворешни работи - Рим

Атина, 28 август 1922 год.


Предмет: Востаничка организација за независност на Македонија

Кралскиот воен аташе ме известува дека од изворот на кој може да


му се верува и кој е добро информиран, дека со голем интензитет, тајно,
работи востаничката организација во Македонија. Репресиите на Србија не

62 Оваа информација не е поткрепена со факти. Таа повеќе е резултат на


грчката
пропаганда. Четничките навлегувања во тој дел на Македонија,
автономистичката ВМРО во
основа ги избегнувала.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________193

успеваат да ги допрат ниту нејзините корени; честите појави на комити


претставуваат само безначајна индиција на силното востаничко дело кое
со сзоите шмукалки влегува во душата и во цврстата решеност на секој
Македонец.

Џ. Ч. Монтања с.р.

ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 910, предмет бр. 2;
превод од

италијански јазик

73.

Писмо од Пратеништвотo на Кралствството на СХС во Париз


до претседателот на Амбасадорската конференција во Париз
од 28 август 1922 година, во врска со утврдувањето на
југословенско-албанската граница

Пратеништво на Кралството на
Србите, Хрватите и Словенците

во Франција

Пр. бр. 669 Париз, 28 август 1922год.

До Н.Е. г-дин Р.Поенкаре,

претседател на Амбасадорската конференција

Ке д'0рсеј

Господине претседател,

Со нотата од 2Ѕ мај 1922 год., В.Е. ме извести дека Амбасадорската


конференција и ги посочи на Комисијата за разграничување настаните
наведени во моето писмо бр. 351 од 2 мај 1922 год., задолжувајќи ја за из-
менување - ако го смета за умесно - на линијата на неутралната зона јужно
од Охридгхото Езеро. Меѓутоа, Ко^исијата за разграничување на српско-
албанската граница, овластена од Конференцијата, реши да ја прошири
неутралната зона на регионот јужно од Охридското Езеро на североисток
на Албанија. Границата на таа нова неутрална зона поаѓа од српската страна
на Охридското Езеро северно од утоката на реката Черава, потоа поминува
преку Љум и го оледи патот кон Пешкопеј'а и Каралуп63. Од албанската
страна, границата на зоната започнува во с. Старово, го следи патот од
________________________________
63 Станува збор за селото Аљаруп одн. Хлароипт.

194___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Подградец, Голен и источниот брег на Охридското Езеро до мостот на реката


Девол. Комисијата за разграничување бара евакуација на зоната во утвр-
дените рамки најдоцна до 29 о.м.

Известувајќи ја В.Е. за горното, чест ми е, по наредба на мојата влада


да Ве замолам да посредувате кај Амбасадорската конференција за
повторно разгледување на прашањето за бесполезноста на неутралната
зона, земајќи ги во предвид аргументите наведени во гореспоменатата Нота
на Кралското пратеништво и на комисијата за разграничување да и
испратите дополнителни упатства во смисла на желбата искажана од Крал-
ската влада која е и желбата на албанската влада и има за цел укинување
на горе утврдената неутрална зона која е непотребна бидејќи на таа страна
никогаш немало судири или ги нема сега.

Господине претседател, Ве молиме да ги примите изразите на нашето


високо почитување

Понизен и послушен слуга на В. Е,


(потпишан) М. В. Михајловиќ
ИДА МНРИ, папка 708 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 708, предмет бр. 6;
превод од
француски јазик

74.

Извештај за работа на италијанската делегација во Меѓу-


народната комисија за утврдување на границите на Албанија
до Министерството за надворешни работи во Рим
од 4 септември 1922 година

Меѓународна комисија за утврдување на границите на Албанија

Италијанска делегација

Бр. 276 - стр. дов Струга, 4 септ. 1922 год.

До Министерството за надворешни работи - Оддел Албанија - Рим


Военото министерство - Г.О.Ш. - Рим
Италијанската делегација на М.К.У.Г.А., ул Ж.Бозе 24, Париз
Амбасадата на Италија во Париз
Кралските пратеништва на Италија во Драч, Белград и Атина

Предмет: Извештај

ГРЧКО-АЛБАНСКА ГРАНИЦА - На 26 август, комисијата замина од Корча и


го започна своето извидување на албанско-југословенската граница кон

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________195

север, кон Св. Наум, Лим, Струга и Дебар, откога работата на грчката граница
мораа да бидат прекинати заради познатото однесување на грчкиот делегат.

Во секој случај, Комисијата не сакаше да пропушти нешто за во текот


на годината да го утврди овој дел од границата; и покрај моето противење
повторно да се преземе иницијатива за контакти со грчкиот делегат кој ги
прекина на доста некоректен начин, упатена му е телеграмата со прашањето
кога ќе биде спремен без резерви да се појави во Комисијата. Тој одговори
дека неговата влада се уште не добила официјален одговор за одлуките на
амбасадорската конференција донесени уште на 29 јуни о.г. Ова го наве-
дувам додавајќи дека и Комиисијата досега не добила какво да е соопштение
во врска со телеграмата од 7 август со која од Амбасадорската конференција
побара да посредува кај грчката влада.

АЛБАНСКО-ЈУГОСЛОВЕНСКА ГРАНИЦА - Како што веќе наведов, Ко-


мисијата ја продолжи работата на границата кон Југославија и се упати кон
манастирот Св. Наум на Охридското Езеро кај кој остана од 26 до 31 август.
Југословенскиот делегат, повикан со три телеграми, од 7, 13 и 20 август,
пристигна дури на 30-ти и Комисијата беше принудена да врши извидување
без да го чека и без да чека на евакуација на неутралката зона за која ќе
зборувам подолу.

Комисијата ја помина зоната околу Св. Наум, ридиштата на Церово


до патот за Подградец и планината (висока 2200 м) меѓу Охридското и Пре-
спанското Езеро.

Бидејќи овој мал дел од границата кон Југославија географски е


поврзан со границата која ќе оиде граница со Грција (со која претставува
сектор Ф од Охридско Езеро до планината Грамос), одлуките на Комисијата
се одлагаат додека не се разгледа целиот сектор. Англискиот делегат не
учествуваше во извидувањето заради болест.

За овој дел од границатајугословенската влада пласира чудна теза: тврди


дека сегашната демаркациона линија - нацртана на картата со размер
1:200.000 и поминува западно од Св. Иаум - веќе е општопризната меѓу двете
земји и дека Комисијата треба само да ја помине и одобри. Напротив, ниту
една меѓународна комисија никогаш не ја утврдила таа граница и албанската
влада е далеку од тоа да ја прифати актуелната фактичка положба.
Лондонскиот протокол буквално вели: "Западниот и јужниот брег на Охрид-
ското Езеро, од Лим до манастирот Св. Наум ќе бидат составен дел на
Албанија".

Според мое мислење, за праведно и логично толкување на протоколот,


границата треба да се трасира така што Св. Наум ќе биде на албанска
територија. Ако линијата би поминувала западно би бил прекршен про-
токолот во кој се вели: "до манастирот Св. Наум"; точката наведена во

196__________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

протоколот како граница не е таков топографски елемент кој би одделувал


така што би можел да се земе како ефективна граница. Затоа, за да бидат
Св, Наум и неговата непосредна околина вклучени во Албанија, треба да се
додаде: до поројот Церово.

Таквата логика го убеди и францускиот комесар кој инаку максимално


и е наклонет на Југославија, и тој барем во моментов се сложува со мене за
границата која треба да се прифати.

Засега, англискиот комесар има спротивно мислење и тоа од причини


кои ми се чинат мошне проѕирни. Тој смета дека со моето толкување, и Лим
(северна граница на западниот брег на езерото) би требало да и припадне
на Албанија, додека Конференцијата за таквото доделување сметаше за
потребно да воведе 4-та измена на Лондонскиот договор, со одлуките од 9
ноември 1921 год. Но, со тоа не сака да го зема во предвид фактот дека
Комисијата од 13-14 с. Лим и го додели на Србија и затоа беше потребна
подоцнежна одлука на Амбасадорската конференција и дека Комисијата
доделувањето го направи како последица на компромис додека нејзиното
мнозинство (4 против 2) призна дека според договорот, Лим би требало да
остане во Албанија.

Но, мислам дека на крајот и тој ќе го признае логичното толкување на


протоколот на начинот наведен погоре.

Православниот манастир Св. Наум, всушност, уште од балканската


војна зависи од Охридската епископија одн. од српската автокефална црква,
но пред тоа припаѓаше на грчката црква (како што е познато, во
православието има националности) на која припаѓаат православците од
Корча за кои се уште не е создадена албанска автокефална црква. Околу
манастирот нема живеалишта и во него сега живеат само двајца свештеници,
еден српски и еден албански. Неговата стара црква потекнува од 1550 год.
Православците од Корча и од Охрид жестоко се борат за неа бидејќи Св.
Наум е еден од патријаршиските светци на православната црква а особено
заштитник на лудите.

Прашањето сега е на таа точка и темелно ќе се разгледа кога Коми-


сијата ќе се врати во грчко-албанскиот сектор.

На 31 -ви, Комисијата ја разгледа територијата на Лим и потоа замина


за Струга, бедно и маларично гратче каде што пристигна а претходно
известените југословенските власти ништо не подготвиле, ниту за престој
ниту за логорување. По ноќта помината во едно село во доста несигурни
услови, Комисијата постави шатори во шумскиот предел 5 км од населеното
место. Но, дојде време на силни дождови кои до денес го попречуваа
извидувањето на планините мегу Дрим и Шкумби. За неколку дена, Ко-
мисијата ќе се префрли во Дебар.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_____________________________ 197

НЕУТРАЛНА ЗОНА - амбасадорската конференција на својата седница од


17 мај о.г., потврдувајќи ја потребата од постоење неутрална зона јужно од
Охридското Езеро, ја остави Комисијата да го оцени барањето на југосло-
венската влада упатено до неа, со можност таа да ја измени трасата ако
тоа го смета за умесно.

Кога комисијата стигна на самото место констатира пред се дека


неутралната зона наредена од страна на Амбасадорската конференција не
постои; затоа им соопшти на југословенскиот и албанскиот делегат до 26
август неутралната зона треба да биде евакуирана во границите утврдени
одА.К. Додека албанскиотделегат ги почитуваше наредбите на Комисијата,
на 29 август југословенскиот делегат ја поднесе телеграмата на неговата
влада во која се повотруваа предлозите претходно доставени до А.К. и се
повторуваше неприфатливата теза дека границата веќе е утврдена јужно
од Охридското Езеро и дека затоа неутрална зона е непотребна. Југословен-
ските претставници останаа на нивните места кои се наоѓаат сосем блиску
до патот Корча-Подградец.

Комисијата не можеше да ги одобри одлуките на А.К. чиј извршен


орган е да не бидат спрозедени; затоа, додека со телеграмата од 30 август
ја извести А.К., му соопшти на југословенскиот делегат дека ако неутралната
зона нема да биде напуштена во краток рок, комисијата ќе ја прекине
работата на целата граница.

А.К. треба енергично и бргу да реагира на постојанмте опструкции на


југословенската и грчката влада, инаку Комисијата ќе биде принудена даја
спроведе најавената санкција ако не сака нејзиниот авторитет и престижот
да бидат сериозно нарушени.

ОДВИВАЊЕ НА РАБОТИТЕ - За жал, сите овие инциденти го ставаат


во опасност брзото утврдување на границата; особено за мене бидејќи сум
цврсто решен утврдувањето да заврши оваа година и пред влошување на
временските прилики.

Во врска со тоа Комисијата ја доби одлуката од 26 јули на А.К. во која


се повикува да побрза со одредување на трасата на границата општо, за да
може што побргу да го отпушти големиот дел од нејзините членови.

Подготвив одговор во смисла дека имам цврста намера таквиот


резултат да го постигнам до м. ноември; но, наидов на голем отпор кај остан-
атите двајца комесари кои повторно се сложија да не се преземе никава
обврска, а тоа значи постоењето на Комисијата да се завлече до беско-
нечност.

Побарав за сите овие изјави да се направи записник и ќе продолжам


кон целта која се надевам дека ќе ја постигнам а тоа е заедничката работа
даја завршам во ноември.

198___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Но, бидејќи во упатствата постои одредба дека Комисијата "е


овластена своето функционирање да го уредува со мнозинство гласови",
јасно е дека во поволен миг мнозинството ќе одлучи целата Комисија да се
врати на местото, со изговор дека техничкиот персонал на заинтересираните
сили не е во состојба да ги обезбеди работите за поставување на меѓите и
за подготвување на картографските документи.

Сметам за умесно за тоа да известам уште отсега бидејќи ќе биде


потребна мерка на властите ако навистина се сака само еден комесар во
наредната година да се врати да ги надгледува работите.

Заради потребите од заеднички живот засега не можам со овие


замисли да ги запознаам моите колеги; но, во ноември ќе ја распуштам
комисијата отпуштајќи ги сите, вклучително себеси.

А за време на зимата ќе можат да се донесат сите потребни одлуки.

Италијански комесар
Генерал Е. Телини с.р.
(печат)

ИДА МНРИ, папка 712 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 712, предмет бр. 6;
превод од
италијански јазик

75.

Белешка на Техничко-географскиот комитет за


Амбасадорската конференција во Париз од 22 септември 1922
година, во врска со утврдувањето на албанската граница

Техничко- географски комитет


Бр.168

Париз, 22 септември 1922 год.

БЕЛЕШКА

ЗА АМБАСАДОРСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА
во врска со евакуацијата на зоната јужно од Охридското Езеро

Со нотите од 25 август 1922 год. и од 7 септември 1922 год., законо-


давството на српско-хрватско-словенечкото Кралство и објаснува на Амба-
садорската конференција дека делот на српско-хрватско-словенечко-

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА___________________________________________199

албанската граница јужно од Охридското Езеро утврдена на Лондонската


конференција 1913 год. оттогаш е одредена и не може воопшто да биде
предмет на оспорување.

Во такви околности, српско-хрватско-словенечката влада. сметајќи


дека нема потреба од натамошно постоење на неутрална зона во тој регион,
бара нејзино укинување од страна на амбасадорската конференција.

Техничко географскиот комитет смета, согласно одлуката на Амба-


садорската конференција од 25 март 1922 год. дека треба на самото место
да се одбележи границата и дека во такви услови, треба неутрална зона да
се воспостави во регионот јужно од Охридското Езеро каде што српско-
хрватско-словенечко-албанската граница треба да се разграничи.

Но, бидејќи Комисијата за утврдување на границите на Албанија во


моментов се наоѓа на другиот дел на границата, Техничко географскиот
комитет на амбасадорската конференција и ги препорачува следните
одлуки:

1) Да се запознае српско-хрватско-словенечката влада дека Амба-


садорската конференција останува на ставот искажан во одлуката од 25
март 1922 год., дека за постапката на разграничување која треба да се
изврши во регионот е потребно воспоставување на неутрална зона јужно
од Охридското Езеро. Сепак, неутралната зона не ќе биде потребна кога
Комисијата за разграничување на Албанија ќе биде во состојба да започне
со работа на разграничување јужно од Езерото. Во тие услови, Комисијата
ќе ги извести заинтересираните за датумот кога треба да се изврши
евакуација.

2) Со одлуката да се запознае Комисијата за утврдување на границите


на Албанија.

Делегатите: кап. Вотсон, Велика Британија


сел. Бело, Франција
ком. Маѕолини, Италија
кап. Скада, Јапонија

ИДА МНРИ, папка 708 (Албанија 191-30); ДАРМ, КС 21, п. 708, предмет бр. 9;
превод од
француски јазик

200____________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

76.

Телеграма од италијанското пратеништво во Драч до

Министерството за надворешни работи ао Рим од 2 октомври


1922 година, за евентуалниот југословенски напад

врз Албанија

Дешифрирана телеграма бр.6501


Италијанско пратеништво во Драч

До Министерство за надворешни работи - Рим

Драч, 2 октомври 1922 год.

3329. Деновиве владата во Тирана е многу загрижена заради податоците и


околностите кои наведуваат на претпоставки за можен напад од страна на
Југославија. Однесувањето на југословенските делегати во Комисијата за
утврдување на границите; наводна делумна мобилизација во регионот Охрид
и Дебар; концентрација на југословенските трупи на југословенско-
албанската граница по повод повторната активност на антисрпските комити
во Црна Гора; и на крајот, страхувањето грчко-турските настани64 и спорови
за Тракија да не отворат нов период на немири на Балканот во кои Албанија
би можела да биде вовлечена и проголтана се главни причини за сериозна
загриженост на овдешната влада. Американскиот претставник и англискиот
вршител на работите дојдоа кај мене на разговор по разговорот со Ахмет-
бег Зогу. Кажав дека според мене таквата загриженост е претерана и дека
ако се случи такво нешто, Албанија не ќе може да се брани со сопствени
сили и ќе биде принудена да го следи патот зацртан во Париската изјава
од ноември 1921 год.

Ја молам В.Е. да ме извести што во врска со тоа се вели во Белград.

Ако страхувањето е неоправдано би било полезно ако можам на некој начин


да ја успокојам владата во Тирана. Се вели дека ние во секој случај немаме
______________________

64 Се однесува на Грчко-турската војна 1919-1922 год.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА__________________________________ 201

намера да се обврземе дека ќе го поддржиме и браниме албанскиот


интегритет.... и затоа што не знам од кој извор тука доаѓаат гласини за
нашиот договор со Југославија за поделба на Албанија.

Дурацо65

ИДА МНРИ, папка 706 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 706, предмет бр. 9;
превод од
италијански јазик

77.

Телеграма од италијанското пратеништво во Белград до


Министерството за надворешни работи во Рим од 2 октомври
1922 година, во врска со албанските граници

Дешифрирана телеграма бр.6483


Кралско пратеништво во Белград

До Министерството за надворешни работи - Рим

Белград, 2 октомври 1922 год.


547 - Телеграма бр.2165 на В.Е. - ГРАНИЦИ НА АЛБАНИЈА -

Овдешната влада се обидува да ја завлекува работата тврдејќи дека


прашањето на евакуацијата на неутралната зона на југот на Охридското
Езеро и оспорувањето на регионот Дебар ги разгледува Амбасадорската
конференција. - Тука се дава особено значење на прашањето со пренагла-
сување на опасноста од бугарските чети во првата зона и преминување на
границата од Албанците кај втората - Опомената на Амбасадорската кон-
ференција можеби би ја натерало овдешната валда да го измени однесу-
вањето.

Упорноста на Владата на СХС би требало да ја убеди Тирана дека


југословенското пријателство кон Албанија (толку често прокламирано во
последно време во белградскиот печат) е преправање.

Сумонте66

ИДА МНРИ, папка 708 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 708, предмет бр. 7;
превод од
италијански јазик

65 Дурацо Карло, маркиз (Џенова 1879 - Брисел 1930), во дипломатска служба


во
Трст, Рибеирао-Прето (Бразил), Софија, Будимпешта, Монтреал, Берн, Тирана,
Пекинг, Драч
(1922), Букурешт; член на италијанската делегација на Париската мировна
конференција.

66 Сумонте Консалво (Неапол 1382 -?), во дипломатско-конзуларна служба во


Белград
(1920-1921), Загреб (1921), Атина, Париз итн.

202___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

78.

Писмо од италијанскиот генерален конзул во Солун


до министерот за надворешни работи во Рим од 5 октомври
1922 година, во врска со грчките насилства врз населението
во Кукушко
Кралски генерален конзулат

во Солун

Бр. 2244/448/Поз. 38

До Министерството за надворешни работи - Рим

Солун, 5 октомври 1922 год.

Господине министер,

Полковникот Ципурас, командант на овдешниот гарнизон, или, како


што самиот вели "помалку претставник на револуцијата во Солун". денес
љубезно ги покани на чај конзулите на Антантата, на Америка и Југосла-
вија..........

Поинтересни од разговорите кај брачниот пар Ципурас се вестите кои


ги добивам од центрите блиску до градот, во кои грчката жандармерија
врши многу тешко насилство врз муслиманското население. Во селото Аџи
Јануи67, Дојранско, во близина на Кукуш, 45 муслимани, меѓу кои двајца
службеници на Трговската комра на овој град пред неколку дена се убиени
од жандарите. Во потпрефектурата Ениџе се убиени други 12 лица. Ме
уверуваат дека имало насилства и во околината на Лерин. Во Серес пак,
грчкото население посредувало кај градските власти во полза на мусли-
маните барајќи гаранција за нивниот живот и не се забележани насилства.
Во градот Солун, иако главно владее ред, започнуваат да се регистрираат
спорадични дејствија на насилство против муслиманите од страна на грчките
војници и цивили. Повеќе од една муслиманска куќа била ноќе нападната,
жени и мажи малтретирани и извршени се кражби и грабежи. Се разбира
дека локалниот печат не ги регистрира овие настани.Во муслиманскиот свет
владе голема паника. Повеќе турски поданици а особено разни албански
повидни личности ми се обратиле барајќи заштита во случај на потреба.
Додека не сум загрижен за првите чија заштита е во рацете на мојот шпански
______________--

67 Станува збор за селото Аџи Јунус, Кукушко.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА______________________________________203

колега, би сакал да го добијам мислењето на нашето Пратеништвото во


врска со вторите и, дали треба, иако неофицијално и пријателски, да им се
помогне.......

Генерален конзул
Р/аниери/с.р.
ИДА МНРИ, папка 706 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од
италијански јазик

79.

Извештај на Меѓународната комисија за одредување


на границите на Албанија од Дебар до Министерството за
надворешни работи во Рим од 8 октомври 1922 година

Меѓународна комисија за одредување на границите на Албанија

Италијанска делегација

Бр.317

Строго доверливо

До Министерството за надворешни работи - Оддел Албанија - Рим

Дебар, 8 октомври 1922 год.

Предмет: Извештај

АЛБАНСКО-ЈУГОСЛОВЕНСКА ГРАНИЦА - Комисијата деновиве го


заврши проучувањето на Секцијата Е на границата кон Југославија која
одговара на центрите Дебар и Струга и до Амбасадорската конференција ги
испрати своите предлози во записникот Бр. 27 од 2 октомври.

Во големиот дел од Секцијата, т.е. северио од Дебар и западно од


Струга, границата ја дели линијата на вододелницата, за која немало
расправи.

Сериозни разидувања на делегатите, а во почеток и на комесарите,


се појавија во врска со протегање иа територијата која ќе и се остави на
Југославија околу градот Дебар.

Лондонскиот протокол, од причини кои можеби тогаш биле значајни


но кои сега не изгледаат уверливи, сакаше на Србија да и го остави градот
Дебар, центар со 20.00 жители, над три четвртини муслимани кои во рацете
ја држат крупната трговија и земја и се вистински Албанци и една четвртина
православни кои зборуваат бугарски и чии стремежи, мошне неодредени.

204_____________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

кон самостојна Македонија, без сомнение не се насочени кон Србија. Уште


повеќе, протоколот градот Дебар го отсече од Дебарско, плодно подрачје
кое што се протега на север дури преку Пешкопеја а на запад до селата
преку Дрим, и со тоа ја одзеде основата на некогашниот процут; и, така
осакатен, го остави изолиран од останатата Држава со големо планинско и
голо подрачје со тешки и несигурни комуникации.
Одлуката од 9 ноември 1921 год,. сакаше делумно да ја поправи
таквата ситуација одземајќи го од Албанија и доделувајќи го на Југославија
колскиот пат Дебар-Струга на левиот брег на текот на Дрим, долж кој
според Лондонскиот протокол требаше да оди границата помеѓу Албанија и
Србија.

На тој начин, ако одлуката од една страна ја поправи состојбата на


изолација на Дебар, од друга страна го заостри судирот на народностите
бидејќи покрај градот Дебар, албански центар, содржи доделување на
Југославија на сосем албански краишта кои се наоѓаат во непосредна
близина на патот.

Во записникот јасно и детално се наведени барањата на засегнатите


делегати и одлуките кои во врска со тоа ги донесе Комисијата; се огра-
ничувам да се задржам на суштинските прашања.

Северно од Дебар, според протоколот, границата треба да се оддели


од вододелницата "малку по на север" над градот за да стигне до текот на
Дрим. Се разбира дека овој непрецизен термин двајцата делегати го толкуваа
на различен начин, во полза на својата теза. Комисијата едногласно ја одбра
средната траса која ги следи добро дефинираните линии на теренот и која
околу градот остава плодно подрачје од 5 до 6 км, доволно да му обезбеди
да дише и потребни извори. Не можеше да се оди подалеку а да не се откине
од Албанија муслиманското население кое упорно е врзано за неа, на селата
во Дебарско.

За регионот западно и јужно од Дебар. по прашањето на протегање


на територијата која треба да и се остави на Југославија, имаше бурна
расправа.

Одлуката од 9 ноември 1921 год. јасно вели дека патот Дебар-Струга


треба да се остави вон Албанија, за на тој начин да се обезбедат стопански
врски со Дебар. Тоа значи дека бил исклучен секаков услов за воена
заштита, условот кој, денес повеќе одошто порано, има неодредена вред-
ност.

За да се обезбеди овој стопански пат, југословенскиот делегат дури


побара област на 22 села, албански по јазик и срце, со население од повеќе
од 11.000 жители. Така, како и доделувањето на Дебар на Југославија, го

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_____________________________________205

повлече зад себе и патот Дебар-Струга која инаку би требала да ја повлече


и целото Голобрдо, регионот кој влегува во самиот центар на албанската
држава.

Никакво сомнение не треба да остане во врска со расположението на


жителите на ова подрачје. А Требиште, големо село со преку 4.000 души,
водачите на семејствата дојдоа до Комисијата за да потврдат дека, ако, од
врвна неправда, селото би било доделено на Југославија, сите ќе се иселат
во Албанија и Комисијата беше должна да им пронајде зона каде што ќе
одат да живеат. За снабдување, тие веќе одат во Елбасан и не сакат да го
користат Дебар додека тој останува во странски раце. Во други села ни
искажаа ушто поенергични намери.

Се разбира дека албанскиот делегат побара најблиска линија до патот,


така што ниту едно село, заради измената на Лондонскиот протокол, не
треба да премине во друга држава.

Искажувајќи го своето мислење, Комисијата се сложи, во зоната не-


посредно западно од Дебар, да го избере Дрим за единствена логична гра-
ница.

За делот јужно од Дебар, таа во почетокот се подели на два дела.


Британскиот комесар целосно се согласуваше со мене сметајќи дека со патот
Дебар-Струга, на Југославија требало да и се додели само најблискиот терен,
до природните линии кои одговараат на барањата на една добра граница; и
без расправа ја прифати линијата која јас ја зацртав а тоа е таа репроду-
цирана во предлогот.

Францускиот комесар пак, на официјалната седница изјави дека


предлага една линија која повеќе се приближува на југословенскиот предлог
и која од Албанија одзема голем дел од селата на Голобрдо. Неговите ар-
гументи беа дека четирите села кои, според нашиот предлог, би ја следеле
судбината на патот, остануваат премногу стеснати меѓу границата и Дрим и
дека, ако јадрото на Албанци веќе треба да се оддели од татковината,
подобро е тоа да биде посилно, за да има поголеми веројатности еден ден
да добие правилна корекција на границите. станува збор за аргументите
кои не заслужуваат ниту сериозно противставување. И тој самиот во тоа се
убедил бидејќи, кога по завршувањето на седницата, јас изразив жалење
дека за првпат Комисијата решавала со мнозинство наместо едногласно,
тој следниот ден ги повлекол сите свои предлози и му се приклучил на
мислењето на останатите комесари. Така, и овој пат, предлозите на Ко-
мисијата стигнуваат до Амбасадорската конференција поткрепени со
значајна едногласност на мислењето на комесарите.

206___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Што се однесува на најјужниот дел на Секцијата. требаше само да се


проучи протегањето на територијата која ќе треба да и се остави на Албанија
северно од селото Лим, за да се обезбеди комуникацијата Елбасан-Корча;

и комисијата се сложи со линијата која ќе се предложи, средна меѓу бараните.

Вкупно, уверен сум дека подржував и постигнав да се прифати на тој


долг и значаен дел на границата решението кое врз основа на протоколот,
на правичен начин ги смирува сите различни етнографски и економски
барања; логично, двете Влади би требале да бидат задоволни со тоа.
Предлозите на Комисијата се држат во строга тајност, до одобру-
вањето на Амбасадорската конференција.

ЗАМЕНА НА АЛБАНСКИ ДЕЛЕГАТ - Во неодамнешната телеграма на


албанската Влада беше барано мојата согласност за замена на албанскиот
делегат во комисијата, генералот Али Колоња, со актуалниот префект на
Валона, мајор во војската, поранешен министер за внатрешни работи.

Причината беше сврзана со потребата од испраќање на генералот


Али во Белград каде што беше од време именуван за министер на Албанија.
Не можев да ја одбијам согласноста бидејќи делегатот треба да биде по
волја на својата Влада; но, веста предизвика жалење кај мене и кај
останатите комесари бидејќи генералот Али знаеше да ги освои сите со
својот вешт такт и дискреција. Се чини дека тој стана жртва токму на таа
дискреција и дека Владата го заменила за да ги замолчи протестите на
националистите кои го обвинуваа дека е премногу сервилен со Југосло-
вените. Навистина, при тешките докази на фактите тој беше принуден многу
да ја ублажи својата почетна србофилија. И неговата работа, според ми-
слење на сите, стана најефикасна за интересите на Албанија. Најзапалените
националистички елементи кои особено се силни овде во Дебар и кои не
знаат или не сакаат да знаат дека постои протокол кој ги одредува границите
на Албанија и мислат дека Албанија може да се преправа на нивен начин,
вклучувајќи го во неа Дебар, и евентуално и Призрен и Ѓаковица, не му ги
опростија неговите логички и умерени барања на граничната линија и, како
што се чини, на крај тие беа задоволени од страна на Владата. Веројатно и
други лични причини кои никогаш не отсуствуваат во оваа земја, придонесоа
кон ова замена која доаѓа во незгодно време, тоа е кога се расправа за
тешки прашања и многу малку време не дели од завршувањето на работите
за тековната година.

ПРОГРАМА ЗА ПРЕТСТОЈНА РАБОТА - Како што опширно известувам


во Стр. дов. извештај бр. 315, Комисијата мораше да ја прекине работата

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_______________________________ 207

бидејќи не можеше да го толерира упорното одбивање на југословенската


Влада за испразнување на неутралната зона јужно од Охридското Езеро,
по наредба на Амбасадорската конференција и на Комисијата.

Постои надеж дека цврстиот став на Комисијата ќе ја поттикне


Југословенската Влада на подобри предлози или дека Амбасадорската
конференција ќе најде брзо решение кое што во исто време би ги запазило
барањата на границите и нејзиниот углед и угледот на Комисијата.* Ако тоа
може да се постигне, со 15 дена поволно време, Комисијата ќе може да ја
изврши сета работа што се уште недостасува на подрачјето на Призрен и
Ѓаковица, завршувајќи ја со тоа целата граница кон Југославија.

Се уште не се гледа можноста за враќање во Корча за продолжување


со прочување на границата кон Грција бидејќи грчкиот делегат и натаму не
може да се пронајде и актуелната состојба во Грција не дозволува поволни
предвидувања.

На брзото решавање на сите овие прашања исто така, како што веќе
напомнав во претходниот извештај, тешкотиите со комуникациите, заради
кои и најзначајните телеграми испратени во Париз за Амбасадорската
конференција или не пристигнуваат или пак пристигнуваат такви што не-
можно е да се дешифрираат; не сакам да ги наведам сите можни причини
за оваа појава; една од нив може да биде слабото познавање на латиница
на многумина од овдешните југословенски службеници на телеграфот.

Италијански комесар
Ген. Телини с.р. (печат)

ИДА МНРИ, папка 708 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик
_____________________________-

* Како што известувам во извештајот бр. 315, работата продолжува.

208______________________________________ ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

80.

Извештај за работа на италијанската делегација во Меѓу-


народната комисија за одредување на границите на Албанија
од Призрен до Министерството за надворешни работи во Рим
од 5 ноември 1922 година

Меѓународна комисија за одредување на границите на Албанија

Италијанска делегација

Бр.364

Строго доверливо

Призрен, 5 ноември 1922 год.

До Министерството за надворешни работи - Оддел Албанија


Военото министерство - О.Г.Ш. - Рим
Италијанската делегација од Ц.М.А.в., ул. Ж. Бизе 24, Париз
Амбасадата на Италија - Париз
Италијанските пратеништва во Белград, Драч и Атина

Предмет: Извештај68

ПРАШАЊЕТО НА МАНАСТИРОТ СВ. НАУМ - Како што објаснив во


мојот извештај од 4 септември, утврдувањето на границата во веќе при-
знатата зона јужно од Охридското Езеро е одложено за да може да се проучи
заедно со соседната граница кон Грција; тогаш додадов дека во преговорите
меѓу комесарите се покажа разидување во врска со толкувањето на
реченицата од лондонскиот протокол "до манастирот Св. Наум". Британ-
скиот комесар побара упатство од својата амбасада во Париз во врска со
толкувањето на Протоколот а амбасадата се обрати до Амбасадорската
конференција.

Потоа А.К. побара да и бидат испратени различните мислења на од-


делни комесари и на заинтересираните делегати, во врска со доделувањето
на манастирот, одложувајќи го утврдувањето на границата во таа зона.

Не ми се верува дека применетата постапка е најумесна бидејќи


Комисијата беше задолжена за толкување на Протоколот на самото место
и никогаш не чувствував потреба да се обратам до Конференцијата за
претходни толкувања.

Известувам и за голема опасност од менување на Протоколот и ако


дојде до тоа - како што јасно го искажав своето мислење - населението за
кое станува збор кое можеби се помири со прифаќањето на Протоколот
конечно утврден со одлуката од 9 ноември 1921 год., и кога тој беше спро-

68 Се објавува само делот кој се однесува на Македонија.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА________________________________________________209

тивен на нивните стремежи (да ги наведам само примерите на Дебар,


Ѓаковица, Гусиње. многу потешки од самиот манастир Св. Наум), би се по-
бунило ако сега се измени Протоколот во полза на една од земјите.

Цврсто сум уверен дека без неумесниот британски чекор би успеал -


како и за други делови од границата - да се постигне едногласна одлука и
за тоа. Сега ќе биде потешко да се дојде до тоа бидејќи официјално стана
збор за несогласување кое во суштина не постои бидејќи прашањето на
манастирот се уште не е разгледувано.

Ќе има и друга причина за доцнење на одлуките бидејќи дури денес


бараните мислења се испратени за Париз и Комисијата треба да ги одложи
своите одлуки за овој дел од границата додека Конференцијата не донесе
одлука. Тоа најверојатно значи одлагање на предлогот за наредната година
бидејќи Комисијата на крајот на месецот треба да ја прекине работата.
Интересно е да се забележи дека истиот британски комесар кој го
подигна прашањето, толкувајќи го Протоколот на поинаков начин од оста-
натите двајца одн. во смисла на доделувањето на Св. Наум на Југославија,
во своето мислење признава дека разумна граница меѓу Охридското и
Преспанското Езеро би требала да поминува северно од Св. Наум одн.
истиот да и се остави на Албанија.

Италијански комесар
Генерал Телини с.р. (печат)

ИДА МНРИ, папка 712 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 712, предмет бр. 7,
преведено од
италијански јазик

81.

Писмо од грчкото пратеништво во Рим до Министерството


за надворешни работи во Рим од 20 ноември 1922 година,
за движењето на чети во Македонија и ТракиЈа, со прилог

Пратеништвото на Грција во Рим

Рим, 20 ноември 1922 год.

Господине потсекретар,

Чест ми е да Ви го предадам соопштението за движењето на


бугарските чети во источна Македонија и западна Тракија, како продолжение
на претходните.

Ве молам, Екселенцијо, примете ги изразите на моето големо почи-


тување

Д. Г. Метаксас с.р.

210_______________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Бр.2112

Бугарската организација на автономистите реши со бројни силни чети


да се обиде да изврши инвазија на грчката територија во источна Македонија
и западна Тракија, пред се во Порој, Сер, Драма, Ксанти и Гумурџина. Целта
е создавање на бунтовничка ситуација во предвечерие на Конференцијата
во Лозана69. Според бугарски информации, бројот на четите се качува до 35
илјади, составени од наводните бегалци - Бугари и од Турците, засилени со
локалната мобилизација извршена од страна на автономистите и од офи-
церите и подофицерите кои располагаат и со митралези, во погранични
делови.

Рим, 17 ноември 1922 год.

До Н.Е.Е.Васало, државен потсекретар


Министерството за надворешни работи

ИДА МНРИ, папка 910 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 910, предмет бр. 1;
превод од
италијански јазик

82.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија до


Министерството за надворешни работи во Рим од 15 февруари
1923 година, во врска со изјавите на Стамболиски, со прилози

Кралско пратеништво во Софија


Телеграма бр. 321/71

Софија, 15 февруари 1923 год.

До Министерството за надворешни работи - Рим

ИЗЈАВИ НА Г.СТАМБОЛИСКИ

Имам чест во прилог да Ви го испратам изводот од Билтенот за печат


на овдешната меѓу сојузничка комисија која и го преведе, со изјавите на г.
Стамболиски дадени на некои уредници на бугарските весници.
____________________

63 Конференцијата во Лозана била одржана во 1923 година. На неа по


тригодишно
војување меѓу Турција и Грција бил потпишан договор за мир. Во оваа војна
Грција била
поразена.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________ 211

Претседателот на бугарскиот Министерски совет тврди дека атен-


татот од 4 о.м. врз него и другите министри во Народниот театар (телеграма
на Пратеништвото бр. 36 од б.о.м) е дело на македонските терористи. Иако
тоа е можно, полицијата се уште не го уапси извршителот на атентатот но
тој е познат (станува збор за извесниот Арсениј Даскалов70, без професија
и без особена политичка боја) и според извршената истрага се уште не може
да ги утврди причините за атентатот.
Во врска со актуелната криза во кабинетот претседателот на Владата
се ограничува на изјавата дека веќе извесно време е потребна "чистка" во
министерството и во партијата на недоверливи елементи и дека исклучу-
вањето на трите министри Турлаков, Томов и Манолев не е негово дело
туку на Врховниот совет на партијата (в. мојот извештај бр. 307/67 од 13
о.м.). Додаде дека по одлуките на Врховниот совет, новата Бугарија пред
себе има посветла иднина од кога и да е.

Кр. вршител на работите

А.Корх с.р.

Протестна резопуција на македонските емигранти

Денес на 15 април 1923 г., македонските емигранти во Софија без оглед на


вера и националност, собрани на величествениот мигинг за разгледување
на теророт извршен во цела Македонија и за неодамнешните колежи на
мирното население во селата Гарван и Брест71, по наредба и во присуство
на српските власги, откога ги ислушаа говорниците, претставници на сите
националности од Македонија, решија:

1) да протестираат против крвавиот терор и систематските колежи


во Македонија кои го обесчествуваат човештвото и сеат неслога на
Балканот, против договорот за доброволно иселување склучен помеѓу Грција
и Бугарија; против свирепата колонизаторска полигика на српската и
грчката влада кои ги интернираат жените и невините деца во далечните
______________________________

70 Се однесува на Асен Даскалов.

71 Колежот во с. Гарван (Радовишко', како одмазда за •убиството на српските


колонисти
во с. Кадрифаково (Штипско) од страна на една чета на ВМРО, по наредба на
жупанот Добрица
Матковиќ во Штип, бил извршен на 3 март 1923 година. Меѓутоа, за сличен акт,
како што се
вели во селото Брест, освен оваа не постојат други информации. Во Македонија
села со
името Брест има во Скопско, Штипско, Струмичко и Дојранско.

212___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

земји и на островите кои не се погодни за живеење, оставајќи ги брутално


без нивните имоти кои им се предаваат на натрапници; против неприме-
нувањето во Македонија на клавзулите од Мировниот договор кои на
Македонците им ги гарантираат минималните културни права.

2) да ги замолат владите на големите Сили и на сите цивилизирани


народи, во името на човештвото и на мирот во Европа да спроведат меѓу-
народна истрага во Македонија која ќе ги утврди сите неправди на властите
во нашата Македонија и потребата од создавањето на слободна и независна
држава - независна Македонија - во географските и стопанскиге граници.

3)Резолуцијата ќе биде испратена до Друштвото на народите, до Меѓу-


народното биро за одбрана на правата на народите, до г.претседател на
САД, до владите на Големите сили, до вгората и третата Интернационала и
до сите здруженија кои се бораг за слобода и поголема социјална правда.

Кралско пратеништво во Софија


До Н.Е. Б.Мусолини
Министер за надворешни работи
Рим

Бр. 711/173 Софија, 16 април 1923 год.

Предмет: Македонска организација


Македонија - автономија

Во врска со телеграмите бр. 95 и 96 имам чест да ја известам В.Е.


дека импозантната манифестација организирана вчера во Софија од страна
на македонските емигранти имаше за главна цел протест против угнету-
вачкиот режим воспоставен во Македонија, особено во врска со неодам-
нешните стрелања наредени од српските власти врз мирното население на
с. Гарван. Огромна толпа од околу 30 илјади луѓе (мажи, жени и деца) помина
по главните улици на главниот град носејќи темно обоени знамиња и натписи.
По повеќе говори е изгласан протест чии текст го приложувам, против теро-
рот врз македонското население, договорот за иселување и против колони-
заторската политика и депортација на владите од Белград и Атина, под-
влекувајќи ја потребата од создавање на независна влада во Македонија.
Манифестацијата се одржа и се заврши во најсовршен ред.

Во оваа прилика ќе биде полезно да ги резимирам податоците за


целата македонска организација кои можев да ги добијам од веродостоен
извор.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА__________________________________ 213

Со движењето раководат два Централни комитети72: софискиот и


внатрешниот таен комитет во Македонија кои како главна програмаја имаат
автономијата и независноста на Македонија.

1 - СОФИСКО РАКОВОДСТВО - Во Бугарија живеат околу 300 илјади


македонски емигранти, тесно организирани во друштва кои се нарекуваат
според местото на потеклото на членовите.

Особена грижа се посветува на пропагандата во странство со мемо-


рандуми, писма и телеграми, упатени во зависност од приликата до европ-
ските влади, Друштвото на народите, меѓународните конференции (парис-
ката, женевската, лозанската).

Потребните трошоци ги покриваат со сопствени прилози. Секој член


плаќа чланарина во своето Друштво кое пак на Централниот комитет му
исплатува половина од придонесите. Значителни суми н.пр. пристигнуваат
особено од Америка.

2 - ВНАТРЕШЕН КОМИТЕТ - поточно се нарекува "Внатрешна


револуционерна организација на Македонија" и на чело на истиот се наоѓа
Тодор Александров за кого Србите распишаа награда 250 илјади динари.

Македонците се надеваа дека на Париската мировна конференција


ќе ја добијат бараната автономија врз основа на прочуените 14 точки на
Вилсон, но надежите пропаднаа заради француското спротивставување
додека САД и Италија се искажаа позитивно.

Тогаш организацијата ја обнови својата дејност која во последниве


две години дури и се засили.

Стамболиски веднаш го искажа своето спротивставување и успеа да


го затворат и Александров кој пак успеа да избега. Потоа воениот министер
Димитров се обиде да внесе расцеп меѓу Македонците и испрати емисари
за да го убијат Александров, но одговорот на Македонците беше поостар од
кога да е бидејќи самиот министер само малку подоцна беше убиен.

Распространетоста, силата и власта која ги постигна организацијата


благодарение на железната дисциплина и сериозно ја загрижуваат југо-
словенската влада која при секој обид или сомнеж врши масовни стрелања
зголемувајќи го духот на жртвување и ентузијазам кај Македонците. Во
пропагандните програми се препорачува цврста сплотеност, со сите средства
___________________

72 Информацијата не е прецизна, ниту во поглед на раководството на


автономистичката
ВМРО ниту во однос на бројот на македонската емиграција во Бугарија. Бројот
на последнава
е трипати зголемен.

214___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

да се спречи србизацијата, да се одржува духот на населението со


одржување во живот на идејата за автономија.

Ова е всушност организацијата против која Пашиќ73 сака да се бори и


заради која се убеди да го потпише договорот со Бугарија во Ниш, по-
кажувајќи ја на тој начин својата загриженост. Но Македонците се цврсто
решени да не го положат оружјето додека не ги постигнат сите свои
национални цели.

Со длабока почит

Ринела74 с.р.

Дешифрирана телеграма бр. 3067


Кралско пратеништво во Софија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 5 мај 1923 год.

Предмет: МЕРКИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКИТЕ АВТОНОМИСТИ


И КОМУНИСТИЧКАТА ПРОПАГАНДА

3 - Кога не успеа со обид на убедување, овдешната влада е решена


да примени остри мерки против македонските автономисти кои започнаа
терористичка дејност против противниците.

Стамболиски даде упатста во сите села да се организираат земјо-


делски борбени одреди не само за да се спротивстават на македонските
чети туку и да ја искоренат пропагандата на комунистите.

Ринела

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п, 914, предмет бр.
16; превод од
италијански јазик

73 Станува збор за Никола Пашиќ, познат српски државник.

74 Ринела Сабино (Каноза ди Пулја 1875 - Рим 1946), во дипломатска служба од


1902
год., работи во Берн, Буенос Аирес, Белград, Тангер. Хаг, Софија (1923);
италијански де-
легат во Меѓу сојузничката комисија за репарации во Софија (1920) и др.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_____________________________________215

83.
Телеграма од Софија до Главниот штаб на италијанската
војска во Рим од 9 мај 1923 година, за внатрешната политика
на Бугарија

(Копија)
До Военото министерство

Главен штаб на кралската војска

Софија, 9 мај 1923 год.

Предмет: Внатрешна политика на Бугарија

409 - Д = Владата нареди распуштање во рок од 5 дена на сите маке-


донски организации кои постојат во Бугарија наредувајќи го предавањето
на архивите на истите на Министерството за надворешни работи. Извршени
се бројни апсења на македонските личности. Заради непоправливоста на
Македонците и заради ефикасноста на нивните организации се предвиду-
ваат сериозни реакции и немири во македонските окрузи. Се смета дека
мерката е последица на договорите во Ниш75 во кои, се чини, Бугарија се
обврза дека ќе и го олесни на југословенската влада задушувањето на
македонското движење, во замена за поддршката на бугарските побарувања
во Тракија. Постоењето на таквиот договор го објаснува известувањето од
6 о.м. испратено до месното грчко претставништво во која се наредува
прекин на прогонувањето на бугарските елементи во Тракија, под закана
на репресалии.

Истото соопштение телеграфски го испратив и на генералот Марјети.

Мајор Сканагата
По наредба: Полковник......

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 914, предмет бр.
14; превод од
италијански јазик
_________________

75 Во прашање е спогодбата помеѓу владите на Кралството на СХС и Бугарија


потпишана во март 1923 година во Ниш. Основната содржина на оваа спогодба
била да се
спречува навлегувањето на автономистичките чети од Бугарија во вардарскиот
дел на
•Македонија под српска власт. Заради оваа спогодба владата на Стамболиски во
Бугарија
била жестоко критикувана. Бугарскиот парламент ја ратификува спогодбата по
соборувањето
ча Стамболиски, за време на владата на Александар Цанков.
216__________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

84.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија до


Министерството за надворешни работи во Рим од 17 мај 1923
година, за борбата на Стамболиски против Македонците

Телеграма бр. 4022


Кралско пратеништво во Софија

До Министерство за надворешни работи - Рим

Софија, 17 мај 1923 год.

Борба на Стамболиски против Македонците

Стамболиски ја потврди својата намера даја продолжи жестоката и безми-


лосна борба против Македонците до нивното целосно потчинување. Оче-
видно кампањата се води во договор со Србија која ги достави списоците
врз основа на кои се вршат апсења.Сегашното однесување на Владата не
може да наиде на согласност најавното мислење во земјата која од време
Македонците ги смета за бугарски браќа и македонската кауза за нацио-
налната и за која пред тоа се соочи со две ужасни војни. За да ја оправда
новата програма за договор со Србите, Стамболиски требало да се избори
за вистинската предност, како што е ефективното поседување на излезот
на Егејското Море и повторната окупација на Западна Тракија. И покрај
демантирањето сепак уште верувам дека во Ниш дошло до договори во таа
смисла. Се чини дека македонските немири против владата на Селанската
партија се силни идекатешко ќеможедајанадминеактуелнатакризаада
не се најде пред некој сериозен настан. Таа е свесна за тоа и е мошне
загрижена па затоа презеде најстроги полициски мерки. Но, во случај на
судир не ќе може многу да се ослони на регуларните сили заради не-
оспорната симпатија на офицерите кон македонската кауза. Тоа значи дека
би останале одредите на "селаните", кај кои се настојува да се поттикне
жарот кој, се чини, не е доволен за да претставува доволна помош,

Ринела

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 914, предмет бр.
15: превод сд
италијански јазик
ДОКУМEНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА__________________________________217

85.

Доверливо писмо од италијанското пратеништво во Софија


до министерот за надворешни работи во Рим од 18 мај 1923
година, за политичката состојба во Бугарија

Кралско пратеништво во Софија


Бр. 892/218

До Н.Е. Б.Мусолини
Министерство за надворешни работи
Рим

Предмет: Политичка ситуација во Бугарија

Софија, 18 мај 1923 год.

По повод свеченото отворање на железничката линија Раковски-


(Хасково кое се одржа во присуство на кралот и на министрите, г. Стамбо-
лиски сметаше за потребно дададе нова манифестација на својата програма
за која е карактеристична вообичаена груба форма и содржина. Н.В. се
ограничи да го искаже своето задоволство "од таквиот напредок кој - ост-
варен во толку тешко време и со ограничени средства - открива голема
издржливост и мажественост со која храбриот бугарски народ ги обезбедува
позициите потребни за хивот и напредок.".....................

Тенденцијата за зближување со Србија не наоѓа цврста основа освен


што претседателот на Министерскиот совет може да ја поткрепува со
реалните предности како што е сигурна поддршка за поседување на излезот
на Егејското Море и повторната окупација на Западна Тракија. Затоа и покрај
службените демантирања во врска со тоа и натаму верувам дека во Ниш се
склучени договори во таа смисла. Енергичната и ревносна акција на
Стамболиски во врска со прашањето на Тракија може во последно време
да се смета како значаен елемент во новиот план на надворешната политика
на Бугарија. Како овој план под рака го поддржува некоја голема Сила ќе
објаснам во друг извештај.

Во секој случај, со оглед на сериозното македонско вриење насочено


не како порано против Бугарија туку против владата на Земјоделската
партија и ми се чини дека таа тешко ќе може да (а надмине кризата а да не
се најде пред некој сериозен настан. Стамболиски е сосем свесен за тешката
ситуација и примени најстроги полициски мерки. Се чини дека се подготвени
ровови на ритчињата југозападно од Софија доверени на т.н. полјаци. Но и
да се појави можност за судир со македонските сили не може премногу да

218 _______________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

се има доверба во регуларните сили заради неоспорните симпатии на офи-


церите кон Македонците. Тоа неодамна и се покажа кога еден полковник
испратен во Петрич (македонски центар) со формална наредба за употреба
на оружје заради давање пример, тој воопшто не ги испочитува добиените
наредби и изврши смирување.

И натаму со најголемо внимание ќе ги следам настаните за да можам


прецизно да ја известувам В.Е.

Со длабока почит

Ринела с.р.

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 914, предмет бр.
13;
превод од италијански јазик

86.

Телеграма од италијанското пратеништво во Париз до


Министерството за надворешни работи во Рим од 7 јуни 1923
година, за неутралната зона на грчко-албанската граница

Кралско пратеништво на Италија


Телеграма бр. 2195/849

До Министерството за надворешни работи - Рим

Париз, 7 јуни 1923 год.

Предмет: Неутрална зона на грчко-албанската граница

Грчката влада протестираше против предлогот на италијанскиот


делегат, претседател на Комисијата за утврдување на граници, за воспо-
ставување на неутрална зона на грчко-албанската граница и побара од Ам-
басадорската конференција да се спречи нејзиното извршување.

Станува збор за неутралната зона меѓу Охридското Езеро и планината


Грамос, чие создавање го предложи Конференцијата, но во мигот кога ко-
мисијата започна со работа.

Бидејќи се покажа дека комисијата се уште не сметала за умесно да


нареди создавање на неутралната зона туку има намера тоа да го направи
накнадно, Амбасадорската конференција денес реши во таа смисла да и

219_____________________________________ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА

одговори на грчката влада, додавајки дека грчкиот делегат ке може во


умесен миг на Комисијата да ги презентира сите причини во полза на ставот
на неговата влада.

Романо Авеѕана76

ИДА МНРИ, папка 716 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 716, предмет бр. 3;
превод од
италијански јазик

87.

Доверливо писмо од италијанското пратеништво во Софија


до министерот за наворешни работи во Рим од 12 јуни 1923
година, за државниот удар во Бугарија

Кралско пратеништво во Софија

До Н.Е. Бенито Мусолини

Министерство за надворешни работи - Рим

Бр. 1029/253

Софија, 12 јуни 1923 год.

Предмет: Државен удар во Бугарија

Според информациите кои Ви ги соопштив со телеграми, чест ми е да


ја известам В.Е. дека во сабота на 9 о.м. во 3 и пол ч. наутро извршен е
државен удар кој ја сруши владата на земјоделската партија на г. Стам-
болиски. Подготвен највнимателно во сите поединости и држан во најголема
тајност, настанот се случи ненадејно и се одвиваше мирно што се однесува
до населението. Истовремено од страна на регуларните сили беа заземени
јавните згради, министерствата и градската куќа, додека министрите, нај-
видните претставници на земјоделската партија и полициските стражи беа
уапсени.
..... Новата влада наговестува значајни измени во надворешната
политика на Бугаркја која Стамболиски децидно ја насочи кон спогодба со
Југославија, врз основа на борбата против Македонците. Веројатно г. Цанков

76 Романо Авеѕана Камило Фуријс, барон (Неапол 1867- Еболи 1949),


водипломатска
служба од 1889 год.; работи во Измир, Каиро, Трст, Туп-ис, Вашингтон, Пекинг.
Белград, Токио,
Техеран, Рио де Жанеиро, Цетиње, Атина (1918-1919), Париз (1922-1923);

220__________________________________________________________ИТАЛИЈ
АНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

нема да ја следи таквата ориентација бидејќи тој без сомнение силно бил
поддржуван од македонските организации чии најистакнати претставници
сега се во контакт со владата. Актуелната ситуација во Бугарија затоа не
може да им се допаѓа на Белград и Атина. Со тоа всушност исчезнува секоја
надеж за поддршка против македонското автономистичко движење додека
се претпоставува дека актуелната влада нема да испушти поволна прилика
за остварување на националните стремежи за територијалниот излез на
Егејското Море, пред се како најдобро средство за зацврстување на својата
власт. Кабинетот на г. Цанков засега сепак се ограничува на извршувањето
на вообичаеното управување но ефективната власт останува во рацете на
војската.

Со длабоко почитување

Ринелас.р.

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 914, предмет 6р. 1;
превод од
италијански јазик

88.

Писмо од Пратеништвото на Кралството на СХС во Париз


до претседателот на Амбасадорската конференција во Париз
од 19 јуни 1923 година, во врска со утврдување
на југословенско-албанската граница

Пратеништво на Кралството на
Србите, Хрватите и Словенците
Бр.550
Париз, 19јуни 1923 год.

До Н.Е. г-дин Рејмон Поенкаре,

претседател на Амбасадорската конференција

Париз

Господине претседател,

Во врска со Вашето писмо од 23 декември 1922 год. како и со моите


ноти од 6 април и 23 мај 1923 год., чест ми е да го обрнам непристрасното
внимание на В.Е. на некои факти и официјални документи чии оригинали
постојат во виенските архиви и кои неоспорно ја покажуваат сета непра-
ведност на одлуките на Амбасадорската конференција во Париз оддекември
1922 год. со кои на Албанија и се доделува еден неоспорен дел (како Св.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_____________________________ 221

Наум) на територијата на Српско-хрватско-словенечката држава. Откога


В.Е. ќе се запознае со фактите и документите, уверен сум дека ќе се увери
дека на мојата земја и е нанесена очигледна иеправда.

Како што В.Е. знае, Комисијата за разграничување назначена од


Амбасадорската конференција во Лондон во 1913 год. за трасирање на
јужните граници на Албанија заради војната од 1914 год. не можела да ја
заврши својата задача на теренот за делот од границата од планината
Грамос до Охридското Езеро одн. за целата некогашна Корчанска каза.
Сепак и за тој дел од границата, Лондонската конференција не сакала да
останат какви да се двосмислености во врска со нејзините намери и затоа
на седниците од 8 до 11 август 1913 година и на предлог на Австро-Унгарија,
Комисијата настојуваше прецизно да. го утврди тој дел од граничната линија,
за на Меѓународната комисија за разграничување да не и остане никаква
можност за слободно толкузање при утврдувањето на линијата на теренот.

Затоа, главата 2 од одлуките на Лондонската конференција читаме


(прилози 1 и 2):

"Уште сега е установено дека крајбрежјето до Птелија, вклучително


островот Сасено, подрачјето северно од грчката линија како и некогашната
османлиска Корчанска каза со западниот и јужниот брег на Охридското
Езеро од с. Лим до манастирот Свети Наум се составен дел од Албанија."

Значи дека изразите употребени од Конференцијата, во врска со


поранешната Корчанска каза се стриктно ограничувачки, пред се што се
однесува на крајната точка за која не може да постои никакво сомнение од
аспект на меѓународното п-раво. Стануваше збор за утврдување на
распространетоста на Корчанската каза со утврдување на нејзините крајни
граници на југот на Охридскето Езеро "до" манастирот Свети Наум, без
вклучување на истиот. Ако намерата на Лондонската конференција би била
друга, таа без сомнение би ги користела термините "до другата страна" од
манастирот Св. Наум, како штс тоа е сторено н.пр. на Берлинскиот конгрес
за географската дефиниција на некогашниот Новопазарски санџак кој се
протегал "до другата страна на Митровица" (чл. 25 од Берлинскиот договор).

Лондонската конференција само го следеше османлиското управно


законодавство според кое Св. Наум никогаш не припаѓал во Корчанската
каза (Албанија) туку секогаш бил дел од Охридската каза, како што тоа го
потврдуваат турските документи, поднесени во оригинал до актуелната
Комисија за разграничување од страна на српскиот делегат генерал
Јовановиќ.

Покрај експлицитните термини употребени од страна на Лондонската


конференција за одбегежување на крајната точка на албанската граница
јужно од Охридското Езеро, постојат официјални документи кои за тоа

222 ____________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

даваат прецизни индикации со детален опис и со графички приказ на


картата. Во сите тие документи кои беа основа за дефинитивната изработка
на лондонската формула Св. Наум нарочно е исклучен од границите на
Албанија. Станува збор за следните документи:

За време на Лондонската конференција, Австро-Унгарија и Италија


земаа задача заедно да подготват елаборат за јужните граници на Албанија.
Од италијанскиот преддлог од 19 март 1913 год. (в. прилог 3), основа за
работите, го наведуваме суштинскиот пасус за нашето прашање:

"Границата би поаѓала од јужниот брег на Охридското Езеро меѓу


манастирот Свети Наум кој би останал вон Албанија и гратчето Старова."

Еден месец подоцна, откога Австро-Унгарија и Италија се согласија


за тоа што грофот Менздорф го нарече "компромисна линија во југоисточна
Албанија". описот на дефинитивната линија најужната граница на Албанија
е предаден во Виена како прилог на извештајот датиран на 22 април 1913
год. во Лондон (в. прилог 4). Ќе го наведеме дело" кој непосредно се однесува
на нашиот предмет:

"Границата би поаѓала од западниот брег на Охридското Езеро кај с.


Лин, преку езерото кон неговиот јужен брег дс точката која се наоѓа меѓу
манастирот Свети Наум кој би останал вон Алѓанија и гратчето Старова".

Описот како и цртежот на линијата се приложени (под т. 41), заедно


со заклучоците на Лондонската конференција кон упатствата на грофот
Берхтолд на 5 септември 1913 год. дадени на австро-унгарскиот делегат во
Мегународната комисија за разграничување за Албанија (в. прилог 5). Исто
така ја приложуваме фотографијата на линијата зацртана на картата која
покажува дека според граничната линија утврдена од страна на Австро-
Унгарија и Италија и прифатена од Лондонската конференција, манастирот
Свети Наум во никој случај не бил вклучен вд Албанија (в. прилог 6).

Впрочем, кога веднаш по одлуките донесени во Лондон во 1913 .-. на


кои уследи австро-унгарски ултиматум со кој се повикувала Србија во што
пократок рок да се повлече на граничната линија утврдена на Конфе-
ренцијата, спрските трупи и власти запреа иаактуелната линија (со вклучен
Свети Наум), ниту една Сила, па дури ни Австро-Унгарија, не се спротивстави
и прашањето уште тогаш се сметаше за завршено.

Од сите ови причини, штосе однесува до .границата јужно од Ох-


ридскета, српско-хрватско-словенечката влада цврсто останува на
својот став бидејќи никогаш де јуре и де факто не престанала овој дел од
границата да го смета за дефинитивен и кој не можз да подлежи на каква
да е измена.

Париската Амбасадорска конференција без сомнение не знаела за


постоење на тие документи и за поголемиот дел од (горе наведените факти)

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА___________________________________________________223

кога врз основа на некомпетентното и самоволното мислење на Комисијата


за разграничување од 1922 год. направи правна грешка со одлуката со која
и се доделува на Албанија, како што В.Е. ме извести со писмото од 23
декември 1922 год., територијата која никогаш не и припаѓала.

Со оглед на причините на кои се повикувам во моите ноти од 6 април


и од 23 мај 1923 год., цврсто сум уверен дека В.Е. ќе ги земе во предвид
новите аргументи изнесени во нотата и ќе покрене постапка за ревизија на
одлуките на Амбасадорската конференција од декември 1922 гос., изме-
нуајќи ги согласно правото и правдата.

Ве молам, господине претседател да ги примите изразите на моето


високо почитување

Понизен и послушен слуга на В.Е.

(потпишан) Спалајковиќ

ИДА МНРИ, папка 708 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 708, предмет бр.
11; превод од
француски јазик

89.
Писмо од италијанското пратеништво во Софија
до министерот за надворешни работи во Рим од 25 јуни
1923 година, за политичката состојба во Бугарија

Кралско пратеништво на Италија во Софија

Бр. 1133/282

Доверливо

До Н.Е. Бенито Мусолини


Министерство за надворешни работи
Рим

Предмет: Политичка состојба во Бугарија


Господине министер,

Софија, 25 јуни 1923 год.

И покрај тоа што новата влада постојано повторува дека државниот


удар не е извршен ниту со помош ниту со учество на Македонците туку до
него дошло исклучиво заради реакцијата на целата нација против режимот
на насилство и корупција што го наметна Стамболиски, вистината е сосем
поинаква. Нема да го повторувам веќе реченото во врска со тоа. Во Бугарија

224_________________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

нема човек кој не констатирал дека движењето го водеа резервните и


активните офицери, во договор со македонската револуционерна органи-
зација под раководство на Тодор Александров кој на 9-ти се најде во Софија
со највидните елеметни на Партијата. Тие, ослободени од прогонувањата
од страна на Земјоделците, упорно кружеа низ министерствата па дури проф.
Милев, можеби најобразована и нај умерена личност во Партијата уште во
првите мигови се најде покрај новиот министер за внатрешни работи како
ценет водач и советник. Колку што можев да разберам, тој дури беше
назначен да го добие ресорот на надворешни работи.

Но, решен заради очевидните потреби на надворешната политикада


ја "замаскира" македонската помош, проф. Милев доби задача да врши
пропаганда во странство.

Не можев со сигурност да утврдам дали - како што се тврди од разни


страни - на 9 наутро на повеќе точки а особено во близина на Софија беа
концентрирани добро вооружени групи, спремни да посредуваат ако окол-
ностите тоа го бараа. Но сигурно е дека осоколени од успехот, македонските
водачи до банките и најдобрите фирми доставија барања за финансиски
придонеси како надокнада за дејноста при организирањето на воспоста-
вувањето на законот и на слободата во земјата.

Владата не ја крие својата загриженост во врска со тоа: ставот кој ќе


го заземе кон Македонците е едно од најделикатните прашања затоа што е
тесно поврзан со ориентацијата која треба да се утврди во односите со
Југославија. Во меѓувреме се заобиколува: од една страна на Белград му се
даваат формални уверувања дека се сака да се почитуваат договорите од
Ниш а од друга внимателио се однесува кон Македонците. Но, како да се
усогласат овие две работи кои се во толку изразит контраст на тенденции и
интереси?

Владата исто така бара основа и платформа која ќе и го обезбеди


постоењето. Разните партии кои ја составуваа опозицијата (либерапите,
радикалите, националистите и социалисти-реформисти) се судираат меѓу
себе и се борат за функции во владата. Едвам кохезијата се одржува во
војската којаја задржува ефективната власт со прецизна цел отстранување
на непосредна опасност. Г. Цанков се надева дека ќе може да најде решение
со спојување на споменатите партии во една, т. н. "демократска". Дали ќе
успеа во тоа?

Тоа се накусо најтешките проблеми кои го привлекуваат вниманието


на овдешните владеачки кругови и кои се причина положбата се уште да
биде несигурна и не се исклучени можни изненадувања.

Со длабока почит

Ринела с.р.

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 914, предмет бр.
12; превод од
игалијански јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________225

90.

Промеморија на Пратеништвото на КралствоТО на СХС


во Рим до Министерството за надворешни работи во Рим од
25 јуни 1923 година, во врска со границата на Албанија

Пратеништво на Кралството

на Србите, Хрватите и Словенците

Бр.589
ПРОМЕМОРИЈА

Во врска со разговорите кои српско-хрватски-словенечкиот министер


ги водел минатата година во Кр. министерство за надворешни работи за
прашањето на разграничувањето помеѓу Кралството на Србите, Хрватите и
Словенците и Албанија кај манастирот Св. Наум, Кр. пратеништво има чест
да го извести Кр. министерство за надворешни работи дека владата на Н.В.
крал на Србите, Хрватите и Словенците има намера да се обрати до
Амбасадорската конференција во Париз со молба прашањето дефинитивно
да се реши.

Кога Амбасадорската конференција во Лондон во 1913 год. го раз-


гледуваше прашањето, истото го реши така што споменатиот манастир беше
доделен на поранешното Кралство Србија и оттогаш секогаш бил дел од
спрска одн. спрско-хрватско-словенечка територнја.

Зада се реши еднаш засекогаш прашањето на манастирот кој датира


од времето на Светите Кирил и Методиј и како таков за српско-хрватскиот-
словенечкиот народ претставува историски и културен споменик, Кралската
влада реши да го предложи до Амбасадорската конференција и, со оглед
на тоа што останатите Големи сили се поволно расположени, Кр. влада
бара и добронамерна поддршка на Н.В. крал на Италија по тоа прашање,
кога истото ќе биде ставено на дневен ред на Амбасадорската конференција.

Рим, 25јуни 1923год.

ИДА МНРИ, папкз 712 (Албанија 1919-30); ДАРМ., КС 21, п. 712, предмет бр.
4; превод од
италијански јазик

226________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

91.

Извештај на италијанското пратеништво од Париз


до Министерството за надворешни работи во Рим од 7 јули
1923 година, во врска со манастирот Св. Наум

Кралско пратеништво на Италија


Телеграма бр. 2699/995

До Министерството за надворешни работи - Рим

Париз, 7 јули 1923 год.


Предмет: Граница на Албанија

Вчера на Ке д'0рсеј се состана комисијата задолжена за разгледување


на протестот на СХС против одлуките на Комисијата за разграничување на
Албанија.

Првиот дел од протестот се однесуваше на северните граници во


регионот Клемети каде што Србија предлагаше систем на компензација,
односно дозвола за некои племиња за испаша а Подгорица да се оддалечи
од новата граница која се наоѓа на само 20 км кои од воен аспект се сметаат
за недоволни и да се обезбеди изградба на трансбалканска железница. Тој
дел едногласно е одбиен.

Во врска со вториот дел (во прилог) кој се однесува на познатиот


манастир Св. Наум, веднаш се наметна француското гледање во полза на
доделувањето на манастирот на Србија.

Англискиот претставник ја прочита доставената нота за неумесноста


на менувањето на донесените одлуки и за правилноста на толкувањето на
Лондонскиот протокол од 1913 год. кој границатајаутврдува "до манастирот
Св. Наум". Ако Србите велат дека Парискиот протокол од 9 ноември 1921
го утврдува доделувањето на полуостровцето Лим на Албанија додека тоа
не е кажано за Св. Наум, англиската влада смета дека прецизирањето
направено за Лим е последица на спроведената компензација со која на
Србија и се отстапува регионот Дебар и дека во отсуство на таквото пре-
цизирање за Св. Наум тоа не значи дека Амбасадорската конференција
сакала манастирот да и го додели на Србија.

Претставникот на Франција г-дин Ларош потсети дека во тоа време


албанското прашање пред се било интересно за Италија и Австрија и дека
Италија - и покрај тоа што била сојузничка на австро-унгарската империја -
ја поддржувала Србија. Тоа покажува како италијанскиот предлог од 22

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_________________________________227

април 1913 год. за време на лондонските преговори (прилог) експлицитно


го исклучува Св. Наум од Албанија. Ако во конечниот текст на одлуката
веќе не се среќава формулата предложена од Италија, тоа се должи на
италијанско-австрискиот компромис кој се разјаснува во упатствата ис-
пратени на 5 септември 1913 год. од австриската влада до нејзиниот делегат
во комисијата за разграничување (во прилог) и тоа:

""д)=:опис и цртеж на јужната и југоисточната гранична линија на


Албанија, т.н. динија на компромисот за која Австрија и Италија се сложиле.

Кон упатствата е приложена топографска карта на која Св. Наум јасно


е исклучен од Албанија, како и описот на границата во кој се вели дека
Корчанската околија ќе и биде оставена на Албанија. Сега Св. Наум, додава
г-дин Ларош, припаѓа на Охридска околија.

Нашиот делегат генерал Марјети даде следка изјава:

""Италијанската влада највнимателно и со најголема желба да го


задоволи барањето на владата на СХС го разгледа истото но се прашува и
прашува какви последици би предизвикала измена на претходно и зрело
донесените одлуки на Амбасадорската конференција и тоа од општ и од
посебен аспект на Кралствотс на СХС"".

Англискиот претставник ги бранеше упатствата на неговата влада но


се задржа нк италијанско-австрискиот компромис и го замоли нашиот
претставник да прибави информации од Кр. влада.

Така седницата заврши без да се постигне друга согласност од таа


да се добијат објаснувања за околностите во кои во 1913 год. дојде до
наведената компромисна линија помеѓу Италија и Австрија.

Ја молам В.Е. да даде наредба да се провери дали меѓу упатствата


дадени во 1913 год. на маркизот Империјали се наоѓаат траги на таквиот
компромис или на друг аналоген документ и каква вредност може да му се
припише, заради информирање и без да се прејудицираат работите.

Авеѕана с.р.

ИДА МНРИ, папка 708 (Албаниза 1919-30); ДАРИС, КС 21, п. 708, предмет бр.
10; превод од

италијански и Француски јазик

228___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

92.

Телеграма од италијанското пратеништво во Драч до


Министерството за надворешнм работи во Рим од 2 август 1923
година, во врска со македонските села во Албанија, со прилог

Кралско пратеништво на Италија во Драч


Бр. 1327/225

До Министерството за надворешни работи - Рим

Драч, 2 август 1923 год.


Предмет: Македонски села во Албанија

Во врска со телеграмата бр. 221721 (Оддел 4) на Вашата Екселенција,


во два примерка Ви ги испраќам вестите добиени од генералот Телини, во
врска со селата кои го интересираат бугарскиот претставник во Цариград.

За соодветно запознавање на Вашата Екселеницја исто така ја


приложувам скицата, прилог на извештајот на генералотТелини.

(потпис нечиток)

Денес, Албанија како држава, ги има следните граници (в. приложената


скица);

а) од ... на Бојана до Охридското Езеро, политичката граница со


Југославија веќе е точно утврдена на теренот. Населението останато во
тие граници е исклучиво албанско. Единствен и најмал исклучок претставува
селото Лим, на западниот брег на Охридското Езеро, каде што населението
е суштински македонско.

б) од Охридското Езеро до планината Грамос, политичката граница


се уште не е дефинирана. На територијата која сега се наоѓа под албански
суверенитет не постои ниту еден центар на македонско население. Таму,
инородното население е претставено исклучиво од РОМАНЦИТЕ И ВЛА-
СИТЕ кои поточно се нарекуваат РОМАНЦИ, ако живеат во центри на
постојано население, и КУЦО-ВЛАСИ ако главно се занимаваат со овчарство,
со номадски навики. Во некои центри се наоѓаат и племиња на Цигани но
овдешните, како и во Македонија, ги зачувале своите азијатски карактери
и се сосем страни на населението меѓу кое се населиле. Но, во таа зона,
Албанија ќе може целосно или делумно - во зависност од одлуките кои сч
очекуваат од Амбгсадорската конференција, да ја има територијата во

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_______________________________________________229

границите на некогашната османлиска Корчанска каза (зелена испрекината


линија). Селата на оваа оспорувана територија кои не се муслимани, се
македонски и тоа, од северо-запад кон југоисток: Љубаниште, Конско,
Безмиште, Горица, Гломбок, Сулим, Пустец, Лајсика, Грновка, Рохово,
Гразден, Герија, Трохово, Врник, Лабаница, Костонец, Пеликат и Слимица.

в) Од планините Грамос до Крфскиот канал, каде што границата беше


утврдена во 1913 год. и сега подобро се прецизира и во кој единствено
неалбанско население е грчко или романско.

При карактеризирањето на овие села нарочно го користев општиот


апелатив македонски не бугарски бидејќи насекаде, кога жителите ги
прашав за нивната националност, тие сите еднакво одговараа со зборот
Македон и кога ќе додадов Бугар?. тие пак одговараа Македон.Јазикот кој
тие го говорат во семејство и кој, освен занемарливи исклучоци, е
единствениот кој тие го разбираат е тој што е познат под името македонско
наречје и кој, како ЕЈТО тврдат компетентните, има извесна блискост
(сродност)со бугарскисл; како што постои блискост (сродност) со бугарското
население. Но, дали станува збор за вистинските Бугари не е лесно да се
каже.

Сега преминувам да одговорам на прашањата поставени во врска со


овие села кои сите ги посетив.

1. Бројот на куќи во секое село (потцртани со црвено на скицата) е приближно


следен (бројот на населението не може да се прибере):

Љубаниште - 15 куќи: македонски селани кои обработуваат чифлици на

албански бегови

Конско - 7, Безмиште - 40, Горица - 30, Гломбок - 32, Сулим - 30, Пустец - 50,

Лајсика - 10, Црновча - 10 куќи: бедни села на западниот брег на

Преспанското Езеро населени со македонски селани кои главно работат на

имотите на албанските бегови а делумно своја земја

Рахова - 53, Гразден - 55 куќи: во основа македонски села, но каде што

училиштата и грчкото влијание имаа значајно влијание така што тие сега се

сметаат предимно грчки


Цера -10 куќи, Трахово -12 куќи: бедни села од видот на осумте на западниот

брег на Преспанското Езеро

Врник - 30 куќи: албанското и грчкото влијание се наметнаа на првобитниот

македонски карактер

Лабаница - 90, Костенец - 110, Пеликат - 73, Слимица - 75 куќи: како за

протходните две од полуостровот Сува Гора, грчкото влијание преовладува

над првобитната македонска основа.

230_______________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

2) ЦРКВИ И УЧИЛИШТА - Во споредба со живеалиштата, црквите се


доста раскошни и за нив се грижат поповите кои во нив вршат активна
југословенска илн грчка пропаганда; без позначајни резултати, со исклучок
на горенаведените места. - Бугарски училишта не постојат; грчки училишта
има во Сулим, Пустец, (од неодамна) во Рахова, Гразден, Врник, Лабаница,
Костонец, Пеликат, Слимица, кои во последниве седум села постојат од
времето на турска власт. - Во тој период, таму имало и бугарски училишта
кои Турците вешто ги ставаа покрај грчките, за да предизвикуваат отпори
кај населението; но, за време на Балканската војна тие беа укинати.

3) Владата и албанското население се уште не можеа да го покажат


нивното однесување кон македонското население бидејќи селото Лим е само
од пред пет месеци вклучено во Албанија додека другите краеви се уште
се вон неа.

Во начело, ако не друго, во надеж на помалку лошо, ова население,


со исклучок на гореспоменатото прогрчкото, е наклонето кон Албанија; еден
дел го потресуваат спротивставени тенденции бидејќи југословенските и
грчките агенти им ветуваа сопственост на земјиштето кое сега го обрабо-
туваат за сметка на албанските сопственици.

ИДА МНРИ, папка 712 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

93.

Телеграма од италијанската амбасада во Париз


до Министерството за надворешни работи во Рим од 7 август

1923 година, во врска со Св. Нау?д

Кралска. амбасада на Италија

Париз

Телеграма бр. 3196/1145

До Министерството за надворешни работи - РИУ

Париз, 7 август 1923 год.


ПРАШАЊЕТО НА СВ. НАУМ

Прашањето на Св. Наум се уште е неизвесно.

По претставувањето на нотата - прилог 1 од страна на француската


делегација, италијанската и аиглиската делегација. заеднички ја изработија
и претставија нотата бр. 2.

+++++++Стр :231-234 се праќат на е-маил +++++++++++++++


ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_________________________________________235

На усмените објаснувања побарани денес од Ке д'0рсеј беше


одговорено дека Секретаријатот на Конференцијата го проучува начинот
за решавање на прашањето.

Веројатно решението ќе биде манастирот да и се остави на Албанија,


но, бидејќи документите врз кои се темели одлуката на конференцијата од
9 ноември 1921 год. одредуваат дека границата ќе треба да дојде "до самиот
манастир Св. Наум", можеби ќе треба да се пристапи кон приближување
кон манастирот на граничната линија на секторот Охридско точка триплекс,
која според предлозите на Комисијата би поминувала околу 5 км северо-
источно од Св. Наум.

Романо Авеѕана с.р.

ИДА МНРИ, папка 708 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

94.

Писмо од д-р Рајко Даскалов од Париз до претседателот на


Министерскиот совет во Рим од 8 август 1923 година, во врска
со насилствата на бугарската влада

До Неговата Екселенција
г-дин Бенито Мусолини,
претседател на Министерскиот совет
Рим

Господине претседател на Министерскиот совет,

Критичките, речиси трагични моменти кои сега ги поминува мојата


татковина ме тераат, и покрај моја најдлабока и искрена желба да не нанесам
штета на нејзината чест, на високиот суд на Вашата екселенција да ги
поднесам доленаведените факти, потврдени од најавтентичните известу-
вања кои секој ден ги добивам од Бугарија,

Мојот голем и незаборавен шеф и пријател г-динот Стамболиски беше


убиен на најтрагичен начин. Неговите убијци го извалкаа неговото тело, от-

кога беше подложен на маките кои можат да се споредат само со тие на


првите христијани. Повеќе пратеници, новинари, професори,офицери и селани
лани кои припаѓаа на земјоделската партија и кои
танат верни на споменот на нивнмот водач ги снајде истата судбина како и
него.

Теророт кој сега беснее врз приврзаниците на г-динот Стамболиски


затворени во бугарските затвори ја надминува секаква имагинација

236___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

наредба на Владата, повеќе од овие затвореници, најрадо тие кои играа


извесна улога во паднатата влада, се ослободени за да бидат веднаш пре-
дадени во рацете на македонските комити кои ги убиваат без какво да е
судење и на најсвиреп начин.

Во името на Хуманоста и на Правдата, чест ми е да се обратам до


Вашата Екселенција, мошне чесен претставник наедна голема и благородна
нација и даја молам да посредува кај бугарската влада за еднаш за секогаш
да престанат дејствијата кои можат само да ја нарушат честа и престижот
на бугарскиот народ.

Уверен дека благородното срце на Вашата Екселенција не ќе може


да остане нечувствително пред таквите факти, Ве молам, господине
претседател на Министерскиот совет, да го примите изразот на моето мошне
високо почитување.

Париз, 8 август 1923 год.

Д-р Рајко Даскалов с.р.

Поранешен потпретседател на Министерскиот совет на Кралството Бугарија,


поранешен министер за финансии и за внатрешни работи

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од француски
јазик

95.

Писмо од италијанското пратеништво во Софија


до министерот за надворешни работи во Рим од 11 август
1923 година, во врска со прославата на годишнината на
Илинденското востание

Кралско пратеништво на Италија во Софија


Бр. 1367/350

До Н. Е. Б. Мусолини

Министерство за надворешни работи


Рим

Софија, 11 август 1923 год.

Предмет: Македонска комеморација


Господине министер,

На 5 о. м. во Софија и во позначајните градови во Бугарија се одржа


свечена комеморација на 20-годишнината на македонското востание од 1903

+++++++++стр:237-238 на е-маил +++++++++++++==

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА______________ ________________239

г., т. н. Илинденско востание. По верскиот обред во катедралата, во чест


на бројните жртви на силната турска репресија, толпа од околу 25 илјади
Македонци од разни добротворни организации продефилираа меѓу бројниот
насобран народ и се упати кон гробиштата. Вечерта, демонстрантите се
собраа на прослава до доцни часови, во градскиот парк, за што е добиена
посебна дозвила, на влезовите на кои беа поставени големи табли со натписи
коија величаа независноста на Македонија. Не се забележани инциденти.

За разлика од другите години кога годишнината се одбележуваше во


знак на жалост, оваа година церемонијата доби посебен демонстративен
карактер и заради учестаото на месните власти.

Белградските весници остро ја коментираа таквата комеморација и


истата ја искористија за обновување на вообичаените полемики против
Бугарија. И овдешниот југословенски колега не го криеше своете незадо-
волство. Во овдешните владини кругови се забележува дека не можат да
се спречуваат Македонците да ги славаат своите мртви. Но на тој жежок
терен, несогласувањата со Србија ќе бидат постојани и тешко решливи.

Со длабока почит

Ринелас.р.

Во прилогја пспраќам прокламацијата лансирана по тој повод од страна на


Сојузот на македонските католици. (заб. прев.: нема прилог)

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 914, предмет бр.
11; превод од
италијански јазик

96.
Тепеграма од италијанското пратеништво во Париз
до Министерството за ..адворешни работи во Рим од 20 август
1923година, во врска со Св. Наум

Кралско пратеништво на Италија

Париз

Телеграма бр. 3420/1220

До Министерството за надворешни работи - Рим

Париз, 20 август 1923 год.

МАНАСТИРОТСВ. НАУМ

Чест ми е да ја предадам копијата на францускиот одговор на


италшанско-англиската нота за наведеното прашање испратена со мојата
телеграма бр. 319б'245 од 7 о. м.

240________________________________________________________ИТАЛИЈА
НСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Не е тешко да се одбијат аргументите. Во тек е составување на


заеднички противодговор на италијанската и британската делегација за
кој ќе се погрижам да се достави на В.Е.

Англиската амбасада го потврди своето цврсто спротивставување на


измената на резолуцијата од 6 декември 1922 год. со која Св. Наум се
доделува на Албанија.

Романо Авеѕана с.р.

ИДА МНРИ, папка 708 (Албанија 1919-1930); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

97.

Телеграма од Министерството за надворешни работи од Рим


до италијанското пратеништво во Драч од август 1923 година,
во врска со Св. Наум, со прилог
Кралско министерство за надворешни работи - Е./4.П
Строго доверлива телеграма

До Италијанското кралско пратеништво - Драч


Поз.: Албанија57

Предмет: Прашањето на Св. Наум

Рим, август 1923 год.

За запознавање на В. Г., во прилог - со молба за враќање - ја испраќам


копијата на документот - телеграмата од 7 август на Кр. амбасада во Париз,
во врска со прашањето на Св. Наум и на нотата во врска со истото, доставена
до Амбасадорската конференција од страна на француската, италијанската
и британската делегација.

Исто така ја приложувам копијата на францускиот одговор на


последната нота, со забелешка дека Кр. амбасадор во Париз на 20 август
извести дека во тек е подготвување на одговор на италијанската и
британската страна и дека и неговиот англиски колега го потврдил цврстото
спортивставување на измената на решението од 6 декември 1922 год. со
која Св. Наум се доделува на Албанија.

Арлота77 с. р.

77 Арлота Маријо (Неапол 1879 - ?), морнарички офицер, работи во Кина,


Атина,
Цариград; генерален директор на Одделението за политички работи - Европа и
Исток во
МНР во Рим.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_________________________________________241

Прилог
18 јули 1923 год.
НОТА НА ФРАНЦУСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА

Потесниот одбор, конституиран согласно Резолуцијата на Амбаса-


дорската конференција Ц. А. 214 (6) од 2 мај 1923 год. ги разгледа нотите на
Пратеништвото на Кралството на СХС од 6 април, 23 мај, 19 и 28 јуни во кои
се изложуваат побарувањата на Владата на СХС во врска со српско-
албанските граници.

Разгледана е и нотата на Пратеништвото на Албанија од 10 јуни 1923


год. во која се оспоруваат претензиите на владата на СХС врз манастирот
Свети Наум.

Владата на СХС изјавиува дека всушност е задоволна од трасата на


Комисијата за разграничување и нејзините забелешки се однесуваат само
на следните две точки:

1) Во делот А2, северната граница, применетата траса според српската


влада се наоѓа премногу блиску до градот Подгорица чија безбедност би
била загрозена во случај на војна. Сепак, српската влада е спремна да ја
прифати границата ако во замена го добие подрачјето на Вермош и Велепоја
каде што албанското племе Клименти ги пасе своите стада.

Доделувањето на тоа подрачје на Албанија ја спречува српската влада


да го оствари својот план за трансбалканската железница која би поми-
нувала преку долината на Морача; покрај тоа, на црногорското население
од подрачјето Гусиње-Војносело му е оневозможен пристапот на неговите
пасишта. Ако со албакската влада би се склучил договор со кон на
албанските племиња, особено Клименти, би им се обезбедило слободно
пасење во рамките на српските граници, тоа би ја задоволило.

2) Владата на СХС се спротивставува на одлуката на Амбасадорската


конференција која го додели манастирот Свети Наум на албанската држава,
за што поднесува следни аргументи:

а) Лондонскиот протокол од 1913 год. границите на Албанија ги


опишува на следниот начин:

....." како и некогашната османлиска Корчанска каза со западниот и јужниот


брег на Охридското Езеро се протегаат од селото Лин до манастирот Свети
Наум, се составен дел од Албанија".

242___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

имала намера да го вклучи манастирот, наместо изразот "до" би го упо-


требила изразот "до другата страна на манастирот Свети Наум".

б) Оригиналните турски документи, поднесени до актуелната Комисија


за разграничување од страна на српскиот делегат покажуваат дека ма-
настирот некогаш припаѓал на Охридската а не на Корчанската каза.

в) Ако самите термини на Лондонскиот протокол од 1913 год. се


нејасни, подготвителние работи на Лондонската конференција овозможуваат
тие да се објаснат.

Всушност, италијанските предлози од 19 март 1913 год. предвидуваат


дека "границата би се протегала од јужната линија на Охридското Езеро
меѓу манастирот Свети Наум кој би останал вон Албанија и гратчето Ста-
рова".

Од друга страна, австро-италијански компромис од април 1913 год.


исто така Свети Наум го остава вон границите на Албанија.
г) Упатствата на грофот Берхтолд од 5 септември 1913 год. за австро-
унгарскиот делегат во Меѓународната комисија за разграничување се со-
ставени во иста смисла.

д) Кога во 1913 год. Србија со австро-унгарскиот ултиматум беше


повикана во што пократок рок да се повлече на граничната линија утврдена
на Лондонската конференција, српските трупи и власти запреа западно од
манастирот Свети Наум, што не наиде на противење ниту од страна на
Австро-Унгарија ниту на другите Сили.

Од друга страна, кога во 1915 година Австрија ја зазеде сета српска


територија, нејзините трупи исто така запреа на линијата западно од
манастирот.

Француската делегација има чест на Амбасадорската конференција


да и ги соопшти своите гледања на двете побарувања на СХС:

1) Планот на железничката пруга врз основа на кој владата на СХС


бара измени на северната граница има премногу неодреден карактер за да
предизвика интерес на населението во Северна Албанија. Затоа францус-
ката делегација смета дека во таа точка не треба да се менува траса на
српско-албанската граница.

2) Француската делегација смета дека тешко може да не се признае


вредноста на некои аргументи на владата на СХС. Не ги пренебрегнува
тешките непријатности што би ги предизвикало поништување на одлуката
на Амбасадорската конференција. Исто така смета дека таквото решение
треба да се разгледува под услов ако новата одлука која треба да ја донесе
Конференцијата се базира врз неоспорен правен аргумент.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА__________________________________________________243

Затоа се чини дека толкувањето на владата на СХС на Лондонскиот


протокол е основано.

Г-дин Фромажо чие мислење е побарано, изјави дека во правничкиот


јазик, изразот "до" на кој следи име на месност значи исклучување на
месноста. ,

Од друга страна, ако се разгледа целиот Лондонски протокол, се гледа


дека неговите составувачи немале намера детално даја опишат граничната
линија; тие само ги дале принципите според кои границата треба да биде
трасирана: еден од тие принципи беше доделувањето на Корчанската каза
на Албанија. Ако Протоколот ги спомена западните и јужните граници на
Охридското Езеро, тоа можеби е затоа што постоело сомнение за прости-
рањето на казата на таа страна. Затоа треба да се држиме за така преци-
зираните граници, без какво да е проширување, и затоа изразот"до" треба
да се земе во вообичаена смисла, единствено прифатлива на француски
јазик, одн. исклучувајќи ја крајната точка.
Таквото толкување го оправдуваат подготвителните работи на Лон-
донската консреренција (италијанскиот нацрт од 19 март 1913 год. и австро-
унгарскиот компромис од 22 април 1913 год.) и упатствата на унгарската
влада до Комисијата за разграничување од 3 септември 1913 год. кои
изречно го оставаат Св. Наум надвор од границите на Албанија. Затоа треба
да се потсети дека италијанската и австро-унгарската влада своевремено
беа најзаинтересирани за прашањето на границите на Албанија.

Во такви услови, Конференцијата располага со мошне сериозни


аргументи за да се наврати на одлуката во врска со манастирот Свети Наум.
Се чини дека би требала да се чувсвтвува обврзна тоа да го стори бидејќи
одлукатаод 1921 год. за границите на Албанија изречно вели дека освен на
некои точки, наведени по име во одлуката, границите на Албанија се тие
опишани во Лондонскиот протокол од 1913 год. Бидејќи во одлуката од 1921
год. нема посебна одредба во врска со Св. Наум, судбината на манастирот
би требала да се уреди со примената на Лондонскиот протокол, толкуван
во горенаведената смисла.

ИДА МНРИ, папка 708 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 708, првдмет бр.
12; превод од
италијански и француски јазик

Српската влада смета дека изразот "до" по кој следи името на местото
подразбира исклучување на тоа место и дека ако Лондонската конференција

244___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

98.

Телеграма од италијанското пратеништво од Париз


до Министерството за надворешни работи во Рим од 31 август
1923 година, во врска со Св. Наум, со прилог

Кралска амбасада на Италија


Телеграма бр. 3547/1280

До Министерството за надворешни работи - Рим


(прилог 1) Париз, 31 август 1923 год.

Предмет: Манастир Св. Наум (Албанија)

За информирање на В. Е., во прилог го испраќам исечокот од "Матен"


од 30 о.м. со статијата на срранцускиот пратеник Жистен Годар во полза на
доделувањето на манастирот Св. Наум на Албанија. Тоа е дотолку
посимптоматично што пратеникот и поранешен француски министер е автор
на публикацијата "Албанија во 1922 год." во која ја дискредитира
италијанската политика во Албанија и квалитетот на нашата армија.

Ванутели Реј78 с.р.

1_Е МАТ1М, 30 август 1923 год.

НА КОГО ДА МУ ПРИПАДНЕ МАНАСТИРОТ СВ. НАУМ

НА АЛБАНИЈА?
НА СРБИЈА?

Монахот Наум, ученик на Кирил и Методи беше испратен од царот


Борис на западните граници на големото бугарско царство. Тоа се случи во
почетокот на Х-ти век.

Наум замина и запре среде населението кое живееше од риболов и


земјоделие на бреговите на Охридското Езеро. Таму го предаваше тоа малку
што го знаеше за религијата. Подобро даде пример за работа.

7в Ванутели Реј Луиџи, гроф (Рим 1880 - Албано Лацијале 1968), во


дипломатско
конзуларна служба работи во Берн, Женева, Лондон; учесник во Прва светска
војна; член на
италијанската делегација на Париската мировна конференција и на
Амбасадорската
конференција во Париз, учесник во потпишувањето на Севрски договор за
граници на нови
држави во Средна Европа (1920) и др.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА__________ ________________________245

Еден работен ден, за време на починка, една мечка дојде и го закла


еден од воловите впрегнати во плугот на Наум. Кога се разбуди и ја виде
несреќата и се обрати на мечката која ја вареше храната и и префрли за
овој крвав акт и и укажа во каква незгодна состојба го стави. Како сега, со
само еден вол, ќе прави длабоки и прави бразди?

Оваа оправдана забелешка искажана толку едноставно толку ја


погоди мечката што таа застана подјаремот, покрај преживеаниот вол. Тој
ниту се изненади ниту се исплаши. И ралникот, воден од Наум и влечен од
новата запрега повторно започна да ја ора плодната земја.

Кога го видоа тоа, селаните кои често го чувствуваа доста непомир-


ливиот карактер на мечката, осознаеја дека Наум поседува надприродна
моќ. Тие го величаа. Кога умре го уврстија меѓу светителите.

Оваа легенда ја читав во Албанија по ѕидовите на манастирот Св.


Наум каде што таа е напишана со наивни слики.
Ја раскажувам затоа што таа не води во еден настан на современата
историја кој за иднината на мирот на Балканот има големо значење.

Манастирот Св. Наум се наоѓа на ридот на источниот брег на Ох-


ридското Езеро. Зграда од два дела од кои едниот, во кој се наоѓаше богата
библиотека, беше запален од Германците во јануари 1918 година. Среде
дворот, мошне мала и мошне скапоцена црква во византиски стил во која
на чаден килибар ја издига својата купола над гробот на Св. Наум. Таа датира
од 14-ти век. Нејзината внатрешност е многу темна; но, неколку мигови по
влегувањето, таа оживува со безброј ликови од фреските, во светлина на
свеќи од жолт восок. Од сите страни, златни ореоли и погледи бегаат и
живеат.

Покрај црквата, под дива лоза троица француски војници почиваат


во земјата која дошле даја бранат бидејќи Св. Наум се наоѓал на фронтот
на нашата Источна армија.

По примирјето, манастирот Св. Наум го окупираа Србите. На кого


требаше тој конечно да му биде доделен? На Србија или на Албанија?

Овој проблем долго време беше предмет на проучувања на самото


место, од страна на меѓународната комисија задолжена од големите нации
да ја зацрта границата на Албанија. Комисијата изјави дека манастирот Св.
Наум е албанска земја. Конференцијата на амбасадорите ја ратификува
одлуката и им ја соопшти на засегнатите.

246 ___________ _____ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Но, денес, под притисок на Белград, Конференцијата на амбасадорите


повторно го става под знак прашалник доделувањето на Св. Наум.

Тоа во Албанија предизвикува длабока возбуда а ќе ги изненади и


вознемири тие во Европа кои ги познаваат опасностите на политиката на
услужливост.

* *

За тој што го познава овој дел од Балканот, Св. Наум е албански.


Таму извира Дрим, една од главните реки на Албанија. Тука длабоко се
вкоренети албанските верски традиции. Оданоста на Св. Наум никогаш не
била дел од српските народни верувања. Од бугарско потекло, како сета
цивилизација од Охридско, каде што од Х-ти до ХУП-ти век имала седиште
бугарската патријаршија, Албанците култот на Св. Наум одамна го при-
фатиле и одржувале.

Ова се фактите кои што ги констатира меѓународната комисија и тие


превагнаа во одлуката. За да ја поништат, нашите српски пријатели се
повикуваат само на сопствена волја. Ако на нивната претензија не се гледа
изолирано туку во допир со прашањето за сите граници, таа се чини уште
попретерана.
Чекор по чекор, меѓународните комесари во придружба натехничките
лица ги поминуваа планините и рамнините за да ги утврдат границите на
Албанија. За добро да ја завршат својата работа, праведно и практично, на
извесен број точки тие - час во полза на Југо-Славија час во полза на Ал-
банија - поретко - правеа територијални компензации. Тука во Албанија
засекоа во живо, но таму, малку пошироко зедоа од земјиштето наменето
да стане југословенско. По повеќегодишна работа, албанската граница беше
утврдена, под постојана контрола и со одобрување, траса по траса, од страна
на Конференцијата на амбасадорите.

Тоа значи дека работата е урамнотежена. Со право можеме да кажеме


дека измена на само една точка, на штета на најмалата и најслаба нација,
би била неправда.

Да може одозгора добриот светец Наум да и ја пренесе логиката и


цврстина на својот дух на Амбасадорската конференција!

Жистен Годар, пратеник

ИДА.МНРИ, папка 712 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 712, предмет бр. 5;
превод од
италијански и француски јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_____________________________________247

99.

Вербална нота од Пратеништвото на Кралството на СХС


во Рим до Министерството за надворешни работи во Рим
од 6 септември 1923 година, во врска со југословенско-
албанската граница

Пратеништво на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците


Бр.844

До Кралското министерство за надворешни работи - Рим


ВЕРБАЛНА НОТА

Во врска со разговорите кои ополномоштениот министер на Крал-


ството на Србите, Хрватите и Словенците ги имал во Кр. министерство за
надворешни работи на 2 јуни 1923 год. (в. копија на приложената проме-
морија) во врска со прашањето на разграничувањето меѓу Кралството н
Србите, Хрватите и Словенците и Албанија кај манастирот Св. Наум и на
подрачјето на Андриевица, Кр. пратеништво по наредба на неговата влада
има чест повторно да ја замоли Кр. италијанска влада да испрати потребни
упатства на своите делегати на Амбасадорската конференција да го
поддржи праведните српско-хрватско-словенечките барања за ревизија на
одлуката на Амбасадорската конференција во врска со прашањето на
разграничувањето на горенаведените подрачја, со оглед што со горена-
ведената одлука на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците му е
нанесена голема неправда со тоа што граничната линија беше трасирана
така што дури и еден дел од предвоената српска територија бил вклучен во
Албанија. Кралската влада на Србите, Хрватите и Словенците се надева
дека Кралската влада на Италија ќе и помогне и ќе побара ревизија на
таквата одлука, што би било и во интерес на Амбасадорската конференција
бидејќи во спротивно, Кр. влада не ќе може да дозволи - согласно Уставот
на Кралството - еден дел од државната територија да биде отсечен.

Кр. пратеништво однапред и се заблагодарува на италијанската Кр.


влада за демаршите кои би ги направила во врска со прашањето.

Рим, 6 септември 1923 год.


(печат)

ИДА МНРИ, папка 712 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 712, предмет бр. 8;
превод од
француски јазик

248_________________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

100.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија


до Министерството за надворешни работи во Рим
од 14 септември 1923 година, за концентрацијата на
југословенската војска, со прилози

Кралското пратеништво - Софија

До Военото министерство - Централниот главен штаб

- Оддел за информации

Кабинетотот на Министерот за надворешни работи

Софија, 14 септември 1923 год.

Текст: 31 = 14 септември = до Военото министерство


за запознавање на итал.воен аташе

Бугарскиот Главен штаб тврди дека од 10 о.м. Србија ги концентрира


четите долж бугарската граница од Цариброд до Струмица и во Македонија.
Забележани се батаљони на пешадијата: 3 во Цариброд, 2 во Босилеград, 3
во Егрипаланка79, 3 во Струмица, вкупно 11 од кои пред тоа беа присатни
само 3. Батери: 4 во Цариброд, 2 во Струмица, сите новопристигнати. Се
вели дека четите и материјалот пристигнуваат во Македонија а во Цариброд
се очекура коњицата а во тек се засилувања западно од Ќустендил.

Главниот штаб претпоставува: прво - дека се работи за претпазни мер-


ки против револуционерните движења во Македонија најавени на Србите
меѓу 15 и 26 о.м., со помош на комунистичките движења во Бугарија80 кои
бугарската влада ги најави на12о.м.; второ: дека станува збор за намерата
за ослободување на границата од преминувањето на македонските чети и
за окупација на десниот брег на Струма. Трето: обезбедување од евентуал-
ните напади на Бугарија во случај на италијанско-српски судир и окупација,
заради заплашување, на рудничкото подрачје на Перник и заканување на
Софија.

Според мене можно е Србија да користи секоја поволна прилика за


да окупира некои силно посакувани погранични подрачја. Бугарија тврди
дека во секој случај не може да се спротивстави со сила и дека би морала
да се ограничи на дипломатски протести.

Полковник СПИГО
________________________________________________

79 Турско име за Крива Паланка.

80 Засилувањето на војската на Кралството СХС на границата спрема Бугарија


во тоа
време кореспондирало со подготовките на Бугарската комунистичка партија за
кревање на
Септемвриското востание во Бугарија.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________249

Пратеништво на Н. В. крал на Италија - Белград

До Министерот за надворешни работи - Рим

Бр. 3779/550

ДОВЕРЛИВО

Белград, 31 август 1923 год.

Предмет: Србија и Бугарија

Господине министер,

Чест ми е да одговорам на телеграмата на В.Е. бр. 2898 од 28 о.м.


Ако страхувањата на бугарската влада се претерани - како што
известува нашиот амбасадор од Софија - тие сепак не се сосем неосновани.

Вестите пренесени од овдешниот печат во врска со постојаните


навлегувања на бугарските чети на српската територија и за подготовките
за напад кои Македонскиот комитет наводно ги врши (денес весникот
"Правда" објавува дека бугарскиот полковник Семоковски на границата
организира 70 илјади луѓе) имаат за цел не само да го вознемират јавното
мислење и да подготват почва за евентуалното вооружено посредување
од страна на србите туку и оправдување на таквото посредување пред
Европа81.

Концентрацијата на српските чети во пограничните подрачја е таква


што загрижува. 5-тиот пешадиски регимент стациониран во Загреб, 39-тиот
од Чили и 45-тиот од Марбург во последно време пристигнаа за зајакнување
на третата армија (Скопје) која сега брои 50 илјади луѓе не сметајќи ги двата
регименти на т.н. "Граничари"(во најголем дел руски војници од распуште-
ната војска на Врангел) и неодамна основаните специјални жандармериски
подвижни батаљони.

Концентрацијата на таквите сили, кампањата во печатот и фактот


што на лице место е испратен шефот на Оперативниот дел на Главниот
штаб полковникот Белиќ, како командант на скопската дивизија, сето тоа
без сомнение ја исплаши бугарската влада. Треба и да се нагласи дека на
четите од споменатата дивизија им е поделена вонредна плата а на офи-
церите за пензискиот стаж службата им се пресметува двојно.

е' Интензитетот на навлегувањата на автономистичките чети од Бугарија вс


Македонија, есента 1923 година, поради очекуааното комунистичко востание
бил намалек.
Што се однесува на бројките во прашање е чиста пропаганда.

250__________________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Исто така не е тајна постоењето на српски комити (опремени и платени


од Владата) кои по потреба би соработувале со грчките комити. Во весниците
се зборува за преместување на таквите чети како да станува збор за редовна
војска. Националистичкиотбелградски весник "Препород" на25о.1и1.јаобјави
следната информација:"Познатиот војвода Корамити82, со 4о комити, од
Лерин каде што е неговата база, заминал за Костурско..."

Следејќи ги препораките на ком. Ринела, бугарската влада треба


највнимателно, без реагирање, да ги пријави евентуелните провокации.

Господине министер, примете ги изразите на моето особено почиту-


вање

Сумонте с.р.
Дешифрирана телеграма
Кралско пратеништво - Софија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 24 август 1923 год.

Предмет: Југословенски замисли во врска со бугарскиот дел на


Македонија

201. Доверливо. Министерството за надворешни работи ми довери


дека бугарската влада има причина да верува дека Југославија не се откажа
од нацртот за окупација на бугарскиот дел на Македонија. Од Белград
пристигнуваат неосновани обвинувања дека на тој дел на бугарската те-
риторија се организираат вооружени чети насочени против Југославија каде
што упорната кампања во печатот го предизвикува "јавното мислење".
Бугарската влада и натаму песимистички смета дека Белград сака да ја
искористи поволната ситуација кога Големите Сили се занимаваат со пра-
шањето на Рур, за да утврдат свршен чин кој би создал мошне тешка
ситуација во Бугарија која би се состоела од алтернативата: дали да се оди
решително кон војна во мошне лоши услови заради недостиг на средства
или пасивно да присуствува на настанот кој повторно земјата би ја оставил
__________________________

82 Војводата со такво име не ни е познат.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________251

под власта на земјоделската партија и на комунистите, предизвикувајќи и


посредување на Романија и Грција. Напомнав дека таквите можности не се
многу веројатни но дека бугарската влада треба највнимателно да избегнува
секоја причина за изговор. Министерот за надворешни работи ми кажа дека
бугарската загриженост ќе им биде предочена на амбасадорите во Париз и
Лондон.

Ринела

Доверлива телеграма
Министерство за надворешни работи - Рим

До Италијанските амбасади во Париз и Лондон


и Пратеништвата во Букурешт и Атина

Рим, 4 септември 1923 год.

Предмет: Југословенски замисли во врска со бугарскиот дел на


Македонија

Претставникот од Софија известува дека министерот за надворешни


работи му се доверил дека бугарската влада има причина да смета дека
Југославија не се откажала од нацртот за окупација на бугарскиот дел на
Македонија и во врска со тоа додава: "Од Белград пристигнуваат неосновани
обвинувања дека на тој дел на бугарската територија се организираат
вооружени чети насочени против Југославија, каде што силната кампања
во печатот предизвикува создавање на "Јавното мислење". Бугарската
влада останува на своето песимистичко мислење дека Белград сака да ја
искористи приликата кога Големите сили се занимаваат со прашањето на
Рур, за да воспостави свршен чин кој би создал мошне тешка ситуација во
Бугарија. .......(в. претходен докумеит)

За секој случај, замолен е амбасадорот во Белград, во врска со овие


информации бргу да го извести Министерството за се што му се чини дека
ќе биде од полза.

(без потпис)

252__________________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Телеграма
Министерство за надворешни работи - Рим

До Пратеништвата во Белград и Софија

Рим, 11 септември 1923 год.

Предмет: Македонски чети на српската граница

(за Софија) Строго доверливо. За Ваше лично информирање Ве известувам


дека до Кр. пратерништво во Белград ја испратив следната телеграма(:")
(за Белград) Строго доверливо.

(за сите) Овдешниот бугарски амбасадор известува дека амбасадорот на


Кралството на СХС во Софија официјално изјави пред бугарската влада
дека ако и натаму продолжи организирање на македонските чети на
српската граница, тоа за Бугарија ќе има тешки последици. Претседателот
на бугарската влада наводно настојувал да го смири амбасадорот на Крал-
ството на СХС убедувајќи го дека малубројноста на бугарските чети ја
принудува владата да дејствува пред се со убедување. Се чини дека Србија
има 4 мобилизирани дивизии во близина на бугарската граница и дека во
Бугарија постои големо страхување од напад вс подрачјата на Ќустендил и
Петрич. Бугарскиот амбасадор истакна дека ако дојде до тоа, положбата
на владата би станала неподнослива пред се заради комунистите и "земјо-
делците". Тој затоа побара наше дипломатско посредување кај Владата на
СХС во смисла на смирување на истата во врска со сосем мирољубивите
намери.

Покажувајќи го благонаклоното разбирање за изложеното од страна


на бугарскиот амбасадор, му советувавме да не даваат причина за настаните
од кои се страхува и засега не сакавме да преземеме обврски во врска со
саканите чекори кај владата на СХС. Но без сомнение, ако положбата е
навистина таква каква што тој ја опиша, таа би била тешка заради
непредвидливите последици на Балканот. Затоа В.Е. треба да се информира
како навистина стојат работите и итно да не известите.
(за Софија) крај на наводниците.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_________________ ___ 253

Дешифрирана телеграма

Бр.7067

Кралско пратеништво - Софија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 13 септември 1923 год.

Предмет: Македонски чети на српската граница

226 - Телеграма на В.Е. бр. 3155. Бугарските сомненија за кои повеќе


пати известив уште се зголемени од последниот југословенски чекор,
предмет на мојата телеграма бр. 214. Во сите други области, владата ја
покажа својата грижа во избегнување на се што би можело да предизвика
српско негодување. За нагласување на добрите намери, претседателот на
владата меѓу последните излезе од официјалниот прием во српската
Легација по повод рагањето на принцот-наследник. Но, на македононското
подрачје, бугарската влада се покажува нѕспособна да дејствува според
желбите на Белград. Затоа не е исклучено ситуацијата да се влоши со
заканата за ооена окупација од страна на Југославија.

Ринела

Телеграма

Кралско пратеништво - Букурешт

Бр. 2349/494

До Министерството за надворешни работи - Рим

Букурешт, 25 септември 1923 год.

Предмет: Бугарско-југословенски спор

Пристигна веста за карактеристичен разговор меѓу претседателот на


бугарската влада и прочуениот водач на македонските чети Теодоров83 од
кој првиот побарал да мирува и да не создава непријатности на новата
________________
83 Во прашање е Тодор Александров.

254___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

бугарска влада во овој период на тензии со Југославија, со движење на


чети со кои располага. Тој наводно одговорил дека може да се има целосна
доверба во него и дека ќе мирува освен во случај ако Италија ја нападне
Југославија.

Кога разговорот му е пренесен на овдешниот југословенски амбасадор,


тој побрзада каже: "Тогаш Теодоров ќе мора доста да чека."

(потпис нечиток)

—•—

Кралско пратеништво - Софија


Телеграма бр. 1128

До Министерство за надворешни работи - Рим

Софија, 28 декември 1923 год.

Г.М. 308 - Министерот за надворешни работи ме извести дека бугарската


влада е убедена дека Белград за идната пролет подготвува акција во ист
стил како августовската и септемвриската., за да го спречи зацврстувањето
на Бугарија изложувајќи ја на повремени потреси. За тоа се користат
"земјоделците" и бугарските комунисти кои избегале во Југославија и кои
се поделени по групи во разни погранични места од каде што испраќат
емисари, упатства и прогласи на нивните приврзаници во Бугарија и во Варна
каде што се извршени апсења и запленети документи.......Со таквите потези

бугарската влада ги поврзува предупредувањата од Белград во врска со


можни востанија на Македонци кои би тргнале од бугарската територија,
предводени од прочуениот агитатор Александров, за заземање на Маке-
донија. Министерот за надворешни работи предвидува, југословенската
влада како поддршка на своите намери, пред Силите ќе ја постави околноста
- која тој не ја негира - на барањето пари под закана од страна на маке-
донската револуционерна организација кај сонародниците и индустријалците
во целата Бугарија. Тој додаде дека бугарската влада активно ќе работи на
убедување на македонските елементи за да се избегнат изговори и..... тешки

усложнувања но дека не може да примени мерки на репресија како што


сака Белград.

Се чини дека бугарските грижи не се сосем без основа и наредуваат


внимателно разгледување на предлозите и потезите на Србија.

Ринела
ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 914, предмет бр.
17; превод од
италијански јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_______________________________________________________
__255

101.

Телеграма од италијанскиот претставник во Женева


до Министерството за надворешни работи во Рим
од 16 септември 1923 година, за југословенско-
бугарските односи, со прилози

Дешифрирана телеграма бр. 7154


До Министерството за надворешни работи - Рим

Женева, 16 септември 1923 год.

Предмет: Српско-бугарски односи

82 - Вчера побараа средба со мене Калфов, министер за надворешни


работи и еден бугарски претставник. По вообичаените општи уверувања
кажа дека целта на неговата посета беше да ме информира и преку мене
италијанската влада за деликатната и опасната состојба создадена во
пограничната зона помеѓу Бугарија и Југославија. Следната, иако не со
мобилизација, значително ги засилува воените контингенти под изговор дека
се плаши од преминување на границата на македонските субверзивни
организации. Калфов се плаши дека југословените имаат намера да ја
заземат Софија која Бугарија не е во состојба да ја брани или барем
бугарските рудници на јаглен во близина на границата. Уверува дека
македонската опасност не постои и дека југословенскиот Главен штаб во
случај на закана со компликации кон север има намера да ја заземе Бугарија
за да си го заштити грбот. Одговорив дека мојот личен впечаток е дека
компликациите кон север не постојат. Ги возвратив општите уверувања за
пријателство и ја искористив можноста да инсистирам бугарската влада
поволно ќе ги реши споровите со италијанските граѓани. Калфов ми потврди
дека спорот Вакаро е на пат да се реши на задоволство на двете страни.
Штотуку ја добив телеграмата на В.Е. бр. 3214.

Досега во круговите на Друштвото на народите не се зборуваше за


можниот српско-бугарски судир.
Ф. Саландра с.р.

256___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Дешифрирана телеграма бр. 7161


Кралско пратеништво - Париз

До Министерството за надворешни работи - Рим

Париз, 16 септември 1923 год.


Предмет: Српско-бугарски односи
2210. Телеграма на В.Е. бр. 3214

Истите вести во врска со сомнежите на Бугарија пристигнаа и до Ке


д'0рсеј. Во Женева г. Аното разговарал со српскиот претставник и му пре-
порачал умереност.

Никчиќ му даде уверувања во таа смисла м во разговорот со бугарскиот


претставник ги употреби истите зборови велејќи дека тој самиот не сака да
предизвика компликации. Овдешната влада не направи никаков друг чекор
и си го задржувам правото В.Е. тековно даја известувам како ќе се развива
ситуацијата.

Романо

Телеграма
Министерство за надворешни работи - Оддел 4/ЕП

До Италијанските Амбасади во.Париз и Лондон

Рим, 16 септември 1923 год.

Предмет: Бугарско-српски односи

За соодветна информираност на В.Е. ја пренесувам следната


промеморија која денес ми ја врачи бугарскиот амбасадор:

"Според веродостојните вести од бугарската влада, на српската


територија се регрутираат српските чети и приврзаниците на владата кг
Стамболиски пребегани во Србија, за да вршат упади во Бугарија и предиз-
викуваат нереди кои би требало српската влада да ги искористи за започну-
вање на непријателска акција против Бугарија. Информациите се потводени
од разни веродостојни извори и од непобитни факти, Во минатото, Србија
на ист начин дејствуваше во Босна. Споменатите чети треоа деновиве Да
стапат во акција во Ќустендилско. Со оглед на опасноста и компликациите
кои би можеле д,а произлезат од тоа на Балканст и зарад^ неспособ^.оста
на Бугарија да се брани, бугарската влада срдечно ја моли италијанската

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА 257


итно и во договор со останатите Големи сили да направи потребни чекори
за да се избегне опасноста и значителните српски трупи собрани на
бугарската граница да се оддалечат со оглед на тоа што нивното присуство
на тоа подрачје воопшто не е оправдано бидејќи Бугарија се однесуваше
коректно, лојално и потполно мирољубиво. За да докаже дека на нејзината
територија не постојат револуционерни чети кои се подготвуваат да навлезат
на српска територија, бугарската влада исто така ги моли Големите сили
што побргу да започнат со истрага за да се потврди дека сите жалби упатени
ѕо последно време против Бугарија воопшто не се основани Во интерес на
мирот на Балканот е неопходно наЈитно да се започне со примена на
гореспоменатите мерки и истрага".

(потпис) Мусолини84

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 914, предмет бр.
19; превод од
италијански јазик

102.

Телеграма од Министерството за надворешни работи од Рим


до Централниот Главен штаб во Рим од 18 септември 1923
година, за положбата на југословенско-бугарската граница

Доверлива итна телеграма


Министерство за надворешни работи - Оддел Еп/4

До Централниот Главен штаб при Военото министерство

Рим, 18 септември 1923 год.


Предмет: Ситуација на српско-бугарската граница

Во врска со моите претходни соопштенија во врска со предметот и за


информирањенаМинкстерствотојапренесуваметелеграматаод14о.м.од
Кр.амбасадор во Софија:

"Известен сум од претседателот на Владата дека овдешниот амбасадор на


Србија му изјави дека Владата на СХС има сигурен доказ дека македонско-
бугарските чети подготвуваа ненадеен напад во Македонија помеѓу 15 и 25
о. м. и затоа мораше да преземе мерк^ на претпазливост. Српскиот амба-
садор предупреди дека при најмал обид од стоана на вооружените чети,

84 Мусолини Бенито (Довиади Предапио 1883 - Џулиноди Меѕегра, Комо 1945),


новинар,
политичар. масон, основач на италијанските борбени фаши, јадро на
Фашистичката партии .
министер за надвореиЈнк! работи (од 1922 год.) и премиер.

258___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

неговата влада ќе изврши делумна окупација на бугарската територија.


Истото соопштение во Женева југословенсклиот претставник го предаде
на бугарскиот. Југословенските чети се распоредени во две линии: Штип-
Бресник-Босилеград, т.е. спротивно на познатите бугарски рудници најаглен
кои очевидно претставуваат главна цел. Главниот штаб веќе е сместен во
Ниш. Претседателот на владата кој ситуацијата ја смета за мошне тешка
енергично негира секаков македонски обид. Преземени се строги мерки на
надзор на границите во рамките кои ги дозволуваат малубројните бугарски
сили. Претседателот додаде дека веќе е доста познато дека во Белград не
ја поднесуваат и сакаат да ја уништат ситуацијата која произлезе од
државниот удар од 9 јуни, како што го покажува оваа претерана жестина на
соседната силна Држава против слабата Бугарија. Мислам дека треба да ги
поврзам заканувачкото однесување на Белград со неодамнешната
комунистичка завера чија намера беше предизвикување на тешки нереди
за да се добие изговор за југословенска интервенција. До југословенското
распоредување на војската навистина дојде истиот ден, на 12 септември,
кога бугарската влада енергично ја осуети заверата. Белградската влада
која две години вршеше строг надзор на иницијативите на комунистите сега
применува поинакво однесување и симптоматично е нејзиното неодамнешно
приближување кон болшевичката Русија."

Министерството очекува да биде известено како на таквата, без


сомнение загрижувачка, ситуација гледаат владите во Лондон, Париз и на
другите соседни и засегнати земји.

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п, 914, предмет бр.
18; превод од
италијански јазик

103.

Писмо од италијанскиот висок комесар од Цариград до Мини-


стерството за надворешни работи во Рим од 18 септември 1923
година, во врска со "бугарските" села во Албанија

Високиот комесар
Бр. 10628/1461

До Кралското министерство за надворешни работи - Рим


Цариград, 18 септември 1923 год.
Предмет: Бугарски села во Албанија

Во врска со мојот акт бр. 4337/616 од 15 април о.г. и телеграмата бр.


236237/258 од 22 август о.г. на Министерството, чест ми е да ја известам

++++++++++++стр 259 на е-маил +++++++++

260____________________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

В.Е.дека со посредство на К.р. воен аташе на ген.Марков му ги пренесов


информациите кои тој ги побарал во врска со бугарските села на албанска
територија.
Според моите упатства ,Кр. воен аташе усмено ги дал бараните информации
за да се избегне на ген.Марков да му се остави примерок
или избоди од документите кои ги добив од Министерството.Истакна дека
селата за кои наведениот генерал се интересира и од самите жители се
нарекуваат "македонски", а не бугарски.
Со длабока почит
Висок комесар
(потпис нечиток)
ИДА МНРИ, папка 712 (Албанија 1919-30),ДАРМ, КС, предмет бр.3 превод од
италијански јазик

104

Телеграма од Министерсвото за надворешни работи


од Рим до италијанското пратеништво во Драч од септември
1923 година,за албанско-југословенската граница ,со прилог

Кралското министерство за надворешни работи-Е.Л.4-Рим


Доверлива телеграма

До кралското пратеништво на Италија во Драч


и за запознавање ,Италијанската кралска амбасда во Лондон,Кралското
пратеништво во Белград ,Кралското воено министерство(Централен главен
штаб)-Оперативен оддел
Предмет :Албанско-југословенската граница
Врска:Мојата телеграма бр:240241 од 18 септември 1923 год.

За В.Е.да биде во тек со развојот на расправата на Амбасадорската


Конференција во врска со српско-албанските граници и за ставовите на на-
шето министерство,сметам за умесно во прилог да Ви ги испратам следните
копии:
- на 3 телеграми на Кр. амбасадор во Париз(од 22 септември, 8 и 15 окт.(бр.
3752,3986,4030),
-на мојата телеграма 3558.
В.Е. ќе забележи дека најтешкото несогласување помеѓу Албанија и
Југославија и следствено на Амбасадорската конференција одн.прашањето

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА____________________________ 261

на доделувањето на една или друга држава на манастирот Св. Наум се


уште не е решено и веројатно така ќе остане неколку месеци.

Свесен сум за согледувањата кои В.е. повеќе пати ги изнесе во врска


со потребата генерално да се реши прашањето на албанските граници и
стекнатата безбедност и мир на границите на Албанија да и дадат можност
да се зацврсти на внатрешен план.

Не можев а да не го поврзам проблемот со нашата јадранска а особено


југословенска политика и сметам дека не е умесно да се заложиме за
решавањето на прашањето токму денес, со оглед на нашите актуелни односи
со Југославија.

Од друга страна, околностите изнесени во мојата приложена теле-


грама зборуваат дека не е потребно и можеби опасно дефинитивното
одредување на српско-албанскп-е граници додека до нивнсто утврдување
на теренот не може да дојде, заради околностите кои не зависат од нашата
волја, пред претстојната пролет.

Сепак сум уверен дека В.Е. ќе успее да го намали незадоволството


до кое без сомнение ќе дојде таму и да ја смири евентуелната недоверба
кон нас, објаснувајќи ги причините од општ карактер кои засега не
овозможуваат донесување на конечното решение на проблемот.

Со соодвететен такт, В.Е. ќе може и да објасни дека не станува збор за


несакање а уште помалку за изменети чувства на Италија туку за остро
спротивставување од страна на една друга Сила.

Копија иа извештајот на Кралската амбасада на Италија - Париз


Бр. 3752/1365

До Министерството за надворешни работи - Рим

Предмет: Граници на Албанија

Париз, 22 септември 1923год.

Вчера се состана одборот кој конференцијата првобитно го задолжи


за проучувањето на прашањето на Св. Наум и кој денес ги разгледа
аналогните и поврзани прашања со цел, по можност да се дојде до целосното
решение пред продолжувањето на работата од страна на комисијата за
утврдување на границите.
1. ГРЧКО-АЛБАНСКА ГРАНИЦА ОД ПЛАНИНИТЕ ГРАМОС ДО
ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

Конференцијатаја утврди на седницата од 27јули 1923 год., но тогаш беше


решено дека - за да се избегнат локални немири и на барање на генералот

262__________________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДОКУМЕНТИ

Телини да се известат Грција и Албанија дури кон 15 септември,кога за кога


генералот Телини предвидуваше дека ќе бидат отстранети останатите
тешкотии.
Одборот едногласно и предложи на Конференцијата ,од исти причини
бладите да бидат известни непосредно пред започнувањето на самото
трасирање,а тоа е за неклку дена ако работите започнат во овој дел
одработната сезона, а во спротивно наредната пролет

2.СБЕТИ НАУМ-Италијанскиот (генералот Марјети)и англискиот


претставник останаа на почетната теза,од познати причини на престиж и
за да не се создаде опасен преседан за албанските и други граници,да не
се менува донесената одлука.
Г-дин Ларош ја подржува обратаната теза и ја искажува на следен
начин :
"Се сложувам дека навраќањето на донесената одлука е тешка работа.
Сепак,ако се покаже дека Конференцијата ги пречекорила своите над-
лежност правдата бара таа тоа да го признае .Така конференцијата со
одлуката од 9 ноември 1921 решила границата помеѓу албанија и Југославија
да биде таа од Лондонскиот протокол од 1913 год., со четири исклучоци

(североисточно од Скадар,на запад и југ од Призрен ,на запад и југоисток


од Дебар и во регионот на Лим),за кои ги утврди новите граници.Свети
Наум не е разгледуван и затоа за него е применлив Лондонскиот протокол.
Во него се вели : "уште сега е решено дека ....поранешната Корчанска
отоманска каза со западниот и јужниот брег на Охридското езеро која се
протега од с. Лим до манастирот Св.Наум се составен дел од Албанија."
До Свети Наум:последниот израз во меѓународното право значи дека
наведениов локалитет е исклучен.
Освен тоа ,сите документи со кои располагаме се еднодушни во
доделувањето на Св.Наум на Србија.""
Англискиот делегат потоа го прочите концептот на записникот од
Лондонската Конференција д која се гледа доделувањето на манастирот
на Албанија.
По долги и бесплодни расправии за разни аспекти(етнографскиот,
верскиот,воениот итн.) е утврдено дека не може да се постигне согласност
и беше решено да предложат на споменатите правници да им се постави
прашањето какво знашење има зборот "до" и со тоа,дали Конференцијата
ги надминала своите овластувања.
На правниците ќе им се достават сите документи од полза кои
ќе ги побарат британската и италијанската влада.Во врска с тоа би требало
В.Е. да ја повика Кр.амбасада во Лондон да ги побара документите во врска
со Конференцијата од 1913 год.и кои би требале да се наоѓаат таму бидејќи

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА____________________________________________263

Маркизот Империјали учествувал на Конференцијата. Ако таквите доку-


менти би ни се доставиле би ги прегледал и би ги изделил тие кои се полезни
за тезата што ја застапуваме.

Се разбира дека мислењето што се бара од правниците не го побива


политичкиот аспект на прашањето туку е неоспорно дека ќе има значајна
тежина при одлучувањето.

3.ЈУГОСЛОВЕНСКИ ПОБАРУВАЊА НА СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА


(Гусиње)

И за овој дел веќе е донесена одлука од страна на Конференцијата и


против таа Југославија протестира. Во очекување на нова одлука работата
е ррекината.

Г-динот Ларош се сложува да се отфрли југословенското барање но


би сакал ова одбивање да го подреди на прифаќањето на француската теза
за Св. Наум, што - се разбира - останатите го одбиваат.

Затоа е одлучено прашањето да остане отворено до одлуката за Св.


Наум. Таа најверојатно ќе биде негативна но не е умесно за тоа уште сега
да се извести Југославија која во истата нота ги соедини двата протеста, за
Св. Наум и за Гусиње.

Истиот ден, на 21 септември, исто така се состана техничко-


географскиот одбор, на прво разгледување на предлозите за измена на
составот и на функционирањето на комисијата за разграничување поднесени
во Париз од генералот Гаѕера и чија копија приложувам.

За да не дојде до расправа без упатства на соодветните влади бидејќи


предлозите се доставени претходниот ден, дојде до спротивставување на
англискиот делегат и до голема резерва од страна на францускиот.

Додека постои согласност за тоа дека комисијата ќе треба да


дејствува заеднички, се чини дека на најголемо спротивставување ќе наиде
именувањето на помошник комесар и на офицерот на располагање на
претседателот.

Нов состанок на техничко-географскиот одбор ќе се одржи на 24-ти,


за да може да се разгледува прашањето на првата средба на конферен-
цијата.

Романо Авеѕана
ИДА МНРИ, папка 708 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 708, предмет бр.
13; превод од
италијански јазик

264___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

105.

Телеграма од Централниот Главен штаб до Министерството


за надворешни работи во Рим од 1 октомври 1923 година,
во врска со Св. Наум

Телеграма бр. 6776

Воено министерство

Централен главен штаб - Оперативен оддел - Рим

Доверливо - Итно

До Министерството за надворешни работи - Генерална дирекција Е.Л. -


Оддел 4 - Рим

Рим, 1 октомври 1923 год.

Предмет: Манастирот Св. Наум


Одговор на телегр. бр. 239899/359 од 14 о.м.

Граничната линија меѓу Албанија и Државата на СХС, предложена од


Комисијата за утврдување ка албанските граници на седницата од 28 јуни
о.г., која поаѓа од с. Лим, преку Охридското и Преспанското Езеро, преку
Мали Сат и полуостровот Корско и на југоисточниот брег на Преспанското
Езеро се спојува со линијата одобрена на Амбасадорската конференција на
седницата од 27 јули о.г.

Комисијата сепак ја предвиде умешноста на друго решение согласно


југословенските барања и наводно подготви друг записник, ниту потпишан
ниту датиран (извештајот бр. 637 од 29 јули о.г. на ген. Телини) со кој
Министерството не располага и во кој, се чини, границата е пренесена на
линијата на Церава но манастирот Св. Наум е остаѕен на Албанија.

Нашето министерство нема известување за транснационапнсло


решение кое се проучува од страна на Генералниот секретаријат на
Амбасадорската конференција. Сепак, и како што веќе го извести Мини-
стерството Кр. амбасадор во Париз за седницата од 21 ом, за разгледување
на се уште нерешените албански територијални прашања, југословенското
барање, поддржано од Франција и кое има за цел доделување на манастирот
Св. Наум, се базира врз толкувањето дека изразот од Лондонскиот протокол
од 1913год. "....уште сега е утврдено..поранешната османлиска Корчанска
каза, со западниот и јужниот брег на Охридското Езеро, која се протега од
с.Лим до манастирот Св. Наум се составен дел од Албанија" во мегу-
народното право значи дека месноста Св. Наум е исклучена одн. доделена
на Србија.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________265

Како што е познато, прашањето сега го разгледуваат правниците.


Какво да биде решението кое треба да се проучи дефинитивно, бидејќи
во Лондонскиот протокол експлицитно е наведено дека границата треба да
стигне до манастирот Св. Наум, од тоа произлегува дека евентуалното
поместување на граничната линија во споредба со линијата од самиот
протокол не може да го надмине тесниот простор на кој е изграден
манастирот и неговата непосредна околина. Тоа значи дека спорот е огра-
ничен на тие сразмери и ни се чини дека самото поместување би можело
значително да ги измени вкупните воени карактеристики на границата. Но,
сепак треба да се предупреди дека требајасно да се утврди дека ритчињата
на запад и на југозапад од Св. Наум, во близина на патот од Корча кон
Охридското Езеро треба да останат на албанска територија.

Во врска со политичката опортуност за прифаќање или не на


југословенското барање се повикувам на претходната телеграма бр. 5744
од 13 августо.г.

за Министерот
Шеф на Централниот штаб - Оперативен оддел
Ферари с.р.

ИДА МНРИ, папка 712 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 712, предмет бр.
10; превод од
италијански јазик

106.

Телеграма од италијанската амбасада од Париз до


Министерството за надворешни работи во Рим од 8 октомври
1923 година, во врска со албанско-југословенската граница,
со прилог

Кралска амбасада на Италија - Париз


Телеграма бр. 3986/1445

До Министерството за надворешни работи - Рим

Париз, 8 октомври 1923 год.


Предмет: Албанско југословенска граница
Тел.24024 1.Е.Л.

Аналогната нота со вербалната нота на Пратеништвото на СХС во


Рим бр. 844 од 6 септ. 1923 год. не пристигна на Ке д'0рсеј, ниту пак за неа
е известена англиската амбасада.

266 __ __ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Замислата искажана во последниот почеток на наведената нота е


навистина сериозна и ако треба да биде разгледана на Конференцијата,
без сомнение таа ќе ја одбие повикувајќи ја владата на СХС дека треба да
ги прифаќа одлуките на Големите сили.

Одминатото време нема да дозволи разграничувањето да продолжи


пред претстојната пролет. Инаку, без сомнение какво да е решение на
спорните прашања, тоа ќе предизвика немири и затоа по неа веднаш да
продолжи работата на теренот. Затоа Конференцијата сметаше дека е по-
добро сега да не донесува одлуки, дотолку повеќе што за Св.Наум договорот
меѓу Големите сили не е постигнат.

СВЕТИ НАУМ. Како што на време известив, за Св. Наум им е оставено


дефинирање на изразот "до" на правниците. Францускиот став остана
неизменет во полза на југословенската теза, и покрај признавањето дека е
незгодно враќање на одлуката на Конференцијата. Но, се вели на Ке Дорсеј,
ако навистина Конференцијата ги надминала своите овластувања со
толкувањето и примената на Лондонскиот протокол, правдата налага да се
признае грешката.

Што се однесува до војнички причини (оддалечување на границата


од патот за Подградец за тој да не може да биде мета на Југословените),
нив им се дава малку значење бидејќи со денешните дострели би требало
доста да се отстапи и тогаш би се констатирало дека се загрозени други
патишта и така до бесконечност.

Во англиската амбасада изјавуваат дека не добиле упатства за измена


на спротивставувањето за измена на донесената одлука. Сепак, од тонот
на расправата по предметот се има впечаток дека се прашуваат дали вреди
да се остане на спротивставувањето и дали не е подобро - за смирување на
регионот - да и се даде за право на Југославија убедувајќи ја Албанија дека
е во нејзин интерес да се повлече за конечно да има утврдени граници и да
може да мисли на стопанско уредување. Дотолку повеќе што спорната
територија е окупирана од југословенските трупи и не е сосем јасно како
тие можат да се принудат да си заминат.

РЕГИОНОТ АНДРИЕВИЦА. Досега сите, вклучително французите, се


сложуваат да се одбие југословенското побарување. Тоа беше проучено на
самото место од комисијата на Телини која го прифати решението кое во
доволна мера води сметка за локалните потреби и - со одземање од Албанија
на угорницата на планината Визитор - во полза на Југославија значително
ќе ја подобри првобитната траса.

Конференцијата го прифати на 11 октомври 1922 год.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_________________________________267

Со тоа спротивставеноста помеѓу Сојузниците се ограничува на Св.


Наум и таа нема да се реши или барем одлуката нема да биде позната до
наредната пролет.

Бидејќи прашањето на Св. Наум има релативно суштинско значење,


тоа би требало според мене од наша страна да се гледа во врска со нашите
преговори со владата на СХС.

При одлучувањето од страна на Конференцијата, нашето однесување


ќе зависи од состојбата на италијанско-југословенските односи.

Романо Авеѕана с.р.

Кралска амбасада на Италија - Париз


Телеграма бр. 4030/1466

До Министерството за надворешни работи - Рим

Париз, 15 октомври 1923 год.

Предмет: Албанско-југословенска граница (Прашањето на Св. Наум)


Види: телеграмата бр. 3558.

Правниците на кои им е префрлено познатото прашање на Св. Наум


не ќе можат да се состанат пред почетокот на ноември одн. по враќањето
на Пилоти.

Тогаш, согласно упатствата на В.Е., ќе најдам начин за одложувањето


на свикувањето на правниците додека ген. Гаѕера нема да соопшти дека
работите се прекинати заради зима.

Така автоматски и без повредување на чувствителноста на Албанците


ќе се одложат за идната пролет одлуките по прашањето на Св. Наум и сите
југословенски побарувања сврзани со него.

Романо Авеѕана с.р.

ИДА МНРИ, папка 712 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 712, предмет бр.
11; превод од

италијански јазик

268______________________________________________ ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ
107.

Пропратно писмо на италијанското Министерство за колонии


до Министерството за надворешни работи во Рим од 14
октомври 1923 година, со две промемории

Министерство на колонии
Кабинет на министерот

Рим, 14октомври 1923 год.


До Министерството за надворешни работи - Рим

Почитуван грофе,

Во прилог Ви ја испраќам Промеморијата од 27 септември која


минатиот пат залудно ја барав и нова Промеморија поттикната од нена-
дејното и неочекувано враќање на Чаулев85. Ви обрнувам внимание на
телеграмите; нема да ви биде тешко П.С. да ги побара а ќе ни служат како
контрола во врска на тврдењата на Чаулев.

Известен сум за утрешното доаѓање на полковникот Калфов и на мојот


стар пријател Симеон Радев. За жал не ќе можам да ги видам бидејќи со
Божја помош денес заминувам на потребно и, верувам, заслужено лекување
во Монтекатини. За секој случај Ви ја оставам мојата тамошна адреса, Гранд
Хотел Ница & Швајцарија.

До видување по моето враќање на крајот на месецов. Срдечни


поздрави Ваш

Корадо Ѕоли

Рим, 27 септември 1923 год.


ПРОМЕМОРИЈА ЗА КР. МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Вчера дојде кај мене ЧАУЛЕВ (в. моја претходна промеморија) и ми


кажа дека се вратил од Виена.

Во виена, ЧАУЛЕВ се сретнал со извесниот ВЕЛЕВ86 или ВЕЛОВ (не


го чув добро името), внук и доверливо лице на генералот ПРОТОГЕРОВ и
со неколку претставници на хрватските опозициони партии. Од разговорите
со нив ЧАУЛЕВ ги заклучил следните вести:
85 Петар Чаулев, познат македонски револуционер, роден во Охрид и убиен во
Милано
на 23 декември 1924 год. по наредба на Иван Михајлов.

86 Никола Велев, пунктов началник на ВМРО во Виена.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________269

ХРВАТСКИ ОПОЗИЦИОНИ ПАРТИИ - Наводно е постигнат тесен


договор, па дури коалиција меѓу овие партии и тоа е "Партијата на Радиќ"87,
"Партијата на правото" и "Лигата на поранешните офицери". Тоа станало
можно бидејќи Радиќ конечно се откажал од својата стара илузија дека
може да им се наметне на Србите по законски пат и заради начелно
прифаќање на замислата за потреба од сепаратистичко револуционерно
движење, секогаш афирмирано и подржувано од "Партијата на правото" и
на "Лигата на поранешните офицери".

Според ЧАУЛЕВ, претставниците на коалицијата на опозиционите


хрватски партии во Виена наводно не се не наклонети на договор со Италија.
Напротив, со задоволаство би прифатиле средба со некој италијански
емисар, дури ако не е овластен, со кој би била можна размена на видувања
и евентуално разговори ad referendum од двете страни, како темел на можен
договор. Во врска со тој предлог, ЧАУЛЕВ ме увери дека споменатите
претставници го чекаат веќе најавениот емисар а тоа ќе биде полковникот
на кр. карабинери ЛОДИ.

Хрватите наводно потврдиле дека не се сомневаат дека Италија сепак


. што се однесува на прашањето на Риека. на независна Хрватска да и го
даде тоа што е спремна да и' го отстапи на Југославија.

(Ова изјава треба да се има во предвид во какво да е приближување


со Хрватите. Јас во 1920 год. непосредно преговарав со хрватските емисари
во Риека, не можев никогаш да добијам ниту поинаква ниту попрецизна.
Традиционалните стремежи на Хрватите врз Риека се познати и интересот,
особено на една независна Хрватска, за целосно поседување на тоа
пристаниште не треба да се докажува.)

УНГАРСКО-ХРВАТСКИ ДОГОВОР - Имало приближувања тој да се


воспостави. Но, според ЧАУЛЕВ се уште постои извесна недоверба од страна
на Хрватите, кои добро се сеќаваат на унгарската превласт и надмоќ во
рамките на некогашната Двојна Монархија. Претставниците на Унгарците
во Виена сепак го уверуваа ЧАУЛЕВ дека таквата недоверба е неоправдана
и дека Унгарците се спремни да се договорат со Хрватите врз целосно
рамноправна основа.

ВНАТРЕШНА СОСТОЈБА ВО БУГАРИЈА - Бугарите и Македонците


кои живеат во Виена или кои пристигнале во деновиве уверени се дека
комунистичкото движење во Бугарија е резултат на договор помеѓу Југо-
____________
67 Стјепан Радиќ, познат хрватски политичар.

270___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

славија и Советите - мобилизацијата и собирање најугословенските дивизии


на бугарските граници една недела пред избувнување немири, според нив
се очигледен доказ а во Белград предходно бил познат датумот на дви-
жењето, се веруваше во победа на истото и се правеа подготовки тоа да се
искористи. За таа цел наводно би одговарала и активната кампања во
печатот и тенденциозните информации дојдени истовремено од Белград,
Загреб, Виена и Трст.

ЧАУЛЕВ како мошне сомнителна во врска со тоаја посочува инфор-


мативната агенција за печат со седиште во Трст и дописници во главните
балкански центри. Агенцијата се нарекува ИТАЛИЈАНСКО-БАЛКАНСКА
АГЕНЦИЈА и дописниците главно се личности мошне компромитирани во
Белград.

ИТАЛИЈАНСКО-АЛБАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ - Бидејќи ЧАУЛЕВ


од мене побара одговор на позначајните прашања за кои зборував во мојата
претходна Промеморија, согласно телефонските упатства, одговорив многу
..... дипломатски дека Италија денес се наоѓа во мошне деликатна ситуација,
дека таа е сосем неоправдано осомничена дека прави интриги на Балканот
и на Блискиот Исток и дека, особено по решавањето на спорот за Рур, таа
е мошне заинтересирана од себе да симне секакво сомнение. Оттука
произлегува потреба од политика на рамнотежа и на строга резервираност.

Вон ова однесување чија потреба може да се предвиди, треба да се


чувствува само повремено и сета италијанска политика која никогаш не
била демантирана повеќе од четврт век во овој дел, ги покажува вистинските
симпатии на Италија кон Албанија (симпатиите кои, впрочем, се совпаѓаат
со нејзините интереси на Јадранското Море) и нејзината цврста воља да
одржат во живот една независна албанска држава, силна против своите
непријателски соседи.

Тоа значи дека не постои никаква причина за албанските сомневања


и не само што е смешно на Италија да и се припишуваат територијални цели
во Албанија туку не е исклучено дека, кога меѓународниот политички
хоризонт ќе се разведри, Италија ефикасно да и помага на владата во
Тирана.

Што се однесува на симпатиите на Италија и на сиот италијански


народ за Македонците, Црногорците и Бугарите, тие се толку познати и
толку дамнешни што би било излишно да се повторуваат изјавите во
врска со тоа.

Не кријам дека ЧАУЛЕВ воопшто не покажа задоволство од моите


неодредени изјави.
ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________271

СОСТОЈБА ВО АЛБАНИЈА - ЧАУЛЕВ кажа дека веднаш повторно


заминува за Албанија (требаше да биде заминат денес). Ми потврди дека
примил конвенционални телеграми во кои се зборува за скорешно паѓање
на Кабинетот ЗОГУ. Каков да биде наследник на АХМЕТ-БЕГ, а тоа би можел
да биде АКИФ-ПАША или некој од ВРИОНИ од Елбасан, ЧАУЛЕВ тврди дека
новата влада во Тирана ќе биде целосно во рацете на БАЈРАМ-БЕГ ЦУРИ,
ХАСАН-БЕГ ПРИШТИНА и, општо, на тие од Косово и Скадар. Според
ЧАУЛЕВ, оваа ориентација ќе биде многу полезна за црногорската и
македонската кауза и, посредно, за Италија.

"Без сомнение, многу ќе добиеме од албанска влада која би била во


рацете на скадарчаните и косоварите.

Белешка:

На ЧАУЛЕВ му одговорив на начин кој ми го дозволи моето толкување


на добиените упатства и за кое мислам дека е правилно. Но, си дозволувам
да го забележам следното:

Ако за четири години, од ноември 1918 до ноември 1922 год., итали-


јанската надворешна политика беше помалку ограничена, помалку плаш-
лива, помалку слепа, помалку омаловажувачка за вистинските интереси
на нацијата, денес најверојатно не би постоело Кралството на СХС а можеби
ниту една Југословенска конфедерација.

Сепак, без сомнение, со само малку поактивна, подостоинствена и


подалекувидна политика, би можеле и се уште можеме во рака да ги држиме
главните конци на балканската политика. Бидејќи, како што впрочем беше
природно, по распаѓањето наАвстро-Унгарија, Балканците и самите членки
на исчезнатата Империја се свртеа кон нас како на Силата-победник која,
од географски и историски причини, би требала да биде наследник на
австриското влијание на Балканскиот Полуостров. Но, наидоа само на
неразбирање, негрижа и абсентеизам.

Ова е вистината. И ова минато, иако неодамнешно, најверојатно е


непоправливо.

Но, цврсто сум уверен дека, ако сакаме, можеме уште да сториме
многу за сегашноста и уште повеќе за иднината.Треба да се интересираме
за балканските работи; треба да бидеме секогаш присутни и будни; не треба
да занемаруваме ниту еден конец; треба да дадеме чувство дека сакаме и
знаеме да водиме активна и енергична политика, дека сме секогаш спремни
да им помагаме на нашите пријатели и на секаков начин да ги попречуваме
нашите противници. Со други зборови, не треба да се плашиме дека ќе се
компромитираме. Какво и да е нашето однесување, дури и најрезервирано
и коректно, секогаш ќе бидеме осомничени и обвинувани дека правиме смут.
272___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ
Пред се треба добро да ги одредиме нашите сигурни и непомирливи
непријатели. А меѓу нив треба во прв ред да ги ставиме Србите. Што и да
прават, кога и денес тие би пројавиле желба и би се сојузиле со нас, тие тоа
би го сториле само со цврста и дефинирана намера да не предадат во прва
прилика и ако би можеле, да не нападнат. Од оваа констатација, пред се,
произлегува умесноста, па дури и потреба, за наша политика на овие наши
непријатели да им создаваме најголеми внатрешни и надворешни тешкотии;

така што, во некоја балканска земја, кога постои предупредување и ..., е


лесна работа.

Можевме Југославија да ја раскинеме на парчиња: не сакавме и не


знаевме тоа да го сториме. Да си ја оставиме барем можноста да и го
направиме животот тежок и над неЈзиното постоење да стои постојана
закана за нејзиното целосно уништување.

Корадо Ѕоли

Рим, 12 октомври 1923 год.

ПРОМЕМОРИЈА
ЗА КР. МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Вчера дојде кај мене ЧАУЛЕВ (в. моите претходни промемории) и ми


кажа дека доаѓа од Албанија, под следни околности.

Кога пред неколку недели ЧАУЛЕВ беше овде на поминување, како


што веќе реков, тој доаѓаше од Тирана, кегово вообичаено постојано
живеалиште од каде што мораше да замике на барање на самиот претсе-
дател на Советот Ахмет-бег Зогу. Следниот му советуваше барем за извесно
време да ја напушти албанската престолнина за да не му создава непри-
јатности и компликации со Југославија чии дипломатски претставник во
Тирана на албанската влада и обрнал внимание на присуството во Тирана
на македонските и косовските претставници кои, како што е општо познато.
коваат заговор против интегритетот на Кралството на СХС.

Но, во Виена Чаулев разбрал дека генерал Протогеров веќе заминал


за Западна Македонија и дека искажал желба Чаулев што побргу да му се
придружи. Затоа тој решил да стигне кај генералот без да води сметка за
пријателското предупредување на Ахмет-бег Зогу. Така тој се упати за Санти
Кваранта од каде што се обидел да стигне до Корча и потоа до македонската

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________273

граница. Но тој стигнал само до Лесковец каде што албанските власти го


уапсија по налог на префектот на Валона и повторно го доведоа во Валона
каде што префектот љубезно го покани повторно да отпатува за Италија.

Ова е неодамнешната одисеја на Чаулев како што самиот ми ја


раскажа.
ТЕЛЕГРАФСКИ ВРСКИ НА ЧАУЛЕВ СО АЛБАНИЈА

Му напомнав на Чаулев дека загребските и белградските весници


неодамна објавија две телеграми кои наводно Чаулев за време на својот
претходен престој ги испратил од Рим за Тирана и чија содржина мошне ме
изненади: во една од телеграмите Чаулев наводно кажал дека можел да
стапи во контакт со италијанската влада и дека добил гаранции дека нашата
влада е спремна материјално да им помогне на македонските, косовските и
црногорските револуционери; во втората наводно најавил дека Италија ќе
испрати оружје и воен материјал на Бугарија.

Чаулев почна да се смее... Ми кажа дека го изненадува што познавајќи


го него а од друга страна балканските методи, наседнав на толку прост и
обичен трик. Потоа додаде дека за време на својот престој во Рим испратил
само две телеграми и тоа: една од Поштата бр.16 во Рим адресирана до
РЕЏЕП МИТРОВИЦАЃминистер за образование) во Тирана. на француски
јазик и потпишанаЛЕТРЕ: втора од Поштата бр.25 во Рим упатена до
ЗЛАТАРЕВ88 во Корча, на бугарски јазик. исто така потпишана ПЕТРЕ. Двете
телеграми се испратени мегу 23 и 25 септември о.г. Телеграмите се напишани
на конвенционален јазик натрговска преписка. Во првата, Чаулев го прашува
Реџеп Митровица дали и кога ќе може да се врати во Албанија со премолчена
согласност на тамошната влада; во втората го известува својот кореспон-
дент во Корча Златарев за скорешното доаѓање одн. за поминување на пат
за Македонија.

(Ќе ми биде драго ако ова Министерство заради проверка на твр-


дењата на Чаулев може во гореспоменатите пошти да ги пронајде наве-
дените телеграми: врз основа на податоците пронаоѓањето би требало да
биде лесно и брзо.)

ВПЕЧАТОК ВО ЈУЖНА АЛБАНИЈА ЗА НАШАТА АКЦИЈА ПРОТИВ


ГРЦИЈА - Чаулев ми кажа дека впечатокот во целата јужна Албанија
предизвикан од нашата енергична акција на Крф е многу силен. Дури
православните Албанци кои вообичаено зборуваа за Италија со неогра-
ничено потценување денес зборуваат само со почит помешан со страв. Тоа
_________

88 Во прашање е Јордан Златарев.

274___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

што најмногу ги импресионира е фактот што Италија се осмели даја поддржи


и ја наметна својата теза дури во контрадикција со Англија.

СТОПАНСКА АКЦИЈА НА ИТАЛИЈА ВО АЛБАНИЈА


Префектот на Валона му кажа на Чаулев дека сите Албанци се надеваат и
очекуваат Италија да се реши да ја прифати и валоризира големата
земјоделска концесија на рамнината Мусекја. Тој забележа дека додека
Франција секој ден го зголемува своето политичко-стопанско влијание на
Север, благодарение на значајните шумски концесии долж југословенско-
албанската граница, а Англија на Југ, благодарение на богати нафтени
концесии долж грчко-албанската граница, Италија се држи настрана и
отссствува во овој голем стопански натпревар. Висок албански функционер
не криеше дека овој факт можеби е последица на тврдоглавоста на
италијанскиот приватен капитал; сепак смета дека би требало самата
италијанска влада непосредно да учествува, н.пр. со позајмица, па дури
сосем скромна, на албанската држава. "Нашите актуални финансиски
услови се такви - буквално кажа префектот - што ако Италија денес ни
позајми само 50 милиони, во Албанија со тоа би си обезбедила неуништив
апсолутен престиж!" И Чаулев е на исто мислење.

КАКО СЕ ОЦЕНУВААТ ЈУГОСЛОВЕНИТЕ - Чаулев ми даде еден


примерок на НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА од 5 о.м. и еден од белградска
ПОЛИТИКА од 8 о.м., посочувајќи ми две одбележани статии.

Како поддршка на тезата што ја изложив во претходната Промеморија


од 27 септ. о.г. си дозволувам да му обрнам внимание на Министерството
на споменатите преминувања. Ми се чини дека е јасно, што и да правиме
или кажеме и каква да е вистинската исправност на нашето однесување,
тоа нема никогаш да им смета на овие господа да не обвинат за интри-
гантство и за сплетки на нивна штета... Затоа инсистирам да укажам на тоа
дека е подобро навистина да интригираме и правиме сплетки на штета на
овие наши природни и непоправливи непријатели!

Корадо Ѕоли с.р.

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 914, предмет бр.7;
превод од
италијански јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________275

108.

Писмо од Министерството за колонии до Министерството


за надворешни работи во Рим од 22 октомври 1923 година,
во врска со италијанската помош за "бугарските чети"

Министерството за колонии
Биро за проучување и пропаганда
Бр.21738
До Министерството за надворешни работи - Рим

Рим, 22 октомври 1923 год.


Предмет: Италијанска помош на бугарските чети

Чест ми е да Ви ја пренесам веста преземена од цариградскиот "Vagit"


од 12 о.м.:

"Белград, 11 октомври (специјално) - Според информациите на срп-


скиот печат наводно е утврдено дека бугарскиот водач на чета Чаулев со
посредство на италијанскиот конзул од Скадар примил пари од Италија".-

(потпис нечиток)

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 914, предмет бр.6;
превод од

италијански јазик

109.

Писмо од Националното здружение "Далмација" од Рим


до министерот за надворешни работи во Рим од 5 ноември
1923 година, во врска со атентатот на југословенскиот
воен аташе во Софија

НАЦИОНАЛНО ЗДРУЖЕНИЕ "ДАЛМАЦИЈА"

Централно седиште: Рим

ТАЈНО Рим, 5 ноември 1923год.

Екселенцијо,
Еден наш повереник, сега во Виена, телеграфски не известува:

Виена, 4 ноември 1923 год.

"Ве молам да му соопштите на пријателот дека Македонците немаат


никакво учество во атентатот на српскиот воен аташе во Софија. Апсо-

276___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

лутно е исклучена и одговорноста на бугарската влада. Без сомнение,


атентатот е дело на пеколна интрига на странските агенти за да ја компри-
митираат Бугарија."

Натамошни вести, од угледен бугарски извор, додаваат дека Маке-


донците премногу добро знаат која погрешна тактика би бил акт од таква
природа, кој би ја компромитирал Бугарија и нивната национална кауза. Се
смета дека атентатот го порачаа болшевиците или Русите или Бугарите
или.....

Со почит

Ронкали с.р.

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

110.

Вербална нота на Пратеништвото на Албанија во Рим до


Министерството за надворешни работи во Рим од 7 ноември
1923 година, во врска со доделувањето на Св. Наум
на Албанија

Пратеништво на Албанија
А 4 - 600/7

ВЕРБАЛНА НОТА

По наредба на својата влада, Пратеништвото на Албанија има чест


да го запознае Кралското министерство за надворешни работи на Италија
дека Министерскиот совет на Албанија на вонредната седница одржана на
2 октомври 1923 година реши:

"Со оглед на тоа што Амбасадорската конференција веќе два пати


реши за дефинитивно доделување на Албанија на Св. Наум и Вермош,
албанската влада нема да прифати каква да е евентуална расправа за
прашањето на двата горенаведени локалитети која би имала за цел ре-
шавање во полза на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, Во таков
случај, албанската влада веќе нема да го прифати разграничувањето со
Југославија утврдено на Амбасадорската конференција и тогаш ќе бара
целата траса на границата значајно да се корегира на повеќе места каде

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА____________________________________________277

што териториите му беа доделени на Кралството на Србите, Хрватите и


Словенците, одземени од Албанија спротивно секакви правни согледувања
ипринципи."
Албанија ги прифати корекциите на границата од 1913 година донесени
од страна на Амбасадорската конференција, на штета на албанската
територија и во полза на Југославија и со тоа направи максимални можни
жртви, заради мирот и за конечно утврдување на нејзините граници.

Одлуките на амбасадорската конференција имаат суштински карактер


на неотповикливост. Ако пак Конференцијата ќе сака да ги влоши речиси
неподносливите услови на Албанија со преиначување на сопствените
одлуки, таа самата ќе го уништи тој карактер на неотповикливост кој досега
толку љубоморно и решително го бранела и со тоа, таа ќе ги окуражи сите
незадоволни да не ја признаваат важноста на нејзините одлуки.

Албанија не може повеќе да прифаќа други територијални оса-


катувања кои нејзиното постоење би го направиле невозможно. Вермош и
Св. Наум се од животно значење за Албанија.

Со евентуалното доделување на Св. Наум на Кралството на Србите,


Хрватите и Словенците, патот кој го поврзува регионот на Корча со
централна Албанија би ја загубил сета своја вредност. За да се обезбеди
континуитет и сигурност на патот Струга-Дебар, Амбасадорската конфе-
ренција на Албанија и наложи голема жртва, отстапување на регионот
Голобрдо на Југославија. Денес се чини дека би сакала да го додели Св.
Наум кој се наоѓа над патот Корча-Централна Албанија, на Кралството на
Србите, Хрватите и Словенците и тоа со повлекување на сопствените
одлуки. Вермош е регион со пасишта за речиси целата Скадарска пре-
фектура и без тие пасишта, вистински неопходни за исхрана на стоката,
населението на Скадарска Малесија ќе биде принудено даја напушти земјата
и да се исели на друго мес', д за да не умре од глад.

Причини од верски и стопански карактер наложуваат манастирот


Свети Наум како и околијата Вермош да останат во Албанија.

Рим, 7 ноември 1923 год.

(печат)

ИДА МНРИ, папка 712 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21 ,п. 712, предмет бр.
12; превод од
француски јазик

278___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

111.

Телеграма од италијанското пратеништво во Драч до


Министерството за надворешни работи во Рим од 9 ноември
1923година, во врска со Св. Наум
Кралско пратеништво на Италија во Драч
Телеграма бр. 1907/338

До Министерството за наворешни работи - Рим

Драч, 9 ноември 1923 год.


Предмет: Српски сплетки на подрачјето на Св. Наум

Софискиот весник "Независна Македонија" во бр. 28 од 28 октомври


о.г. ја објави следната вест:

""На албанската граница кон Св.Наум-Подградец и на други места од


истата, нашите граничари последните два дена забележаа засилено
движење на бугарските комити измешани со албанските. - Комитетите се
составени од преку 200 луѓе. - Најголемиот нивен центар е Корча каде што
е седиштето на нивниот водач (војвода) Ангел Папа-Васил89. - Меѓу нив се
наоѓа и албанскиот капетан Муарем Старова, командант на жандармеријата
и ортак на Косовските комитети. - Бугарските комитети се упатуваат преку
С.Кваранта во Корча и го претвориле градот во втора ЏУМАЈА90 (познат
центар на македонските комитети) каде што се наоѓаат магацини со оружје,
муниција и облека. - Сите вооружени комитети финансиски ги потпомага
Италија.-"""

Не треба да се каже дека наводната концентрација на бугарските


комити во Корча е измислица. - Очевидна е тенденциозноста на веста и
целта со која се сакаат да се подготват изговори за југословенските на-
влегувања во зоната на Охрид или посебни аргументи за поддршка на
потребата од менување на трасата на границата.-

Инсинуацијата дека Италија ги подбуцнува бугарските и албанските


немири систематски ја користат како Грците така и Југословените.

89 Се однесува на Ангел Поп Василев.

ѕа Станува збор за градот Горна Џумаја (денешен Благоевград) во Бугарија.


Смислата
на информацијата е дека Корча била претворена во втор важен центар на
автономистичката
ВМРО.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА________________________ 279

Во врска со горенаведената вест, Кр. конзуларен агент од Корча ме


известува дека командантот на жандармеријата во Корча капетанот Муарем
Старова се обратил до претпоставените власти барајќи веста да биде
демантирана и затоа што го засегнува него лично.

Дурацо с.р.
ИДА МНРИ, папка 712 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 712, предмет бр.
13; превод од
италијански јазик

112.

Писмо од Централниот Главен штаб до Министерството за


надворешни работи во Рим од 10 декември 1923 година, за
дејноста на италијанскиот воен аташе во Софија, со прилог

ВОЕНО МИНИСТЕРСТВО
ЦЕНТРАЛЕН ГЛАВЕН ШТАБ
Биро за информациии

Стр.дов.бр.2429

До Кралското министерство за надворешни работи - Кабинет - Рим


Предмет: Инсинуации на странските весници во врска
со дејноста на кр. воен аташе во Софија

Рим, 10 декември 1923 год.

Откога во м. септември о. г. нашиот Кр. воен аташе во Софија започна


со својата дејност, некој југословенски весник (а најчесто белградската
"Политика") објавуваше навестувања за наводните односи на аташето со
македонската иредентистичка партија и алузии за поддршка и снабдување
со оружје од Италија, во полза на партијата.

Приговорите на нашиот Кр. амбасадор во Софија до југословенскиот


амбасадор времено ги стишаа таквите гласини.

Но, на 20 о.м. "Prager Presse " од Прага објави статија (во прилог) со
нови експлицитни навестувања на односи на полк. Спиго со Македонците.

Колку таквите алузии да се обезвреднети со непостоењето на секаква


основа и со системите на политичка борба кои широко се применуваат на

280______________________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

балканските простори сепак сметаме за умесно со тоа да го запознаеме


Министерството, заради информирање и евентуелно преземање мерки.

Раководител на Бирото за информации

Полк. Атилијо Виџевано с.р.

Превод-извод од статијата "Белград и Софија" објавена во "Ргадег Ргеѕѕе"


(од 20 ноември 1923 год.)
.....И сега, раката на една "заинтересирана" Сила се заканува да влезе меѓу
Софија и Белград. Белградските весници наводно од време знаат дека
италијанскиот империјализам не е сосоем невин во однос на нападите на
чети во Македонија; се зборува за милиони лири кои наводно завршуваат
во џебовите на приврзаниците на Александров и се тврди дека италијанскиот
воен аташе Спига (сиц) специјално е испратен во Софија заради одржување
на тесни и не баш невини врски со "македонствујшќи" (македонски
политиканти). Но, вон гласини и врски е претерано срдечниот прием на кој
наиде бугарскиот министер за надворешни работи, за време на своето
патување во Европа, во Рим од страна на Мусолини и начинот на кој
фашистичкиот печат гледа на бугарскиот проблем. За него (фашистички
печат) Стамболиски со својата јужнословенска политика е џентлмен кој во
Ниш - каде што Белград и Софија се договорија за начинот на борба против
движењето на македонските чети - Бугарија ја продал на Србија. "Согпеге
На!Јапо" со големо задоволство истакнува дека италијанското влијание во
денешна Бугарија преовладува и не дозволува меѓународното влијание на
Балканот, спротивно на италијанското, може дајазафати Бугарија. Со оглед
на тоа што и бугарскиот печат со поволен тон пишува за Италија не е
исклучена опасноста владеачките кругови во Бугарија и покрај тоа што беа
предупредени од гласот на крв и на разум, наместо да застанат на страна
на јужните Словени и под притисок на "македонствујушќи" и во надеж на
заострување на прашањето на Риека, како и на активната љубезност на
една голема сила, повторно да земат во предвид авантуристички акции.

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ., КС 17, п. 914, предмет бр.
28; превод од
италијански јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________281

113.

Дешифрирана телеграма од италијанското пратеништво


во Софија до Министерството за надворешни работи во Рим
од 31 декември 1923 година, во врска со изјавите
на бугарскиот премиер

Кралско пратеништво

Софија

Е/ПП/4

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 31 декември 1923 год.


Изјави на претседателот на Министерскиот совет
311 - Во своите изјави во Собранието, претседателот на Министерскиот
совет во врска со Македонија премногу категорички и премалку претпазливо
се искажа и тоа веројатно ќе предизвика вриење и нерасположение
во Белград, особено заради споменувања на бугарската свест на македон-
скиот народ кои ги бара своите права и национална слобода.

Ринела

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 19191-1930); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

114.

Историјат на прашањето на Св. Наум изработен од албанската


делегација при Комисијата за утврдување на границите на
Албанија, 1924 година

АЛБАНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА
при Комисијата за угврдување на границите на Албанија

Правен аспект

Параграфот од одлуката на Советот на амбасадорите од 1913 год.


кој се однесува на Свети Наум и кој го содржи зборот "интегрален" и Советот
на амбасадорите од Париз во 1321 год. ја потврди претходната одлука, како
и предлогот на Комисијата за границите на Албанија во која се смета за

282________________ ______ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

потребно доделување на Св. Наум на Албанија, на два пати Советот на


амбасадорите реши за приклучување на Свети Наум кон Албанија; затоа,
од аспект на меѓународното и процесно право не постои никаква причина
да ја измени одлуката на штета на Албанија.

Историски аспект

Според историски документи, Наум живеел во периодот на римскиот


цар Михаел. Тој е роден во Дјавно, градот на брегот на езерото Ликнидус
(Охридско Езеро), на истото место каде што денес се наоѓа манастирот Св.
Наум.

Во тој период, Св. Кирил и Св. Методиј, заради ширењето на еванге-


лието меѓу илирскиот народ го зедоа со себе Наум како преведувач по
албански јазик.

Оттогаш, Албанците го сметаа Св. Наум за апостол на христијанската


религија и од таа причина секогаш го славеа. Според локалната традиција,
кога еден од двата дела Албанци премина во исламот, тие новата религија
ја прифатија под услов да можат слободно да го слават Св. Наум како
порано.

Навистина, обожавањето на Св. Наум во Албанија е општо и заедничко


на сите Албанци, без оглед на конфесија.

За да се договори со Светиот Стол, за време на папата Адријан Св.


Наум замина за Рим и по неговото враќање, св. Кирил и Св. Методиј кои
заминуваат едниот за Бугарија а другиот за Србија, Св. Наум остана во
Албанија како родум од таа земја.

Според народната традиција, Св. Наум имал дарба за лекување на


болните а пред се на умоболните. По неговата смрт, Албанците го изградија
манастирот и во 1725 год., за време на партијархот Јоасаф, по потекло од
Корча, Цариградската партијаршија на корчанскиот архиепископ му даде
соодветни наредби за зголемување на манастирот.

Манастирот Св. Наум секогаш се издржувал со прилозите на Ал-


банците и според стар обичај, два пати годишно монах од манастирот делел
благословена риба во сите албански села и собирал традиционални прилози.
Од времето на корчанскиот архиепископ Неофит, педесет години заштитник
беше Никола Зограф од Корча.

Во 1870 година, за време на шизмата на Бугарите, Словените се обидоа


да го заземат манастирот и да го приклучат кон словенската црква, но според
документите кои ги покажа корчанскиот владика, Високата Порта повторно
го потврди доделувањето на манастирот Св. Наум на православните хри-
стијани од Албанија. Затоа манастирот Свети Наум поседува две фарми во
Корчанска рамнина, во близина на селата Ројани и Пендавин.

А ако се разгледа архивата на манастирот, поголем дел од донациите


манастирот ги добил од Албанците.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА__________________________________ 283

Два пати годишно, на 20 јуни и 23 декември се одржуваат панаѓури;

аџиите од сите албански краишта доаѓаат кај светецот да му дадат мило-


стиња и да добијат духовен благослов. По смртта на епитропот Никола Зо-
граф, за заштитник на манастирот беше именуван Сотир Каменица од исто-
именото село кое се наоѓа на неколку километри од Корча. Епитропот и
свештеникот на манастирот секогаш беа Албанци. Во моментов, еден од
монасите во манастирот е Албанец.

Стратешки аспект

Св. Наум се наоѓа 25 километри од градот Охрид кој останал на


територијата на СХС и 5 километри од албанскиот град Поградец.

Актуелната окупациона линија од патот Корча-Поградец-Елбасан е


оддалечена колку што е домет на пушка. Преку малата долина на Церава,
секој кој доаѓа од Свети Наум многу лесно би ја пресекол комуникацијата
помеѓу Корча и Елбасан. Од друга страна, ако територијата на Св. Наум до
бугарското ритче (француска карта) не останува во Албанија, врската меѓу
албанската зона на Преспанското Езеро и јужниот дел од Охридското Езеро
кој и припаѓа на Албанија ќе останува прекинат. Одржувањето на мана-
стирот во иднина зависи од почитувањето на традицијата ако манастирот
им се остави на Албанците.

ИДА МНРИ, папка 721 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 721, предмет бр. 2;
превод од
француски јазик

115.

Телеграма од италијанското пратеништво во Париз


до Министерството за надворешни работи во Рим од 8 јануари
1924 година, во врска со Св. Наум

Телеграмабр. 144
Амбасада во Париз

До Министерството за надворешни работи - Рим

Париз, 8 јануари 1924 год.


СРЕДБА НА ПРАВНИЦИТЕ ЗА СВ. НАУМ

27 - ИТНО - Мојата телеграма бр. 21 - Комитетот на правниците се


собра заради неможноста англискиот претставник да чека во Париз или
набргу да се врати таму. Разгледано е прашањето на Св. Наум и англискиот,

284___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

францускиот и јапонскиот претставник божемно се сложуваат да одговорат:

1 - се чини дека Лондонскиот протокол од 1913 година буквално е спротивен


на албанската теза;

2 - и покрај тоа што Парискиот протокол од 1921 год. не зборува за Св.


Наум, даваможностзакорекцијанаопштиот принцип утврден во 1913 год.,
а тоа значи дека не го исклучува доделувањето на манастирот на Албанија;

3 - се чини дека таквите забелешки не се во состојба да ги решат тешкотиите


во кои се наоѓа Амбасадорската конференција и затоа не го прејудицираат
самото решение.

Последната точка ја изложи нашиот правник, со намера да се одложи


одлуката на Конференцијата според желбата искажана од В.Е.. Но,
секретаријатот на Конференцијата инсистира правниците да одговорат и
на други стручни прашања: дали Комисијата за разграничување а потоа
Конференцијата на амбасадорите беа надлежни да одлучуваат во 1922 год.
за доделување на манастирот на Албанија. Наводно правниците се склони
да одговорат потврдно. Во таков случај, прашањето би добило поволен ток
за албанската страна.

Останувам во очекување на веќе порано бараните итни упатства, но


ја предупредувам В.Е. дека затоа што англискиот правник треба веднаш да
се врати во Лондон, Одборот на правниците ќе го формулира мислењето
утре. Тоа значи дека ако потврдените упатства на В.Е. не пристигнат до
утре, нашиот правник нема да се приклучи кон одговорот кој неговите колеги
имаат намера да ја дадат на новото прашање на секретаријатот, приговарајќи
дека истото не е формулирано на Конференцијата.

Ванутели

ИДА МНРИ, папка 721 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 721, предмет бр. 4;
превод од
италијански јазик

116.

Белешка на Министерството за надворешни работи во Рим за


министерот за надворешни работи од 9 јануари 1924 година, за
бугарско-југословенските односи

Министерство за надворешни работи


Е.И.4

БЕЛЕШКА ЗА Н.Е. МИНИСТЕР

Бугарија и Југославија

Односите помеѓу Бугарија и Југославија повторно се во фаза на тешка


напнатост.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_____________________________ 285

Софиската влада на Југославија и припишува намера дека за прет-


стојната пролет подготвува непријателска дејност против Бугарија, како во
минатото лето, за да го спречи нејзиното зацврстување со излагање на
периодични потреси. За таа цел Југославија наводно ги користи бугарските
"земјоделци" и комунисти кои се засолниле најугословенската територија:
оттаму тие наводно одржуваат опасни контакти со своите приврзаници во
Бугарија.

Од своја страна, белградската влада ја обвинува бугарската дека е


обично орадие на македонската револуционерна партија и дека не сака или
не може да и се спротивстави на нејзините неумерени барања (во врска со
тоа е карактеристична приложената дов. телеграма на амбасадорот од
Софијаод2 о.м.).

Нов повод се зборовите наводно кажани на 31 декември минатата


година во Собранието од страна на претседателот на Министерскиот совет
г. Цанков кој јасно и многу непретпазливо ја спомнал "бугарската свест на
македонскиот народ кој ги бара своите права и својата национална слобода".

Таквите изјави предизвикаа врева во Белград и силна новинарска


кампања против Бугарија.

Бугарскиот претставник во Белград мораше да се потруди да го по-


прави впечатокот во тамошното јавно мислење изјавувајќи дека зборовите
на г, Цанков беа протолкувани над нивното вистинско значење и намерата
на говорникот. Може да се смета дека после тоа кампањата на печатот е
смирена.

Но, напнатоста меѓу Софија и Белград продолжува пред се заради


фактот што актуелната бугарска влада - која е дојдена на власт благо-
дарение на поддршката на македонската партија - докажува дека е нејзин
производ или барем дека не може да владее а да не подлежи на нејзините
наметнувања: како што оправдано забележува кр.претставник во Софија,
тоа Бугарија ја изложува на големи опасности.

Во меѓувреме софиската влада повторно побара од Големите сили


на Бугарија да и се дозволи измена на нејзиниот воен поредок предвиден со
Нејскиот договор. Таквото барање се базира на потребата од одржување
на внатрешниот поредок и веќе беше поднесено повеќе пати и секогаш од-
биено од амбасадорската конференција која се грижи пред се за принципот
на почитување на мировните договори и за неодминливите последици кои
неговото прифаќање би го имало за другите држави поранешни неприја-
тели. За тоа зборуваше и министерот Калфов при неговото патување во
Рим.

Стручните служби до кои се поднесува барањето (Орган за вршење


на контрола во Бугарија и Версајскиот воен комитет) се искажаа против

286___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

прифаќањето и сега прашањето треба да го разгледа Амбасадорската


конференција до која веќе е доставена југословенска нота во која енергично
се бара отфрлување на бугарското барање.

Рим, 9 јануари 1924 год.


ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет бр. 4;
превод од
италијански јазик

117.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија до


Министерството за надворешни работи во Рим од 12 јануари
1924 година, во врска со македонското прашање, со прилог

Телеграма бр. 49/8


Италијанско кралско пратеништво - Софија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 12 јануари 1924 год.

БУГАРСКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ОДНОСИ.
МАКЕДОНСКО ПРАШАЊЕ

Во разговорот со српскиот амбасадор г. Ракиќ по неговото враќање


од Белград тој ми даде до знаење дека повторно морал да смирува во врска
со острите полемики кои во српскиот печат ги предизвикаа познатите изјави
на г. Цанков во врска со Македонија. По соопштението во кое Нинчиќ отво-
рено му одговори на овдешниот премиер, и нцидентот беше завршен. Мојот
српски колега имал долг разговор со овдешниот министер за надворешни
работи кој повторно го уверувал за пријателскиот и мирољубив став на бугар-
ската влада која заради нејзината слабост и невооруженост не може сери-
озно да се обвини за закани и провокации. Споменатиот колега ме уверуваше
дека за време на последните преговори на мешовитата бугарско-српската
комисија беа применети чл. 11 и 12 од Нишката конвенција која предви-
дуваше строги мерки против Македонците. Овдешниот премиер молел да
не се инсистира на тоа бидејќи владата се наоѓа во тешка ситуација и дека
само со време и со соодветна подготовка можат да се постигнат практични
резултати. Г. Ракиќ ми соопшти дека ги прифати молбите и дека успеал да

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА 287

ја убеди својата влада. Непромислените зборови на премиерот внесоа не-


пријатности и недоверба во односите меѓу двете земји откривајќи распо-
ложение, неспоиво со искажаната желба за лојалното почитување на дого-
ворите и за одржување на добрососедски односи.

Сепак, оваа влада се обидува со убедувања кај македонските


организации истакнувајќи ја големата опасност на која би била изложена
земајта заради нивните немири и неумереност. Беше забранет еден конгрес
и еден митинг закажани од страна на македонските емигранти за средината
на овој месец во цела Бугарија а особено во Софија, како протест против-
протерувања кои Грците и Србите ги наредиле во Македонија.

Сепак е неоспорно дека г-дин Цанков е немоќен и збвунет пред маке-


донската револуционерна организација од која еден од најугледните чле-
нови, проф. Милев е во постојан контакт со Претседателството на Советот.

И покрај спремниоста на г-динот Ракиќ, толерантна и мошне умерена


личност, ќе биде мошне тешко да се постигнат задоволителни резултати
на овој жежок терен и секогаш ќе постои страхување од изненадувања и
тешкотии, со оглед на потеклото и сегашната состојба на бугарската влада
како и повторно разбудената недоверба на Белград.

Ринелас.р.

Информација бр.163
Канцеларија на Главниот штаб
Биро за информаци
15јануари 1924 год.

ЈУГОСЛАВИЈА

Известувањата кои доаѓаат од српско-бугарското погранично подрачје


јавуваат за интензивни југословенски воени подготовки и населението е
единствено во мислењето дека претстојната пролет во тие подрачја ќе
донесе војна.

Овие индиции кои впрочем целосно се совпаѓаат со неодамнешното


однесување на белградската влада кон Бугарија по повод двата инциденти
на атентатот врз воениот аташе и на говорот на Цанков, се состојат пред се
од грозничавата работа на реактивирањето на главната железничка арте-
рија Солун-Скопје-Ниш, од забрзаната изградба на железничката артерија
__________

91 Информацијата за трасата на железничката линија не е точна. Во тоа време


била
во изградба линијата Велес - Штип.

288___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

од предимно воен интерес Градско-Штип-Росиан91 која се одделува од горе-


споменатата главна артерија, оди нагоре покрај Брегалница кон бугарската
граница, и во изградбата на големи и бројни воени бараки во целото подрачје.

Овие работи беа оспорени минатата година од нашиот морнарички


аташе а ги потврдуваат сите наши известувачи. Се обновуваат мостови, се
зголемуваатдвојните колосеци на станиците, соактивно учество на властите
и понекогаш со работната рака на војската.
Во Ниш, центарот за поправка на железничкиот материјал многу е
зголемена ефикасноста ма работата благодарение на вработување на руски
инженери и на германскиот персонал и на пристигнувањето на нови локо-
мотиви и резервни делови од Германија, како репарации.

Сега голем број на болнички вагони е концентгриран во Ниш заради


поправка.

Трупите стационирани во Македонија и Стара Србија (3-та армија) се


добро вооружени, со сосем нови униформи, оружје и материјал, одфранцуска
провениенца.

Се разбира дека состојбата на грозничава воена активност е поврзана


со сегашната политичка ситуација и со латентната побуна во македонскиот
регион каде што вон населените средишта власта на владата е никаква и
во планините поминуваат комитските чети што претставува неодминливо
јаболко на раздорот со Бугарија која не може да ги остави на цедило своите
сонародници и во Белград можеби единственото радикално решение на
сложената ситуација во Македонија го гледаат во брза војна.

На другиот фронт и натаму кружат гласови за можното преотста-


пување на Задар од страна на Италија. Некои лица кои живеат во Загреб им
пишаа на роднините кои живеат во Задар и кои имаат намера да се преселат
во Сплит советувајќи им во Задар да го пречекаат развојот на настаните.
Станува збор за менталитетот кој се уште владее во Хрватска и Словенија
во односот на Италија и убедувањето дека сите прашање поврзани со
Јадранското море ќе бидат решени исклучиво во нивна полза.

До Н.Е. Министерот на морнарицата


Командантот на Главниот штаб
Военото министерство - Централен главен штаб
Институтот за по.морска војна
Министерството за надворешии работи

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30), ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет бр Зк;
превод од
италијански јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_______________________________________289

118.

Телеграма од италијанската амбасада во Париз до


Министерството за надворешни работи во Рим од 16 јануари
1924 година, во врска со Св. Наум

Кралска амбасада на Италија


Телеграма бр. 175/77

До Министерството за надворешни работи - Рим

Париз, 16јануари 1924 год.

Предмет: Манастирот Св. Наум

Мојата телеграма бр. 36

Како што му е познато на Министерството за надворешни работи,


Амбасадорската конференција на 24 октомври 1923 год. реши на Редак-
цискиот комитет да му го постави следното прашање:

"Како треба да се толкува одлуката на Амбасадорската конференција


во Лондон во 1913 год. како и подоцнежната одлука на Амбасадорската
конференција во Париз од 9 ноември 1921 год. во врска со доделувањето
на манастирот Св. Наум."

Во врска со упатствата добиени од Вашето Министерство со теле-


грамата бр.3558 од 11 октомври 1923 год., овдешната Амбасада направи се
за да се одложи свикување на Редакцискиот одбор. Но, неодамна, со оглед
на околноста што францускиот правник г-дин Фромажо требаше да отсуст-
вува кон 15 о.м. од Париз за подолг период, заради учеството во работата
на Друштвото на народите и на тоа што англискиот правник Сер Сесил Херст
можел да дојде во Париз само деновиве, не беше можно и натаму да се
одлага состанокот на Одборот, дотолку повеќе што поминаа околу три месе-
ци одлагање, а и нашиот претставник во Одборот ком. Пилоти се наоѓаше
во Париз.

Затоа, со двојна цел - да не отсуствуваме во расправата во Одборот


која стана неодминлива и истата да ја завлечеме до пристигнувањето на
упатствата побарани со телеграмата бр. 21 од 6 о.м., за првите седници е
поканет помошникот на ком. Пилоти адв. Онис кој најде начин да ги испол-
зува сите околности кои би можеле да го оправдат продолжувањето на
проучувањето на прашањето. По два дена расправа, Одборот го изнесе
предлог-мислењето соопштено во телеграмата бр. 27 од 8 о.м.

Откога пристигна одговорот на Министерстзото, ком. Пилоти, со под-


дршка на францускиот правник, постигна да се одложи натамошна дискусија
за друга седница, со оглед на тоа што меѓу разгледаните точки се наоѓаше
и таа за се уште постојното двоумење во врска со содржината на договорите
кои довеле до Лондонскиот протокол од 1913 год., според тврдењето на
290__________________ ____ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Владата на СХС дека таа не е докажана со документите поднесени до


правниците. За разјаснување на двоумењето, Одборот го задолжи ан-
глискиот правник од записниците на Лондонската конференција од 1913
год. кои се чуваат во архивите на Форин Офисот да извади се што с'е
однесува на Свети Наум

Треба да се додаде дека за време на расправата, Секретаријатот на


Конференцијата им даде на знаење на правниците дека можеби нејзина
намера е да го добие нивното мислење во врска со стручното прашање
дали, со оглед на одлуките од 1913 и 1921 год., самата конференција, на
предлог на Комисијата за утврдување на границата, била надлежна да го
додели манастирот Св. Наум на Албанија, како што тоа е сторено со одлуката
од 6 декември 1922 год. Нашиот правник истакна дека таквото прашање не
се поставуваше во одлуката од 1923 год. Но, во размена на мислењата до
која дојде во врска со самото прашање, Одборот се покажа склон евентуално
да даде потврден одговор, одн. во смисла дека Конференцијата беше
надлежна да го додели Св. Наум на Албанија.

Можно е пред новото свикување на правниците, прашањето на Св.


Наум повторно да се најде пред Конференцијата со посредство на Секре-
таријатот, токму за да можат амбасадорите да одлучат дали треба на
правниците да им се постави и последното горенаведено прашање. Во таков
случај би било пожелно да ги добиеме упатствата од Кр. министерство.

Ванутели Реј с.р.

ИДА МНРИ, папка 721 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 721, предмет бр. 5;
превод од
италијански јазик

119.

Писмо од Пратеништвото на Албанија во Рим до министерот


за надворешни работи на Италија од 25 јануари 1924 година,
во врска со доделувањето на Св. Наум

Пратеништво на Албанија
Бр. 80/1

До Н.Е. Бенито Мусолини,


претседател на Министерскиот совет
и министер за надворешни работи - Рим

Рим, 25јануари 1924 год.


Господине министер,

По наредба на мојата влада, чест ми е да ја запознам В.Е. со следното:

Албанската влада штотуку е известена дека на преговорите кои ќе


се одвиваат во Рим помеѓу Кр. влада и југословенската делегација, г-дин

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА________________________________________291

Пашиќ има намера да побара Италија да го поддржи српското видување во


врска со манастирот Св. Наум и Вермош.

Мојата Влада исто така ме задолжи на В.Е. да ги повторам нејзините


чувства на целосна доверба во искреното и традиционалното пријателство
на Италија, за обезбедување на Албанија на доделувањето на Св. Наум и
Вермош, доделувањето решено на Амбасадорската конференција е
соопштено на двете заинтересирани страни.

Екселенцијо, примете ги изразите на моето високо почитување.

Вршител на работите

(потпис нечиток)

ИДА МНРИ, папка 721 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 721, предмет бр. 6;
превод од
француски јазик

120.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија до


Министерството за надворешни работи во Рим од 26 јануари
1924 година, во врска со македонското прашање

Доверливателеграмабр. 152/38
Кралско пратеништво во Софија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 26 јануари 1924 год.

МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

Г. Колинс, дописник на "Тајмс"од Софија овие денови имаше средба


со Т. Александров, прочуениот водач на македонската револуционерна
организација и (како што тој самиот ми кажа) се сретна со Александров во
една семејна куќа во близина на Софија. Од разговорот имаше впечаток
дека Македонците располагаат со сто илјади добро вооружени луѓе92,
спремни на секоја жртва.
Иако значително се намали споменатиот број може да се предвиди
дека во евентуелниот судир со Србија, на таа ќе и бидат потребни најмалку
две дивизии кои со оглед на системот на герила на планинскиот терен би
биле изложени на брзо истоштување.
________________

92 Во прашање е чиста пропагандна манипулација.

292___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМЛТСКИ

Инаку, спротивно уверувањата на овдешната влада, не престанаа


барањата на големи суми особено од богати еврејски трговци во целата
Бугарија од страна на специјални агенти.

За да се добие претстава за вриењето кое владее меѓу македонскиот


елемент емигриран во Бугарија доволно е да се наведе сензационалната
изјава објавена во "Независна Македонија", органот на емиграцијата: "Маке-
донија ќе се бори до крај. Македонските надежи лежат во нејзиниот борбен
народ и во патриотскиот дух на емиграцијата. Овој народ нема да загине:

тој ги поседува поскапоцените квалитети од соседните, квалитетите кои


порано или подоцна ќе вродат со плод. Македонија пред се ќе биде осло-
бодена. Македонскиот народ со сета своја емиграција решил да се бори до
крај за светата кауза на татковината и борбата ќе биде безмилосна. Или
Македонија ќе биде слободна или пак борбата ќе станува се покрвава
додека да ги урне позициите на новите балкански освојувачи".

Овие изјави печатени со големи букви се предмет на живи коментари во


сите политички кругови. Се претпоставува дека споменатите факти ќе ја
заострат недовербата и предрасудите на Белград и се страхува дека југо-
словенската влада на закани со компликации навестени за претстојната
пролет ќе им се спротивстави со енергична акција.

Бугарската влада покажува загриженост и изненадување заради пока-


жаната немоќ за примена на ефикасни мерки за отстранување на опас-
ностите кои се зголемуваат.

Ринела с.р.

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет бр.
Зм; превод од
италијански јазик

121.

Телеграма од италијанското пратеништво во Драч до


Министерството за надворешни работи во Рим од 28 јануари
1924 година, во врска со италијанско-југословенските
договори

Дешифрирана телеграма бр. 572


Кралско пратеништво во Драч

До Министерството за надворешни работи - Е./И. - Рим

Драч, 28 јануари 1924 год.

Предмет: Загриженост во Албанија заради


италијанско-југословенскитедоговори

13. Стр. дов. До вчера се чинеше дека владината криза ќе се реши


деновиве со составувањето на Кабинет во кој Ахмет-бег Зогу би го задржал

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_______________________________ 293

Министерството за внатрешни работи. Се предвидуваше дека новата влада


ќе наидува на многу пречки и ќе биде доста несигурна.

Вчера дојде до ненадејна измена и по примената телеграма на тамош-


ниот вршител на работите на Албанија кој предупредуваше во врска со
штетни последици за Албанија кои неодамнешните италијанско-југосло-
венските договори би можеле да ги имаат за одлуките во врска со се уште
нерешените прашања за одредување на границите со Југославија а пред се
со прашањето на Св. Наум за кое овде се смета дека е од животно значење
заАлбанија93.

Алармот, и вештачки поттикнат од некои политички личности, неза-


доволни од предвиденото решавање на кризата, предизвика тенденции за
договор меѓу речиси сите водачи на групи за да биде можно составување
на .....кое би можело да се спротивстави на тешките мигови за кои се
страхува дека доаѓаат за Албанија, предизвикани од новата состојба.

Во Тирана во изминатите денови забележав голем немир заради


различните вести, објавени во италијанскиот и европскиот печат во врска
со неодамнешните италијанско-југословенските договори.

И претседателот на Министерскиот совет зборуваше за истите со


извесна загриженост молејќи ме што побргу да го запознам со содржината
на тие договори која се однесува на Албанија. И ако се занемари наводната
претпоставка за нашето офанзивно и дефанзивно воено сојузништво со
Југославија, постои страхување дека нашиот неодамнешен договор експли-
цитно и имплицитно може да создаде многу попустлив и попасивен став во
врска со обиди за југословенски продор или насилство во северна Албанија.

Ве молам да ми ги испратите сите можни елементи за информирање


и за оценки кои можат да ги елеминираат лажните и неточните толкувања
и да ги смират политчките кругови во Тирана. Исто така би било полезно
ако за моја лична информираност бидам известен за однесувањето на
владата во врска со претстојните одлуки на Амбасадорската конференција
во врска со Свети Наум и Вермош.

Дурацо

ИДА МНРИ, папка 718 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 718, предмет бр.
10; превод од
италијански јазик
______________

93 Станува збор за негативната реакција што ја предизвикало потпишувањето


(на 27
јануари 1924 год.) на пактот за пријателство помеѓу Италија и Југославија со
рок на важност
од пет години. Паралелно со пактот била потпишана и конвенција со која
Југославија го
признавала суверенитетот на Италија над Риека (Fiume).

294___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

122.

Телеграма од Министерството за надворешни работи во Рим


до италијанското пратеништво во Драч од 30 јануари 1924
година, за југословенско-италијанските односи и Албанија

Телеграма бр. 77
Министерство за надворешни работи - Рим

До Кралското пратеништво во Драч

Рим, 30 јануари 1924 год.

Кабинет бр. 77. Продолжение на мојата телеграма бр. 76.


Треба да додадам дека генералниот секретар во текот на мошне
долгиот разговор со албанскиот министер за финансии Кол Тачи пред
неговото заминување опширно го извести дека во состојбата во која денес
се наоѓа Албанија, која за среќа стекна независност во пошироките граници,
таа е максимално заинтересирана за обезбеден мир околу себе за да се
зацврсти на начин што ќе биде доказ за нејзина органска виталност.

Без сомнение, ако избувнеше војна меѓу Италија и Југославија,


Албанија би станала една од сцените најизмачени од војнта и би загубила
секаква можност да зацврсне. Затоа не е претерано ако се тврди дека по
Италија и Југославија, договорот е најполезен за Албанија која ќе може
најмалку пет години да се посвети на сопствена консолидација и нормален
развој на внатрешните енергии на државата. На Кол Тачи исто така му е
укажано дека политичкиот договор со Италија ја обврзува и југословенската
влада на умерена и ненепријателска политика кон Албанија.
Толку очевидни логички концепции го уверија Кол Тачи.
Затоа го молам В.Г. да се сретне со Кол Тачи кој се уште е под впечаток
на посетата во Италија и со него да се договорите за демантирање на сите
измислици и инсинуации кои заинтересираните страни би сакале да ги
пласираат во тамошните кругови.

Овдешниот вршител на работите на Албанија на кој денес генералниот


директор за политички работи повторно ефикасно му ги разјасни горена-
ведените концепции, искажувајќи го во исто време нашето изненадување
заради неоправдани сомненија изкажани во тамошните владини кругови,
изјави дека смета дека таквата духовна состојба можеби е предизвикана
од известувањата пристигнати таму од Белград според кои југословенските
..... оттаму заминале за Рим со намера од Италија при склучување на
договори меѓу двете земји да побараат уверување во смисла што во врска

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________295

со прашањето на Св. Наум во иднина ќе ги поддржуваме југословенските


стремежи. Одговорено му е дека во врска со прашањето навистина е
неоправдано "животното" значење кое сака да му се придава на спорот
локализиран на една точка од границата, во споредба со националните
интереси од многу поширока и темелен вид за кои е говорено погоре.
Потврдено му е дека каква да е обврска во врска со тоа не е преземена во
нашите договори со Југославија. Прашањето на Свети Наум, како што е
познато, се уште се разгледува на Амбасадорската конференција; албан-
ската влада е сосем свесна дека на пријателското однесување на Италија
се должи тоа што прашањето минатата година не е дефинитивно решено
спротивно албанските стремежи и што се однесува на иднината, Италија
без сомнение ќе соработува во духот на независност и еднаквост во бар-
ањето на решението кое, водејќи сметка за правата на страните во спорот,
ќе ги поддржува легитимните интереси со праведно задоволување на истите.

За информација на В.Е. додавам дека за разлика од минатото, денес


не ќе можеме да се изјасниме против Југославија по прашањето во кое
правото е на нејзина страна.

Мусолини

ИДА МНРИ, папка 718 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 718, предмет бр.
11; превод од
италијански јазик

123.
Телеграма од италијанското пратеништво во Софија до
Министерството за надворешни работи во Рим од 3 февруари
1924 година, во врска со македонското прашање, со прилог

Телеграма бр. 201/93


Кралско пратеништво во Софија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 3 февруари 1924 год.


МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

Како што претходно известив, затоа што во целата Бугарија кружат


македонските агенти кои од името на револуционерната организација и
натаму бараа големи суми пари особено од еврејските трговци, и покрај
наредбите кои овдешната влада ги испрати до префектите, не престанаа

296___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

приговори и жалби на разните странски дипломатски претставништва во


одбрана на нивните сонародници. Таквата околност од очевидни политички
причини го одржуваше немирот во Белград.

Сепак бугарската влада се реши за поенергичен чекор и министерот


за внатрешни работи на префектите им упати нов остар циркулар во кој ја
истакнуваат неопходната потреба која ја нарекуваат државните потреби,
да се прекине со секакви барања и во кој ги повикува да преземат следни
мерки: да ги заменат функционерите кои примиле пари, да се суди за
соучество секој кој ќе даде пари на илегалните организации, да се уапсат
собирачите и секоја недела телеграфски да се испрати извештај94.

Циркуларното писмо го објави печатот и ако стриктно се почитува ќе


ја расчисти ситуацијата и ќе може да претставува значаен елемент за
подобрување на односите меѓу Србија и Бугарија.

Во меѓувреме бугарската секција на Националниот комитет на


македонските емигранти на претставниците на големите сили во Софија им
ја достави приложената копија на повикот испратен до Друштвото на
народите, за свирепостите извршени во Македонија од страна на српските
власти и во кој се бара примена на одредбите на Нејскиот договор, во полза
на заштита на малцинствата.

Како што своевремено известив, бугарската секција на Македонскиот


комитет ги претставува околу 300 илјади Македонци-емигранти во Бугарија.
Ако владата на г. Цанков ќе ја има потребната енергија да ги држи на узда
тие луѓе со немирна и политикантска природа ќе ги избегне тешките непри-
јатности и ситуации.
Ринелас.р.
—•—

ЦИРКУЛАРНО ПИСМО

на министерот за внатрешни работи до префектите на окрузите, до


префектот на полицијата во Софија, до шефот на безбедноста

(Исечок од весник; печатено, француски јазик)

За последен пат го обрнувам вашето внимание на неопходна потреба


која ја наметнуваат државните интереси, за престанок на секакво собирање
на прилози во полза на какви да се илегални организации и комитети.

Соопштувајќи ви го горното, за да ги потврдам моите досегашни на-


редби во врска со предметот, категорички ви наредувам да ги преземете
сите мерки потребни за престанок по секоја цена на собирање на прилози
од овој вид.

94 И покрај наредбата, ВМРО не престанала да собира пари од трговците и не


само од
ѓ'ив, се до нејзината забрана.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА__________________________________________________297

Без одлагање ќе го смените секој државен службеник кој ги толерира


таквите собирања на прилози и ќе го доведете пред суд заради неизвр-
шување на наредбите.

Ќе прогласите дека секој што ќе даде пари за таа намена ќе биде


гонет заради соучество со илегалните организации.

Уапсете ги сите кои собираат или се обидуваат да собираат пари за


таква намена. Покренете постапка за измама и помош на револуционерните
организации. Напишете извештај за уапсените лица за тие да бидат интер-
нирани.

Ако од страв или од други причини службениците одбиваат да ја


извршат оваа професионална и, во овој случај, патриотска задача, тие нека
поднесат оставка кога сакаат.

До нова наредба, секоја сабота испратете телеграфски извештај дали


дошло до некое собирање на фондови во вашиот округ и известете за пре-
земените мерки против тие кои се обиделе да собираат фондови, против
тие кои дапе пари како и против државните службеници кои не ја извршиле
својата должност.

Неприфатливо е државната управа да не ги извршува наредбите без


оглед на мотивите, случаевите на виша сила и др.
Русев, Министер за внатрешни работи

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет ЗК;
превод од
италијански и француски јазик

124.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија до


Министерството за надворешни работи во Рим од 5 февруари
1924 година, за мерките против македонските чети, со прилози

Телеграма бр. 750


Кралско пратеништво во Софија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 5 февруари 1924 год.

МЕРКИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКИТЕ КОМИТИ

22 - Телеграма на В.Е. 288.

Романскиот чекор во Софија се поврзува со познатото барање на


големи суми пари од бугарските трговци од страна на Македонците.

298_________________________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Како што своевремено известив, бугарската влада презеде остри


мерки за отстранување на непријатностите и ги забрани и конгресот и ми-
тингот предвидени за средината најануари; никаква мерка не е преземена
против бугарската секција на македонскиот комитет кој и сега работи и за
чија дејност известив во извештајот бр. 152.

Ринела

Телеграма бр. 488


Кралско пратеништво - Софија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 6 март 1924 год.

Телеграма бр. 49 за Кабинетот. Министерот за надворешни работи


извести дека продолжува апсење на револуционерните водачи и на другите
македонски елементи и тоа систематски, според однапред утврден план
прво во југозападниот дел на подрачјето на Струма и Места а потоа во
регионот на Доспис95 и на останатата територија на земјата. Додаде дека и
покрај тоа што владата е убедена дека не може да дојде до каква да е
компликација, таа сакаше да ја преземе споменатата иницијатива заради
прекинување на недовербата и на клеветничката кампања која го попречува
повторното воспоставување на живот во земјата. Ме уверуваше дека во
македонските кругови е позната цврстата решеност на владата која целосно
ја подржува и војската која ја убедија дека таквото однесување е покренато
заради задушувањето на немирите кои се опасни за Татковината. Таквата
поддршка влева доверба дека македонското движење на бугарската
територија ќе може да се исече во корен.

Министерот за надворешни работи ми го изјави горното со решителен


тон.

Ринела
—•—

Телеграма бр. 493


Кралско пратеништво во Белград

До Министерството за надворешни работи - Рим

Белград, 7 март 1924 год.

131. Таен кабинет. Строго доверливо Телеграми на В.Е. бр. 193 и 195.
Овдешната влада нема намера да предизвика инциденти на границата и да
___________________

95 Најверојатно станува збор за Доспат.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_____________________________________________299

ги злоупотреби како изговор за внесување немир меѓу двете земји. Но ако


навлегувањата на комитите од Ќустендил кон Куманово и кон ...., уцените
и убиства на југословенската територија не престанат.... овдешната влада
(како што искрено ми изјави кралот Александар и како што веќе ја известив
В.Е.) има намера да им одржи лекција на македонските вооружени чети
дури и со евентуелниот продор на бугарската територија и со брзо повле-
кување, можеби откога во Софија ќе воспостави посилна влада. Според
мене, ако де јуре владата е на Цанков, таа де факто е на Тодор Александ-
ров96 во која на чело стојат македонски комити засилени со отпуштените
офицери и со општото незадоволство потпалувано и од турските емисари.
Мерките воведени од актуелната влада оставија добар впечаток во Белград
и овдешната влада и дипломатските кругови сметаат дека тие се последица
на советите на В.Е. Но, треба да се тргнат од настаните навистина влија-
телните лица а не сум убеден дали актуелната бугарска влада е во состојба
тоа да го стори. Во секој случај, вечерва ќе го видам кралот Александар и
ќе му зборувам согласно насоките содржани во ...на В.Е. и убеден сум дека
ќе ги разберам неговите намери и намерите на владата во врска со оваа
деликатна работа.

Бодреро97
—•—

Телеграма
Кралско пратеништво во Белград

До Министерството за надворешни работи - Рим

Белград, 8 март 1924 год.


134. Кабинет. Доверливо. Дешифрирајте сами. Строго доверливо.

Мојатателеграмабр. 131.СноштиможевзамигдаразговарамсоН.В. кралот


Александар. Му го пренесов тоа што В.Е. ми го пренесе вчера со телеграмата
бр. 193 и не пропуштив прилика да испитам какви се намерите на суверенот
и на владата на СХС Кралот Александар пред се ме замоли да и се
заблагодарам на В.Е. бидејќи во Вашиот одговор на бугарскиот амбасадор
точно ја протолкувавте ситуацијата и ме задолжи формално да ја уверам

96 Оценката е претерана. Во тоа време авторитетот на Тодор Александров во


Бугарија
бил во опаѓање.

97 Бодреро Алесандро, генерал, вонреден и ополномноштен амбасадор во


Кралството
на СХС (1924-...).

300___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

В.Е. за мирољубивите намери на белградската влада. Тој додаде дека на


Србија и е неопходен мир и дека немирот кој го предизвикуваат чести
инциденти на македонската граница ја држат неговата земја во состојба на
нервоза која штетно влијае врз стопанскиот развој и создава проблеми во
внатрешната политика на Владата и ја принудуваат да ја држи војската во
подготвеност што предизвикува непријатности и големи трошоци. Во врска
со чекорот на бугарската влада инсистираше на фактот дека меѓу уапсените
не се наоѓа ниту еден познат агитатор туку непријателите на Александров
кои навистина им припаѓаат на комитите но чие апсење всушност се претвора
во помош на самиот Александров кој не може да се пронајде. Во секој случај,
се чини дека секаква опасност од компликации засега е отстранета бла-
годарение пред се на залагањата на В.Е. Телеграмата продолжува со
наредниотброј.

Бодреро
_Ф_

Телеграма бр. 514


Кралско пратеништво во Софија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 10 март 1924 год.

Кабинет. Тајна бр. 57 - Строго дов. Имав доверлив разговор со мојот


југословенски колега кој заминува за Белград за да се посоветува со својата
влада. Не го крие недоволното задоволство од вообичаените апсења додека
македонските влијателни личности се слободни и ја загадуваат државната
управа и војската и тој смета дека станува збор за начин договорен со
Тодоров и Александров98 за да се морализира бугарската политичка ситу-
ација пред меѓународното јавно мислење. Ми кажа дека побарал список на
уапсените - едвам надминувајќи го отпорот на министерот за надворешни
работи кој на крајот му соопшти 15 имиња од кои ниту едно не се наоѓа на
југословенските списоци кои содржат прецизни наоди за најкомпромити-
раните Македонци. Ја истакна околноста (која според мене е точна) дека
македонската револуционерна организација која прво била тајна се пока-
жува се поотворено заради услужливата толеранција на владата и комитите
се движат предочите на полицијата, познатите разбојници непречено живеат
на извесни места. Додаде дека владата на г. Цанков не е свесна дека тоа
___________________

98 Очигледна грешка - станува збор за Тодор Александров.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_________________________________ 301

претставува провокација која веќе не може да се толерира. Го уверив дека


во Белград не се бараат изговори и не постојат агресивни намери туку дека
ќе се направи се за да се санира ситуацијата која го компромитира досто-
инството и престижот на Државата.

Ринела

Телеграма бр. 522


Кралско пратеништво во Софија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 11 март 1924 год.

Кабинет. Тајно бр. 60 Моја претходна телеграма. Стр. дов. Деши-


фрирајте лично. Кралот Борис ме задржа во долг разговор за состојбата
создадена во односите со Југославија и го побара мојот совет во врска со
истата. Му одговорив дека според моите известувања, Белград има сосем
мирољубиви намери без намера за создавање на изговори и компликации
но дека бугарската влада треба сериозно да отстрани секаква причина за
немир. Н.Величество изјави дека пред очите му е само судбината на Бугарија
и дека може да ми гарантира дека суверенот, народот и власта остануваат
цврсто на одлуката за откажување од секаков акт кој би можел да се смета
спротивен најугословенските интереси. Истакнадека мерките кои за првпат
се применети со решителна храброст против Македонците се такви што ќе
спречат секаква витална слобода и ќе задушат секаква желба за закана.
Апсењата енергично ќе продолжат но тие што знаат колку ова прашање е
деликатно ќе знае да ги цени донесените одлуки и да ја сфати умешноста
на давање доволно врема за проверување на точниот домет на мерките
кои се во тек. Тој исто така призна дека е забележано подобрување, бла-
годарение "на мудрата дејност со претпазлива јаснотија на В.Е., така што
во Бугарија не постои умен човек кој заради тоа не ви се восхитува и не ви
одава признание". Потврди дека ќе се направи се што е можно за да се
излезе од деликатните околности на мигот и го искажа своето убедување
дека благодарение исто така на промисленоста на кралот Александар
отстранета е опасноста од пореметување на мирот која би била непоправ-
лива катастрофа за Бугарија и тежок ризик за Балканот ако не и за Европа.

Ринела

302______________________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Телеграма бр. 538


Кралско пратеништво во Софија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 14 март 1924 год.

Кабинет. 62. Во врска со мојата телеграма до Кабинетот бр. 57.


Министерот за надворешни работи ме извести дека мојот југословенски
колега не му го сокри впечатокот на незадоволство но дека од Белград
заминал со најдобро расположение. Мојот англиски колега сабајлево пов-
торно на овдешниот министер за надворешни работи муја искажа желбата
мерките против Македонците сериозно да продолжат и беше замолен
желбата да ја изнесе на писмено, за да се изврши поголем притисок врз
останатите членови на Владата. Тоа наведува на помисла дека мегу истите
не постои иста оценка на околностите. Се чини дека порешителни и поис-
крени се воениот министер и министерот за надворешни работи а помалку
сигурни останатите, вклучително претседателот на Советот. Ја уверувам
В.Е. дека активно се залагам за умереност давајќи соодветни совети за
корегирање на итните случаеви кои можат неповолно да се протолкуваат.

Во контакт сум со мојот британски колега со кој имаме исти погледи.


Заради отсуството на францускиот и романскиот амбасадор, актуелните
претставници на Големите сили својата дејност ја вршат слабо и нере-
шително.

Ринела
Телеграма бр. 567
Кралско пратеништво од Софија

До Министерството за надворешни работи

Софија, 20 март 1924 год.

Бр. 68. Строго доверливо. Лично. Моја претходна телеграма.


Министерот за надворешни работи ми потврди дека од разговорот со срп-
скиот амбасадор доби впечаток дека ситуацијата е подобрена. Уштееднаш
формално ми даде уверување дека овдешната влада е цврсто решена енер-
гично да ги преземе мерките против македонските организации кои ќе бидат
распуштени, ќе продолжат апсења и ќе се прочисти државната управа. Го
окуражив цврсто да продолжат во тој правец како единствено соодветно
средство за избегнување на компликации и за давање на искрено сведоштво
за спремноста на Бугарија за секаков напор за одржување на мирот. Додаде

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА 303

дека бугарската влада е принудена да дејствува постепено за да не пре-


дизвика остри реакции, но несомнено сака пред се да ја зајакне довербата
на Големите сили на кои е должник (а особена на Италија) заради призна-
нието за помирливата дејност во Белград. Ми кажа дека мојот југословенски
колега му соопшти дека деловите на српската војска од гарнизонот Ниш,
Скопје и Пирот се доближуваат до границата заради мерки на претпазливост.
Воените возови се наоѓаат во формација на нишката станица. Таквите под-
готовки како и веста дека три класи добија наредба да бидат спремни за
евентуелниот повик на оружје во рок од 24 ч. го вознемируваат јавното
мислење и ..... - Тој заклучи дека не може да се каже дека опасноста е
отклонета и ја искажа желбата, додека бугарската влада настојува да
отстрани секаква причина за загриженост, да не се прекине смирувачката
дејност на Големите сили.

Ринела

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет бр. 3
о; превод од
италијански јазик

125.

Писмо од италијанското пратеништво во Цариград до


Министерството за надворешни работи во Рим од 22 февруари
1924 година, за положбата во Бугарија, со промеморија

Кралска амбасада на Италија

Бр. 1690/225
ДОВЕРЛИВО

До Кралското министерство за надворешни работи -


Генерална дирекција за Европа и Исток - Рим
Прилог: 1

Цариград, 22 февруари 1924 год.


Предмет: Бугарија

Господине министер,-

Чест ми е во прилог на В.Е.да ја испратам промеморијата со новостите


за сегашната положба во Бугарија. Тие доаѓаат од лицето кое деневиве
пристигна во Цариград од Софија и која беше во состојба да ги прибере
точните информации и да контактира со тамошните официјални кругови.

Примете ги, господине министер, изразите на моето длабоко почи-


тување

Високиот комесар ....(потпис нечиток)

304___ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Кралска амбасада во Цариград


Изв. 1690/225 од 22/2/24
Прилог1

Се чини дека командантот на Г.Ш., Министерот за надворешни работи


г. Љапчев" (поранешен воен министер) и, во помала мера, Н.В. кралот Борис
се доста возбудени од можноста на сериозни настани во претстојната
пролет.

Однесувањето на Србија и перспективата од едно широко распро-


странето востание во Македонија во блиска иднина се причини за сериозна
загриженост. Се чини дека постои општо убедување дека Србија - користејќи
ја сегашната слобода на дејствување - во настаните во Македонија ќе најде
изговор за да ги искористи сегашните услови во Бугарија која не е во состојба
да се одбрани. Што се однесува до вистинските намери на македонските
востаници не може да се даде сигурна оценка. Секоја година зиме се повто-
руваат повиците за помош на македонското движење; сите средства се
добри за стекнување на пари, од закани до ветувањето дека мигот за акција
се доближил; можеби сегашното расположение се должи на повторување
на таквите "повици" кои станаа се поинтензивни во последниве месеци.

Но постојат неколку елементи по кои значително се разликува


состојбата оваа година од претходните и тоа:

а) Тодор Александров, водач и организатор на македонските воста-


ници успеа на организацијата што ја создал да и даде голем степен на
ефикасност што се однесува до вистинскиот морал и материјална состојба.
б) Според бројните информации тој успеа својата организација цврсто
да ја постави во големиот дел од српскиот дел на Македонија додека во
целата Бугарија а особено во бугарскиот дел на Македонија (н. пр. Ќустендил,
Горна Џумаја-Петрич итн.) ниту една влада не би можела да се спротивстави
на дејноста на неговите приврзаници а уште помалку да ги уапси неговите
агенти.

Авторитетот на политичкото убиство премногу го надминува авто-


ритетот на полицаецот.

ц) Како што известува дописникот на "Тајмс" во Бугарија (поранешен


офицер, добро известено лице и достојно на доверба) кој неодамна бил да
го посети Александров, тој сега располага со бројни сили, добро организирани
и подготвени за акција.

39 Станува збор за грешка бидејќи Љапчев не бил никогаш министер за


надворешни
работи.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА________________ ________ 305

д) Александров кажа дека вкупниот број на неговите сили изнесува


160 илјади луѓе. И покрај вообичаеното големо претерување треба да се
признае дека станува збор за значителни сили особено во земјата погодна
за "герила" е чие население и е наклонето.

Со тоа македонската востаничка организација веќе постигна таков


степен на ефикасност што ќе овозможи дејствување на широк план штом
временските услови тоа ќе го овозможат.

Од друга страна Србија, ослободена од секаква грижа што се однесува


до Италија, има услови за интензивирање со сите можни средства на
политиката на задушување на македонското движење и нема причина да
отстапи од задушување на истото.

Бугарите добро ја сфаќаат состојбата и чувствуваат дека акцијата на


Србија нема да се ограничи на српската територија; тоа го објаснува нивното
расположение, нивното неспокојство.

Што се однесува на причините кои би можеле да ја наведат Србија да


ги премине своите граници заради средување на некоја внатрешна работа,
може лесно да се сфати дека Бугарија каква што е денес, незаштитена
претставува силно искушение за Србија и историјата не учи дека балканска
држава тешко се откажува од искушението да го нападне незаштитениот
сосед.

Но и да го оставиме на страна ова согледување, факт е дека Бугарите


- во тешка состојба од воен аспект - единствена поддршкаја имаат во Лигата
на народите и страхуваат дека истата не е во состојба да го заштити.
Очевидно е дека секаква мерка која ќе ја примени Србија против маке-
донското движење е осудеча на неуспех ако побунениците можат да се
засолнат во Бугарија.

Србите сами ќе го направат тоа но ќе бараат истото да го сторат и


нивните соседи Бугарите.

Ако ги оставиме на страна политичките согледувања и ја разгледаме


состојбата само од воен карактер, овој вид задача е крајно тежок за Бугарија.

Границата која Бугарија би требало да ја затвори е толку долга што


бара војска со која Бугарија не може да располага а бидејќи станува збор за
подрачјата во кои населението и е наклонето на македонската кауза, таа
6и требало токму затоа да биде толку бројна, а владата не би можела оста-
натите подрачја од земјата да ги остави непокриени заради комунистичкото
движење и др. Покрај тоа, голем дел од тие кои глужат во бугарската војска
(особено офицерите) се од ^акедонско потекло и припаѓаат на семејствата
кои се иселија од Македоиија токму за р,а го избегнат прогонувањето чиј
предмет беа.

306___________________________________ИТAЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Да се бара од таквата војска да дејствува во полза на наследениот


непријател на штета на нивните роднини и пријатели се чини невозможно.
Но, покрај сето тоа Бугарите стравуваат дека Србија од нив ќе ја бара
таквата соработка и дека по барањето веднаш ќе уследи окупацијата - ако
не на сама Софија - барем на Перник и на неговите рудници зајаглен, која
би траела додека Бугарите нема да ги задоволат барањата на Србите, а
тоа е невозможно.

Така Србија би го остварила тоа што според мислењето на големиот


дел од Бугарите претставува еден од нејзините најмили планови, т.е. да ги
присвои рудниците во Перник "како што французите го зазедоа Рур."

Во тоа се убедени и Н. В. кралот Борис и командантот на бугарскиот


Главен штаб.

Следниот навистина се наоѓа во доста депресивна состојба, како што


тоа е нормално за еден командант на Г.Ш. на војската која практично не
постои и кој очекува набргу напад на посилниот непријател.

Според последните информации со кој располага, Дивизијата Морава


која се наоѓа во Ниш добила наредба да подготви сместување за еден
пешадиски регимент во Цариброд и и за уште еден полк, како и за една
артилериска група, во Пирот.

Според него тоа може да значи само почеток на походот кон Софија.

Какви се намерите на Бугарија во таква ситуација не може со сигур-


ност да се каже; се чини дека Кралот и г. Љапчев (за кој се вели дека ќе го
замени Претседателот на Владата) сметаат дека не треба директно да им
се спротивстават на Србите имајќи доверба во заштитата на истите тие
сили кои ја обезоружаа Бугарија; но, заземањето на Рур, епизодата на Крф
и италијанско-југословенскиот договор кај нив предизвикуваат сомнежи во
поволно посредување на Италија и на Франција.

Од друга страна, омразата спрема Србите е толку длабока што се


чини дека на народот не може да му се наметне таквото однесување;

веројатно дури и командантот на Г.Ш., и покрај неповолната состојба во


која се наоѓа војската и за која тој е целосно свесен, повеќе би сакал да се
бори.

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 914, предмет бр.
23; превод од
италијански јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________307

126.

Писмо од италијанското пратеништво од Софија до


министерот за надворешни работи во Рим од 2 март 1924
година, за југословенско-бугарските односи, со прилог

Дов. бр. 376/92


Кралско пратеништво на Италија - Софија

ДоН.Е. Б. Мусолини,
министер за надворешни работи - Рим

Софија, 2 март 1924 год.

ЈУГОСЛАВИЈА И БУГАРИЈА

Во врска со мојата претходна преписка чест ми е да ја известам В.Е.


дека српско-бугарските односи не даваат знаци на подобрување.

Вербалната нота предадена на овдешната влада на 20 февруари на


југословенскиот претставник и за која зборував во мојата телеграма бр. 40
беше одговор на српското барање кое се однесува на бугарските чети кои
по извршувањето на злодела на југословенската територија успеаја да ја
преминат границата. Од копијата на нотата која успеав да ја обезбедам и
која ја давам во прилог(прилогбр.1) В.Е. ќе може да утврди како бугарската
влада одговара на наведените обвинувања. Откога владата утврди дека
недостасуваат прецизни поединости нареди строг надзор на границата и на
крајот предложи од една и од друга страна на зоната да се воспостави
тесна соработка која впрочем е предвидена во Нишкиот договор, за полесно
спречување на преминувањето на границата на сомнителни лица.

Соопштението и усмено повторените уверувања дадени на мојот


српски колега во врска со мирољубивите предлози на Бугарија не успеаа
да ја изменат положбата па дури има знаци на извесно влошување. Така на
23 февруари г. Спалајковиќ, српскиот амбасадор во Париз изјави во
"Матен"дека ситуацијата на Балканот станува вознемирувачка бидејќи
Бугарија врши опасна пропаганда и има заканувачки намери против јужна
Србија. На 28 февруари г. Нинчиќ, министер за надворешни работи во
Белград, очигледно вознемирен од дејноста на некои англиски пацифисти
извести дека бугарската страна нешто подготвува опоменувајќи дека на
провокациите ќе се одговори со соодветни противмерки.

Манифестациите за кои известува бугарската телеграфска агенција


(прилог бр. 2)* и објавени во месниот печат дури ги влошија неповолните
_________________

* Недостасува во оригиналот.

308_______________________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

впечатоци најавното мислење и ги нагласија страхувањата и загриженоста


на овдешната влада и за кои повеќе пати известував. Немирите во овдеш-
ните владеачки кругови всушност се базираат врз двојниот ред на окол-
ностите: врз неизлечивата недоверба за која се смета дека преовладува
во Белград врз бугарските емигранти, аграрци и комунисти кои се распоре-
дени долж границата и кои заради омразата кон владата на г. Цанков можат
да организираат навлегувања и да го дадат очекуваниот ако не и нареден
изговор за вооружена интервенција на Србија.

Во оваа смисла заслужуваат да се спомнат изјавите кои генералот


В'лков100, воениот министер ги даде да се објават во еден службен весник
(прилог 3)**. Откако свечено изјави заколнувајќи се на својата војничка чест
дека Бугарија нема воени намери ниту пак има намера да го охрабрува
македонското движење кое напротив ќе го задуши ако се појави на нејзината
територија, додава:" не треба да се загуби од вид дека иако ние ја отфрламе
военољубивата политика, ние сепак татковината ќе ја браниме до послед-
ната капка крв од провокациите, без оглед од која страна тие доаѓаат".

Таква е состојбата во српско-бугарските односи: неволјата е заострена


заради тонот на одговорните лица кои се без потребна умереност. Се гледа
дека тоа мошне ја вознемирува бугарската влада која се реши за прочуениот
чекор во Рим, Париз и Лондон верувајќи дека земјата може да се поштеди
одтешки мигови.

Со длабока почит
Ринелас.р.

Министерството за надворешни работи и вери


Софија, 20 февруари 1924 год.

ВЕРБАЛНА НОТА

Кралското министерство за надворешни работи има чест да го извести


Пратеништвото на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, во од-
говор на неговата вербална нота од 21 декември 1923 год. бр. 1209, дека во
неа наведените жалби беа предмет на мошне детално испитување, што е и
причина за задоцнетиот одговор на нашето Министерство.
_____________

'°° Генерал Иван В'лков, една од најважните личности во владата на Александар


Цанков.

** Недостасува во оригиналот.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_____________________________ 309

Воден од длабока желба да се избегне се што може да ги наруши


добрососедските односи меѓу двете земји, од соодветните власти побара
да ја проучат точка по точка содржината на вербалната нота на почиту-
ваното Пратеништво и ниту еден миг не би се колебало со сета строгост да
ги примени постојните закони против виновниците. Но, резултатите од
истрагата не му овозможат да заклучи дека некој од бугарските функ-
ционери е виновен.

Имено, информациите што ги дава почитуваното Пратеништво содр-


жат детален опис на злосторствата извршени на територијата на Кралството
но целосно недостасуваат податоците за вината на бугарските власти а
особено на граничарите во тие злосторства. Во вербалната нота се тврди
дека разбојничките чети гонети од полицијата на Кралството, безброј пати
успеале да ја преминат границата но ниту еднаш не се наведува денот или
местото на преминувањето. Исто така недостасува и најмала информација
за граничните премини до кои кралската полиција ги гонела четите, како и
дали таа во таков случај побарала помош од нашите граничари.

Таквите податоци кои би можеле без голем напор да се соберат ако


четите навистина избегале на бугарската територија, мошне би ја олеснило
работата на истрагата.

Сепа;:, бугарската владаја зеде на знаење вербалната нота и уште


еднаш им нареди најголема будност на своите команданти, за обезбедување
на подобар надзор на границата кој би можел да се оствари со малите
контингенти со кои располагаат. Исто така им се дадени најстроги упатства
сите сомнителни лица за кои се претпоставува дека ќе се обидат да ја
преминат границата со злобни намери да се оддалечат од пограничната
зона. И самите граничари ќе бидат засилени.

Исто така е пожелно тесна соработка, предвидена впрочем со


Нишката конвенција, да "е воспостави помеѓу граничарите на двете
кралства; таа ќе придонесе кон постигнување на подобри резултати.

Во таа смисла, дадени им се упатства на бугарските граничари и Кралската


Влада ќе и биде многу благодарна на Владата на Кралството на Србите,
Хрватите и Словенците ако таа го стори истото.

До Пратеништвото на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет бр.
10; превод од
италијански и француски јазик

310___________________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

127.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија


до Министерството за надворешни работи во Рим од 2 март
1924 година, за југословенско-бугарските односи

Дов. телеграма бр. 375/91


Кралско пратеништво во Софија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 2 март 1924 год.

СРБИЈА И БУГАРИЈА - АНГЛИСКИ НАВЕСТУВАЊА

Во денешниот дов. извештај бр. 92 го спомнав незадоволството на г,


Нинчиќ во врска со активноста на англиските пацифисти во полза на
бугарските гледања. И официјалната белградска "Самоуправа" објави
идентична алузија тврдејќи дека изворот на таквата активност не треба да
се бара во Лондон туку во Софија. Истакнува дека водачот на македонските
револуционери има своја база на бугарската територија каде што десет
илјади вооружени Македонци наводно се концентрирани на српската
граница. Заклучува дека одговорноста ќе падне врз бугарите и нивните
англиски пријатели кои ќе го запалат Балканот.

Со телеграмите бр. 394 од 23 септември и бр.34 од 26 јануари веќе


известив за симпатиите кон Бугарија од страна на британските личности
кои тука беа славносно пречекани и кои денес учествуваат во англиската
влада.

Во овдешните владеачки кругови се тврди дека немаат илузии за


значењето на досегашните манифестации на некои политичари кои денес
ја делат одговорноста на лондонската влада но, дури ако таквите симпатии
продолжат, оваа причина не е доволна за да ја повреди чувствителноста
на Белград и да ги заостри непријателските чувства кон Бугарија.

Ринелас.р

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет бр.
8а; превод од
италијански јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________311

128.

Писмо од Министерството за колонии до Министерството


за надворешни работи во Рим од 3 март 1924 година, за
пишувањето на цариградскиот весник "Iqdam"

Министерство за колонии
Студии и пропаганда
Бр.4878

До Министерството за надворешни работи


Генерална дирекција за Европа и Исток

Рим, 3 март 1924 год.

Предмет: Италија и Бугарија

Се пренесува веста од цариградскиот "Iqdam" од 7 о.м."


"Според една телеграма од Белград, од сослушувањето на уапсените
комити произлезе дека постои италијанско-бугарски договор за усогласена
акција во Македонија. Владата фати двајца истакнати комити дојдени во
Македонија од Софија.".

(потпис нечиток)
И^м МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од италијански
јазик

129.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија


до Министерството за надворешни работи во Рим од 4 март
1924 година, за изјавите на југословенскиот воен аташе

I елеграма бр. 377/93


Кралско пратенишво во Софија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 4 март 1924 год.

БУГАРИЈА И ЈУГОСЛАВИЈА - ИЗЈАВИ НА СРПСКИОТ ВОЕН АТАШЕ

Во врска со мојот извештај бр. 92 имам чест да Ве известам дека


полковникот Крстиќ, југословенски воен аташе разговарал со полковникот

312 __________ ___ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Спиго за македонското прашање. Крстиќ беше возбуден и повлечен од же-


шката тема, ги искажа причините и околностите кои веднаш подоле ќе ги
резимирам.

Тој претпостави дека веќе општо е познато дека револуционерната


организација под раководство на Тодор Александров својата база ја има на
бугарската територија каде што - во нивна карактеристична облека - се
создаваат и слободно се движат вооружените македонски чети. Во Белград
не може да се дозволи таквата толеранција од страна на бугарските власти
спрема организацијата која ја загрозува компактноста на југословенската
држава и веќе се решени дефинитивно да го решат прашањето. Во Белград
не можат да се прифатат уверувањата за мирољубивост и утврдување на
остри мерки на бугарската влада која - ако навистина имаше цврста намера
да постапи енергично - би имала доволни средства за брзо расчистување
на вооружените чети и за спречување во иднина на секаков обид од тој
вид. Но владата на г. Цанков е целосно зависна од револуционерната
организација, со помош на која го изврши државниот удар на 9 јуни и затоа
не е во состојба да спроведе ефикасна акција на задушување.

Призна дека бугарските емигранти, аграрци и комунисти, поволно се


примени во неговата земја, дадена им е помош а во пограничната зона се
користени и за надзор во патничките возови иако треба да се признае дека
тие не би можеле границата да ја поминат без соработка со српските власти
како што призна дека вооружени чети не би можеле да преминат на
југословенската територија без благослов на бугарските власти.

Заклучи дека македонското прашање е најзначајно и ветува подобри


резултати од аспект на бугарската политика додека останатите се секун-
дарни и зависат од првото; такви се прашањето на Добруџа во однос на
Романија и прашањето на Западна Тракија во односите со Грција. Бугарија
очевидно се занимава со планот за автономија на Македонија бидејќи се
надева дека по воспоставувањето на автономијата би можела во одредени
поволни услови да се обиде да го присвои регионот и повторно силна, да
наметне решавање надруги национални проблеми.

Овие јасни зборови, поврзани со другите околности за кои зборував


наведуваат на помисла дека југословенската влада пред бугарската јасно
ја постави дилемата: или целосно да ја задуши македонската пропаганда
или да чека енергичнм и конечни мерки од страна на Белград. Какви ке
бидат одлуките иа г. Цанков во присуство најугословенскатадилема?

Ринела с.р.

ИДА МНРИ, папка З-.б ;(Бугарија 1919-30) ДАРМ. КС 17, п. 915, предмет 6р. 9:
превод од
италијански јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________313

130.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија


до Министерството за надворешни работи во Рим од 4 март
1924 година, за југословенско-бугарските односи

Телеграмабр. 1416
Кралско пратеништво од Софија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 4 март 1924 год.

Српско-бугарски односи

46 - Во врска со мојата претходна телеграма. Вчера бугарскиот


претставник во Белград на тамошната влада и ги даде најавените кате-
горичките успокојувачки изјави. По одлуката на овдешната влада, минатата
ноќ на целата територија на државата започна прогонување на македон-
ските четници, со апсење на лицата за кои се сомнева дека се во служба
или на чело на активноста која има за цел пореметување на мирот во земјата
и во соседните земји. Досега се уапсени околу 200 лица без поголеми инци-
денти освен во Ќустендил каде што дојде до крвави судири. Овдешната
влада истакнува дека не станува збор за привремени мерки туку за
сеопфатна програма која ќе се одвива во границите на нејзините средства,
како доказ за нејзините лојални намери за отстранување на секаква причина
за сомнеж или недоверба и за нејзина искрена желба за воспоставување
на добрососедски односи со земјите со кои се граничи. Тоа значи дека ќе
дојде до решителните настани во врска со српско-бугарските односи.

Ринела

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет бр. 8;
превод од
италијански јазик

314___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

131.

Телеграма од Министерството за надворешни работи


во Рим до италијанската амбасада во Париз од 9 март
1924 година, во врска со Св. Наум

Телеграма бр. 1455

ДОВЕРЛИВО

Министерство за надворешни работи - Рим

До Кралската амбасада во Париз Рим, 9 март 1924 год.

Предмет: Прашањето на Св.Наум


Врска: Телеграмата бр. 288 на В.Е.

В.Е. треба да ја поддржи акцијата во полза на југословенската теза


по прашањето на Св. Наум, во границите во кои тоа се совпаѓа со нашето
досегашно однесување.

Имам доверба во тактичноста и претпазливоста на В.Е. која без


сомнение ќе знае да се воздржи и да не се заложи до крај, за д^ректно да
не се повредат албанската влада и албанското јавно мислење кои се мошне
чувствителни кога станува збор за наведеното прашање.
Мусолини
ИДА МНРИ, папка 721 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 721, предмет бр. 7-
превод од
италијански јазик

132.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија


до Министерството за надворешни работи во Рим од 10 март
1924 година, во врска со извршените апсења на Македонци

Софија, 10 март 1924 год.

Таен кабинет 57 - Строго доверливо.

Имав доверлив разговор со мојот југословенскм колега кој заминува


за Белград заради договор со неговата Влада. Тој не го крие оскудното
задоволство од актуелните апсења додека влијателните македонски лица
се на слобода расипувајќи ја државната администрација и војската, така
што тој смета дека станува збор за начин договорен со Тодор Александров,
за да се оправда бугарската политичка состојба пред меѓународното јавно
мислење. Ми кажа дека побарал список на уапсените и едва?/! го победи
противењето на министерот за надворешни работи кој на крајот му соопшти

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_______________________________________________315

15 имиња од кои ниту едно не се наоѓа на југословенските списоци кои


содржат прецизни податоци за најкомпроммтираните Македонци. Ја истакна
околноста (која според мене е точна) дека македонската револуционерна
организација која од почеток била тајна, се покажа се поотворено заради
сервилната толеранција на владата. Комитите се движат пред очите на
полицијата, познатите четници непречено живеат во некои месности. Тој
додаде дека владата на г-динот Цанков не е свесна дека тоа претставува
провокација која веќе неможе да се толерира. Потврди дека во Белград не
се бараат изговори и не постојат агресивни намери но дека ќе се направи се
што е можно за да се санира состојбата која го нарушува достоинството и
лрестижот на Државата.

Ринела

ИДА МНРИ, папка 915 (Бу| арија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од
италијански јазик
133.

Телеграма од Министерството за надворешни работи


во Рим до италијанското пратеништво во Белград од 11 март
1924 година, во врска со Св. Наум

Телеграма бр. 789

Доверливо

Министерство за надворешни работи - Рим

До Пратеништвото на Италија во Белград


Предмет: Прашањето на Св. Наум

Рим, 11 март 1924 год.

Му дадов упатства на Кр. амбасадор во Париз да ја поддржи југо-


словенската теза по прашањето на Св. Наум.

Н.Е. Романо ме извести дека ќе направи се што е можно во полза на


тезата, но сепак смета дека треба да и се каже на Југославија дека нашата
добра волја не мора да даде позитивен резултат бидејќи прашањето веќе
било предмет на претходни одлуки на Амбссадорската конференција
минатата година, за додегување на манастирот на Албанија, и бидејќи
Одборот на правниците се искажа во смисла дека Конференцијата беше
надлежна да донесе такви одлуки.

316_________________ _______ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Сепак, за вреднување на нашето однесување, В.Е. требада препорача


максимална тајност за да не предизвика поголеми албански протести и об-
винувања кои во овој миг само би го усложниле прашањето и би го отежнале
неговото решавање.

(потпис нечиток)

ИДА МНРИ, папка 721 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 721, предмет бр. 8;
превод од
италијански јазик

134.

Писмо од италијанскиот претставник од Виена до министерот


за надворешни работи во Рим од 14 март 1924 година, во врска
со Македонија, со прилози
Виена, 14 март 1924 год.
Екселенцијо,

Дури деновиве успеав повторно да ги воспоставам врските кои ги имав


овде пред објавувањето на италијанско-југословенскиот договор. Така мо-
жев да дојдам до информациите, особено за Македонија, кои ги препраќам
наВ.Е.

На В.Е. го испраќам и извештајот за Австрија, за нејзината положба,


во врска со евентуелноста и можноста за политиката на италијански продор.
Веќе подготвив поширока промеморија но ја задржав заради постојаното
менување на локалните услови а потоа помислив дека е премногу опширна
и дека В.Е. повеќе сака посожет напис како што е овој кој го доставувам на
проучување на В.Е.

Си дозволувам да ја предупредам В.Е. во врска со австрискиот


претставник во Рим д-р Егер. Разбрав дека на некој виенски пријател му
пишал дека е задоволен бидејќи В.Е. со него започнала "eindringlinche
Gesprache " за акцијата која тој ја нарекува " Einbezichung Osterreich in die
mitteleuropaisch Politik Italiens ". Д-р Егер е поврзан со овдешните социјалисти
и без сомнение би ги известил Бауер или Ренер за секоја предлог на В.Е. -
Тој исто така е интимен пријател на Бенеш. Човек кој многу добро го познава
деновиве ми кажа дека ако италијанската влада сака нешто да се разбере
во Прага, треба само да му се каже на д-р Егер.

Во Прага, италијанско-чехословачкиот договор за трговија се смета


како пораз за Чехословачка; за тоа и честитам на В.Е.

Со оданост и почитување

Ваш

Атилијо Тамаро

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_______________________________________317

МАКЕДОНИЈА

Во виенските кругови кои имаат врски со Балкан и во балканските


владее уверување дека само случај може да спречи вооружен судир меѓу
Србија и Бугарија, или поточно, српска експедиција кон Софија. Два
суштински фактори создаваат такво убедување: прво, однесувањето на
српската влада, согласно нејзините империјалистички традиции; второ,
настојувањето на Тодор Александров, водач на македонските чети, да се
обиде да изведе очајничка акција во Македонија. Овдешниот бугарски
претставник Стоилов негира дека Јанков101 е во потчинет однос кон
Александров и смета дека е подготвен решително да му се спротивстави. И
обратно, како што В.Е. веќе знае, апсењата на Македонците беа само
комедија: Цанков ги уапси врз основа на списокот добиен од Александров,
на кој се наоѓаа 300 македонски федералисти, противници на Александров
и затоа опасни за бугарско-српските осноси и само 50 вистнски комити.
Александров остана на слобода а со него и поголемиот дел од комитите
кои тој самиот ги собра и ги собира околу Петрич и во Ќустендил. Намерите
на Александров се гледаат и во писмото напишано за да се смири со
Атанасов102 кој се наоѓа во Виена и чие убиство до вчера се обидувал да го
организира. Пишува дека разликата меѓу него и Атанасов се состои само во
тоа што следниот сака дипломатска акција а Александров вооружена
револуционерна акција и наводно располага со 10-12илјадалуѓе. Но, нов и
потежок судир изби во истата средина: на неговата акција се спротивставува
Иља Алеко103, значаен водач на чета (кој Александров го доведе меѓу ко-
митите) и тоа на Александров му го оневозможува остварувањето на него-
вите планови. Сепак тој останува на своите намери и неговите комити
располагаат со многу оружје, дури митралези. Друг значаен настан се случи
на српскиот фронт. Мишев104, Македонец, поранешен приврзаник на
Александров и од него осуден на смрт, премина во Србија каде што многу
добро е примен. Испратен во Штип од белградската влада, тој таму регрутира
околу 3.000 Македонци, југословенски државјани и со нив се наоѓа на
границата против Александров. Но, бидејќи Мишев секогаш бил македонски
фанатик, не значи дека во неговата навидумна дејност се крие измама. Ако
навистина избувне востание (во пристигнатите вести се тврди дека вриењето
________________________

101 Несигурна идентификација на личноста.

102 Се мисли на д-р Филип Атанасов.

10:3 Се однесува на Александар Василев, познат како Алеко Паша.

'°4 Се однесува на Стојан Мишев.

318___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

во јужна Србија е силно), најверојатно Мишев ќе ги вклучи своите луѓе меѓу


а не против комитите- Од останатите македонски водачи, Протогеров се
однесувадвосмислено, Паница105 наводно е во Сер каде што преговара со
Грците а Чаулев се уште се наоѓа меѓу Албанците.

Србитекои живеатовде- н.пр.Јакшиќ.истакнатчлен на "Црнарака"


- велатдека Србија никогаш не ќе може да има поповолна прилика од оваа
за конечното решавање на бугарското прашање и за задушување на маке-
донскиот иредентизам до корен. Овде се смета дека Србија ја задржува
Европа со навидумно попуштање но дека е уверена дека денес нејзина акција
не би предизвикала посредување на ниту една Сила против неа: страхува
единствено од акција на Англија бидејќи и Балканскиот комитет и Лабу-
ристичката партија па и англиските балкансти решително се против поли-
тиката на српската радикална партија. Според тврдењето на Јакшиќ, Србите
сепак сметаат дека и покрај англиското спротивставување, Бугарија може
да се смета за целосно осамена а тоа значи на милост и немилост на агресија,
одговорноста за која вешто би се префрлила на владата во Софија. Наме-
рата на Србите наводно не е да се држи окупирана Софија туку само д? се
собори актуелната впаст и со сила на оружјето да се наметне стамбо-
листичка влада или уште подобро, земјоделско-комунистичка.

Би сакала да ја искористи приликата, како санкција и гаранција за


договорите, да ги земе богатите рудници на јаглен во Перник (не Петрич,
како што беше погрешно напишано), најголем на Балканот. Српските
бизнисмени кои се на страна на владата фрлија око и на друг голем рудник
на јаглен чии мал дел е на српска територија но се протега на бугарската
територија источно од Босилеград. Направен е обид за сомнителна шпеку-
лација од самиот син на Пашиќ, Радомир, познат бескрупулозен бзнисмен.
Тој во Виена испрати свој доверлив човек, Љуба Антиќ, за да оди кај
извесниот Дренков, најголем акционер на наведениот бугарки рудник. Антиќ
нависитна дошол и побарал од Дренков да ги преотстапи своите акции во
полза на Радо Пашиќ и му се заканил дека, во случај ако одбие, ќе се изврши
притисок врз српската влада за акција против Бугарија со репресалии и
одмазди од друг вид. Дренков одбил и Антиќ се вратил со празни раце.
Покрај поуката за самиот настан (кој сигурно се случил), овде во него се
гледа доказ дека во Белград веќе е решено за акцијата против Бугарија и
дека токму затоа Радомир Пашиќ би сакал во свои раце да го има рудникот
кој би требало да го заземе српската влада.
_____________

105 Тодор Паница, истакнат македонски револуционер роден во Орахово -


Бугарија.
По наредба на Иван Михајлов убиен е на 8 мај 1925 год. во Виена.

ДОКУМЕНТИ ЗАМАКЕДОНИЈА_________ _________ __________ 319

Го видов Стоилов, обеспокоен од вестите добиени од дома. Разговарав


со него пред да замине од Софија и му кажав дека со оглед на сериозноста
на состојбата, најдобро е бугарската влада да се стави целосно во рацете
на една голема Сила, прогласувајќи јавно дека сака да ги следи нејзините
упатства. Му споменав дека токму заради италијанско-југословенскиот
договор, кој создаде за Италија можност за политичко посредување во
случај на инвазија на македонските чети од Бугарија во Србија, треба да се
спречи секаков непоправлив инцидент и дека В.Е. во Европа би била најсилна
и најовластена од самата српска политика даја преземе улогата на арбитар
во спорот кој навистина го загрозува европскиот мир. Стоилов, кој се стреми
кон амбасадорско место во Рим, ми одговори дека навистина ќе го поддржи
ова начело во Софија но дека се плаши од побрзо англиско посредување и
од преголемото франкофилство на Цанков.

Атилијо Тамаро

Виена, годишнина на Фашистичката револуција

Екселенција,
Ви испоаќам неколку извештаи, еден за актуелните борби на Маке-
донците, другиот за некои аспекти на политиката на Чехословачка, третиот
за акцијата на Радиќ во Лондон, четвртиот за договорите меѓу Чехословачка
и социјалистите од Австрија и Унгарија, петтиот за некои изјави на мини-
стрите Зајпел и Гринбергер, заради запознавање на австриската политика.

Со надеж дека В.Е. ќе ме почитува и ќе ме смета во тие кои ч се


безграншио предани

потпишан Атилијо Тамаро

I. ВНАТРЕШНИ БОРБИ НА МАКЕДОНЦИТЕ

Македонското движење е во тешка криза бидејќи спротивностите кои


порано ги делеа водачите на движењето (особено недавањето отчет за 30
милијони марки добиени од Германија во годините 1915-1916) се претворија
во гневни борби и главните водачи испратија свои платени убијци за секој
да се ослободи од својот противник.

Во времето на Стамболиски се чинеше дека е постигнат договор


помеѓу разни групи. под раководство на Каранџулов и врз основа на про-

320___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

грамата која ги смируваше сите националности и сите групи од Македонија.


Федералистите и централистите беа за договор, поддржуван од т.н. "легални
организации" кои во Бугаријаја пропагираа македонската кауза под плашт
на добротворни и културни друштва.

Македонскиот конгрес одржан во м. септември воспостави еден вид


примирје помеѓу разните групи. Но, Тодор Александров, водач на револу-
ционерната организација не ги прифати одлуките на Конгресот. По негова
наредба непосредно потоа во Софија беше убиен архитектот Јуруков кој се
обидуваше да ја оствари програмата за помирување, Филип Атанасов, главен
соработник на Јуруков, избега во Виена каде што се уште се наоѓа и каде
што веќе се наоѓаат платените убијци под раководство на Асен Даскалов
кои имаат задача да го убијат. За среќа, додека трае нивната задача тие
добиваат по 400.000 круни дневно и затоа се грижат се уште да не го сретнат
човекот кој треба да падне под нивните истрели по наредба на Александров.
Се разбира дека со тоа пропаѓа секаква програма за помирување: Алек-
сандров владее со ситуацијата и 250 илјади македонци во Бугарија му се
потчинети. Владата на Цанков не може да се ослободи од нивниот притисок.
Александров побарал од Стамболиски да му ја довери целосната власт во
делот на Македонија (Неврокоп, Петрич, Ќустендил) кој со договорите и
беше оставен на Бугарија. Кога Стамболиски, кој во Ниш веќе се договорил
со Србија на штета на бугарско-македонските чети и на македонската кауза
општо, одбил, тоа значеше негова смрт. Извршувањето ја презеде тајната
организација Кубрат која ја сочинуваат резервни офицери, потпомогната од
трупите на Цанков. Еден од агентите на Александров, извесниот Николов106,
како што е познато, во Прага го уби еден од соработниците на Стамболиски,
Даскалов. Но останатите платени убијци се во странство и ги бараат привр-
заниците на Стамболиски кои успеаја да избегаат. Колку што сум запознат,
во Виена постои групата на веќе споменатиот Асен Даскалов а во Будим-
пешта друга група од три лица, под раководство на извесниот Заклунов107.
Во гореспоменатите бугарско-македонските окрузи Тодор Паница, со
централистички тенденции, ја презел власта со своите чети. Александров
го повика да се повлече а по одбивањето, го нападна со своите чети в0
Неврокоп каде што во вистинска борба го победи. Паница се повлече со,
еден дел од преживеаните во грчкиот дел од Македонија а оттаму го^оди
движењето на побунетите чети кои дејствуваат војугословенските граници,
во српскиот дел од Јужна Македонија.
___________

106 Вистинското име му е Јордан Цицонков, од Штип.


107 Очигледна грешка - непозната личност.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА____________________________________________321

В.Е. без сомнение гледа колку би можела таквата ситуација да биде


штетна за италијанската политика тогаш кога ќе и одговара да го покрене
македонското прашање кое е суштина на балканскиот проблем и се чини
дека нуди најмногу кога постои можност за иницијатива и наше прелиминарно
посредување во балканските прашања. За нашата политика - ако В.Е. ми
дозволи да го проширам аргументот - е штетен и фактот што Македонците
продолжуваат со таквата политика на крваво насилство и веќе немаат
каква да е организација од легален вид ниту во југословенска Македонија
ниту во Белград. Вистина е дека Србија би ги гонела без простување, но
тешко би можела без голема штета да ја укине храбрата дејност на комитетот
кој - како што го прават Хрватите - би се преправал дека го прифаќа
единството на државата а да се бори, дури само со весник само за одбрана
на македонската националност на економски и културен план а да не
предизвика странско посредување. Таквата акција би ја покажала вредноста
на македонското прашање или барем би претставувала противтежа на
лошата репутација предизвикана од постојаните убиства. Колку што можев
да разберам, додека бунтовничките чети се активни во сите делови на
југословенска Македонија, од старите комитети се само - но со помала
ефикасност - тие во Штипско и Кочанско.

Виена, 1 јануари 1924 год.

Екселенцијо,

Чест ми е на В.Е. да го испратам следниот политички извештај за


следните прашања:

а) разговорите со водачите на словачкото движење - за нивните


намери и за проблемот на нивната нација;

б) разговорите со Степан Радиќ:


в) балканско движење околу Ст. Радиќ и намерите на Македонците.
Со длабока оданост кон В.Е.

Ваш

Атилијо Тамаро

............ Намерите на Македонц^те

....3ија Дибра и некој друг од групата Акиф преговараа за Албанците.

Поопасни се бројните разговори на Македонците Протогеров и Тома-


левски108 со хрватскиот водач кој вообичаено го (нарекуваат "претседател"
Иако решително го негираат, Македонците сакаат да подготват револуцио-
_____________

'св Наум Томалевски.

322___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

нерно движење за наредниот април, шпекулирајќи - како што веќе и пишав


на В.Е. - да ја вовлечат Италија во судир со Србија. Се обидуваат да го
убедат Радиќ во исто време со македонското да предизвикаат хрватско
востаничко движење. Не знам каков е ставот на Радиќ. Моите познаници
кои подобор го познаваат сметаат дека не е многу наклонет да го поднесува
притисокот на Македонците и дека е порасположен да ги разубеди во
нивните намери. Сепак ми е сомнително што разговорите - пред се со Тома-
левски, претставник на Тодор Александров во Виена - се толку чести.

Атилијо Тамаро

ИДА МНРИ, папка 718 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 718, предмет бр. 8;
превод од
италијански јазик

135.

Телеграма од италијанското пратеништво во Белград


до Министерството за надворешни работи во Рим од 18 март
1924 година, за југословенско-бугарските односи

Телеграма бр. 1777


Кралско пратеништво во Белград
До Министерството за надворешни работи - Рим

Белград, 18 март 1924 год.

СРПСКО-БУГАРСКИ ОДНОСИ

152. Продолжение на мојата телеграма бр. 151.

Активноста на границата се зголеми и забележани се грабежи и


убиства на српските граѓани и војници. Протестираше против познатата
изјава на претседателот на Министерскиот совет во врска со постоењето
на македонското прашање, негирајќи дека војужна Србија постои бугарско
малцинство. Буквално додаде:" Во никој случај нема да ја загубиме ладно-
крвноста. Нашата влада ќе се погрижи да остане верна на својата политика
на народот да му обезбеди што подолг период на мир и мирен развој."

Сепак заврши зборувајќи за потребата Бугарија да покаже поголема


енергија кон комитетите изјавувајќи дека југословенската влада досегаш-
ните апсења не ги смета за доволни за спречување на дејноста на главните
фактори на комитетите.

Бодреро

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет бр. 8;
превод од
италијански јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________323

136.

Белешка на Министерството за надворешни работи од Рим за


претседателот на Министерскиот совет од 18 март 1924 година,
за прашањето на Св. Наум

МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ


Е.И.4

БЕЛЕШКА ЗА Н.Е. ПРЕТСЕДАТЕЛ

Предмет: Прашањето на Св. Наум пред Амбасадорската конференција

Сегашната состојба на прашањето според приложената телеграма бр.


48 на Кр. претставник во Драч е следна:

На крајот на 1922 год., Амбасадорската конференција по обемна


расправа и толкувајќи го актот од 9 ноември 1921 год. со која Големите
Сили во главни црти ја утврдија границата помеѓу Албанија и Југославија,
изменувајќи гидлумнозаклучоцитеодЛондонскиотпротоколод1913год.,
реши манастирот на Св. Наум да го додели на Албанија а во подрачјето на
Вермош ја дефинира линијата во полза на албанските стремежи кои треба
на самото место да ги утврди соодветната Комисија за албанските граници.

Југославија се спротивстави на двете одлуки. Меѓу останатото,


посилно со вербалната нота од изминатиот септември во која јасно се вели
дека со оглед на тоа што се работи за териториите кои веќе се окупирани
од југославија, уставот на Кралството на СХС забранува отстапување на
кој да е дел од истото. Со други зборови, владата на СХС јасно даде на
знаење дека ќе се спротивстави и со сила на секаква одлука со која би
останала без оспорените подрачја.

По наведените протести, Амбасадорската конференција - без да ја


поништи порано свесно донесената одлука - повторно отвори расправа за
време на која ние бевме заедно со Англија, а против беше Франција, на
мислење дека не постои причина за навраќање на дефинитивно усвоената
одлука бидејќи не постојат нови елементи кои би ја мотивирале измената и
за да не се дискредитира Амбасадорската конференција.

За да се разгледат југословенските протести и од сосем правен аспект,


Амбасадорската конференција се обрати и до Одборот на правниците кој
се состана во почетокот на годината со мандат, решавање пред се на
прашањето на буквалното толкување на Лондонскиот протокол од 1912
госина. Но, потоа тоа прашање за кое би можело долго да се расправа а да

не се постигне едногласна одлука беше надминато и вклучено во друго,


поопшто: дали Амбасадорската конференција при донесувањето на
одлуките оспорени одЈугославија ги надминала или не своите овластувања.

Советот на правниците одговори на прашањето дека Конференцијата


не.ги надминала своите овластувања и затоа прашањето, кога повторно ќе
се најде пред Конференцијата, стои поволно за Албанија.

Со оглед на состојбата, Н.Е. Романо, заради изменетите односи меѓу


нас и Југославија, на 6 о. м. испрати телеграма во која предложи отсега
однесувањето да биде во полза на Југославија.

Во прилог ја испраќаме телеграмата на Н.Е. Романо и одговорот на


В.Е., созабелешкадекасотелеграмитепокрај Н.Е. Романо е запознат само
генерал Бодреро.

Сметаме дека треба да истакнеме дека прашањето мошне заинте-


ресирано ја следат и Југославија и Албанија и дека двете - се разбира,
неоправдано - од него прават прашање од животно значење и дека без
оглед на тоа каква ќе биде одлуката на Амбасадорската конференција, таа
ќе наиде на најголеми тешкотии при примената.

Рим, 18 март 1924 год.

ИДА МНРИ, папка 721 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 721, предмет бр. 9:
превод од
италијански јазик

137.

Писмо од италијанскиот претставник во Друштвото


на народите од Женева до министерот за надворешни работи
во Рим од 19 март 1924 година, во врска со македонското
прашање

ДРУШТВО НА НАРОДИТЕ

Женева, 19 март 1924 год.


Господине министер,

Како одговор на телеграмата на Вашето Министерство бр. 915 од 18


март имам чест да ја известам Вашата Екселенција дека бугарскиот
претставник во Женева во текот на последната седница на Советот (на 11
март) навистина разговарал со генералниот секретар за македонското
прашање.

Бугарскиот претставник ја изрази желбата да се запознае со мисле-


њето на генералниот секретар во врска со состојбата. И покрај апсењата

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА 325

извршени од страна на софиската влада српските власти се уште не се


задоволни и натаму се закануваат со приндуна акција. Според гласовите
кои допреа до него се претпоставува дека српската војска се концентрира
на границата што, природно, предизвикува узбуна кај владата на неговата
земја. Во такви услови го остави генералниот секретар да оцени дали не е
умесно толку значајно прашањето да се разгледа на Советот.

Сер Ерик Драмонд на тоа приговори дека не може да ја преземе


одговорнаста за одговор. дотолку повеќе што не можат да се предвидат
последиците на таквиот чекор. Бугарскиот претставник забележа дека
можностите се само две: или таквата мерка ќе ја влоши положбата или пак
ќе придонесе кон разрснувањето на истата. Изјавувајќи дека нема упатства,
запраша дали би можел во приватни разговори со повеќе членови на Советот
да ги искаже страхувањата на неговата влада. На тоа Сер Ерик Драмонд
одговори дека не гледа никаква причина тоа да не се стори но, со оглед на
тоа што неговиот соговорник не добил упатства, можеби е подобро да се
разговара со членовите на Советот преку нивните секретари. Бидејќи во
секој случај владите внимателно ја следат ситуацијата, Драмонд ја искажа
својата скепса во врска со ефикасноста на таквата акција. Но, бугарскиот
претставник - уверувајќи дека неговата влада толку многу е загрижена
заради ситуацијата што мора да направи се што е во нејзина моќ за да го
сочува мирот - сепак инсистираше кај генералниот секретар за тоа да раз-
говара со некои од членовите на Советот. Генералниот секретар одговори
дека главен интерес на Лигата е одржувањето на мирот и затоа може да
биде сигурен дека нема да се пропушти ниту еден чекор за постигнување
на таа цел.

Покрај горенаведениот разговор, бугарската влада не иаправила друг


чекор ниту официјално ниту приватно, за да го заинтересира Друштвото на
народите за македонското прашање.

Господине министер, примете ги изразите на мојата особена почит,


(потпис нечиток)

До Н.Е. Министер за надворешни работ - Рим

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет бр.
14; превод од
италијански јазик

326________________________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

138.

Вербална нота на Пратеништвото на Кралството на СХС


во Рим до Министерство за надворешни работи во Рим
од 5 април 1924 година, за напад на "бугарските комити"
на Берово

Пратеништво на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците


П.бр.379

ВЕРБАЛНА НОТА

Пратеништвото на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, по


наредба на својата влада, има чест да го запознае Кралското министерство
за надворешни работи со следното:

Во ноќта на 23-ти о.м. бугарските комити од три страни и со голема


сила го нападнаа селото Берово (Јужна Србија). Малиот селски гарнизон и
шестмина жандари кои се наоѓаа истата ноќ во селото пружаа силен отпор
и така ги спречија бугарските комити да го заземат селото. Борбата траеше
околу 3 часа и комитите беа принудени да се повлечат.

Рим, 5 април 1924 г.


(печат)
До Кралското министерство за надворешни работи
Рим

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет бр. 7;
превод од
француски јазик

139.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија


до Министерството за надворешни работи во Рим од 7 април
1924 година, за југословенско-бугарските односи

Телеграма бр. 580/140


Кралско пратеништво во Софија

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 7 април 1924 год.


ЈУГОСЛАВИЈА И БУГАРИЈА

Мојот југословенски колега кој и натаму останува скептичен во врска


со повеќекратните предлози на бугарската влада за сериозното продол-

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________327

жување на кампањата против македонското движење, ми довери дека


истата влада наводно предложила да се погрижи за враќање во Бугарија
на бугарските емигранти, аграрци и комунисти, кои се засолнети на српската
територија. Според предлогот, мешовитата комисија би ги посетила местата
каде што се наоѓаат бегалците и бугарскиот делегат би се обидел да ги
убеди да се вратат во татковината гарантирајќи им - бидејќи тие се за-
штитени според законот за амнестија - дека нема од што да се плашат при
враќањето во татковината. На тие кои би се согласиле би им се издал
соодветен патен документ.

Повеќе пати ја известив В.Е. за грижите на овдешната влада во врска


со таквите поединци за кои таа се сомнева дека сакаат да предизвикат
големи тешкотии на границата и дека за иста цел сака да ги искористат
југословенските власти во случај на политичките прилики кои би се
разгледувале во Белград.

Колегата Ракиќ ме уверуваше дека на својата влада и препорачал


предлог кој - ако биде прифатен - ќе послужи за расветлување на ситуацијата
и за отстранување на причина за загриженост и сомнежи меѓу двете влади.

Ринелас.р.
ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, 915, предмет бр. 6;
превод од
италијански јазик

140.

Известување на Пратеништвото на Кралството на СХС


во Рим до Министерство за надворешни работи во Рим
од 9 април 1924 година, за навлегувања на "бугарските
комити", со прилог

Пратеништво на Кралството на СХС


Бр.394

До Кралското министерство за надворешни работи -Рим

Повикувајќи се на вербалната нота бр. 379 од 5 о.м., Пратеништвото


на Кралството на СХС, по наредба на својата влада, има чест да го запознае
Кралското министерство за надворешни работи со следното соопштение
на Кр. министерство на СХС за внатрешни работи:

"На 21 март околу 4 ч. наутро, две чети бугарски комити, секоја по


100 луѓе, се обидоа да ја преминат српско-бугарската граница, едната меѓу

328_____ ______ ___ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Трново и Србнице, другата кај Ретки Борови. Се разви борба меѓу комитите
и српските патроли, во која бугарските комити употребија рачни гранати и
лесни митралези за да го пробијат патот кон внатрешноста на земјата. Бор-
бата траеше еден час и комитите беа принудени да се вратат на бугарската
територија. Во текот на борбата еден српски граничар е ранет а двајца
комити се убиени.

"Околу 7 ч. наутро, истите чети комити повторно се обидоа да влезат


на српско-хрватско-словенечката територија но, пречекани со оган од страна
на српските граничари, мораа да се повлечат. Двајца комити беа ранети.
Од српска страна немаше жртви."

Рим, 9 април 1924 год.

Пратеништво на Кралството на СХС


Бр.395

ВЕРБАЛНА НОТА

Повикувајќи се на денешната нота бр. 394, Пратеништвото на Крал-


ството на СХС, по наредба на својата Влада, има чест да го запознае Крал •
ското министерство за надворешни работи со следното соопштение:
"На 19 март околу 7 ч. наутро, еден жандармериски одред вршеше
извидување на планината над селото Русиново. Кога патролата предводена
од десетарот Суља Џаферовиќ се доближуваше кон колибите во месноста
Петлец, таа беше нападната од страна на бугарските комити кои се наоѓаа
во тие колиби. Започна борба која траеше 10 минути. Во текот на борбата
беше убиен жандарот Велија Сулејмановиќ. Комитите, 15 на број, избегаа
во правецот на планината Јака Огражден кон бугарската граница. Наредено
епрогонување."

Рим, 9април 19.24г.


До Кралското министерство за надворешни работи - Рим

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 914, предмет бр.
21; превод од
француски јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИ.ЈА___________ ____________329

141.

Телеграма од италијанското пратеништво во Драч


до Министерството за надворешни работи во Рим од 9 април
1924 година, за бугарската пропаганда и прашањето на Св.
Наум, со прилог

Пратеништво на Мталија во Драч


Итна телеграма бр. 521/87

До Ммнистерството за надворешни работи - Рим

Драч, 9 април 1924 год.

Предмет; Албанија и Југославија. Затворање на границата и праша-


њето на Св. Наум

Во врска со мојата денешна телеграма бр. 64, во прилог ги испраќам


двете копии на нотата на овдешниот министер за надворешни работи од 7
о.м., во врска со чекорите направени во Тирана од страна на белградската
влада за задушување на наводната бугарска пропаганда во Албанија и со
однесувањето на албанската влада во врска со тоа, како и за реперкусии
на толку разгледуваното прашање на Св. Нау^.

Дурацо с.р.

Министерство за надворешни работи на Албанија


Бр. 533/18
До Н.Е. маркиз Дурацо,

вонреден пратеник и ополномоштен претставник

на Н.В. кралот на Италија - Драч

Тирана, 7 април 1924 год.


Господине министер,

Чест ми е В.Е. да ја запознам со следното:

Од пред извесно време, југословенската влада се жали дека Албанија


стана жариште на движење на бугарските комити за навлегување на српска
територија и создавање на немири на истата.

330_____________________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Со цел да ја покаже својата спремност и да даде доказ за добрата


воља, натие поплаки албанската влада одговори со протерување одТирана
на тројца или четворица бугарски комити кои се наоѓаа таму. На желбата
искажана од страна на белградскиот Кабинет, одби да го даде агреманот
за генералниот конзул кој Бугарија сакала да го испрати во Тирана.

Но, југословенската влада и натаму се жали тврдејќи дека бугарските


чети се создаваат во Јужна Албанија, особено на подрачјето на манастирот
Св. Наум кој Амбасадорската конференција веќе и го додели на Албанија.

На такви информации албанската влада веднаш на самото место ис-


прати висок функционер за да ја испита состојбата. Резулатот на испиту-
вањето категорички покажа дека на албанската територија не се наоѓа ниту
еден бугарско македонски комита.

Албанската влада ги даде на белградската сите гаранции дека Ал-


банија никогаш не би го толерирала создавањето на бугарски чети на својата
територија. - И покрај таквите гаранции, српското Министерство за
надворешни работи му изјави на нашиот претставник во Белград дека затоа
што Албанија ја толерира бугарската пропаганда, југословенската влада
реши даја затвори границата на подрачјето на Охридското Езеро и даде на
знаење дека таквата мерка ќе се прошири на целата албанско-српска
граница.

Од друга страна, албанската влада е известена дека југословенската


влада протестирала против концентрирање на албанските трупи и на бу-
гарски чети на границата кај Св. Наум.

Протестирајќи против неоснованите обвинувања, албанската влада


смета дека треба да наговести дека тие обвинувања немаат друга цел освен
да се спречи извршување на одлуката на Амбасадорската конференција во
врска со доделувањето на манастирот Св. Наум на Албанија.
Ќе Ви бидам многу благодарен ако со горе изнесеното ја запознаете
Вашата влада.

Примете ги изразите на моето високо почитување.

Министер за надворешни работи


Илијас Вриони

ИДА МНРИ, папка 721 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 721, предмет бр.
16; превод од
италијански и француски јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_______________________ 331

142.

Телеграма од италијанското пратеништво во Драч


до Министерството за надворешни работи во Рим од 9 април
1924 година, во врска со навлегувањето на "бугарско-
македонските чети" на југословенската територија

Дешифрирана телеграма бр.2309


Кралско пратеништво во Драч

До Министерството за надворешни работи - Рим

Драч, 9 април 1924 год.

ЈУГОСЛОВЕНСКИ МЕРКИ КОН АЛБАНИЈА ЗАРАДИ НАВЛЕГУВАЊЕ


НА ЧЕТИ

64 - Продолжување на мојата телегр. бр. 41. Со циркуларната нота од


7 о.м. до сите странски претставништва во Албанија, одвешната влада ги
известува за повеќекратните чекори направени неодамна во Тирана од
страна најугословенската влада, заради наводните подготовки набугарско-
македонските чети во Албанија. И покрај најдобрата воља на албанската
влада и непостоење на бугарско-македонското движење, владата во
Белград сега реши да ја затвори границата во регионот Охрид-Св. Наум-
Корча, со закана дека мерката ќе се прошири на целата албанско-југосло-
венска граница. Овдешниот министер за надворешни работи нотата ја
завршува со уверување дека сево ова очигледно има за цел спречување на
извршувањето на одлуката за Св, Наум.

Со наредната пошта ќе го испратам текстот на нотата.


Дурацо

ИДА МНРИ, папка 718 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 718, предмет бр.
12; превод од
италијански јазик

332___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

143.

Телеграма од италијанското пратеништво во Драч


до министерот за надворешни работи во Рим од 12 април 1924
година, во врска со божемното концентрирање
на албански чети

Телеграма бр. 667


Кралско пратеништво во Драч

До Н.Е. Б.Мусолини
Министерство за надворешни работи - Рим

Драч, 12 април 1924 год.

67 Кабинет. Тел. на В.Е. Кабинет 259 и во врска со мојата тел. Кабинет


56 и телеграмите 41 и 64

Овдешниот англиски претставник ми кажа дека пред три дена од


Форин Офис добил итни упатства да провери и да извести дали има вистина
во тврдењето содржано во неодамнешната нота упатена од југословенското
Пратеништво во Париз до Амбасадорската конференција, во смисла дека 6
албански батаљони се концентрирани во регионот Корча и Св. Наум и дека
бугарско-македонските комити со албанска помош вршат обемни подготовки
во регионот. Англискиот претставник веднаш категорично ги демантира
таквите тврдења и го искажа своето чудење што таквите измислици можат
да претставуваат предмет на официјална нота упатена до амбасадорската
конференција. Тој сосем се согласува со мене дека пред самото донесување
на одлука од страна на Амбасадорската конференција во врска со Вермош
и Св. Наум, Југославија ја стега Албанија во широка мрежа на типично
балкански сплетки и дека заканата со затворање на границата како и
планираната одбрана од наводните опасности за напад од страна на
Албанците се дел од планот со кој сака Албанија и Амбасадорската
конференција да ја стави пред свршен чин ако одлуките на истата не бидат
поволни за Југославија.

Според мене тоа посредно се потврдува и со терминот од две недели


наведен во телеграмата на која одговарам.
Од друга страна не може да се исклучи дека во моментот кој Југо-
славија ќе го оцени како поволен, би можело дадојде до обиди на вооружени
навлегувања на југословенска територија од албанската граница бидејќи
југословенските агенти од време работат во таа смисла во планинскиот
регион источно од Скадар додека во Корча се обидуваат да поттикнуваат
немири доведувајќи луѓе со задача да предизвикат нереди и да вршат
атентати.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА__________ ________ 333

Во сево ова, Албанците се виновни само затоа што не се свесни за


тешката состојба и што не прават ништо за подобрување на внатрешната
состојба која се уште е многу лоша од политички и од финансиски аспект.

Дурацо

ИДА МНРИ, папка 718 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 718, предмет бр. 2;
превод од
италијански јазик

144.

Телеграма од италијанското пратеништво во Париз


до Министерството за надворешни работи во Рим од 14 април
1924 година, во врска со Св. Наум, со прилози

Кралска амбасада на Италија во Париз


Телеграмабр. 1818/583

До Министерството за надворешни работи - Рим

Париз, 14 април 1924 год.


Предмет: Прашањето на манастирот Св. Наум

Телеграмата бр. 1230 на В.Е. и мојата телеграма бр. 458

Утрово, на Амбасадорската конференција британскиот амбасадор ја


поднесе нотата (прилог 1) во која го изнесува следното:

"Одлуката од 6 декември 1922 год. со која Св. Наум и се доделува на


Албанија е донесена по ислушувањето на мислењето на комисијата за
утврдување на граници од која истото е побарано.

Со таквата одлука, .; мбасадорската конференција си даде за право


да ја утврди границата која нецелосно е утврдена во 1913 год.; искори-
стувајќи го тоа право, истото е потрошено.

Но, ако сега би сакала да ја отповика таквата одлука од причини во


врска со толкувањето на протоколот од 1913 год., Албанија би имала право
повторно да ги стави на дневен ред сите за неа неповолни измени направени
врз границата од 1913 година со протоколот од ноември 1921 год."

Од името на француската влада, г-дин Ларош веднаш одговори дека


одлуката од 6 декември е грешка при толкувањето на протоколот од 1913
год.; затоа, ако Конференцијата во 1922 год. се залажала од таквото
толкување, за неа е подобро таа денес да ја признае сопствената грешка
поништувајќи ја одлуката. Фактички, Србите секако го држат Св. Наум и не
ќе биде можно тие да се принудат да го напуштат.

334___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Заради отвореното остро несогласување, Камбон побара време за


проучување на англискиот меморандум и прашањето е одложено за сед-
ницата на 23 о.м. без јас да морам да побарам одложување.

Со оглед на враќањето на Комисијата за утврдување на границите на


лице место на 1 мај, Конференцијата реши, со посредство на упатства за
редактирањето, дека додека прашањето на Св. Наум не се реши, комисијата
ќе треба да се ограничи на проверка на грчката граница од планината Грамос
до морето и да ја заврши од планината Грамос до тромеѓата (Корчанска
каза).

Ванутели Реј с.р.


П.С.

За секој случај го приложувам и претходното мислење на правниците во


врска со прашањето (прилог 2).

МЕМОРАНДУМ ЗА АМБАСАДОРСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

Британската амбасада има чест да ја информира Амбасадорската


конференција дека доби упатство од главниот државен секретар за над-
ворешни работи при Н.В. да ја даде следната изјава за прашањето на Св.
Наум и албанските граници.

Конференцијата ќе се потсети на тоа дека со резолуцијата од 24


октомври 1923 год. беше решено да се побара од правните советници какво
толкување треба да им се даде на одлуките донесени од Амбасадорската
конференција, одржана во Лондон 1913 год. и на последователната одлука
на Конференцијата одржана во Париз на 9 ноември 1921 год., во врска со
доделувањето на манастирот Св. Наум. На 27 март 1924 год. правните со-
ветници одговорија дека по проучувањето на расположливите документи
сметаат дека Конференцијата од 1913 год. го исклучила манастирот Св.
Наум од Албанија. Бидејќи според одлуката на Конференцијата од 6 де-
кември 1922 год. и според формалното известување до владите на СХС и
Албанија на 23 декември 1922 год., Св. Наум и беше доделен на Албанија,
правните советници сметаа дека мора да го насочат вниманието на Конфе-
ренцијата на тешката ситуација што може да произлезе од измената на
одлуката и на известувањето од декември 1922 год.

Во врска со ставот поттикнат од мислењето на правните советници


од 27 март 1924 год., британската амбасада доби упатства да ги направи
следните забелешки:

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_________ ______ 335

1.Дури од мислењето на правните советници од 27 март 1924 год. е


јасно дека точната намера на Амбасадорската конференција од 1913 година
е се уште отворена за сомневање.

2. Сите комесари за границата ја известија Конференцијата во август


1922 год. дека локалните причини одат во полза на вклучување на Св. Наум
воАлбанија.

3. Одлуката на Амбасадорската конференција од декември 1922 год.,


како што беше истакнато од правните советници на 27 март 1924 год., е
совршено јасна. Уште повеќе, таа им беше соопштена на заинтересираните
влади како конечна одлука.

4. Доколку Конференцијата прифати дека со одлуката од 1913 год. треба


повторно да се разгледува не само едногласната одлука на Комисијата за
границата и мислењето на правниот советник туку и формалната одлука на
самата Конференција, албанската Влада ќе биде во можност да одговори
дека, доколку одлуката од 1913 год. мора во секој случај да има предност
пред одлуките на сегашната Амбасадорска конференција, тогаш овие точки
исто така треба да бидат повторно разгледани од сегашната Конференција,
во делот во врска со промената на границата во 1913 год. на штета на
Албанија.

5. Ниту Албанија, ниту СХС не можат да и го оспорат правото на Ам-


басадорската конференција да ја утврди оваа граница од аспект на
прифатливоста за двете држави на резолуцијата усвоена од Собранието
на Лигата на народите во врска со Албанија, на 2 септември 1921 год.

6. Правото доделено на големите сојузнички и здружени сили со резо-


луцијата на Собранието на Лигата од септември 1921 год. беше право да се
утврди границата еднаш и засекогаш. Правото беше искористено и исцрпено
со конечното доделување на Св. Наум на Албанија во декември 1922 год.
Тоа доделување, како што соопштија големите сојузнички сили, беше
направено од причина што одлуката на Конференцијата од ноември 1921
год. го остави прашањето нерешено и одложено. Бидејќи еднаш беше
искористено правото на доделување, ниту Конференцијата на амбасадорите,
ниту големите сојузнички сили немаат право повторно да го искористат.

7. Во тие околности владата на Н.В. не може да се согласи со каква


било измена на одлуката на Конференцијата од декември 1922 год. и неј-
зиното мислење е дека албанската влада, исто како и Комисијата за
границата, треба веднаш да забележат дека таа одлука се уште важи.

Британската амбасада верува дека Конференцијата ќе го дели истото


мислење.

336 ___ ___ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Во поглед на точките 1, 2, 3 и 6, во меморандумот на Генералниот


секретаријат од 1 април, британската амбасада предлага да се поддржи и
одлуката на Комисијата за границата и да се донесат неопходните упатства
од страна на Географскиот комитет.

БРИТАНСКА АМБАСАДА

Париз
14 алрил 1924год.

БЕЛЕШКА
НА РЕДАКЦИСКИОТ ОДБОР ВО ВРСКА СО МАНАСТИРОТ СВ. НАУМ

1. Одлуките на Амбасадорската конференција во Лондон од 1913 год-


треба во случај на двоумење да се толкуваат според тоа што во момектов
може да се знае за преговорите одржани во текот на конференцијата и за
кои - колку што знае Одборот за редакција - не постои каков да е ЗЗПУСНИК.

2. Единствените документи на кои можеме да се повикаме се депешкте


од времето на Конференцијата во 1913 год. испратени од членовите на
конференцијата. Се чини дека од нив произлегува дека првобитниот
италијански предлог од 13 март 1913 го исклучи Св. Наум одАлбанија, дека
во врска со тоа, предлогот беше предмет на австриско-италијанскиот
договор, дека впрочем од м. март до м. август 1913 (датум на завршниот
протокол), лондонските преговори имаа за цел намалување на територијата
на Албанија, - дека не постои каква да е трага дека албанската територија
се проширила надвор од границите предвидени во март 1913 год., пред се
што се однесува на вклучувањето на манастирот Св. Наум кој не бил - како
што се вели погоре - изречно исклучен - дека на крајот, завршниот протокол
од август 1913 год. изречно наведува декајужно и југоисточно, границите
на оперативната територија на Комисијата за утврдување на границите ќе
се протегаат до линијата предложена од Австрија и Италија.

ИДА МНРИ, папка 721 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 721, предмет бр.
10; превод од
италијански, француски и англиски јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________337

145.
Вербална нота на Пратеништвото на Албанија во Ридл
до Министерството за надворешни работи во Рим од 14 април
1924година, во врска со Св. Наум

Пратеништво на Албанија
Бр. А. 4.255/2

До Министерството за надворешни работи на Италија - Рим


ВЕРБАЛНА НОТА

Пратеништвото на Албанија има чест од името на својата влада да го


запознае почитуваното Министерство за надворешни работи на Италија со
следното:

Албанската влада воопшто нема намера со сила до го заземе Св. Наум


и затоа не спроведе какво да е концентрирање на чети. Наводите на Владата
на Србите, Хрватите и Словенците во врска со тоа се целосно неосновани.
Албанската влада ја очекува одлуката на Амбасадорската конференција
со целосна доверба дека таа нема да ја поништи својата претходно донесена
одлука.

Од пред извесно време, југословенската влада се жалеше дека


Албанија станала жариште на движењето на бугарските комити кои би
сакале да навлегуваат на српска територија и таму да создаваат нереди.
Со единствена цел да ја покаже својата спремност и доказ на добра воља,
натаквите поплаки албанскатѕ влада одговори со протерување одТирањ-а,
на тројца или четворица бугарски државјани кои се наоѓаа таму. На жалбата
искажана од Југославија, не дадовме агреман за генералниот конзул кој
Бугарија сакаше да го испрати во Тирана. Но, југословенската влада и натаму
се жали тврдејќи дека во Јужна Албакија а особено на подрачјето на Св.
Иаум кој Амбасадорската конференција веќе го додели иа Албанија се
формираат бугарски чети. Ние таму веднаш испративме еден висок
функционер за да изврши испитување кое категорички покажа дека на
албанската територија не се наоѓа ниту еден бугарско македонски комита.
,Ча белградската ѕлада и гарантиравме дека Албанија никогаш нема да го
толерира создавањето на бугарски чети на своја термторија. И покрај тие
уверувања, југословенското Министерство за надворешни работи му изјави
на нашиот претставник во Белфад дека затоа што Албанија ја толерирала
бугарската пропаганда на својата територија, југословенската влада реши

338__________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛ01У1АТСКИ

да ја затвори границата на подрачјето на Охридското Езеро и даде на знаење


дека мерката ќе биде проширена на целата граница. Од друга страна сме
известени дека белградската влада протестирала против концентрирање
на албанските трупи и на бугарските чети на границата кај Св. Наум. Проте-
стирајќи против апсолутно неоснованите обвинувања, должни сме да из-
вестиме дека тие немаат друга цел освен да го спречат извршувањето на
одлуката на Амбасадорската конференција во врска со Св. Наум.

Рим, 14 април 1924 год.

ИДА МНРИ, папка 721 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 721, предмет бр.
13; превод од
француски јазик

146.

Телеграма од италијанското пратеништво во Париз


до Министерството за надворешни работи во Рим од 19 април
1924 година, во врска со Св. Наум, со прилог

Кралска амбасада на Италија


Препорачана телеграма бр. 2006/611

До Министерството за надворешни работи - Рим

Париз, 19 април 1924 год.

Предмет: Прашањето на манастирот Св. Наум

Мојата телеграма бр. 1818/583.

Чест ми е на В.Е. да го испратам примерокот на францускиот одговор


на британската нота од 14 о.м. во врска со доделувањето на манастирот
Св. Наум.

Ванутели Реј с.р.

16 април 1924 год.

БЕЛЕШКА НА ФРАНЦУСКОТО ПРАТЕНИШТВО


Прашањето на Св. Наум

Француската влада се запозна со Меморандумот поднесен на 14 април


1924 год. до Амбасадорската конференција од страна на британската
амбасада во врска со доделувањето на манастирот Св. Наум. По внимател-
ното проучување на Меморандумот и наспроти желбата искажана во него

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА__________________________________________339

да се сложи со британската влада, француската влада - од правни причини


и од фактичката состојба - смета дека не може да се приклучи кон за-
клучоците содржани во меморандумот.
Британската влада истакнува:

1) дека намерите на Лондонската конференција од 1913 год. оставаат


место за двоумење;

2) дека Комисијата за утврдување на граници едногласно го препорача


доделувањето на Св. Наум на Албанија заради согледувања од локален
карактер;

3) дека одлуката донесена во м. декември 1922 год., согласно таквата


препорака, од страна на Амбасадорската конференција е сосем јасна и таа
им е соопштена на заинтересираните влади како конечна;

4) дека, ако Конференцијата се наврати на својата одлука и смета


дека одлуката од 1913 год. треба во секој случај да преовладее над одлуките
донесени од страна на Амбасадорската конференција, би можеле да се
преиспитаат и одлуките донесени во врска со точките каде што границата
од 1913 год. беше изменета на штета на Албанија;

5) дека ниту Албанија ниту Српско-хрватско-словенечката држава


не се создадени за да го оспоруваат правото на Конференцијата да ја
одредат границата бидејќи тие две влади ја прифатија одлуката донесена
на 2 септември 1921 год. од страна на Собранието на Друштвото на народите
во врска со Албанија;

6) дека Собранието на Друштвото на народите во 1921 год. на главните


сојузнички и здружени сили им даде право еднаш за секогаш да ја утврдат
границата; не стана збор за повремено ревидирање на таа граница. Сојуз-
ниците го искористија нивното право и со тоа го потрошија, дефинитивно
доделувајќи го Св. Наум на Албанија на 6 декември 1922 год.; затоа тие
веќе немаат право тоа да го прават повторно.

На разните точки од наведената аргументација, француското прате-


ништво смета дека треба да одговори на следен начин:

1) Во мислењето на Одборот за редакција воопшто не стои дека постои


двоумење кај намерите на Конференцијата од 1922 год. Напротив, во вториот
параграф од ова Мислење се констатира дека "не постои трага дека
албанската територија е проширена вон границите предвидени во март 1913
год., така што ќе го вклучува манастирот Св. Наум кој е изричито изземен."

2) и 3) Точно е дека заради согледувањата на локално ниво, сојуз-


ничките комесари во Комисијата заутврдување на границите го препорачаа

340 __ _____________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

доделувањето на Св. Наум на Албанија и дека Конференцијата на 6 декември


1922 год. прифати одлука во таа смисла. Но, таквата одлука е донесена
врз основа на извештајот на Географскиот технички одбор тврдејќи дека
"Лондонскиот протокол не е доволно експлицитен за да се донесе одлука
за доделувањето".

Во случај на двоумење навистина беше дозволено де се земаат во


предвид согледувања од етнички и економски вид; но, ако новото проучу-
вање на документите од 1913 год. покаже дека во 1913 год. сојузничките
сили имаа намера Св. Наум да им го доделат на Србија, смислата на пра-
шањето се менува и етничките и економските причини врз кои се базираше
одлуката од 6 декември 1922 год. не би можеле да преовладеат. Без сом-
нение, параграфот 4 од одлуката од 9 ноември 1921 год. ја предвидува мож-
носта за евентуални поправки на лондонските граници, на предлог на Ко-
мисијата за утврдување на границите; затоа таа граница требаше да биде
претходно утврдена но до тоа не дојде кога Конференцијата на 6 декември
1922 год. ја донесе својата одлука. Што се однесува до француското
пратеништво, тоа без сомнение не би се приклучило кон таквата одлука
ако би било свесна дека таа содржи измена на Лондонскиот протокол. Без
сомнение, намерата на Конференцијата беше ограничување на измените на
Протоколот на четирите точки најавени на 9 ноември 1921 година; за да се
уверите во тоа, доволно е да се повикаме на изјавата дадена тогаш од страна
на амбасадорот на Италија.

4) Ниту Албанија ниту Српско-хрватско-словенечката држава нема


да ја критикуваат одлуката, без оглед каква да е таа, донесена од страна
на конференцијата но тоа на сојузниците не им дава право да отстапат од
одлуката донесена на 9 ноември 1921 год., соопштена само на двете
заинтереисрани влади.

5) Британската влада смета дека главните сојузнички сили го


потрошиле нивното право да ја одредуваат границата со одлуката донесена
на 6 декември 1922 год. доделувајќи го Св. Наум на Албанија.

Француското пратеништво не би можело да го дели тоа видување.


Правото на Силите беше остварено со одлуката од 9 ноември 1921 год. која
изречно се однесува на протоколот од 1913 година; натамошните одлуки
на Конференцијата претставуваа само нејзина примена и ако тие лошо ја
протолкуваа Повелбата од 9 ноември 1921 год., не значи дека таа треба да
се менува. Со донесување на нова одлука по прашањето на Св. Наум,
Амбасадорската конференција, спротивна на мислењето искажано од
владата на Н.британско В. само би го потврдиле правото кое силите го
користеле и на кое не би требале да се навраќат.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_________________ _________________341

Конференцијата впрочем веќе повеќе пати прифати повторно да ги


разгледува одлуките кои сама претходно ги донела; со тоа дури ја призна
евентуалноста на нивното менување. Така Конференцијата ги разгледа
поднесоците на грчката влада против одлуките донесени од истата и од
страна на Комисијата за утврдување на границите; таа не ги прифати, но
врз основа на фактите: ако Силите би ја прифатиле британската теза, тие
само би и одговориле на Грцијадека веќе нема правна основа задонесување
на нова одлука.

Затоа, француското пратеништво и покрај длабокото жалење, не може


да се придружи кон тезата на британската влада. Напротив, тоа смета дека:

1) Силите се овластени да ги ревидираат своите одлуки од 6 декември


1922ГОД.;

2) тие се должни тоа да го направат ако се покаже - како што е во


овој случај - дека на 6 декември 1922 год. тие не беа доволно информирани
за намерите на Конференцијата од 1913 год. На 9 ноември 1921 год., сојуз-
ничките сили сакаа да ги ограничат, на точките наброени во нивната одлука
- измените кои комисијата за утврдување на границите би ги направила во
Лондонскиот протокол. Исклучоци не беа предвидени и каков да е исклучок
во врска со Св. Наум не беше најавен во одлуката од 1921 год., па затоа
сојузницитеседолжни воврсканадоделувањетонаманастиротдајапочи-
туваат намерата на преговарачите од 1913 год. а таа не е спорна.

Согледувањето на фактите води кон исти заклучоци. Британската


влада се возбудува од преседанот до кој би дошло ако Конференцијата би
се навратила на одлуката која претходно самата ја донела. Француското
пратеништво осознава дека е жално навраќање на донесена и соопштена
одлука но прашањето што се поставува пред конференцијата е да се знае
дали е понепријатно за авторитет на силите ако се ревидира одлука која
може да трпи критики од правен аспект или да се изложи на неможноста на
извршување на одлуката која владата на СХС би можела даја прогласи за
незаконска.

Србите го окупираат Св. Наум од 1913 година; тие останаа таму за


време на Големата војна до денот кога австриската инвазија ги протера;

тие повторно го зазедоа веднаш по австриското повлекување и се уште се


наоѓаат таму. Ако толку долгата окупација на Србија не и дава никакво
право, на Конференцијата и наложува да бара повлекување на српските
трупи само со правно неоспорни причини, а тоа не е случај. Ако утре Кон-
ференцијата би ја потврдила сопствената одлука од 6 декември 1922 год. и
ако белградската влада би одбила да се повлече од Св. Наум, силите би се
нашле пред судирот чија сериозност би ја надминала сериозноста на
преседанот КОЈ би создала ревизија на одлуката на Конференцијата.

342___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Од своја страна, француската влада не е подготвена да преземе одго-


ворност за таквиот ризик и согледувајќи ги од една страна горенаведените
правни причини а од друга страна фактичката положба денес, таа останува
на мислењето дека има место за навраќање на одлуката од,6 декември
1922 год. и дека би требало манастирот Св. Наум да и се додели на Српско-
хрватско-словенечката држава.
ИДА МНРИ, папка 721 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 721, предмет бр.
11; превод од
италијански и француски јазик

147.

Вербална нота на Пратеништвото на Кралството на СХС


во Рим до Министерство за надворешни работи во Рим
од 22 април 1924 година, за еден пограничен судир

Пратеништво на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците


П.Н.451

ВЕРБАЛНА НОТА

Пратеништвото на Кралството на СХС, по наредба на својата влада,


има чест да го запознае Кралското министерство за надворешни работи со
следното соопштение:

На 4-ти о. м. во 4 ч. една патрола бугарски комити (20-тина луѓе) ја


премина српско-хрватско-словенечката граница кај Коњачева (општина
Подгора)109 и се упатила кон Петрич. Дојде до судир меѓу комитите и српско-
хрватско-словенечката патрола во кој загина еден комита а останатите беа
принудени да се повлечат кон Беласица.

Рим,22април 1924г.
(печат)

До Кралското министерство за надворешни работи - Рим

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет бр. 5;
превод од
француски јазик
______________
'°9 Веројатно станува збор за грешка. Такви топоними не постојат во регионот.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________343

148.

Писмо од Министерството за колонии до Министерството


за надворешни работи во Рим од 26 април 1924 година,
во врска со Протогеров

Министерство за колонии
Оддел за студии и пропаганда
Бр.9249

До Министерството за надворешни работи -


Генерална дирекција за Европа и Исток - Рим

Рим,26април 1924г.

Предмет: Русија и Македонија

Чест ни е даја препратиме следната вест објавена во цариградскиот


"Vaquit" на 4 о.м.:

Атина, 1 април (А.Н.) - Од проверени извори разбравме дека водачот


на организациите на бугарските комити полковникот110 ПРОТОГЕРОВ
воспоставил контакт со претставникот на Руските Совети во Виена кој го
увери дека Македонија - штом ќе ја стекне автономијата - ќе се управува
според рускиоит систем. Кога се запраша Москва во врска со тоа, таа ја
даде својата согласност како и 20 милиони франци на ПРОТОГЕРОВ^

За министерот: В. Карл

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 914, предмет бр.
20; превод од
италијански јазик

149.

Телеграма од италијанското пратеништво во Париз


до Министерството за надворешни работи во Рим од 27 мај
1924 година, во врска со прашањето на Св. Наум

Кралска амбасада во Париз


Телеграма бр. 805

До Министерството за надворешни работи - Рим

Париз, 27 мај 1924 год,


618 Телеграма на В.Е. Кабинет 324.

Утре редакцискиот одбор ќе разгледува во кој облик може Амбаса-


дорската конференција да го поднесе прашањето на Св. Наум до Советот
_______________

110 Треба:генералот.
344_______________________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

на Друштвото на народите а тоа поднесување да не може да претставува


признавање на повисока надлежност на Советот одошто на Амбасадорската
конференција. Веројатно ќе се следи преседанот на Горна Шлезија одн. со
оглед на тоа што прашањето на Св. Наум може да доведе до пореметување
на односите помеѓу Југославија и Албанија, се бара мислење на Советот.
Ќе испра-ам телеграма ло средбата на Одборот.

Романо с.р.

ИДА МНРИ, лалка 718 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 718, предмет бр. 3;
превод од
италијански јазик

150.

Белешка на Министерството за надворешни работи од Ригѓ,


од 7 јуни 1924 година, во врска со Св. Наум

ПРАШАЊЕТО НА СВ. НАУМ

Прашањето на доделувањето на манастирот Св. Наум кој се наоѓа на


југословенско-албанската гранична линија на Охридското Езеро (прашањето
на кое - заради почитувањето предмет на кое е стариот манастир од страна
на православното население од регионот - особено значење му придаваат
двете зеглји кои спорат за сувереноста на територијата на самиот манастир)
помина преку следните фази:

1) Лондонскиот протокол од 1913 год. наведува дека територијата


"која се простира од селото Лин до манастирот Св. Наум е составен дел од
Албанија".

2) Додека по војната, манастирот Св. Наум сепак остана под окупација


иајугословенскитетрупи, Албанија на29јуни 1921 год. побара од Друштвото
на народите корекција на границите од Лондокскиот протокол а особено
доделување на манастирот Св. Наум. Со едногласио усвоената одлука од 3
октомври 1921 год,, Собранието на Друштвото на народите даде на знаење
дека и Грција и Југославија ги признаа Сојузничките здружени сили како
надлежен орган за одредување на границите на Албанија и и препорача на
истата веднаш да ја признае одлуката која самите Сили би ја донеле во
врска со нив.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________345
3) На 9 ноември 1921 год., Амбасадорската конференција како за-
стапник на Главните сојузнички и здружени сили, изменувајќи ја делумно
граничнаталинијаодЛондонскиотпротоколод1913год., идаде мандатна
посебната Меѓународна комисија за утврдување на албанските граници, така
што во врска со прашањето, во регионот на Лин на Албанија и беше доделено
селото Лин и на брегот на Охридското Езеро беше обезбедено стопанско
поврзување меѓу Елбасан и Корча.

4) На 6 декември 1922 год., Амбасадорската конференција, толкувајќи


ја попрецизно својата поранешна одлука, Св. Наум го додели на Албанија.

5) Натаквото доделување повеќе пати силно се спротивстави Српско-


хрватско-словенечката влада, во текот на 1923 год., пред Амбасадорската
конференција и непосредно во неа застапените влади.

6) Откога Амбасадорската конференција повеќе пати го разгледа


долгогодишното и трнливото прашање и залудно се обидуваше да постигне
согласност во врска со приемот на југословенските протести, со оглед на
цврсто искажаната намера на Државата СХС во никаков случај да не го
напушти Св. Наум, на крајот донесе одлука - овој пат со целосна согласност
- на седницата на 4 о.м., од Друштвото на народите да побара да го реши
спорот. Амбасадорската конференција, повикувајќи се на одлуката донесена
на 3 октомври 1921 год. од страна на Собранието на Друштвото на народите
и во присуство на опасностите од чл.11 од Пактот кои спорот би ги прет-
ставувал за меѓународните односи, ќе побара од Друштвото на народите
да го даде своето мислење во врска со следното:

а) дали Амбасадорската конферецнија може или не, со својата одлука


од 6 декември 1922 год. (доделувањето на Св. Наум на Албанија) да смета
дека ја завршила својата задача.

б) ако не е така, како може да се реши прашањето на Св. Наум. Амба-


садорската конференција уште од сега се обврзува дека ќе ја прифати пре-
пораката на Друштвото на народите.

Без оглед на тешкотиите предг.звикани од прашањето на Св. Наум,


особено за повеќе духовен и политички одошто територијален интерес кој
му ги припишуваат двете засегнати земји, Амбасадорската конференција
не беше во состојба да донесе каква да е конечна. одлука бидејќи уште од
почетокот на разгледувањето, не можеше да најде компромис меѓу диаме-
трално спротивните француската и англискататеза. Англија постојано тврди
дека со Лондонскиот протокол од 1913 год., Св. Иаум и е доделен на Алба-
нија; Франција пак со не помала упорност тврди дека одлуката од 9 ноември
1921 год. не се однесува на Св. Наум и дека не е вклучена во измените на
Лондонскиот протокол со кој манастирот и е доделен на Србија и дека треба

346_______________________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

да се вратат на одлуката од декември 1922 год. која се судри со тешко


надминливата состојба на југословенска окупација на Св. Наум.

Што се однесува на нас, со потпишувањето на Лондонскиот протокол,


Италија сфати дека Св. Наум и е доделен на Србија. Тоа се случи во 1913
год. и таквото решение беше поволно. Но, откога изчезнаАвстрија, исчезнаа
и причините за таквото наше однесување и се разбира дека до сега итали-
јанскиот претставник во Амбасадорската конферецнија ја поддржувал
албанската теза за која се залага Англија.

Но, со неодамна воспоставените односи меѓу Италија и Југославија


се појави прилика нашата страна да заземе поповолен став кон југосло-
венските претензии, но без да се дојде до отворено противење на Албанија.

И покрај тешкотиите предизвикани од таквата состојба, баронот Ро-


мано дејствуваше претпазливо во таа смисла во рамките на Амбасадор-
ската конференција, така што неговото однесување може соодветно да се
оцени во Белград а да не предизвика премногу силни обвинувања од
албанската страна.

Решението до кое дојде Амбасадорската конференција, спорот да се


префрли на Друштвото на народите, без сомнение ни дава можност да не
се ангажираме премногу во прашањето кое одблиску се однесува на Југо-
славија и многу е значајно за Албанија и особено за јужните провинции кои
сега се борат да стигнат на власт во државата.

Во таква ситуација, одолговлекувањето од наша страна и во секој


случај неангажирањето и следењето на однесувањето на поголемите земји
застапени во Советот на Друштвото на народите можеби е најдобро можно
однесување за да се избегнат пречки во овој деликатен миг на нашата
политичка акција кон двете земји во спорот.

Рим, 7 јуни 1924 год.

ИДА МНРИ, папка 721 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 721, предмет бр.
18; превод од
италијански јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________347

151.

Телеграма од италијанското пратеништво во Драч до


Министерството за надворешни работи во Рим од 17 јуни 1924
година, во врска со признавањето на албанската влада

Дешифрирана телеграма бр....


Кралско пратеништво во Драч
До Министерството за надворешни работи - Рим

Драч, 17 јуни 1924 год.


ПРИЗНАВАЊЕ НА АЛБАНСКАТА ВЛАДА

117. Тел. на В.Е. бр. 202. Вчера имав долг разговор со овдешниот
вршител на работите на Југославија кој исто така телеграфски е известен
од Белград за разговорот на Нинчиќ со нашиот вршител на работите и доби
упатства да биде во тесен контакт со мене. Во врска со некои резерви
искажани од Нинчиќ во врска со новиот став на албанската влада кон Југо-
славија побарав искрено да ми каже дали и на кои сериозни причини за
загриженост мисли. Тој пред се ги спомна околностите дека некои иреденти-
стички елементи од Косовскиот регион, како Хасан-бег Приштина, Бајрам
Цури и други кои во минатото секогаш биле екстремистички агитатори против
Југославија, се појавија во првите редови на неодамнешното движење и би
можеле да извршат притосок врз новата влада против Југославија. Спомна
и извесна толеранција која според него досега се применувала во Албанија
кон бугарско-македонските револуционерни елементи, додавајќи дека
таквата југословенска загриженост ниту може ниту можеше да потекнува
од друго освен од легитимна одбрана и од одржување на мирот во
пограничните подрачја. Во моите разговори со членови на новата влада, на
моето прашање ме уверија дека сакаат кон Југославија да се однесуваат
најкоректно и пријателски. На членовите на новата влада им укажав дека
лојалното почитување на нивниот предлог е потребно за да мже италијанско-
југословенскиот договор за пријателство да продолжи и да функционира
на начин најповолен за виталните интереси на Албанија. Од друга страна,
во Тирана се надеваат дека албанските политички емигранти кои заради
неодамнешните настани повторно заминале во Југославија, мегу кои Ахмед-
бег Зогу, нема да наидат на поддршка од страна на Југославија за свои
сплетки против новата состојба која се создаде во Албанија.

Дурацо

ИДА МНРИ, папка 718 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 718, предмет бр.
13; превод од
италијански јазик

348 __ ___ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

152.

Писмо од Централниот Главен штаб до Кабинетот


на министерот за надворешни работи во Рим од 18 јуни 1924
година, во врска со шверц со оружје

Воено министерство
Централен главен штаб
Оддел за информации
Рим
Бр.2158.А

До Министерството за надворешни работи (Кабинетот на министерот) - Рим


Рим, 18јуни 1924 год.
Предмет: Шверц со оружје за Бугарија

Се соопштуваат следните вести пристигнати од сигурен извор:

Во првите денови од о.м. делумно во Варна а делумно во Бургас, на


Црно Море, се растоварени 1,500.000 (милион и пол) патрони за пиштоли
Парабелум наменети на македонските комити.

Патроните внимателно подготвени во лимени кутии делумно со натпис


"ловечка муниција" и делумно со натпис "патрони за пиштол к.6,35" стигнаа
на дестинација во Македонија со свесно соучество на бугарските владеачки
власти заведувајќи го со фалсификуваниот натпис надзорот на меѓусојуз-
ничките надзорни власти.

Патроните беа утоварени на италијански брод кој доаѓал од Горниот


Јадран.

Во Италија, постапката на купување, плаќање и испраќање ја изврши


Бугаринот извесниот г-дин Семенов, личност со сериозен и угледен изглед,
на околу 40 години кој одлично го познава германскиот и францускиот јазик
и делумно италијанскиот. Плаќањето е извршено со хартии од вредност
кои гласат на "Сгес1'|1 с1е Ви1дапе" од Софија.

Во Италија г-динот Семенов активно се грижеше за набавка на 100


или 200 лесни митралези од офанзивен вид но не е познат исходот на пре-
говорите.

Се чинеше дека г-динот Семенов е подготвен добро и веднаш да ја


плати стоката и загрижен оружјето да го добие што побргу а во секој случај
тоа "до крајот на јуни" да биде во Варна или Бургас.

Раководител на Одделот за информации


полковник Атилијо Виџевано с.р.

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет бр.
13; превод од
италијански јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА_____________________________ 349

153.
Писмо од Министерството за внатрешни работи од Рим до
Министерството за надворешни работи од 30 јуни 1924 година,
во врска со патувањата на бугарски државјани меѓу
Италија и Албанија

Министерство за внатрешни работи

Генерална дирекција за јавна безбедност

Оддел за општи и доверливи работи

Бр.14481-Р

Одговор на телеграмата 18776/1209 од 11 о.м.

До Министерството за надворешни работи


Оддел Европа и Исток - Рим

Рим,30јуни 1924год.

Предмет: Патувања на Бугари меѓу Италија и Албанија

Во врска со наведената телеграма го пренесуваме писмото на


префектот на Лече:

"Известувам дека од проверките произлегува дека од грчкиот брод


"Антигона" на 20 мај во пристаништето Бриндизи, доаѓајќи од Санти
Кваранта, слегоа Бугарите Тодоров и Рампо Васил.

"Но, се сметадекатие пристигнале во Бриндизи директно од Бугарија


и можеби го продолжуваат патот за Рим.

"Честите патување на Бугари наменети од Бриндизи во Албанија би


можеле да планираат соѓинение дека бугарските комити би можеле во
Албанија да планираат евентуални атентати врз Делегацијата за утврду-
вање на границите или да предизвикаат евентуални немири во Македонија.
"Вечерта на 19 о.м., со бродот "Далмација" од Бриндизи за Саранда се
упатија Бугарите:

1) Сотир Христов, 37 год., од Софија, со уреден бугарски пасош "Т"


бр. 48173-1133 издаден на 8 мај 1924 год. од полициската префектура во
Софија, со виза на албанските власти од Софија од 9-6-1924 год., како и со
италијанската бр. 517 од 29-5-1924 год.

2) Благој Николов, 38 год., со уреден пасош бр. 49306-1309, издаден


на 23-5-1924 год. од полициската префектура во Софија, со виза на албан-
ските власти од Софија од 9 јуни 1924 год. и италијанската бр. 643 од 10-6-
1924год.
350__________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

"Нив во Бриндизи ги пречека наводниот албански државјанин Јордан


Златарев, роден во 1880 год. во Охрид (според името би се рекло дека е
Русин), со албански пасош издаден во Арџирокастро на 20-5-1924 год., кој
се качи на истиот брод "Далмација". Запрашан за познанство со горенаве-
дените Бугари, Златарев изјави дека добил задача од извесниот г-дин Антон
Пиперов кој живее во Рим, ул. дела Вите 3, чија адресаја чуваше во џебот,
за да ги придружува во Албанија каде што наводно одат по работа.

"Другиот Бугарин Тодоров Крстан, другар на првите двајца, порано уапсен и


ослободен заради недозволено носење на револвер, се уште се наоѓа во
Бриндизи, во очекување да замине за Валона заедно со еден друг Бугарин,
Тошо Митров, 30 годишен, од Софија, со пасошот на полициската префектура
од Софија издсден на 23-5-1924 год., со виза бр. 70 на албанската делегација
од Софија од 9-6-1924 год. и на италијанската делегација во Софија од 10-
6-1924год.,бр.645.

"Вечерта на 20-ти замина од Бриндизи за Рим бугаринот Јордан


Христов, 31 година, висок, смеѓ, облечен во темно, со лесно повредена десна
нога, можеби наменет кај гореспоменатиот г-дин Антон Пиперов за кој се
смета дека е водач на не јасно дефинираното движење на Бугарите.

"Со оглед на фреквенцијата на транзитот од пристаништето Бриндизи


за Албанија. на лица со уредни бугарски пасоши од не сосем јасни причини,
го молам Министерството да разгледа дали и на какви рестриктивни мерки
може да подлежи самиот транзит."

Во врска со последниот дел на писмото на префектот на Лече,


Министерството ќе оцени дали треба да се дадат упатства на надлежните
Претставништва за да одбијат да издадат виза, освен од оправдани причини
кои ќе се оценуваат случај по случај, на бугарските државјани кои сакаат
да заминат за Италија.

За министерот,
Кристо Манка с.р.

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА__________________________________________351

154.

Писмо од Министерството за внатрешни работи од Рим


до Министерството за надворешни работи во Рим од 1 јули
1924 година, во врска со патувањата на бугарски државјани
меѓу Италија и Албанија

Министерство за внатрешни работи


Генерална дирекција за јавна безбедност
Оддел за општи и доверливи работи
Бр.-14952-Р

До Министерството за надворешни работи


Оддел Европа и Исток - Рим

Рим, 1 јули 1924 год.

Предмет: Патувања на Бугари меѓу Италија и Албанија

Во врска со фонограмата бр. 478 на Министерството од 24 јуни о.г. и


нотата бр. 14481 од 30 јуни го пренесувам извештајот од 28 јуни на потпре-
фектот на Бриндизи:

"На 20 мај о.г., преку ова пристаниште од Санти Кваранта на пат за


Виена поминаа Бугарите Теодоров Петров и Рампо Васил, дојдени со грчкиот
брод Антигона. На 19 о.м., во Бриндизи беше забележано присуство на
шесторица Бугари, од кои четворица дојдоа со бродот "Прага"од Бугарија.
Тие имаа уредни пасоши со транзитни визи за Италија. Но, еден од нив,
како што известив, беше уапсен заради незаконско носење пиштол. За време
на неговото задржување, кај нас се појавија Бугарите 29-годишниот Петар
Димитров од Софија и 31-годишниот Јордан Христов, и тој од Софија, и
настојуваа да го ослободиме уапсениот Крстан кој, како револуционер,
требаше да изврши една задача во Македонија во полза на Бугарија и на
штета на Србија, така што Италија не треба да има причини за загрижување.
За ова доверлива исповест го известивме Министерството со телеграмата
бр.3173од20о.м.Двајцата горе наведени Бугари на20о.м. повторно заминаа
за Рим и без сомнение биле наменети кај г-динот Антон Пиперов кој таму
живее во ул. дела Вите бр. 3, кој треба да биде душа на движењето кое би
требало да се одвива помеѓу Софија, Виена и Рим. Во меѓувреме на 19 о.м.,
спротивно на првите тврдења, тие истата вечер повторно заминаа за

352______________ ______________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Саранда со бродот Далмација двајца од четворицата Бугари пристигнати во


Бриндизи на 19-ти наутро и тоа: извесниот Сотир Христов, 29 години, од
Софија и извесниот Благој Николов од Софија, 38 години и пристанишниот
Оддел на јавна безбедност за тоа без сомнение го извести нашиот конзул
во Саранда. Но, во последен момент беше забележано присуство на
Албанецот (?) Иван111 Златарев, носител на пасошот издаден во Арџиро-
кастро на 20/5/1924, кој исто така се качи на истиот брод, заедно со двајцата
гореспоменатите Бугари. Запрашан, Златарев не малку збунет, потврди дека
г-динот Пиперов кој живее таму, го задолжил дека ако (?) ги сретне тие
Бугари, треба да ги придружува. Сношти, потоа, заминаа за Саранда со
бродот Грац Бугарите Тодоров Крстан (упасен на 12-ти о.м.) и другарот Тошо
Митров, 30 год., од Софија. И за нив е јавено во С. Кваранта. Крстан сменил
еден чек бр. 354721/25503 за 3.000 лири, издаден од Банката на Италија во
Бугарија на 11/6/1924 год. за миланската Комерцијална банка. Кај нас постојат
и податоците од седумте пасоши со кои расополагаа Бугарите и Албанецот.

Нема да пропуштам да известам за евентуалното поминување на други


Бугари кои, впрочем, очигледно покажуваат дека не сакаат да се качат на
грчки бродови туку повеќе ги сакаат италијанските.""

За министерот
Кристо Манка с.р.

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-1930); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

155.

Телеграма од Министерството за внатрешни работи од Рим


до Министерството за надворешни работи во Рим од 4 август
1924 година, со податоци за Антон Пиперов

Министерство за внатрешни работи

Бр.18360-Р

Одговор на: 202204/72 од 7.7.1924 г.

До Министерството за надореијки работи


Оддел Европа и Исток - Рим

Рим, 4 август 1924 год.

Во врска со наведената телеграма се пренесува следното писмо на


шефот на римската полииија:
____________

111 Треба: Јордан.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА ___ 353

"Веќе подолго време, нашатаслужба го надгледува познатиот бугар-


ски државјанин Антон Пиперов, таткотз Нено и мајката Марија Попов, роден
на 6 август 1868 год. во Павел Гања и кој овде живее на ул. Велетри 50/10.

Тој многу години се наоѓа во Кралството, секогаш се занимавал со


трговија и имал и се уште има претставиичко биро за извоз на стски на ул,
дела Вите бр. 3

Тој е во тесни врски со бугарското Пратеништво и добро познат во


трговските кругови на овој град.

Во канцелариите на ул. дела Вите, Пиперов секогаш ги поимал со-


народниците, а често му доаѓа на посета аташето на Пратеништвото г-динот
Михајлов и, како што се чини, својата активност исклучиво ја користи во
полза на своите приватни интереси.

Во јуни о.г. овде навистина пристигна извесниот Јордан Христов, за кој се


зборува во сронограмата бр. 10835 од 20 јуни и во нотата бр. 14481 на
Министерството. Веднаш по пристигнувањето, тој се смести во хотелот Вик-
торија на ул. Сардења, и се пријави како дописник на весниц^те "Независна
Македонија" и "Илинден" од Софија. На 28 о.м. го посети Пиперов. Потоа
замина за Албанија преку Бари и овде повторно се врати на 15 јули а десри-
нитивно и го напушти градов на 19 нареден месец, според неговото кажу-
вање, за да се врати во Бугарија. Ништо релевантно не можеше да се утврди
за наведениот странец.

ИДА МНРИ, папка315 (Бугарија 1919-1930); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

156.

Телегракда од италијанското пратеништво во Софија

до Министерството за надворешни работи во Рим од 8 август


1924 година, во врска со македонското движење

Кралско пратеништво на Италија


Телегрг^а бр. 1197/293

ДОВЕРЛИВО

До Министерството за надворешни работи - Рим (ЕЛ.4)

Софија, 8 август 1924 год.

Македонско движење

Се повикувам на мојата телеграма бр. 141 од 5 о.м.


Објавувањето на наводниот Манифест на македонската револуцио-
нерна организација во бр. 1 од списанието "Federation Balkanique" од Виена,

354__________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

во кој се објавува отворена борба против актуалната бугарска влада овде


предизвика извесна врева кога бргу пристигна демантот потпишан од самиот
водач на организацијата Тодор Александров.....

Објавувањето во виенското списание ја потврди гласината од некои


политички кругови од Софија, за договор остварен меѓу споменатата маке-
донска организација и болшевичката пропаганда непријателски настроена
спрема владата на г-дин Цанков. И покрај демантот, некои мои колеги и
натаму веруваат во реалноста на договорите постигнати меѓу Македонците
и болшевиците, истакнувајќи пред се дека во демантот се признава дека
револуционерната организација прифаќа помош и поддршка од која да е
партија и од која да е страна и не е исклучено да ги добива и од болшевичка
Русија.

Според мои информации не недостасуваа обиди во таа смисла и тоа


можеби го објаснува потеклото на таа гласина. Болшевичкиот емисар,
извесниот Димитар Пенчев112 наводно давал предлози на Петер Шантев113,
еден од тројца водачи на организацијата но обидот не дал никаков резултат.

Но, сепак не е толку неверојатно, во интензивна кампања на бол-


шевичката пропаганда на целиот Балкан, таа да се обидела да ги придобие
и македонците истакнувајќи го предсе ласкањето задоделување на големи
парични средства. Исто така може да биде веројатно револуционерната
организација да примила извесни суми, како што впрочем наговестуваат
последните реченици на демантот. Но, треба да се имаат на ум врските на
овдешната влада со Македонците кои уште од почеток претставувале
нејзина главна поддршка. Г-динот Цанков никогаш не се решил да ја измени
својата политика наклонета на Македонците, дури ни под најсилни притисоци
од страна на Југославија и ниту еден сериозен нов елемент може да
претпостави дека тој се оддалечил од таквото однесување.

Ринелас.р.

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет ЗКа;
превод од
италијански јазик
____________

112 Се мисли на Димитар Влахов.

113 Се мисли на Петар Чаулев.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________355

157.

Телеграма од италијанската амбасада во Софија


до Министерството за надворешни работи во Рим од 19 август
1924 година, за истрагата на Мешовитата комисија

Телеграма бр. 5016


Кралска амбасада во Софија
До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 19 август 1924 год.

БУГАРСКИ КОЛЕЖИ ВО ГРЦИЈА


157 - Мојата телеграма бр. 139. Истрагата на Мешовитата комисија
заклучува деке се работи за колеж на Бугари од страна на грчките војници
и тоа без оправдување или предизвик. Ја истакнува одговорноста на локал-
ните власти за свирепоста и ... однесување. Го констатира теророт врз бу-
гарското малцинство и ги зема на знаење уверувањата на грчката влада
дека виновниците ќе бидат строго казнети. Овдешната влада пак забе-
лежува дека не е уапсен ниту еден од одговорните наведен од Комисијата
и смета дека теророт се врши за да се принуди бугарското население да ја
напушти територијата. Се предлага испраќање на Мешовитата комисија за
да констатира како мирно живеат грците во Бугарија, спротивно обвину-
вањата на грчката влада.

Ринела

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет бр.
ЗМ; превод од
италијански јазик

158.

Писмо од Министерството за внатрешни работи од Рим


до Министерството за надворешни работи во Рим од 20 август
1924 година, во врска со патувањата на бугарски државјани

Министерство за внатрешни работи


Генерална дирекција за јавна безбедност
Оддел за општи и доверливи работи
Бр.20256-Р

До Министерството за надворешни работи


Европа и Исток - Оддел 6

Рим, 20 август 1924 год.

Предмет: Патувања на Бугари меѓу Италија и Албанија

Во врска со телеграмата бр. 18360 од 4 август о.г., за запознавање ви


ја соопштуваме следната нота на управникот на римската полиција:

356_____ ___ ____ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ


"Продлабочувајќи ги непосредните иследувања чија цел беше утвр-
дување на присуството во главниот град на познатите бугарски државјани,
нашата служба можеше во градов да го пронајде Македонецот Митков Тошо,
таткото Митко и мајката Елена Јанева, роден во Кладораби на 10/2/1889,
кој изнајмил стан во ул. Палестро 3/15. И од резултатите на оваа служба
треба да се потврди дека тој им припаѓа на познатите македонски комити и
дека во овој град е во тесна врска со извесниот Антон Пиперов и со Пра-
теништвотс на Бугарија.

Но, се чини дека албанските власти го одбиле во Саранда, заедно со


Христо Тодоров наводно повторно заминал во Македонија преку Австрија
од каде наводно штотуку влегол во Кралството.

Наредив, за наведениот странец да се врши соодветен надзор и за


секоја итна работа веднаш ќе го известам вашето Министерство, известу-
вајќи и за неговото заминување од Рим."

За Министерот: Кристо Манка с.р.

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

159.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија


до Министерството за надворешни работи во Рим од 22 август
1924 година, во врска со македонското движење

Кралско пргтеништво во Софија


Телеграма бр. 1268/318

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 22 август 1924 г.


Предмет: Македонското движење

Деновиве во Софија се одржа вонредниот конгрес на македонските


здруженија на кој се разгледуваше прашањето на емигрантите и на грчко-
бугарскиот договор за иселување. Како што известив во друг извештај,
заради тероризмот (кој го констатира меѓународната комисија) во Западна
Тракија бугарското население масовно бега од тие подрачја и се засолнува
во Бугарија создавајќи големи непријатности и грижи на овдешната влада.
На конгресот се усвоени три резолуции:

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________357

1. Резолуцијата која треба да се испрати до Друштвото на народите и


до Големите сили, како протест против повреда на италијанско-грчкиот
договор кој предвидува доброволно иселување додека егзодусот на бугар-
ското население од Тракија е предизвикан од стравот од грчкиот тероризам.
се бара поништување на договорот и реинтеграција на емигрираните и
основање на меѓународен институт за заштита на малцинствата.

2. Резолуцијата која исто така треба да се поднесе до Друштвото на


народите и до Големите сили, со протест против српската асимилатроска
политика на штета на бугарското население од Македонија и со барање на
примената на клавзулите од договорите за малцинства.

3. Резолуција упатена до бугарската влада во која се бараат доволни


средства за помош на бегалците.

Треба да се потсети дека парламентот изгласа доделување на зна-


чајни фондови за масата несреќници но дека состојбата на буџетот не дозво-
лува натамошни жртви во исцрпените бугарски финансии.

Ринелас.р.

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30): ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет бр.
36; превод од
италијански јазик

160.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија до


Министерството за надворешни работи во Рим од 22 август
"1924 година, во врска со инцидентот во Трлис

Кралско пратеништво во Софија


Телеграмабр. 1270/320

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 22 август 1924 г.


Предмет: Бугарија и Грција - Инцидент во Трлис

За дополнување на информациите што Ви ги испратив телеграфски,


во врска со колежот на 17 Бугари во Трлис од страна на грчките војници,
чест ми е да Ви го приложам примерокот на соопштението на овдешната
влада за резултатите на меѓународната истрага која им даде за право на
бутарските аспекти.

Мешовитата грчко-бугарска комисија за иселување (во која членуваа


и двајца претставници на Друштвото на народите), по завршувањето на
358__________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

детална истрага на лице место, ги испрати заклучоците до грчката влада,


заедно со следните барања: отповикување на градоначалникот на Трлис,
преместување на сите офицери и подофицери кои се наоѓаа во Трлис на 26
и 27 јули и тоа независно од кривичните санкции кои ќе ги примени грчкото
правосудство. Исто така е побарано, како мерка на правдина и милосрд-
ност, ослободување на двајца уапсени Бугари и на тие кои сведочеа пред
Комисијата.

Истрагата која јасно го покажува нечовечкиот и нецивилизираниот


начин на кој по настанот се однесуваа месните власти, овдешната влада и
јавното мислење ја прифатија со јасно искажани знаци на задоволство. Сите
бројни софиски весници ја пренесуваат и коментираат истакнувајќи ги
најтешките констатации: масакрот без оправдување или предизвик; сви-
репото однесување на властите; стравот кај бугарското малцинство кој го
тера на масовно и брзо иселување.

Во владеачките кругови пак се смета, согласно важечките договори,


дека иселувањето од Тракија114 треба да биде доброволно и слободно до-
дека тероризмот е средство кој го измислиле Грците за да го принудат миро-
љубивото бугарско население да ја напушти територијата на која има свои
поседи и имоти. Затоа постојаниот прилив на иселеници доаѓа во Бугарија и
бугарската влада ја става во големи неприлики бидејќи заради познатите
финансиски тешкотии не може да му помогне на толкавиот број лица.

Овдешното Министерство за внатрешни работи даде уверение дека


во Бугарија - ако се остават на страна ретките инциденти предизвикани од
крајната раздразнетост на бројните Бугари кои оставајќи ги своите поседи
во Тракија се засолнуваат во Бугарија - не постои систематско и органи-
зирано гонење на Грците. Впрочем, строги наредби им се дадени на пре-
фектите и на полициските власти кои ќе бидат одговорни за секакво
угнетување на Грците. (в. телеграмата на В.Е. бр. 205406 од 11 о.м.).

Се чини дека истрагата фрли светлина на деталите на невидена сви-


репост: комисијата во почетокот беше сместена во куќата на еден од убиј-
ците кој избега веднаш откога беше известен за истото. Труповите биле
соблекувани и еден од грчките војници се појавил пред комисијата со чевлите
на едниот од масакрираните кои ги препозна вдовицата и на крајот одго-
ворниот тоа и го призна.

Бугарската влада ќе бара сатисфакција но тука пред се се сака да


прекинат непријателските чувства додека треба да се заборави минатото
за да се дојде до искреното подобрување на односите меѓу двете земји. Но
се чини дека грчката влада се уште не оди во тој правец. Тука оправдано се
забележува дека - во очекување на подобрување на жалната состојба во
_____________

114 Не само од Тракија туку и од Македонија.


ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________359

Тракија, телеграфската агенција од Атина во странство ја лансира телегра-


мата во која се тврди дека Истражната комисија ќе ги проучи и условите на
грците кои живеат во Бугарија каде што наводно теророт многу се проширил.
Додека се забележува очебијниот обид за диверзија. Во меѓувреме, како
што признава овдешното Министерство за внатрешни работи, забележани
се поединечни случаеви кои ги овозможи оправданото негодување, сите
можат да констатираат дека грците во Бугарија имаат обезбеден мирен
живот и дека се дадени строги наредби за избегнување на непријатни
инциденти. Време е и Атина да започне со поздрава политика која ќе го
гарантира развојот на малцинствата согласно важечките договори.

Ринелас.р.

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет бр.
15; превод од
италијански јазик

161.

Белешка на Министерството за надворешни работи од Рим


од 28 август 1924 година, за дејноста на Косовскиот комитет

ХАСАН-БЕГ ПРИШТИНА

По италијанско-југословенскиот договор "за пријателство", балкан-


ските револуционерни комитети чии погледи пред тоа беа вперени кон
нашата Земја а особено на нејзиниот Дуче без сомнение останаа длабоко
разочарани.

Станувајќи гарант на интегритетот наСрпско-хрватско-словенечката


држава, Италија застана против нивните програми и стремежи. Првин се
зборуваше дури за предавство но потоа, со нашите напори да ги увериме
дека "официјалната" политика е многу поинаква од "природната"која ја
следи душата на италијанскиот народ, тие почнаа повторно да се надеваат.

По таквото наше убедување, во Рим дојдоа водачите на македонскиот,


албанскиот и црногорскиот комитет. И Хрватите го најавија доаѓањето на
еден нивен претставник. Сакаа да формираат еден централен комитет во
Рим или некој друг италијански град, но за жал ние немавме "директиви и
средства" и не можевме да преземеме никаква обврска.

Потоа уследи период на дезориентација за време на кој во некои


револуционерни комитети започна да се појавува силна струја во полза на
договор со Русија.

Патувањето на Радиќ, врските на Чаулев од македонскиот комитет


со болшевистичките агенти, на некои Црногорци, па дури некои унгарски
обиди се доказ дека таквата струја започна да преовладува.

360__________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Се чини дека во струјата влегол и косовскиот албански комитет.


Вршителот на работите на Албанија ме извести дека Хасан-бег Приштина
инсистира албанската влада што побргу да ја признае Советската република

и тој да биде именуван за ополномоштен амбасадор на Албанија при


московската влада.

Како што е познато, Хасан-бег Приштана е претставник во странство


на Косовскиот комитет.

Се разбира дека вршителот на работите ја изрази својата загриженост


заради таквите сплетки на Хасан Приштина и ме праша каков впечаток би
се постигнал во Италија ако актуелната албанска влада ја признае
советската влада.

Се разбира дека јас, кој опасноста за Италија и за "фашизмот" ја


гледам во зацврстувањето на болшевизмот на Балканскиот полуостроз и
во неговиот "забрзан" бд кон другиот јадрански брег, не одговорив поволно.

А што правиме ние што правиме ние за да ја неутраана?

Длабоко сум убеден дека постои само еден начин да се спасиме од


опасноста а тоа е да се насочиме кон "балканска револуција". Но, за жал
гледам дека сме многу далеку од таквата замисла.

Е.И. (Европа-Исток)
Рим, 28 август 1924 год.

ИДА МНРИ, папка 718 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 718, предмет бр.
14; превод од
италијански јазик

162.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија


до Министерството за надворешни работи во Рим од 29 август
1924 година, за дејноста на Балканскиот комитет

Кралско пратеништво во Софија


Бр. 1319/337
До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 29 август 1924 г


Предмет: Лондонскиот Балкански комитет

Меснмот печат ја објавува веста дека Сер Е.Бојл, претседател на


Балканскиот комитет по кус престој во Италија ќе ги посети Црна Гора,
Албанија, Грција, српскиот дел на Македонија и Бугарија, со цел запознавање
на состојбата во регионот.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_______________________________________________361

Треба да потсетам дека на 25 јули, на прославата на споменатиот


Комитет организирана во чест на еден од неговите членови Н.Бекстон,
актуелниот британски министер за земјоделие, самиот Бојл го бранеше
Комитетот од овбвинувањата за пристрасност заради поддршката на
бугарските барања, нагласувајќи дека целта на здружението е придонес
кон мирот и заемно разбирање на балканските народи.

Во врска со симпатиите на лондонскиот Комитет кон Бугарија


своевремено веќе известмв, како и за срдечниот прием на Бекстон за време
на неговото патување во Бугарија во изминатиот септември. Фактот што
Бекстон и некој друг член на Комитетот се во актуелната англиска влада ги
зголеми бугарските надежи и предизвика извесен немир во Белград.

Ринела с.р.

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 914, предмет бр.
42; превод од
италијански јазик

163.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија


до Министерството за надворешни работи во Рим од 29 август
1924 година, за бугарско-југословенски односи

Кралско пратеништво на Италија


Бр. 1320/338

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 29 август 1924 год.


БУГАРИЈА И ЈУГОСЛАВИЈА

Полуофицијалните бугарски весници со жалење истакнуваат дека


некои српски весници даваат голем простор на клеветничките вести од
аграрно-комунистичкото потекло, не само против актуалната влада на Г-
динот Цанков туку во врска со општата политичка состојба на Бугарија. Се
алудира на објавеното во "Трговски Гласник" и "Политика" е се искажува
надеж дека ќе бидат подобро разбрани интересите ма балканските народи
за заедничка одбрана против болшевичката опас ност.

Треба да се забележи дека г-динот Данев, поранешен претседател


на Министерскиот совет и натаму советува умерерност, повторно поддр-
жувајќи ја тезата дека двата словенски народи треба да пронајдат пат за
слога. Македонија не смее да биде причина за несогласувања ако и се додели

362________________________________________________-ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

автономија, но да остане во границите на југословенското Кралство. Тоа


значи дека, според него, на Македонците треба да им се дозволи да се
служат со бугарскиот јазик во црквите и училиштата.

Ринелас.р.

ИДА МНРИ кутија 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 35; превод од


италијански јазик

164.

Промеморија на Министерството за надворешни работи


од Рим од 8 септември 1924 година, во врска со границите
на Албанија

Министерство за надворешни работи


8-9-1924 год.

ПРОМЕМОРИЈА ЗА Н.Е. ПРЕТСЕДАТЕЛ

За дефинирање на долготрајното прашање на границите на Албанија,


како што и е познато на В.Е., постојат три главни точки за кои е потребно
дефинитивно решение:

1 - Манастирот Св. Наум (на јужната албанска граница со Југославија


- секторот Охридско Езеро-Преспанско Езеро)

2 - Долината на Вермош (на северната граница со Југославија)

3 - зоната на Корчанската каза (на границата со Грција).

МАНАСТИРОТ СВ. НАУМ - Прашањето има мало територијално зна-


чење, но и Албанија и Југославија која сега ја држи зоната на која се наоѓа
манастирот, упорно спорат за неговото вклучување во сопствена територија,
пред се од политичко-духовни причини. Светилиштето е предмет на дам-
нешно почитување за населението од српска Македонија, за албанските
православци и за самите муслимани од соседните подрачја. По долги
преговори од Лондонскиот протокол од 1913 год. наваму, прашањето на
доделувањето на Св. Наум се реши со одлуката на Амбасадорската конфе-
ренција на 6 декември 1922 год., толкувајќи го пошироко наведениот
Протокол, со која манастирот и се доделил на Албанија.

Југославија повеќе пати гласно протестираше заради таквата одлука


кај самата Конференција во рамките на која не можеше да се постигне
договор ниту пак компромис во врска со прифаќањето или не на југосло-
венските протести. На самата Конференција се покажаа две сосем спротивни

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_____________________________________________363

тенденции: француската, за поништување на одлуката од 6 декември 1922


год. и толкувањето на Лондонскиот протокол според желбите на Југославија;

италијанско-англиската, за задржување на истата одлука. Меѓутоа, во


последните расправи на Амбасадорската конференција во врска со пред-
метот, Н.Е. барон Романо-Авеѕана од нашето Министерство - по неодам-
нешните склучени договори за соработка, и со особен осврт на Албанија,
меѓу нас и Југославија - добил соодветни упатства. Баронот Романо затоа
на Конференцијата и предложи компромисно решение: доделувајќи ја суве-
реноста над манастирот на Југославија која во овој миг го држи под окупација
и покажува цврста намера да не го напушти, сепак тој би станал верско
средиште, место каде што би можеле слободно да доаѓаат верниците од
словенското и албанското население од околината.

Во секој случај, бидејќи не можеше да се постигне согласност ниту за


такви решение, Конференцијата на крај реши разледувањето на прашањето
да го префрли на Друштвото на народите, барајќи мислење во врска со
нејзината одлука од декември 1922 год. Советот на ДН барањето го префрли
на Постојаниот меѓународен суд кој сега го разгледува прашањето.

ИДА МНРИ, папка 721 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 721, предмет бр.
20; превод од
италијански јазик

165.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија до


Министерството за надворешни работи во Рим од 9 септември
1924 година, за македонското движење, со прилози
Кралско пратеништво во Софија
Бр. 1372/347

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 9 септември 1924 г.


Предмет: Македонското движење

Прочуениот водач на Македонската револуционерна организација Т.


Александров му упати отворено писмо на г. Радиќ, во врска со статијата
која следниот даде да се објави во броевите 2 и 3 од списанието "Балканска
Федерација" од Виена.

364__________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Откога повторно го одрече секаквото сојуизништво со болшевичката


пропаганда и со бугарската влада, тврди дека споменатата организација не
ги следи ничии директиви и дека останува неутрална кон политиката на
Бугарија.

Додава дека органиозацијата навистина сакаше да ги одржува


односите со хрватската селанска партија, убедена дека борбата против
хегемонијата на Белград е во полза на федеративна Југославија треба да
се води со обединети сили на сите елементи незадоволни од дивата и крвава
диктатура на Белград.

На крајот на следен начин го резимира своето гледање во врска со


прашањата кои ги третира г. Радиќ:

1. - Во изјавите од м. август не се споменува односот на организацијата


кон хрватската селанска партија;

2. - Александров никаде не ги истакнал своите врски со Радиќ за да


се спротивстават со советска Русија.

3. - Никогаш не ги претерал или интензивирал со лоша намера


односите на организацијата со хрватската селанска партија;

4. - Бугарската влада не му постави никакво прашање во врска со


неговите односи со советската Русија и со Радиќ;

5. - Августовската изјава (мојата телеграма бр. 293 од 8 август) го


изложува само гледиштето на револуционерната организација и доаѓа од
Централниот комитет;

6. - Македонското движење е единствено и компактно;

7. Сега како и во минатото, Организацијата со симпатија и восхит гледа


на хрватското ослободително движење и мисли дека за укинување на срп-
ската хегемонија и за ослободување на угнетените народности треба да се
координираат напорите на сите народи кои се борат за слобода и неза-
висност, но без странско туторство. Со оглед на тоа, организацијата ќе мора
да жали ако заради злонамерни влијанија врз Македонија и Хрватска, ќе се
успее да се прекинат врските и контактите меѓу македонското и хрватското
ослободително движење а во тоа ќе ужива само заедничкиот непријател.-
Писмото го објавија сите бугарски весници: составено доста вешто, тоа
очигледно одговара на желбата на водачите на организацијата, да се
задржат контактите и сојузништвото помеѓу елементите спротивни на
централизаторската дејност на српската влада.

Ринелас.р.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА____________________________________365

Телеграма бр. 4908


Кралски конзулат во Солун

До Министерството за надворешни работи - Рим

Солун, 13 август 1924 год.

Предмет: Вооружени бугарски чети

23 - Месниот печат секојдневно објавува вести за организирање на


вооружени бугарски чети и за нивна дејност на грчко-српска територија.
Според најнови вести, бугарско македонските селани кои репатрирале
согласно размената на населението се регрутираат во вооружени чети и се
испраќаат на грчка.......по наредба на комитите. Павлов, командантот

Патчов, Тулов и др. се целосно вооружени и имаат рачни бомби и митралези


кои доаѓаат од нивниот центар за снабдување а се наоѓа во Мелимки115.
Истото го соопштив и во Атина.

Сантучи

Телеграма бр. 5192


Кралско пратеништво во Белград

До Министерството за надворешни работи - Рим

Белград, 27 август 1924 год


Предмет: Напад на село од страна на македонски комити

422. - Соопштението на Владата има намера да ги ублажи пристиг-


натите вести во врска со нападот на македонски комити врз селото Лепин
и таквото навлегување да го прикаже како спор на водачите на чети.

Но симптоматичен е фактот дека суверените ноќеваа во кралскиот


воз токму на станицата на селото оддалечено 4 км од местото на судирот.
Настанот сепак покажува дека состојбата во Македонија се уште е мошне
__________________

115 Мелник.

366 ___ ____ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

тешка и дека владата не успева да обезбеди сигурност на подрачјето.


Комитските чети не само што се провлекуваат преку албанската и бугар-
ската граница туку успеваат да се создаваат и во внатрешноста на регионот,
од месни елементи. Тие се добро снабденисо пушки, бомби, митралези и
дејствуваат во придружба со коњаница.

Сола116

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет бр.
Зд; превод од
италијански јазик

166.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија


до Министерството за надворешни работи во Рим од 14 сеп-
тември 1924 година, за убиството на Тодор Александров,
со прилози

Кралско пратеништво во Софија


До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 14 септември 1924 год.


Предмет: Убиства на комунисти и Македонци

174. Вчера се убиени неколку водачи на комунистичката партија и


двајца познати Македонци за кои се сметаше дека се врска меѓу маке-
донската револуционерна организација и болшевичка пропаганда117.

Ринела
Бугарија 1

116 Сола Уго (Неапол 1888 - Рим 1968), во дипломатско-конзуларна служба од


1914
год. во Сан Паоло, Баија, Бело Хориѕонте, Рио де Жанеиро, Белград (1923),
Драч (1925),
Лондон итн.
117 Се однесува на убиствата во Горна Џумаја наводно организирани од владата
на
Александар Цанков, во тесна соработка со Иван Михајлов.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_________________________________________________367

Кралско пратеништво во Софија


До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 15 септември 1924 год.


Предмет: Убиството на Александров

175 - Денес се прошири веста дека Тодор Александров, прочуениот


врховен водач на македонската револуционерна организација е убиен уште
на 31 август, жртва на елементите кои подготвуваа заговор за сојузништво
со болшевиците. Според тоа што доверливо ми е кажано, Александров
минатата година започнал преговори со Москва со посредство на својот
претставник кој е испратен таму но ги прекина кога сфати дека тие сакаат
споменатата организација сосема да ја потчинат на болшевичките цели.
Главните поттикнувачи.се убиени деновиве, за што веќе известив во прет-
ходната телеграма, но извршителот се уште не е фатен. Веста остави голем
впечаток во овдешните политички кругови.

Ринела

—•—

Кралско пратеништво во Софија


До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 18 септември 1924 год.

Предмет: Убиство на Александров

177. Врска: телеграмата бр. 3076 на В.Е.

По курир веќе испратив детален извештај бр. 359.

Утрово голема толпа, преку 30.000 лица, помина по главните улици


на градот во впечатлива тишина, како знак на жалост заради убиството на
Александров.

Ринела

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 914, предмет бр.
47; превод од
италијански јазик
368______________________________________ИТАЛИЈАНСКИ
ДИПЛОМАТСКИ

167.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија


до Министерството за надворешнм работи во Рим од
18 септември 1924 година, во врска со македонското движење

Доверлива телеграма бр. 1413/359


Кралско пратеништво во Софија

До Министерството за надворешни рабвоти - Рим

Софија, 18 септември 1924 год.

Предмет: Македонското движење

Како објаснување на информациите кои телеграфски ги испратив чест


ми е да соопштам некои поединости во врска со крвава борба во македон-
ските кругови која ги влоши и онака тешките услови во таа несреќна земја.

Убиството на врховниот водач на македонската револуционерна


организација Тодор Александров - кој стана легенда меѓу овдешното бал-
канско население заради својата сила, храброст и мистеријата околу
неговата дејност - јасно го покажа длабокиот расцеп меѓу македонците
предизвикан со болшевичката пропаганда.

Од пред извесно време комунистичкиот продор упорно се ширеше во


македонските кругови каде што наидуваше на мошне поволна почва:

незадоволството заради решавањето на проблемот на Македонија, спро-


тивна на познатите побарувања, маките на се поголем број бегалци кои
Бугарија не успева да ги задоволи и покрај значајните суми пари наменети
за нив и кои досега достигнуваа 155 милиони левови. Бројни Македонци,
меѓу кои највлијателните и кои беа меѓу водачите на организацијата, веќе
беа убедени дека бугарската влада, заслабена и обезвластена од војната,
не може да даде ефикасна помош на македонските побарувања додека
значајна поддршка може да се добие од Русија што се однесува до
финансиските средства, оружје и муниција, за подготвување на општ бунт
на Балканот и од кој Македонија би можела да се надева на конечното
остварување на саканата независност. Самиот Т. Александров не вдожел
да одолее на таквиот притисок, ако е точна доверливата информација дека
минатата година е испратен негов емисар во Москва, за поетигнување на
договор. Но во Москва е побарано целосното потчинување на револуцио-
нерната организација не само на наредбите туку и на програмите на Сове-
тите. Се чинеше дека во почеток Т. Александров се потчини и тогаш се
ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА________________________________________________369

појави познатото соопштение објавено во "Балканската федрација"во Виена


која - како што веќе известив - стана центар на болшевичката пропаганда
на Балканот. Но подоцна, или се покаја или пак преовладаа поголемите
притисоци од страна на Бугарија, го смени методот и децидно се изјасни
против договарањето со Москва. Петнаесет дена пред смртта, на г-динот
Неманов118, публицистот кој успеа да го сретне, му изјави: додека сум жив
нема никогаш да дозволам македонската организација да стане инструмент
на странски намери. Но можеби неговите одлуки беа премногу задоцнети
за да го закочат импулсот кој нездравите незапирливи стремежи и луди
надежи го предизвикаа во македонското движење. На пат на состанок,
среде шума, беше убиен од сопствените вооружени придружници.

Петнаесет дена, неговата смрт се држеше во тајност и веста за истата


се рашири преку соопштението на Организацијата и предизвика голема тага
во владините кругови и војавноста. Каква и да е оценката на Т. Александров
и на неговите методи за решавање на македонското прашање, треба да се
признае дека тој и служеше на каузата која ја бранеше со голема сила на
волја и рамнотежа и реално гледање. Можеби токму тоа чувство предупреди
за опасноста од болшевмзмот. За неговото спречување веќе немаше друг
начин од спротивставување, со ризик по сопствен живот. Неговиот трагичен
крај предизвика вистинска вчудоневиденост во политичките кругови и кај
населението. Едногласно, бугарскиот печат признава дека со својата жртва,
тој даде голем придонес за слободата и независноста на Бугарија.

Од вестите кои можев досега да ги приберам произлегува дека во


бугарскиотдел на Македонија веќе се работи на прогласувањето на советска
Република (со центар во Петрич). Тоа покажува до кој степен е стигната
заразата. - Смртта на водачот беше повод за реакции: приврзаниците на
починатиот се зафатија со лов на македонските проболшевички експоненти.
Доста од нив веќе се убиени и серијата на злосторства уште ќе продолжи.
Утрово, во целата Бугарија, трговците најдоа на вратите на своите дуќани
залепено известување: "Затворено заради поменот на Т. Александров". И
сите врати останаа затворени и целата земја е во жалост. Кон 10 ч. непре-
гледна колона на народот - преку 30.000 луѓе - помина по главните улици на
главниот град, во неверојатна тишина: само од време на врме се слушна
понекој литургиски напев.

Во владеачките кругови се вели дека од овие жални настани треба


да се извлече голема поука: заедничка опасност Ја загрозува безбедноста
________________________________

118 Леон Неманов, познат публицист и близок соработник на Министерството


за
надворешни работи на Фраиција. Често контактирал со Тодор Александров и
Иван Михајлов.
Важел за добар познавач на македонскиот проблем и на Балканот по Првата
светска војна.

370__________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

и просперитет не само на балканските туку и на европските народи и итно


се потребни ефикасни решенија за санирање на тлото на кое субверзивната
пропаганда ги засадува своите отровни растенија.

Бугарската влада изјавува дека бдее над одржувањето на внатреш-


ниот ред но бара помош на сите надлежни внатрешни и странски фактори
за тешка борба со материјални, морални и политички средства.

И натаму ќе се интересирам и ќе Ве известувам за ситуацијата.

Ринелас.р.

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет бр.
За; превод од
италијански јазик

168.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија до Мини-


стерството за надворешни работи во Рим од 28 септември
1924 година, во врска со конгресот на Меѓународниот сојуз
на цркви

Кралско пратеништво во Софија


До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 28 септември 1924 год.


Предмет: Конгрес на Меѓународниот сојуз на цркви

184 - Конгресот на "Меѓународниот сојуз на цркви за мир" кој се одржа


деновиве во Синаја имаше реперкусија во Софија. Двајцата англиски
делегати, А.Ремзи и В. Дикинсон пристигнаа во главниот град во кој исто-
времено се најде Сер Е. Бојл, претседател на лондонскиот Балкански
комитет, доаѓајќи одСолун.

Одржан е свечен јавен собир на чело со митрополитот и на кој при-


суствуваа советите на иселениците од Тракија, Македонија и Добруџа.
Резултатите на конференцијата во Синаја во врска со малцинствата
претставуваа главна содржина на одржаните говори.

Средбата заврши со обраќањето на митрополитот кој топло им се


заблагодари на англиските гости за чуствата и дејноста кои тие ја вршат во
полза на мирот.
Ринелас.р.

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 914, предмет бр.
44; превод од
италијански јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА__________________________________________________371

169.

Телеграма од италијанското пратеништво во Белград до


Министерството за надворешни работи во Рим од 2 октомври
1924 година, за положбата во Бугарија

Кралско пратеништво во Белград


До Министерството за надворешни работи - Рим

Белград, 2 октомври 1924 год.

Предмет: Положбата во Бугарија

492 - Во разговорот со Маринковиќ119 се осврнав на положбата во


Бугарија. Тој ми кажа дека во Женева, Калфов120 побара три месеци за време
на кои бугарската влада ќе ја нормализира положбата. Затоа тој чека.
Неодамнешните судири меѓу двете македонски партии според Маринковиќ
ја зацврстија положбата на владата на Цанков.

Во секој случај, југословенската влада е спремна за секој обид во


Македонија и веќе ги вооружила селаните на левиот брег на Вардар за да
можат да пружат првичен отпор при навлегувања и за да соработуваат со
регуларната војска чиј број е зголемен за сметка на нивно намалување на
нашата граница.

Бодреро с.р.

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 191-30); ДАРМ, КС 17, п. 914, предмет бр. 45;
превод од
италијански јазик

170.

Телеграма од италијанското пратеништво во Софија до


Министерството за надворешни работи во Рим од 25 октомври
1924 година, за југословенско-бугарските односи
Кралско пратеништво во Софија

Телеграмабр. 1333

До Министерството за надворешни работи - Рим

Софија, 25 октомври 1924 год.


199 Одговор на телегр. на В.Е. Каб. 465

Министерот за надворешни работи го искажа своето задоволство од


брзото и плодно интересирање на италијанската влада и ме замоли на В.Е.
_______________

19 Војо Маринковиќ, министер за надворешни работи на Кралството на СХС.


120 Христо Калфов, министер за надворешни работи на Бугарија.

372______________________ ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

да и изразам длабока благодарност на бугарската влада која во исто време


им се обрати и на француската и англиската влада, но од Италија пристигна
прва помирувачка акција за санирање на тешката состојба на земјава. Ме
извести за следните поединости: "Досега имало осум обиди за вооружен
напад на емигранти-земјоделци врз границата појужно од местата кои ги
наведе Маринковиќ во дописот до Софија. Пред извесно време, овдешниот
српски претставник и самиот Маринковиќ на бугарските укажувања дека
на српските територии се толерираат револуционерни организации на штета
на Бугарија одговорија дека се сметаат како чети кои се третираат како
македонските во Бугарија. Постојат и докази дека земјоделските водачи,
поранешни министри со Стамболиски се примаат во Министерството за
надворешни работи во Белград. Тие се поврзани со полицијата и организираа
Постојан револуционерен комитет против Бугарија со очевидна соработка
најугословенската влада. Затоа е јасна намерата емигрантите да се користат
како притисок против македонската организација која е тајна и вон секаква
владина надлежност. Но прашањето на Македонија е вообичаен незначи-
телен претекст додека Југославија, загрижена заради тешката внатрешна
криза не може да го поднесе обновувањето на Бугарија" За настаните на
границата бугарската влада поднесе вербална нота до српската.

Ринела

ИДА МНРИ, папка 718 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 718, предмет бр. 5;
превод од
италијански јазик

171.

Телеграма од италијанското пратеништво во Белград до


Министерството за надворешни работи во Рим од 26 ноември
1924 год, за југословенско-албанските односи

Кралско пратеништво во Белград


Телеграмабр. 1410

До Министерството за надворешни работи - Рим

Белград, 26 ноември 1924 год.

570 Стр. дов. Моја телеграма бр. 559 и мојот извештај бр. 528 од 10
октомври о. г.

Оддалечувањето на Ахмет-бег Зогу од Белград повеќе од доказ за


изменетиот став на овдешната влада кон акцијата која приврзаниците на
поранешниот претседател ја подготвуваат на штета на новиот поредок во

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА____________________________________________373

Албанија, ми се чинеше алиби за кој овдешниот Главен штаб сметаше дека


треба да се подготви за да биде помалку компромитиран кога планираниот
удар ќе се оствари.

И во врска со документацијата испратена од В.Е. со телеграмата бр.


177 од 18 о.м. сметав дека треба повторно да се обрне внимание на владата
на СХС за тоа што се подготвува, истакнувајќи дека какво да е учество и
согласност со сплетките на приврзаниците на Ахмет-бег Зогу од наша страна
ќе се смета за повреда на формулата за невмешување во внатрешните
работи на Албанија која истата ги договори со мене во изминатиот јуни.
Додадов дека В.Е. не се смета за заштитник на таа или онаа албанска влада
но дека без сомнение В.Е. не може да дозволи вештачки создадените
движења во таа земја да предизвикаат нови грижи и го загрозат мирот на
Балканот, дека авторитетот кој во Европа го стекна политиката на В.Е. се
должи токму на искрената желба за мир за која сведочи редица договори
ветени од страна на В.Е.

Нинчиќ ми одговори дека и неговата влада е цврсто решена да не


подржува каков да е непријателски акт против Албанија. Призна дека
владата на СХС им помага на приврзаниците на Ахмет-бег Зогу, но забе-
лежува дека Југославија секогаш го правела тоа за сите политички бегалци
од соседните земји. Исто така призна дека наведените емигранти се
концентрирани во јадра до границата, истакнувајќи дека и Албанија го прави
истото со таму избеганите Црногорци на кои им се дава оружје и кои прет-
ставуваат причина за бројните судири на границата. Пото додаде дека не
верува во вооружен обид на чети дојдени од територијата на СХС и заради
заладувањето. Му одговорив дека сум известен дека до таквиот обид ќе
дојде во голем стил за време на албанските избори кон средината на март.

Од мене побара некои прецизни податоци во врска со соработката


која овдешниот Главен штаб наводно ја има со подготовките на емигрантите
но се воздржав да му ги дадам. Тој ми вети дека ќе поведе соодветна истрага,
предвидувајќи сериозен ризик за одговорните органи.

На крајот ми кажа дека располага со доказите кога владата на Фан


Ноли склучила договор со московската влада и дека со болшевичките пари
се финансираат антисрпски расположените племиња кои со посредство на
Косовскиот комитет се држат во живот во Македонија. Наводно станува
збор за планот за обиколување на Југославија кој московската влада се
обидува да го оствари на поттик на Радиќ, да предизвика нереди на
албанската, бугарската, па дури и романската граница. Кога побарав некоја
поединост, ми кажа дека Албанија неодамна во Италија со московските
пари купила 10 илјади пушки.

374___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Го замолив Нинчиќ да ме извести како неговата влада има намера да


се однесува кон Албанија и тој даде значајни изјави кои ги пренесувам со
телеграмата со наредниот број, упатена до Кабинетот - Тајно.

Сола

ИДА МНРИ, папка 718 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 718, предмет бр.
16; превод од
италијански јазик

172.

Извештај од италијанскиот претставник во Друштвото на


народите во Женева до Министерот за надворешни работи
во Рим од 1 декември 1924 година, во врска со односите
на Балканот

Друштво на народите
До Министерот за надворешни работи - Рим

Женева, 1 декември 1924 год.


БАЛКАНСКИ ПРАШАЊА
Господине министер,

Г-динот Колбан, директор на Одделот за малцинства ги обиколи


балканските земји. По враќањето во Женева му поднесе на генералниот
секретар детален извештај во кој ја резимира размената на видувања со
еминентни политичари, дипломати и новинари забројните прашања не само
во врска со малцинствата туку особено од политички карактер. Пренесувајќи
некои согледувања за најзначајните разгледувани прашања обрнувам
внимание на В.Е. пред се на деловите во врска со прашањето на Св. Наум,
со Женевските договори за заштита на бугарските малцинства во Грција
кои создадоа нова ситуација помеѓу Југославија и Грција121, со проектот за
балканска федерација на која се обрнува внимание на повеќе балкански
влади, со прашањето на Алто Адиџе.
________________

121 Во прашање е потпишаниот протокол на 20 септември 1924 година од


министрите
за надворешни работи на Бугарија Христо Калфов и на Грција Николас Политис
во Женева.

ДОКУМЕНТИ ЗА
МАКЕДОНИЈА_______________________________________________________
______375

ОДНОСИ МЕЃУ ЈУГОСЛАВИЈА И БУГАРИЈА. - Во југословенското


Министерство за надворешни работи му изјавија на г. Колбан дека српско-
бугарските односи во последните месеци се многу подобрени. Тоа не се
должи толку на измена на политиката од страна на бугарската влада туку
на фактот што жителите од српскиот дел на Македонија, уморни од постојани
зулуми од страна на бугарските чети, од белградската влада добија дозвола
да се вооружат и да ги враќаат напаѓачите преку граница.

Забележано е дека убиството на Тодор Александров во Бугарија а


особено во Софија предизвика манифестации на сочувство; тоа јасно
покажува дека центарот на револуционерните организации се наоѓа вон
српска територија. Во врска со причините за злосторството, во Белград се
смета дека тука е вмешана московската влада. Ставот на Тодор Александ-
ров во врска со идното уредување на Македонија предизвика големо
незадоволство во редовите на Револуционерниот комитет кој го извршил
убиството. На чело на незадоволните беше П. Чаулев кој живее во Виена.
Додека Тодор Александров беше ревносен приврзаник на целосната неза-
висност на Македонија а г-динот Чаулев на федералистичката теза одн. на
големата балканска федерација која би ја вклучувала Македонија како
самостојна единица помеѓудругите автономни единици како што се Србија,
Бугарија, Хрватска и евентуелно Грција. Извесно време пред смрт, Тодор
Александров во Виена заедно со г-динот Чаулев го потпиша документот во
кој ја напушти замислата за независна Македонија и се приклони на феде-
ралистичката теза. Но, подоцна, по неговото враќање во Македонија, го
негира својот потпис и се обиде да се оправда.

Познато е како Бугарија и Југославија го ратификуваа Софискиот


договор согласно со кој југословенската влада се обврзува дека повторно
ќе ги прими македонските емигранти на своите територии, под извесни
услови. Но, се нагласува како бугарската влада се обидува со помош на
македонските организации да го попречи остварувањето на договорот,
забранувајќи им на емигрантите да се вратат.
Г. Колбан главно доби впечаток дека белградската влада се уште
многу не и верува на бугарската политика. Во Белград се жалат дека бугар-
ската влада е премногу слаба за да се спротивстави на влијанието на Маке-
донскиот комитет. Г. Маринковиќ го извести г. Колбан за разговорот со г.
Калфов во Женева во кој тој јасно му кажал на соговорникот дека веќе е
време софиската влада "да започне да заведува ред во својата куќа".
Државата која се наоѓа во положба каква што е бугарската не може да има
своја надворешна политика. Бугарската влада е премногу слаба: таа се одр-
жува на власт делумно со сила делумно потпирајќи се на Македонскиот
комитет. Во Бугарија политичко убиство е вообичаен настан а тоа трае со
години.

376_______________________________ ___ __ИТАЛИЈАНСКИ


ДИПЛОМАТСКИ

ВООРУЖУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА. - Г. Маринковиќ на г. Колбан му го


обрна вниманието на значењето на бугарското вооружување. Како што е
познато, според мировните договори Бугарија требаше да има само
20.000-на редовна војска и 10.000 граничари, регрутирани од редот надобро-
волците. Но бугарската влада наводно не ги почитува таквите рестрикции.
Според информациите пристигнати до југословенските власти, ограничу-
вањето од 30.000 луѓе е надминато за 8-9 илјади војници.

Уште повеќе, регрутирањето не се врши само меѓу доброволците. Во


војска под исто име фигурираат две или три лица кои се заменуваат еден
со друг по краток период на службата. Тоа и овозможува на бугарската
влада да обучи многу поголем број на луѓе од дозволеното во мировните
договори. Исто така едногодишна принудна работа воведена со законот на
Стамболиски за. сиот бугарски народ, овозможува војската да ја ослободи
од секоја не сосем воена работа така што секој човек од регуларната војска
е добро обучен. Уште повеќе, во сите краишта актуелната влада создаде
комитети на вооружени приврзаници. Може да се каже дека Бугарија
располага со војска од 100.000 луѓе.

ЈУГОСЛОВЕНСКИ ПРЕТСТАВНИК ВО ДН ВО ЖЕНЕВА.- Во писмото


од 9 октомври до Вашето Министерство се вели дека југословенската влада
има намера како постојан делегат во Друштвото во Женева да го ипрати г.
Трумбиќ. Од изјавите на г. Маринковиќ пред г. Колбан произлегува дека на
таа функција веќе е именуван г. Дучиќ, со намера што побргу да добие звање
амбасадор. Г. Дучиќ е еминентен поет но и вешт дипломат. Во други известу-
вања што ги доби г. Колбан се вели дека намера на српската влада е да го
користи г. Трумбиќ како делегат на седниците на Советот.

МАЛЦИНСТВА ВО ЈУГОСЛАВИЈА. -

1.) ГЕРМАНСКОТО- Премиерот Давидовиќ на г. Колбан му обрна


внимане на либералниот третман на германското малцинство во Југославија.
Германските села се наведуваат како пример во Југославија заради голем
напредок во земјоделието. Германското малцинство има три лицеи.
2.) АЛБАНСКОТО - Се чини дека уредувањето на односите со албан-
ското малцинство е потешко не само заради политичкото влијание што врз
него го има соседната нација туку заради нискиот животен стандард на тоа
население. Затоа тешко драѓа др договори за создавање на училишта, пред
с6 заради неможноста да се најдат наставници по албански јазик.
Албанското малцинство во парламентот има четири пратеници.

3.) ЦРНОГОРСКОТО - Според Давидовиќ, Црна Гора е дел со најсрпски


карактеристики во земјата. Од друга страна пак, Црногорците главно се

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________377

гордеат со српскиот карактер. Денес двајца генерални конзули од кој


конзулот во Берлин, се Црногорци а имаат и три генерали и околу 1/3 од
кадети во воената школа.

ПРАШАЊЕТО НА СВ.НАУМ - На г. Колбан му е кажано дека југо-


словенската влада никогаш, без оглед на политички карактер, нема да го
остави Св. Наум. Станува збор за прашање на национална чест. Ако Србите
го евакуираат тоа место, тоа ќе предизвика голем впечаток кај Албанците
и Грците. Најдобро решение би било на Србија да и се даде време да започне
со непосредно преговори со Албанија, за постигнување на пријателски
договор.

ЖЕНЕВСКИ ДОГОВОР ЗА ЗАШТИТА НА БУГАРСКОТО МАЛЦИНСТВО


ВО ГРЦИЈА - Познато е како на септемвриската седница на Советот Бугарија
и Грција со ДН склучија два договори кои имаа за цел обезбедување на
еднаков третман на грчкото малцинство во Бугарија и на бугарското во
Грција. Споменатите договори им признаваат посебна надлежност на
членовите на Мешовитата грчко-бугарска комисија за иселување именувана
од страна на Друштвото. Споменатите договори во Белград оставија доста
лоши впечатоци. Јавното мислење во нив гледа доказ за непријателство на
Грција и Бугарија кон Србија. Печатот сметаше дека таквите договори се
само изговор за тврдење дека Словените од српскиот дел на Македонија
се Бугари бидејќи припаѓаат на истото малцинство што во споменатите
договори фигурира како бугарско. Во југословенското Министерство за
надворешни работи инсистираа на тврдењето дека Грците сакаа да ги
изиграат Србите. Според нив Грција се уште не сфатила дека Србија сака
само да живее во мир со неа. Ако Солунскиот договор чесно се спроведе,
Грција нема причина да се плаши од Србија. Таа сето тоа не го разбрала и
затоа преферираше да ја внесе Бугарија меѓу Грција и Србија. Во врска со
прашањето белградската влада испрати остар протест во Атина. Реперкусии
на нотите во Грција беа силни. Во официјалните атински кругови се смета
дека најдобро решение би било измена на Женевскиот договор со неговото
проширување на сите малцинства во Грција, со примена наместо на збо-
ровите "бугарското малцинство во Грција "на зборовите" малцинства во
Грција".

Во разговорот кој во врска со тоа го имал г. Колбан со југословенскиот


претставник во Атина г-дин Марковиќ следниот истакна дека според не-
говата влада не е праведно бугарското малцинство во Грција да ужива по-
себна заштита додека договорот за малцинствата на сите им обезбедува
еднаков третман. Заради таквата нееднаквост извесен број Словени кои
би биле индиферентни на квалификацијата "Бугари", би имале интерес да,

378___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

се декларираат како такви. Г. Марковиќ додал дека неговата влада е под-


готвена да склучи со грчката договор сличен на Женевскиот, во полза на
српското малцинство. Со тоа би се избегнала двосмисленоста дека сите
словенски малцинства во Грција се бугарски.

НАЦРТ ЗА БАЛКАНСКА ФЕДЕРАЦИЈА - Г. Русос, грчки министер за


надворешни работи инсистирал на тоа на г. Колбан да му го објасни својот
нацрт за Балканска федерација. Според грчкиот министер, таквиот нацрт е
единствено можно решение за сегашните тешкотии, вклучително на
проблемите во Дедеагач и Солун. Федерацијата би ја вклучувала Грција,
Југославија, Бугарија, Романија и Албанија и во почеток би имала само сто-
пански но не и политички карактер. Можеби времето се уште не е зрело за
остварување на нацртот но наредната година тоа можеби би било можно
ако ДН преземе иницијатива да биде покровител на Конференција на прет-
ставниците на балканските земји во Женева на која би се разгледале пра-
шањата од заемен стопански интерес, за воспоставување најтесни можни
врски. Тоа би било апсолутно потребно за развојот на Балканот. На Грција
и недостасуваат стопански ресурси кои инаку се обемни во Бугарија и
Романија додека следните имаат потреба од ресурсите кои богато се за-
стапени во Грција. Таквата стопанска соработка би ги намалила острите
постојни територијални натпреварувања. Со нацртот веќе официјално се
запознати засегнатите влади.

ГРЧКО-БУГАРСКИ ОДНОСИ.- Грчкиот министер за надворешни ра-


боти муја искажа на г. Колбан истата недоверба кон бугарската влада каква
што ја искажа Белград. Министерот за надворешни работи г. Русос се пожали
дека бугарското вооружување значително ги надминува ограничувањата
наметнати со Нејскиот договор и дека од друга страна бугарските политички
кругови не ја напуштија надежта за повторно отворање на територијалното
прашање - ако не за Македонија, барем заТракија. Г. Калфов е познат како
голем приврзаник на бугарските стремежи во врска со Тракија. Од друга
страна, без оглед на идеите на софиската влада, таа не може да го избегне
угнетувачкото влијание на македонските елементи. Во врска со Грција, во
Министерството за надворешни работи во Софија владее непомирлив дух
кој не влева премногу оптимизам за иднина. Како доказ за напнатоста во
односите, грчкиот министер за надворешни работи го наведе фактот дека
Бугарите се уште држат повеќе десетици илјади бугарски емигранти во
пограничнитте места наместо да ги распределат по други територии и да се
обидат да ги вклопат во останатото население122. Таквата состојба претста-

122 Бугарија била должна да не допушта бегалците од Македонија да се


населуваат во
близина на границата на земјата од која избегале или биле протерани.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________379

вува извор на немири и на постојани заемни обвинувања и наведува на по-


мисла дека бугарската влада има намера да ја исползува првата прилика
за да ги "фрли" овие илјадници бегалци на другата страна на границата.

ИДА МНРИ, папка 916 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 18, п. 916, предмет бр.
54; превод од
италијански јазик

173.

Писмо од Генералниот секретаријат на италијанските "Fasci"


во странство од Рим до Министерството за надворешни работи
во Рим од 2 декември 1924 година, во врска со македонското
прашање, со прилози

Генерален секретаријат на италијанските Fasci во странство


ул. Агостино Депретис бр.66,тел. 10-201

До почитуваниот г-дин Маркиз Паолучи де Калболи Бароне,


шеф на Кабинетот - Министерство за надворешни работи
Рим

Рим, 2 декември 1924 год.


Драги Паолучи,

Во прилог Ти испраќам интересен извештај пристигнат од Солун, во


врска со комунистичкото движење во Грција и со македонските тензии.

Сметам дека фактичките податоци од споменатите извештаи можат


соодветно да бидат користени од надлежниот оддел на Вашето Мини-
стерство.

Срдечни поздрави

Џузепе Бастијанини с.р.


Генерален секретар
1 прилог

МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

Се ограничувам на актуелното револуционерно движење кое врие во


душите и дејствува со комитите. Наредниот пат ќе се задржам на карактерот
и политичките цели на движењето ако тоа го интересира Генералниот секре-

380___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

таријат. Во разговорот на генералот Протогеров со специјалниот известувач


на "Матен"се негира преовладувачкото влијание на Интернационалата од
Москва што навистина е точно. Кој малку го познава македонскиот карактер
и менталитет може да биде свесен за значењето на секој акт или настан.
Со години Бугарите со неспоредлива лукавост премногу политизираат.
Понекогаш можат да изгледаат како кроток инструмент на некоја голема
сила но всушност тие упорно се служат а не да им служат на заштитниците.
Така Москва се излажа дека со давање на милиони ги изигра македонските
револиуционери. Денес генералот Протогеров изјавува дека е спремен да
се бори со болшевичките интриги и опасности. Таквата промена е предизви-
кана од фактот дека се уверил дека за остварување на целта на која се
заколнал "Македонија на Македонците", неопходна е поддршка и призна-
вање на големите сили-сојузнички. Неодамна се зборуваше за италијанско-
бугарска интрига, со многу фантастични поединости, како н. пр. италијан-
ското преотстапување на големо количество оружје и муниција, тајно натова-
рено во Женева; денес се зборува за француската вмешаност. За англича-
ните малку се зборува. Болшевичките изјави на Протогеров јасно покажу-
ваат дека револуционерите - за разлика од самата Бугарија - дефинитивно
се оттргнаа од Москва за да се обидат со нов, се чини посериозен, посоод-
ветен, поприфатлив и без сомнение поугледен и поразумен начин.

Немам, како порано, елементи за да знам што мислат нашите


официјални кругови во врска со ова трнливо прашање кое секогаш не
интересирало, но го пренесувам општото претчувство дека Франција се
вмешала во македонската интрига.

Бидејќи е мошне актуелен, ќе зборувам за ген. Протогеров. Првин


накратко за неговата биографија. Тој поминал низ крв и разбојништво. Него-
вото име се наоѓа на списокот на 500 Бугари одговорни и виновни за војна и
чија екстрадиција сојузниците ја бараа со пресуда. На списокот покрај
неговото име е наведено следното обвинение: "Одговорен за масакр на 118
српски војници, затвореници и болни во Љуботин (20-26 окт. 1915 г.); масакри,
убиства, грабежи итн. во стара Србија; напад на Струмица и Валандово во
1915 г." Роден во Штип123, по завршувањето на почетните студии се посве-
тува на наставата во основни училишта. Голем патриот и убеден иреден-
тистја напушта наставата и заедно со покојниот Александров и се посветува
на македонската револуција. Во бугарската војска бргу добива чинови и
слава; се одликува во балканските војни. Во почетокот на светската војна,
со Александров се во служба на Германија од која добива 30 милиони златни
___________________

123 Протогеров е роден во Охрид.


ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА______________________________ ___381

марки за водење на герила на српската територија. Во служба на герман-


скиот Главен штаб ја оформува и раководи со Македонската дивизија. Првин
со Александров а пред се денес тој е човек кој ги персонифицира македон-
ските стремежи и неговите следбеници го обожуваат.

Во моментов во регионот владее остра зима и - како што предвидов


во претходен извештај - дејноста на комитските чети е сосем замрена, барем
до пролет.

Уште еден елемент треба да се истакне. До пред извесно време рево-


луционерите инсистираа на непоколеблива и абсолутна идеја за независна
и самостојна македонска држава а сега изјавуваат дека ќе се задоволат
ако добијат право слободно да го зборуваат својот јазик, да се молат на
сопствен јазик, активно да учествуваат во управувањето на нивната област
и да формираат легална политичка партија како Хрватите и Словенците,
како муслиманите од Босна. Велат дека под такви услови се спремни да
положат оружје и да ги распуштат легендарните чети.

Кралско пратеништво во Белград


"Телеграма 6р. 5568/606

До Министерството за надворешни рабопти - Рим


и за запознавање: Италијанското кралско пратеништво во Софија

Белград, 27 ноември 1924 г.

Предмет: Бугарски чети во Македонија

Полуофицијалниот весник "Време" од 26 о.м. ја објавува веста од Штип:

"Бројни наши државјани кои живееја во Бугарија од 1918 г. се вратија


во татковината. Тие тврдат дека до денес нивното останување во Бугарија
било принудно и дека по смртта на г. Стамболиски бугарските власти це-
лосно ги препуштија на Комитетот про Македонија кој ги регрутира во своите
чети. Обуката на истите се одвива на подрачјето на Ќустендил, Дупница,
Петрич и Перник. Шпијуните го надгледуваат однесувањето на сите овие
емигранти и несреќникот на кој ќе падне сомнеж дека сака да се врати во
Југославија го убиваат со убоди со нож или пак го бесат во присуство на
целиот одред во кој бил регрутиран. Тие кои успеаа да стигнат до Штип
кажуваат дека постои циркуларно писмо на бугарското Министерство за
внатрешни работи според кое секој емигрант фатен во обид на враќање во
татковината треба да се предаде на Комитетот во Македонија за тој да го

382___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

суди. Тие велат дека беа принудени да стигнат во Софија криејќи се во


планините; тие дојдоа во нашата Легација која им издаде пасоши и бесплатни
билети до Штип. Несреќниците би сакале да им пишат на некои свои
пријатели кои се наоѓаат во бугарскиот дел на Македонија но не се осмелуваа
да го сторат тоа бидејќи цензурата на писмата е мошне строга и секој адресат
се осудува на смрт. Бегалците изјавуваат дека четите чии навлегувања
станаа невозможни сега стигнале во близина на горенаведените бугарски
градови и градчиња и дека бугарската влада во зима им плаќа 2.000 лева
месечно и му дава зимска облека на секој четник. И покрај тоа грабежите
во споменатите бугарски региони се мошне чести. Овде се сигурни дека г.
Вандервелде не би зборувал како што тоа го стори во Париз да беше во тек
со поединостите кои тука сите добро ги знаат, во врска со емигрантите."

Се чини дека таквите изјави се плод на "usum delfini иѕит " и имаат за цел
да докажат дека поголемиот дел од македонските емигранти во Бугарија
би сакал да се врати на територијата на СХС да не беа принудувани од
македонската организација.

Самите изјави имаат за цел да служат како противтежа на впечатокот


на интервјуата кои во Франција и Белгија ги дал белгискиот пратеник Вандер-
велде кои неодамна ги посети Бугарија и Србија и кој во меѓународното
јавно мислење ја претстави - на начин овде оценет како не многу поволен -
сета сериозност на македонскиот проблем, усложнет заради присуството
на најмалку 500 илјади македонски емигранти во Бугарија.
(потпис нечиток)

Кралско пратеништво во Виена


Телеграма бр. 3116/1110

До Кралското министерство за надворешни работи - Рим

Виена, 23 декември 1924 год.


Предмет: Македонското движење

Мајорот на РР.ЦЦ. г. Акомандо Винченцо ми соопштува:

"Од веродостоен извор разбрав дека г-динот Протогеров, водач на


македонските револуционери се уште се колеба дали да се договори со
бугарската влада или со московската. Г-динот Обов124, амбасадорот на

124 Обов Александар, познат бугарски политичар.

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА___________________________________383

"селаните"во Белград наводно преговара со него. Програмата на Обов е


пред се антибугарска.

Аурити125 с.р.

ИДА МНРИ, папка 915 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 915, предмет бр. 1;
превод од
италијански јазик
174.

Промеморија од француското пратеништво во Рим до


Министерството за надворешни работи во Рим од 20 декември
1924 година, во врска со утврдувањето на албанските граници

Амбасада на Република Франција при Н.В. крал на Италија


Бр.312

До Кралското министерство за надворешни работи - Рим


ПРОМЕМОРИЈА

Како што Кралското министерство за надворешни работи знае, Хаш-


киот суд даде мислење според кое манастирот Св. Наум и е доделен на
Албанија. По таквата одлука, сојузничктите делегати на Амбасадорската
конференција се договорија за потребата, на српско-хрватско-словенечката
влада на други точки на српско-албанската граница да и се дадат некои
сатисфакции, за да се олесни враќањето на Св. Наум и членовите на Коми-
сијата за утврдување на границите на Албанија беше свикана во Париз за
да го уреди прашањето.

Барајќи компензации за Југославија во северо-западниот агол на


границата а особено во регионот на Вермош, нејзе би и се доделила долината
на Лумбраја која од Албанмја ја делат тешко проодни гребени.

Ако Кралската влада се согласува со предложената комбинација,


француската влада би била задоволна ако му се дадат упатства на
генералот Гаѕара, претставник на Италија и претседател на Комисијата за
разграничување кој досега не бил многу расположен да ги прифати виду-
вањата на Амбасадорската конференција, за тој да се согласи со доделу-
вањето на Лумбраја на српско-хрватско-словенечката држава.

Рим, 20 декември 1924 год.

ИДА МНРИ, папка 725 (Албанија 1919-30); ДАРМ, КС 21, п. 725, предмет бр. 2;
превод од
француски јазик
__________

125 Аурити Џачинто (Рим 1893 -1969), правник; во дипломатска служба во


Берн, Мадрид,
Вашингтон, Букурешт, Виена (1921).

384_________________. _____________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

175.
Телеграма од префектот на Милано до Министерството
за надворешни работи во Рим од 23 декември 1924 година,
во врска со убиството на Петар Чаулев, со прилози

До Министерството за надворешни работи - Рим

Милано, 23 декември 1924 год.


Предмет: Убиството на бугарсќи новинар

9654 - Денес во 12.30 ч. еден странец влегол во продавницата за цигари


во ул. Верцијере бр. 4 и се упатил кон другиот странец кој седел во дуќанот
и без збор во него го вперил пиштолот и испукал пет куршуми убивајќи го.
Потоа се обидел да се самоубие но бидејќи не успеал дозволил да го уапсат.
Тој изјави дека се вика Димитрис Стефано126, од таткото Иван, роден во
Софија127 на 16 август 1900 г., македонски националист и дека Тајниот ко-
митет на неговата партија го одбрал за да го убие Петар Чаулев, исто така
од Софија, како предавник на нивната кауза.

Името на убиениот е Чаулев, водач на федералистички дисиденти.


До м. мај тој беше дел од триумвиратот кој народот го избрал, за целосна
независност на Македонија, напаѓан од националистите кој го сметаа за
предавник. Тој организира тајни комитети и започнада шири пропаганда на
Балканот.

Од пред четири дена беше во Милано и Димитрис го барал во Рим и


во други градови. Кога го сретна во Милано одбра погоден миг за да го убие.

Префект
Периколи

Пратенички дом

Драги претседателе,

Убиството во Милано на Македонецот Чаулев за чија пресуда доне-


сена од страна на македонските револуционери Те известивме пред неколку
___________________

126 Се однесува на Димитар Стефанов.

127 Податокот не е точен. Стефанов е роден во с. Марчино, Кратовско.

385__________________________________ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА

месеци, би требало нашата политичка Тајна полиција да го искористи. Би


требало итно да се запленат сите документи кои се наоѓаат на разни седишта
(Милано, Рим, по можност Виена) на Чаулев и на неговите другари кои во
последно време и служеа на Москва и на други антииталијански струи.

Тоа треба да се стори бргу ако веќе не е доцна.


Со срдечни поздрави и желби

Твој Дудан
Рим, 24-12-1924 год.

Министерство за внатрешни работи


Генерална дирекција за јавна безбедност
Телеграма бр. 9659

До Министерството за надворешни работи - Кабинет

Милано, 25-12-1924 год.

Месната квестура известува дека до овдешниот градоначалник


пристигна телеграма на македонскиот федералистички комитет со која се
даваат упатства за подготовки на погребот на Бугаринот Чаулев Петар кој
овде е убиен на 23 - предмет на мојата телеграма од 23 о. м. под ист број. За
сабота е најавено доаѓањето во Милано на некои претставници и на се-
мејствата. Со телеграмата пристигнаа и парите за погребните трошоци.

Бидејќи екстремистичките мани4")естации би можеле да го пореметат


јавниот ред тие не би можеле да се дозволат. По извршената аутопсија
постигнав истражниот судија денес да издаде дозвола за погребување на
посмртните останки кое ќе се изврши утре рано изутрина. Ве известувам
заради евентуелни мерки и упатства.

Префект Периколи

По задолжение на шефот иа полицијата - 26 дек.1924 г. - Раководител на


одд. а.г. р. Равеиа с.р.

386______________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

Министерство за внатрешни работи


Генерална дирекција за јавна безбедност
Бр.35378 Р

До Министерството за надворешни работи - Е.Л. Оддел 4 - Рим

Рим, 25 декември 1924 год.


Предмет: Бугарско-македонската дејност во Италија

Во врска со нотата бр. 24059 од 18 септ. о. г. Ви ги пренесуваме вестите


доставени од месната квестура во врска со горенаведениот предмет:

"Петар Чаулев пристигна во Италија каде што префектурата во Тирана


му издаде наредба за оддалечување од земјата, како непожелна личност.
Тој беше во Тирана со прочуениот Тошо Митков со кој заедно слегле
во Бари од каде Чаулев замина за Милано а Митков за Рим каде што се
уште се наоѓа и живее во ул. Палестро 3 ст. бр. 15.

Во споменатата куќа Чаулев остана и од 29 август до 21 септември


о.г.под лажно име Петер Јакимов и тогаш имал албански пасош на име
Јакимов.

На 21 септември замина за Бари враќајќи се во Албанија откога од


Софија доби писмо во кое му се закануваа со смрт.

Како што доверливо сме известени, Чаулев заедно со Чилев прет-


ставува одбор за бугарска комунистичка пропаганда за сметка на Третата
интернационала која го потпомага. Доверливо лице на Чаулев беше Митков
кој извесно време патува меѓу Рим, Виена, Берлин и обратно.

Се тврди дека пред неколку дена пред заминување за Милано искажа


намера да се сретне со командантот Данунцијо и да побара директиви и да
добие охрабрување за постигнување на македонската независност.

Факт е дека и Чаулев и Митков па и други во минатото одржуваа


контакти со бугарското Пратеништво и со Македонскиот комитет кој тука
го претставува прочуениот Антон Пиперов.

По убиството на Тодор Александров за кое се тврди дека е извршено


со поттикнување на самиот Чаулев и неговите другари, тие во таа прилика
покажаа дека се исклучиво во служба на Третата интернационала и оттогаш
веќе немаа контакти со Пратеништвото и со Пиперов но го задржаа сомни-
телното однесување.

Што се однесува до Тошо Митков, тој не само што одржува врски со


Чаулев и Чилев туку речиси секојдневно се среќава со црногорците Лазар
Томовиќ, Милан Криљевиќ и Божо или Божидар Кривокапиќ, од порано
познати на ова министерство. Последниот од нив постојано патува во Виена
и Берлин и наводно сега се наоѓа во тамошниот центар за комунистичка
пропаганда.

Од досега извршените истражувања, од пристигнатите известувања


и од извршениот надзор, немаме причини да сметаме дека гореспоменатата
дејност - дури посредно - се одвива на штета на нашата земја или дека го
руши или може да го наруши, барем засега, јавниот ред и мир.

Нивната дејност се одвива во рамките на борба против актуелната


влада во Бугарија, во Србија и во Албанија, со цел постигнување на маке-
донска независност, но секогаш следејќи ги директивите на Москва.

Како што се чини, Митков нема непосредни контакти со советската


амбасада во Рим но се тврди дека таквите контакти ги имаат Чилев и Чаулев
со болшевичките претставници во Милано.
Факт е дека во една статија објавена во весникот "La Bulgarie" на 13
октомврио.г,, мегулицатакоидобиваатпомошодТретатаинтернационала,
од балканскиот регион фигурираат: Чаулев со 37.000 француски франци и
Васил Коларов со 58.000 левови и 2154 долари.

Митков често ја посетува кафеаната Номентана на надворешниот


плоштад на Порта Пија каде што доаѓаат и други негови сонародници и тоа:

Теодор Иванов, студент, од изминатиот јули со стан во ул. Гариљано


67;

Иван Јанчев, трговец кој живее во хотелот Торино и Станислав Ша-


ранков, студент по право кој живее на ул. Палестро бр. 3.

Во врска со наведените засега немам што да известам. Од Бугарија


на 8 о.м. пристигнаа Деметриј Дучев и Изак Барух, студенти, кои на 9-ти
вечер отпатуваа од Милано, наводно заради средбата со Наум Чилев.

Известен сум дека на 7 о.м. од Виена дојдоа во Италија - најпрвин во


Рим а потоа во Милано, барајќи го Петар Чаулев - албански државјанин
Атанасов Крикој128 и извесниот Влахов 129 (наведен само како таков), двај-
цата агенти за пропаганда на Секцијата на Третата комунистичка интер-
национала од Виена.

Нашиот оддел не успеа да го потврди присуството на Влахов во градов;

за Атанасов е утврдено дека пристигнал на 7 навечер во Рим и се сместил


________________________-

128 Неидентификувана личност.

129 Димитар Влахов.

388 _________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

во хотелот Торино во ул. Принцот Амедео 8, од каде отпатувал на 10-ти


навечер за Милано; на 12-ти помина низ Рим на пат за Албанија, преку Брин-
дизи.

Ја известив миланската квестура за ова движење и за сите позначајни


работи ќе го известувам Министерството.

Како што е познато, Чаулев на 23 о.м. стана жртва на атентат извршен


од страна на македонскиот националист Димитрис Стефано од таткото Иван,
избран од страна на Тајниот комитет на неговата партија за да го убие Чаулев
како предавник на националната кауза, како водач на дисиденти-федера-
листи.

За министерот,
Кристо Манка с.р.

Министерство за надворешни работи - Рим


Итна и строго доверлива телеграма бр. 222756

До Министерството за внатрешни работи - Генерална дирекција за јавна


безбедност- Рим
Оддел: Бугарија

Рим, 27 декември 1924 год.

Предмет: Убиството на Македонецот Чаулев

Во врска со убиството на познатиот македонски агитатор Чаулев до


кое дојде на 23 о.м. во Милано, на Министерството му е укажано дека при
иследувањето во врска со злосторството треба внимателно и итно да се
соберат документите од политички карактер кои Чаулев можел да ги остави
во својот стан во Милано и во други градови каде што претходно престојувал.
Како што В. Е. добро знае, Чаулев, поранешен член на раководството на
ВМРО пред неколку месеци истото го напуштил, наводно заради ... дирек-
тивите на болшевизам. Се чини исто така дека истиот Чаулев бил поврзан
со балканските политички центри за антииталијанска дејност. Затоа доку-
ментите кои тој евентуелно ги оставил се од особено значење за нас.

Ќе Ви бидеме благодарни ако не известите за исходот и резултатите


во врска со горенаведеното.

(потпис) Паолучи

ИДА МНРИ, папка 914 (Бугарија 1919-30); ДАРМ, КС 17, п. 914, предмет бр.37:
превод сд
италијански јазик

390___________________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

13 21 Settembre ripartм- per Bari facendo ritorno in Albania,


dopo aver ricevuto lettera da Sofia, nel 1 a quale lo si minacciava
di TOOrio•

A guanto viene riservatamente riferito il Ciauleff costituireb»


be con lo Tclcileff. il comitato di propaganda comunista bulgara per
conto della terza internazionale da cui sarebbe suaaiciato • fidu-
ciario dello Ciauleff sarebbe il ^i tic-off, il quale da qualche tempa
fa appunto la spoletta tra Roma, Vienna, carlino e viceversa,

Si afferma^ in fine, che il Ciauleff prima di partire pochi


giorni or sono per Milano, abbia manifestato la intenzione di voler
avvicinare 11 Comandante d'Annunzio allo scopo di richiedergli di-
rettive ed ottenerne incoraggi anonti per 11 raggiungimento dell*ln»
dipendenza macedone»
Sta di fatto che sia il Ciauleff come 11 Mit^off ed altri nel
passato, risulta avessero rapporti con la Legazione di Bulgaria e
col Comitato Macedone qui imperniato nella persona del noto Pi pero ff
Ante ni o • ;

Dopo T'avvenuto assassinio del 1 •Alexandroff 'reodoro, che si af-


ferma perpetrato ad istigazione degli stessi Ciauleff e compagni,
i suddetti avendo in detta circostanza dimostrato di essere al ser-
vizio unicamente della Terza Internazionale, da quel tempo non eb-
bero piщ contatti con la Legazione e col Piperт ff, mantenendo i uve»
ce contegno ao spetto*

Circa il ititlcoff Tocho» costui non и soltanto in relazione col


^auleff e con lo Tchileff, zaa ha contatti Quasi giornalmente con i .
Bontenegrint Tomo vie Laaar, Krllyevich Milan e Krlvolani e Bozo o
Bozidar. giа rati a codesto On. Kinlatero • Quest'ultimo, anzi. fa
continui viaggi a Vienna e Berlino ed attualmente si troverebbe a

5^

allo scopo precipuo di riuscire alla indipendenza macedone, sem-


pre pero eeguendo le direttive di Koaca»

II lAltlcoff non avrebbe contatti, a quanto pare, direttaaente


con 1'Acibaedata del Sovlett In Bona; 81 afferaa pero, che tali
contatti li abbiano il lollUйff ed 11 Ciauleff col rappresentanti
bolaceTlel a Milano «

Sta dм fatto che. In un articolo ccapara» eul giornale "la Bui.


garte" in data 13 ottobre u.s. tra gli altri sussidiati della Terze
Internazionale per la regione Balcanica figurano : 11 Clauleff per
37.000 (•ranchi francesi ed 11 Kolaroff Vanaili per $8.000 leva,
« 2I?4 dollari. -~

II Ili tiro ff frequenta spesso II Caffи Sementano sul Piazzala


esterno di Porta 3Pia, o»» con lui convengono altri connazionali
e piщ. specialmente;

Ivanoff Teodoro, studente, qui doBiclllato in Via Garigllano


67 dal Luglio decoreo; ;

Jantebeff Ivan, comnerc lante, qui alloggiato ali'-albergo lorl-


no « Sclararrifoff Stanlelao, etudente In legge, abitante la Via
raleetro S.3.

392 _______________________________ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ

A carico del suddetti nulla ho per ora da segnalare. Risulta in f^


ne che prт ve nienti dalla Bulgaria slano qui giunti 1'8 corr* tali
Duceff Densetrio e Baruch laaccg studenti che la aera dal 9 succes-
sivo ripartirono alla •scita di filano, affermasi per abboccarsi ;

con lo Tchlleff Hau». •

Vengo poi informato che 11 7 corrente prт venienti'-da Vienna so»


w entrati in Italia recandosi dapprima a Boaa e poi a insano in
cerca del Clauleff Peter, 11 suddito albanese Аftanaaoff Cricoy
e tale Vlak-off non meglio indicato, entraabi agenti di propaganda
della Sezione della Terza Internazionale Comunista di Vienna. ,

Del Vlairoff, o.uee'to Ufficio non ha potuto accertare la presen-j


za In questa cittа; l'Attanasoff. Invece^и risultato effettiTamante
arrlTato la aera del 7 corr» in Bona prendendo alloggio all'alber-
go Torino in Via Principe Amedeo 6, dJSbnde riparti la sera del IO
per recarsi a Milano » 11 12 successivo ripassava da Rona, prose-
guendo =er Brindisi' diretto In Aioania.

Ho- informato la Questura di Milano oel lEovimento di che trat- ;

tasi e di ogni ulteriore rilievo riferirт a codesto On* Miniatero1*»*

II Ciauleff и, coro.'и noto, rimasto 11 2^ andante a teilano,


vittima di un attentato da parte del nazionalista macedone Diici- '
tris Stafani di Ivan, prescelto dal Comitato segreto d&l sua par-
tito per uccidere il Ciauleff come traditore della causa naziona-
le, parche capo -dei- dissidenti federallati *

- - • • ••-..! .\ paL MIHISTRO

MIHISTRO ;

También podría gustarte